КАФЕ ПАУЗА

Tag: соби

  • ИКЕА ги рекреира познатите дневни соби од „Симпсонови“, „Пријатели“ и „Почудни нешта“

    ИКЕА ги рекреира познатите дневни соби од „Симпсонови“, „Пријатели“ и „Почудни нешта“

    Некои соби ни делуваат толку познато, што веднаш прават да се чувствуваме како да сме дома, дури и ако никогаш претходно не сме биле во нив. Ова ќе го почувствуваат сите љубители на ТВ сериите „Симпсонови“ (The Simpsons), „Пријатели“ (Friends) и „Почудни нешта“ (Stranger Things) доколку имаат можности самите да ги рекреираат во својот дом. Благодарение на ИКЕА, тоа сега е можно! Дали би сакале да го направите и вие?rn

    Симпсонови

    rn rn

    Пријатели

    rn rn

    Почудни нешта

    rn

  • Соби со неверојатен поглед каде што секој од вас би сакал да се наоѓа во овој момент

    Соби со неверојатен поглед каде што секој од вас би сакал да се наоѓа во овој момент

    Собата со прекрасен поглед најчесто носи со себе поголема цена, но за тоа има добра причина. Будењето покрај неверојатни пејзажи е едно од најдобрите искуства кои некогаш можете да ги доживеете. Интересно е како дизајнот на прозорците влијае врз овие погледи. Некои од нив делуваат како рамки за фотографии, додека пак, другите го зафаќаат целиот ѕид, правејќи ви да се чувствувате како да сте надвор. Сте биле некогаш во соба со олку магичен поглед?rnrn

    Света Луција
    Света Луција
    rnrn

  • Тајни соби кои ви даваат чувство како да сте во филмовите 007

    Тајни соби кои ви даваат чувство како да сте во филмовите 007

    Секој од нас фантазира за скриени ходници, соби и врати во еден дел од домот, каде што ќе можеме да се повлечеме од светот кога имаме потреба за тоа. Затоа ви нудиме галерија која ќе ги задоволи вашите фантазерски апетити.rnrn0-Tajni-sobi-koi-vi-davaat-chuvstvo-kako-da-ste-vo-007-filmovite-kafepauza.mkrnrnrn

    rn rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога ќе го изгаси светлото, собите на оваа артистка се трансформираат во магичен свет

    Кога ќе го изгаси светлото, собите на оваа артистка се трансформираат во магичен свет

    Оваа артистка секоја вечер патува во светот на соништата преку нејзината неверојатна и креативна уметност. Таа црта со бои кои можат да се забележат само на ултравиолетова светлина кои навечер ги трансформираат нејзините соби во неверојатни пространства.rnrnКога ќе го изгаси светлото, собите на оваа артистка се трансформираат во магичен светrnrn rn

    „Мојата цел е да создадам атмосфера од соништата, уникатни простори кои ќе им дадат на собите идентитет и душа, каде што одмарањето и живеењето едноставно станува доживување“, вели таа.

    rnКога ќе го изгаси светлото, собите на оваа артистка се трансформираат во магичен светrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Домот на кралицата Мери како минијатурен, куклен дом

    Домот на кралицата Мери како минијатурен, куклен дом

    Една од работите кои мора да ги посетите кога одите во Виндзор, Англија, е куклениот дом на кралицата Мери. Најголемиот, најубавиот и најпознатиот куклен дом во светот, изграден за кралицата Мери од страна на британскиот архитект Едвин Латјенс помеѓу 1921-та и 1924-та година, што претставува совршена минијатурна реплика на аристократската куќа во која таа живее.rnrnДомот на кралицата Мери како минијатурен, куклен домrnrnКуќата е исполнета со илјадници минијатурни предмети, направени од водечки уметници, дизајнери и занаетчии. Почнувајќи од самите скали, преку салонот, па сè до трпезаријата, совршено е запазен аристократскиот изглед и внимавано е на секој можен детаљ. Еден од највпечатливите делови од куклениот дом е секако библиотеката, полна со оригинални дела од врвни книжевни имиња од тоа време. Потоа тука се винарската визба и градината, уредена од Гертруда Џекул. Во куклениот дом исто така има и електрична енергија, топла и ладна вода, тоалети и лифтови кои функционираат.rnrnДомот на кралицата Мери како минијатурен, куклен домrnrnВо една од собите се изложени две исклучителни француски кукли, Френс и Мериен, со дел од нивната богата облека и накит. Истите им биле претставени на кралот Џорџ VI и кралицата Елизабета, од страна на француската влада, за време на државната посета на Франција во 1938-та, а биле наменети за нивните ќерки, принцезата Елизабета и Маргарет Роуз. Облеката и накитот за куклите биле дизајнирани и направени од водечки париски модни куќи, меѓу кои Ворт, Ланвин, Картиер, Хермес и Витон.rnrnОвој минијатурен, куклен дом вистина вреди да се посети.rnrnДомот на кралицата Мери како минијатурен, куклен дом Домот на кралицата Мери како минијатурен, куклен дом Домот на кралицата Мери како минијатурен, куклен дом
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мал стан во Њујорк кој се преобразува во многу соби

    Мал стан во Њујорк кој се преобразува во многу соби

    Живеењето во Њујорк може да биде многу тешко доколку не можете да си дозволите поголем простор за вашиот дом. Грем Хил, претприемач и основач на веб-сајтот Treehugger, го направил ова фантастично мало станче, во кое сè е смислено да функционира перфектно.rnrnМал стан во Њујорк кој се преобразува во голем број собиПросторот е мултифункционален и може да се преобрази во работна соба, гостинска соба, домашно кино, спална соба, огромна трпезарија и во што ли уште не. За дизајнирањето на овој стан, стигнале голем број идеи од целиот свет, а тој ги имплементирал најдобрите.rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најголемиот леден хотел во светот

    Најголемиот леден хотел во светот

    Секоја зима, артисти од целиот свет се собираат во Јукасјарви, северна Шведска за да учествуваат во уметнички проект кој станал познат како ЛЕДЕНХОТЕЛ. Станува збор за првиот и најголем хотел изграден од снег и лед. Јукасјарви е мало село во северна Шведска со популација од околу 900 жители и 1.000 кучиња. rnrnНајголемиот леден хотел во светотrnrnСекоја зима, околу 50.000 посетители од целиот свет доаѓаат да го видат овој леден хотел и да ги искусат смиреноста, аурорите и различни активности во дивината, на околу 200 километри од Арктичкиот Круг. Градбата опфаќа 5.500 метри квадратни и е изградена од околу 2.000 тони лед од реката Торн и околу 30.000 тони мешавина од снег и лед кои ја зацврстуваат структурата. Околу 100 луѓе годишно учествуваат во конструкцијата на овој неверојатен леден хотел, од кои дури половина се артисти специјално поканети за дизајнирање на одредени делови на хотелот.rnrnНајголемиот леден хотел во светотrnrnГрадењето на ледениот хотел е процес кој трае во текот на цела година. Во март и април, 4.000 тони лед се вади од реката Торн, кој потоа за време на летото се чува во ладни складишта. Изградбата се повторува секој ноември и декември, бидејќи некаде околу месецот април структурата полека се топи и се враќа во реката Торн. Доколку сакате да го посетите, хотелот е целосно отворен од декември до средината на април.rnrnНајголемиот леден хотел во светотrnrnПогледнете ги и останатите фотографии кои покажуваат дел од дизајните и креациите на артисти од целиот свет за оваа сезона на овој леден хотел…rnrnНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светот
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Нацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувал

    Нацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувал

    Овој хотел се наоѓа на брегот на островот Риген во Германија, а се протега на простор од скоро 5 километри покрај бела песочна плажа. Верувале или не, но тој има 10.000 спални соби. Иако е изграден пред повеќе од 70 години, никој нема престојувано во него. Неговото име е „Prora“, а изграден е во периодот од 1936 до 1939 година од страна на нацистите како дел од нивната програма „Сила преку радост“. Целта била да се обезбедат рекреативни активности за германските работници и да се шири нацистичката пропаганда.rnrnНацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувалrnrnКомплексот е составен од осум идентични згради, чија вкупна должина изнесува нешто повеќе од 4,5 километри, а истите се наоѓаат на околу 150 метри од плажата. Во нивната изградба учествувале 9.000 работници, а нацистите имале во план да изградат уште 4 вакви комплекси. Во секој од нив се планирало да има кино, хала за фестивали, базени и пристаништа, каде што ќе пристигнувале бродовите за крстарење.rnrnНацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувалНацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувалrnrnПлановите на Хитлер за хотелот биле многу амбициозни. Тој сакал да го има најголемиот ресорт кој некогаш постоел, а во него да има 20.000 кревети. Сите соби во хотелот гледаат кон морето, додека ходниците и собите за вработените гледаат на спротивната страна. Планот бил секоја соба да има во неа два кревети, плакар и лавабо. Собите биле изградени со димензии 2,5 х 5 метри. Бањите и тоалетите се наоѓале на секој кат од зградите и биле заеднички.rnrnНацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувалНацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувалНацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувалНацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувалНацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувалrnrnСепак, комплексот никогаш не бил завршен бидејќи започнала Втората Светска војна, па приоритетите на Хитлер се промениле. За време на војната, многу граѓани од Хамбург се засолниле во овој комплекс, додека подоцна многу бегалци од истокот на Германија биле сместени таму. По војната, „Prora“ се трансформирал во воен комплекс на армијата на Источна Германија. Подоцна, откако Германија се обединила, комплексот станал и згрижувалиште за азилантите од Балканот.rnrnНацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувалНацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувалrnrnДенеска, комплексот е скоро целосно напуштен, освен еден мал дел кој се користи за други цели. Исто така во 2011 година, еден блок од хотелот се претвори во хостел со 400 кревети, а планот е во иднина „Prora“ да се претвори во модерен фамилијарен комплекс со 300 кревети, во кој ќе има тениски игралишта, базени и мал трговски центар.rnrnНацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувал
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тајни за совршено организирање на вашето време и простор

    Тајни за совршено организирање на вашето време и простор

    Дали понекогаш се прашувате како некои личности успеваат да бидат исклучително уредни? Еве ги нивните трикови.rnrnТајни за совршено организирање на вашето време и просторrn

    Имајте визија за себе

    rnАко имате јасна претстава за себе, ќе ви биде многу полесно да одредите што сакате да внесете во вашиот живот. Ова се однесува на секој сегмент, почнувајќи од декорирањето на вашиот дом, преку уредувањето на плакарот, па сè до организацијата на времето.rn

    Одредете ја намената на секоја соба

    rnОткако ќе ја одредите целта на секоја соба, нејзиното уредување ќе биде многу полесно. Понекогаш функцијата на некоја соба е очигледна (кујна, бања), но денес многу соби имаат повеќе намени. Организирајте ги повеќенаменските соби така што јасно ќе ги определите посебните катчиња.rnrnТајни за совршено организирање на вашето време и просторrn

    Етикетирајте

    rnДокажано е дека читањето од етикети е побрз процес од процесот на набљудување на предметите на една полица. Без разлика дали се работи за тегли за зачини или големи кутии за складирање, ставете натпис на секој елемент. На тој начин ќе си помогнете самите себе и побрзо и полесно ќе ги враќате предметите таму каде што припаѓаат.rn

    Одржувајте ги површините

    rnНа поголемите површини во домот има место само за она што секојдневно го користите. Работите кои ги користите поретко, подобро е да ги складирате. Размислете колку често користите некој апарат и колкава површина зафаќа тој. На пример, на работната површина во кујната секогаш има место за тостерот, но затоа пак, миксерот би можел да се тргне настрана.rnrnТајни за совршено организирање на вашето време и просторrn

    Одберете повеќефункционален мебел

    rnОдлучете се за парчиња мебел кој има неколку функции. Тоа би можело да биде кревет во кој ќе ја чувате постелнината или клуб маса под која ќе бидат сместени весниците и списанијата.rn

    Секојдневните предмети нека ви се секогаш на дофат

    rnПредметите кои ги користите секој ден нека бидат сместени на предниот дел од полиците така што секогаш ќе ви бидат на дофат, додека работите што ги користите поретко сместете ги во задниот дел на полиците или на највисоките полици.rnrnТајни за совршено организирање на вашето време и просторrn

    Подредувајте според сличностите

    rnВо кујната или оставата, на иста полица наредете ја конзервираната храна, а житариците ставете ги на друга полица. Во бањата, одделете ги четките за коса од шминките.rn

    Погледнете назад

    rnЗадниот дел од вратата е одлично место за организирање на предметите. Подлогата со џебови која се закачува на врата е наменета за организирање на чевлите, но во неа можете да сместите и марами, накит, разни додатоци за коса, па дури и средства за чистење.rnrnТајни за совршено организирање на вашето време и просторrn

    Купувајте помалку производи

    rnАко не сте минималисти, не купувајте секакви производи само затоа што се на попуст или има распродажба. Често постојат скриени трошоци кои вклучуваат одржување на купениот производ (на пример чистење).rn

    Ставете часовник во бањата

    rnПовеќето луѓе наутро губат најмногу време додека се подготвуваат во бањата. Часовникот во бањата ќе ви помогне полесно да си го организирате времето. Ако немате доволно простор во бањата, поставете ѕиден часовник.rnrnТајни за совршено организирање на вашето време и простор

  • 10 тајни од најпознатите дизајнери за уредување на вашиот дом

    10 тајни од најпознатите дизајнери за уредување на вашиот дом

    Без разлика дали живееме на одредено место само 2 месеци или 20 години, сите од време на време имаме потреба од мала промена. Нашите животи постојано се менуваат и таа промена треба да се забележува и во домот каде што живееме. Промените можат да бидат многу едноставни, кои можат да се постигнат и само со купување мали декорации како на пример, фотографија. Но, понекогаш тоа што навистина ни е потребно е голема промена како нова боја на ѕидовите, нов мебел или пак преуредување на тоа што веќе го имаме.rnrnСледуваат неколку едноставни тајни од најпознатите внатрешни дизајнери кои можат да ви помогнат да направите трансформација којашто најдобро ќе одговара на вашиот моментален стил и карактер.rnrn10 тајни од најпознатите дизајнери за уредување на вашиот домrnrn rn

    „Првото правило за декорирање е дека можете да ги прекршите скоро сите други правила,“ Били Блодвин

    rnНешто што секој декоратор би ви го кажал е дека правилата постојат за да се прекршат. Многу е поважно декорациите во вашиот дом да го рефлектираат вашиот начин на живот и вашата личност отколку да се водат според конвенционални правила. Но, сепак, многу е важно да најдете одреден баланс за вашиот дом да не изгледа ниту премногу досадно ниту пак премногу натрупано.rnrn10 тајни од најпознатите дизајнери за уредување на вашиот домrnrn rn

    „Никогаш не туркајте го мебелот до ѕидовите. Дури и ако ја поместите гарнитурата за седење само неколку сантиметри нанапред, можете инстантно да го стоплите просторот и да создадете тек,“ Бетси Брнхам

    rnИ покрај тоа што секој дизајнер има свои сопствени трикови за трансформација на одредена просторија, сите тие се согласуваат дека во домот треба да владее добро чувство за живеење, да ги претставува интересите и страстите на сопствениците и да не е многу сериозен.rnrn10 тајни од најпознатите дизајнери за уредување на вашиот домrnrn rn

    „Секогаш имајте го таванот на ум. Тој е најзапоставениот простор од собата,“ Алберт Хедлеј

    rnКога ќе започнете со декорирање на домот, прво што ви паѓа на памет се ѕидовите, потоа мебелот и подот, но ретко кога размислувате и за тоа што се наоѓа над вас. Овој златен таван успева да направи неколку работи во оваа соба. Тој го рефлектира природното осветлување кое доаѓа од огромните прозорци, додава длабочина и топлина во собата и дефинитивно додава елемент на нешто необично.rnrn10 тајни од најпознатите дизајнери за уредување на вашиот домrnrn rn

    „Комбинацијата од повеќе бои го одржува младешиот и забавен карактер на собата,“ Кристина Марфи

    rnМногу луѓе се плашат да ги бојадисаат ѕидовите со светла боја. Бојата исто така може да се додаде и преку декорации. Убави ќебиња, вазни, фотографии, перници и ќилими се одличен начин да додадете малку повеќе боја во вашиот дом. Започнете со мали промени, додадете разнобојна ламба, па потоа вазна и ќебе… Ако се чувствувате подготвено преминете и на поголемите нешта. Бојата навистина влијае на расположението и може да го направи вашиот дом посреќен и поенергичен.rnrn10 тајни од најпознатите дизајнери за уредување на вашиот домrnrn rn

    „Употребете ѕидни тапети на необични места: на таванот, во соби обложени со ламперија, во плакарот, ходниците или во малото фоаје. Добра текстура во мал простор може да направи чудесен пресврт,“ Линдзи Корал Харпер

    rnСекогаш е забавно да влезете во нечиј дом и да најдете нешто неочекувано. Класично уредена дневна соба со таван во светла боја, бел ходник и неочекувано колоритни скали… Едноставната бела спална соба може да понуди интересно изненадување ако има забавни текстури на плакарот. Во собата на сликата погоре, веднаш ќе ве привлече забавниот и истовремено елегантен таван.rnrn10 тајни од најпознатите дизајнери за уредување на вашиот домrnrn rn

    „Јас ја ценам историјата, но мора да донесете свое искуство во вашите простории,“ Истван Франсер

    rnТоа што го прави домот уникатно ваш се оние работи кои ги имате во него. Покажете ги личните работи за да ги откриете вашите личност, авантури и постигнувања. Комбинирајте ги украсите така што ќе употребите и постари и понови. Сите ние имаме минато, сегашност и иднина и сите тие играат голема улога во нашата лична историја.rnrn10 тајни од најпознатите дизајнери за уредување на вашиот домrnrn rn

    „Мислам дека луѓето не се забавуваат доволно додека декорираат. Не мора секогаш да биде толку сериозно. Дизајнот не е како бракот, не мора да му бидете посветени до крајот на вашиот живот,“ Рос Кесиди

    rnНе плашете се да направите нешто ново. Секогаш можете да го смените ако не ви се допаѓа. Мебелот може да биде наместен на различен начин, ѕидовите можат да бидат повторно бојадисани… Не знаете дали нешто ќе ви се допадне сè додека не го пробате. Ако не сте сигурни, започнете прво со нешто мало, а потоа преминете на нешто поголемо. Собата погоре ќе биде многу досадна ако не е тука интересниот и разнобојниот мебел. Тој ѝ овозможува одреден карактер и покажува дека сопственикот е забавен, полн со љубов и најверојатно не се сфаќа себеси премногу сериозно. Од друга страна пак, ако ѕидовите и ламбите не беа бели, собата ќе беше премногу натрупана и ќе ви го одвлекуваше вниманието.rnrn10 тајни од најпознатите дизајнери за уредување на вашиот домrnrn rn

    „Вистинската удобност, визуелно и физички е најважен дел од секоја соба,“ Марк Хемптон

    rnДруга област за која сите дизајнери се согласуваат е важноста на удобноста во домот. Без разлика дали вашиот стил е елегантен и софистициран, опуштен или ексцентричен… Без разлика дали сте минималисти, пребирливи или класични, најважното нешто е да го направите вашиот дом добар за живеење. Добро дизјаниран дом е оној кој истовремено е и удобен и функционален.rnrn10 тајни од најпознатите дизајнери за уредување на вашиот домrnrn rn

    „Што е најважното нешто? Совршено осветлување во секое време,“ Оскар де ла Рента

    rnПриродното осветлување е најдобро, но кога станува збор за природна светлина изворите се ограничени. Поради тоа размислете за вашата околина. Дали живеете во голем град, во близина на шума или покрај езеро? Некои домови ќе имаат многу повеќе природна светлина од други и осветлувањето во домот може да варира во текот на денот. Седете во сите соби од вашиот дом за време на еден ден и забележете каде недостасува светлина. Додавањето на дополнително осветлување ќе ви овозможи сјај и топлина околу вас.rnrn10 тајни од најпознатите дизајнери за уредување на вашиот домrnrn rn

    „Додатоците се таму каде што сакам да оставам впечаток. Тие се душата на секоја соба,“ Остин Ворнер

    rnДодатоците се одличен начин да го поврзете сиот декор во целина. Тие можат да ги доближат сите нешта едни до други и да направат вашиот простор да добие комплетен изглед. Тоа исто така е и еден начин да додадете личен допир на вашиот простор. Тие често раскажуваат приказни за тоа каде сте биле и кои се вашите интереси. Ако не сте сигурни дека сакате да направите некоја голема промена во однос на боите во вашиот дом, можете да внесете малку повеќе разнобојност преку додатоците кои ќе ги изберете.rnrnДали сте инспирирани да направите неколку промени во вашиот дом? Од каде би почнале и што би промениле?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.