Веројатно веќе имате слушнато дека солариумите се поврзани со смртоносниот рак на кожата. Научниците од медицинскиот факултет Калгари ги разгледувале податоците на 114 пациенти со меланом кои употребувале солариум, како и за 222 пациенти кои не го употребувале.rnrn
rnrnОткако ги зеле предвид и другите фактори кои влијаат на ризикот од појава на меланом, како типот на кожата, бојата на косата и очите и изложеноста на сонце, научниците заклучиле дека меланомот се појавува 10-тина години порано кај пациентите кои користеле солариум.rnrnГенетските мутации поврзани со меланомот се исто така чести помеѓу корисниците на солариум и се случуваат кај 43% од пациентите во оваа група, за разлика од 28% од случаите кај луѓето кои не користат солариум.rnrnСпоред главниот автор на истражувањето, доктор Тони Бурбиџ, не постоело безбедно количество на зрачење од солариум.rn
„Многу наши пациенти кажуваат дека користат солариум со цел да создадат подлога со која ќе го спречат горењето на сонце. За жал, со ова тие го зголемиле оштетувањето од УВ зраците, што резултирало со порана дијагноза на меланом за разлика од пациентите кои никогаш не користеле солариум“, изјавил Тони.
rnКлетките на кожата ја впиваат ултравиолетовата светлина од солариумот, а со тоа настанува оштетување на нивната ДНК. Ова оштетување може да предизвика мутации кои со текот на времето се акумулираат и можат да водат до развој на карцином.rnrnКористењето на солариум во младоста на подолг период може да го зголеми оштетувањето на вашата ДНК.rnrnПогледнете и кои се работите кои никако не смеете да ѝ ги правите на вашата кожа.





Таа е сместена на имот од 3.264 квадрати. На нејзиниот петти кат се наоѓа спална соба од 200 квадратни метри, од која има панорамски поглед кон Медитеранот. На четвртиот кат има голема библиотека, соба за учење, трпезарија за 20 лица, кујна и дневна соба со камин. На третиот кат се наоѓаат три спални соби. Во секоја од нив има приватно кино, градина, посебна соба со билјард-маса, лифт и бањи.
Вториот кат е резервиран како место за релаксација и забава. Овде има солариум, сауна, бања со кал, соба за масажа, фитнес сала, базен, соблекувални, винарија, шпајз за храна и кујна. На првиот кат има уште три спални како и соби за персоналот. Хациендата е надополнета со гаража за три возила и огромен надворешен базен.



rn