КАФЕ ПАУЗА

Tag: СМС

  • Дознајте што тој мисли за вас според времето кое му е потребно да ви врати на пораката

    Дознајте што тој мисли за вас според времето кое му е потребно да ви врати на пораката

    Му пративте СМС порака и по 4 часа сè уште нема одговор. Милион мисли ви се вртат во глава: каде е, што прави, со кого е, зошто не враќа, да не е со друга, да не ви е лут… Одеднаш почнувате да паничите и се доведувате себеси до лудило! Знаете дека не е на работа, но непријатно ви е да му заѕвоните затоа што сè уште не сте толку блиски и не сакате да изгледате параноично и опсесивно. Овие неколку совети ќе ви ја разрешат дилемата околу тоа што тој чувствува за вас според тоа кога ви вратил на пораката.rnrnДознајте што мисли за вас според времето кое му е потребна да ви врати на поракатаrn

    Ако ви врати веднаш

    rnОдговорот тука е повеќе од очигледен. Навистина многу му се допаѓате и вие сте му приоритет. Единствениот проблем е дали и вам толку многу ви се допаѓа или мислите дека е малку нападен и очаен? Постојат две можности: Или е некој кој нема работа, хоби и пријатели, па секогаш е достапен и одвај чека некој да му пише, или е некој чија реакција е „Еј, супер! Сандра ми пиша. Многу е интересна.“ Тука се зависи од погледот кон работите и од тоа дали сте на иста бранова должина.rn

    Ако ви врати за неколку минути

    rnОва е нормално за повеќето луѓе кои имаат чувства еден за друг, бидејќи значи дека не дремат со телефонот во рака, но го проверуваат доволно често за да видат да не случајно некој важен (вие) им пишал. Или тоа, или спие на телефон, но чека да поминат барем 5 минути пред да врати за да не изгледа премногу очајно.rn

    Ако ви врати еден час подоцна

    rnПовторно и овој случај е сосема нормален. На сите ни се случува понекогаш да видиме дека некој ни пишал, но сме премногу изморени и не сакаме да вратиме веднаш, или едноставно ни е потребен одмор од каква било интеракција со луѓе. Како и да е, сепак е во границите на нормалата и можете да бидете сигурни дека тој е заинтересиран за вас.rn

    Ако секогаш ви враќа во истиот временски интервал точен како часовник

    rnСте забележале ли некогаш дека некој ви враќа точно за 67 минути и тоа секогаш се случува? Постои можност да се работи за случајност, но можно е и да прочитал некаде дека 67 минути е идеалното време да се врати на порака ако сака да ја освои девојката. Во секој случај, станува збор за благо опсесивно компулсивно нарушување за кое вреди да поразговарате.rn

    Ако понекогаш ви враќа веднаш, но се случува да ви врати и 12 часа подоцна

    rnАко почесто се случува да ви врати веднаш, а тогаш кога ви вратил подоцна имал добра причина за тоа, тогаш нема за што да се грижите. Но, ако тој не дава никакво образложување зошто толку доцна вратил на пораката, ќе почнете да се чувствувате збунето и да се прашувате дали тој можеби се гледа со уште неколку девојки истовремено. За да не се измачувате себеси, најдобро е отворено да го прашате на што сте.rn

    Ако ви врати наредниот ден

    rnДоколку ова се случи, може да делува малку чудно и загрижувачко но сè уште немојте да кревате паника. Понекогаш се случува луѓето да се премногу зафатени и едноставно да заборават да одговорат на пораките или се премногу уморни и веднаш откако ќе се вратат дома заспиваат, без да остават ни трага ни глас. Се случува, без грижи.rnrnДознајте што мисли за вас според времето кое му е потребна да ви врати на поракатаrn

    Ако ви врати неколку дена подоцна

    rnОва е малку загрижувачко бидејќи речиси секој човек на планетава „виси“ на телефон 24/7. Така што ако чекал неколку дена да ви одговори, или не сака да помислите дека е премногу заинтересиран за да не изгледа очајно или едноставно не му се допаѓате толку.rn

    Ако ви врати недела подоцна како да работи во сервис за јавни услуги на огромна корпорација

    rnОсвен ако пораката не гласи: „Еј, цело мое семејство загина во драматична авионска несреќа“, ова најверојатно значи дека воопшто не е заинтересиран да разговара со вас, но тогаш се почувствувал осамено и си помислил дека една недела е сосема прифатливо време за да си ги проба шансите. Вие не сте на закачалка! Не му одговарајте!rn

    Ако ви врати после толку долго време што вие сте му го избришале телефонскиот број

    rnОва е дефинитивно едно големо не. Можете да бидете сигурно дека тој воопшто не бил заинтересиран за вас, продолжил понатаму, се гледал со неколку други девојки, раскинал со нив, и една вечер се почувствувал осамено и си рекол: „Еј сè уште го имам бројот на девојкана од пред неколку месеци. Ќе ѝ пратам СМС, сигурно ќе умре од среќа.“ Не. Не паѓајте на ова, заслужувате многу подобро.

  • Овие пораки никогаш не треба да им ги праќате на вашите бивши момчиња

    Овие пораки никогаш не треба да им ги праќате на вашите бивши момчиња

    Колку многу и да ви недостига или пак сте само љубопитни што се случува со вашите бивши момчиња, овие пораки едноставно не се добра идеја. Оставете го минатото таму каде што е, насмевнете се, погледнете во иднината, дозволете му на вашето срце повторно да сака и никако и никогаш не им ги испраќајте овие пораки.rnrnA portrait of a smiling beautiful woman texting with her phonern

    1. Дали ме замени?

    rnИ да има и да нема друга, тоа повеќе не е ваша работа! Наместо да се концентрирате на неговиот живот, многу подобра опција е да видите што може да промените во вашиот на подобро. Зошто да го трошите своето време размислувајќи дали и со која девојка ве заменил? Вистината е дека не можете ништо да промените. Уште една вистина: доколку сте ставиле точка на врската, зошто да се навраќате на тоа?!rn

    2. Како си, што правиш?

    rnАко веќе не сте заедно, ова е дефинитивно една од најлошите пораки кои можете да му ги пратите на своето бившо момче. Доколку немате ништо важно да му кажете, а и тој се откажал од комуникацијата со вас, зошто воопшто би му праќале нешто?rn

    3. Зошто не ми оговори?

    rnАко тој не ви одговара на пораките, сè е прилично јасно! Нема потреба да се спуштате ниско и буквално да молите за одговор. Повеќе не сте заедно и од неговата слобода волја зависи дали ќе ви одговори или ќе ве игнорира.rn

    4. Ми фалиш!

    rnНе велиме дека е забрането да кажете дека вашата бивша љубов ви фали. Само сакаме да ве предупредиме дека овие изјави не се соопштуваат преку порака, туку во живо или преку телефон, бидејќи во тој случај може да има надеж за продолжение.

  • 15 „валидни“ причини поради кои не возвративте на пораката

    15 „валидни“ причини поради кои не возвративте на пораката

    Возвраќањето на пораки понекогаш знае да биде здодевно или едноставно да нè мрзи. Може да има милион причини за тоа – некои апсурдни, некои валидни, но причина секогаш постои. Од глупави до креативни, погледнете кои се најчестите „валидни“ причини зошто не возвраќаме на пораките.rn

    1. „Телефонот ми беше надвор од дофат.“

    rn1-15-validni-prichini-zoshto-ne-vozvrativte-na-porakata-kafepauza.mkrn

    2. „Имав важно интервју.“

    rn2-15-validni-prichini-zoshto-ne-vozvrativte-na-porakata-kafepauza.mkrn

    3. „Телефонот ми беше на вибрации и не ја почувствував нотификацијата.“

    rn3-15-validni-prichini-zoshto-ne-vozvrativte-na-porakata-kafepauza.mkrn

    4. „Телефонот беше жеден.“

    rn4-15-validni-prichini-zoshto-ne-vozvrativte-na-porakata-kafepauza.mkrn

    5. „Бев во теретана.“

    rn6-15-validni-prichini-zoshto-ne-vozvrativte-na-porakata-kafepauza.mkrn

    6. „Еден мој пријател го изгуби телефонот, па затоа мораше да го искористи мојот.“

    rn5-15-validni-prichini-zoshto-ne-vozvrativte-na-porakata-kafepauza.mkrn

    7. „Местев аларм.“

    rn7-15-validni-prichini-zoshto-ne-vozvrativte-na-porakata-kafepauza.mkrn

    8. „Патував. Не беше безбедно да ти вратам додека возам.“

    rn8-15-validni-prichini-zoshto-ne-vozvrativte-na-porakata-kafepauza.mkrn

    9. „На час бев.“

    rn9-15-validni-prichini-zoshto-ne-vozvrativte-na-porakata-kafepauza.mkrn

    10. „Бев на ручек и не сакав да бидам некултурен/а.“

    rn10-15-validni-prichini-zoshto-ne-vozvrativte-na-porakata-kafepauza.mkrn

    11. „Бев во црква.“

    rnrn

    12. „Морав да појдам во тоалет, а одењето во тоалет со телефон е одвратно.“

    rn12-15-validni-prichini-zoshto-ne-vozvrativte-na-porakata-kafepauza.mkrn

    13. „Само што влегов во кино салата.“

    rn13-15-validni-prichini-zoshto-ne-vozvrativte-na-porakata-kafepauza.mkrn

    14. „Ќе ми се испразнеше батеријата, а ми требаше.“

    rn14-15-validni-prichini-zoshto-ne-vozvrativte-na-porakata-kafepauza.mkrn

    15. „Жалам, но едноставно не ја видов пораката.“

    rn15-15-validni-prichini-zoshto-ne-vozvrativte-na-porakata-kafepauza.mkrn

  • 19 разиграни и секси СМС пораки на кои ниту еден маж не би можел да остане рамнодушен

    19 разиграни и секси СМС пораки на кои ниту еден маж не би можел да остане рамнодушен

    Одржувањето на возбудата е една од главните цели за повеќето парови. Но, кога првичната возбуда во новата врска малку ќе опадне, понекогаш може да биде навистина тешко да се врати назад. Па, како најлесно можете да ја одржите оваа страст? Одговорот е: секси СМС пораки. Тие се кратки и јасни и можат да бидат испратени во било кое време. Токму затоа погледнете ги следниве 19 пораки со чија помош можете да направите тој да „полуди“ за вас…rnrn19 разиграни и секси СМС пораки на кои ниту еден маж не би можел да остане рамнодушенrnrn1. „Само што видов нешто многу жешко кое ме натера да помислам на тебе.“rnrn2. „Што би сакал да носам вечерва во кревет?“rnrn3. „Би бил лут доколку се бакнам со девојка?“rnrn4. „Не знам зошто, но во моментов сè што сакам е секс.“rnrn5. „Вчера ссонував дека бев твој секс роб и тоа беше возбудливо – многу возбудливо!“rnrn6. „Што би рекол ако ти предложам секс на јавно место?“rnrn7. „Ајде заедно да гледаме порно кога ќе пристигнеш дома.“rnrn8.Доколку можеш да погодиш која боја ми се гаќичките, ќе добиеш орално задоволување кога ќе се вратиш дома.“rnrn9. „Многу ми се допадна сексот од вчера вечер.“rnrn10. „Не знам дали ова е нормално, но губам контрола во нозете кога ме бакнуваш.“rnrn11. „Посакувам да беше тука сега. Многу сум возбудена!“rnrn12. „Вечерва ќе го носам најкраткото здолниште кое го поседувам.“rnrn13. „Што е најжешкото нешто што можам да го направам за тебе кога ќе се видиме?“rnrn14. „Доколку треба да одбереш помеѓу обичен, анален или орален секс до крајот на твојот живот, кој би бил твојот избор?“rnrn15. „Навистина ми недостасуваш. Посакувам да беше покрај мене во овој момент.“rnrn16. „Само што имав многу луда сексуална мисла за тебе. Но, не би сакала да ти ја кажам преку порака, мора да почекаш додека се видиме.“rnrn17. „Што би рекол доколку ти предложам да ја поминеме целата сабота во кревет?“rnrn18. „Едвај чекам да те бакнам.“rnrn19. „Начинот на кој ме прегрнуваш силно ме возбудува.“rnrnСекако, не треба да претерувате со овие СМС пораки и секојдневно да ги испраќате бидејќи нивната цел е да го изненадат вашиот партнер и да ја вратат спонтаноста во вашиот сексуален живот. Доколку редовно ги праќате, ќе преминат во рутина и целосно ќе се изгуби нивната цел.

  • 5 пораки кои секој маж потајно сака да ги добие од девојка

    5 пораки кои секој маж потајно сака да ги добие од девојка

    Неодамна откривме кои пораки секоја девојка би сакала да ги добие од своето момче, па токму затоа решивме да истражиме дали има пораки кои и момците би сакале да ги прочитаат. Но, она што го забележавме е дека на повеќето од мажите им е здодеано од типичната порака „Како си?“ која тие постојано ја добиваат од девојките. Токму затоа погледнете ги следниве 5 пораки на кои ниту еден маж не може да остане рамнодушен…rnrn5 пораки кои секој маж потајно сака да ги добие од девојкаrn

    1. Сè уште сум во новиот бар кој само што се отвори. Музиката е неверојатна. Зошто не си тука?

    rnЗошто оваа порака е жешка: Тој ќе види дека живеете кул живот и ќе посака да не пропушти ниту еден момент од забавата покрај вас. Доколку и вие му се допаѓате нему, тој веднаш ќе одговори.rn

    2. Добро е што си му само пријател на брат ми. Во спротивно јас и ти би биле голема неволја.

    rnЗошто оваа порака е жешка: Вие во неговите очи ја нагласувате идејата дека како пар би биле лоша идеја (на сите добри начини) и токму затоа ќе ја пробудите неговата желба за вас. Подоцна заблагодарете ни за огромната сексуална тензија која ќе ја доживувате за време на забавите.rn

    3. Само што го гледав „Одмаздници“ и Крис Еванс е навистина згоден, но повеќе би сакала да те гледам тебе како ја соблекуваш кошулата цел час.

    rnЗошто оваа порака е жешка: Таа е одличен начин да му дадете до знаење дека имате „нечисти“ мисли за него. Исто така тој ќе се почувствува посебно поради идејата дека вие повеќе би сакале да го гледате него гол, отколку една од најпознатите ѕвезди.rn

    4. Јас. Ти. Вечерва. Филм по твој избор. Пица. Биди тука.

    rnЗошто оваа порака е жешка: Никогаш не прашувајте дали тој сака да дојде. Жената со висока самодоверба едноставно претпоставува дека тој го сака тоа. Најлесниот начин да направите вашите пораки да изгледаат посекси е доколку на крајот никогаш не ставате прашалник.rn

    5. Расположена сум за секс, знаеш каде да ме најдеш.

    rnЗошто оваа порака е жешка: Зарем има подобар начин да му дадете до знаење што сакате од тоа да го кажете тоа директно? И зарем има маж кој не би посакал да добие една ваква порака? Откако ќе ја испратите, очекувајте тој за само неколку минути да се „нацрта“ пред вашата врата, носејќи шише вино и чоколади.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Момци, секоја девојка чека да ѝ ги пишете овие 8 видови пораки

    Момци, секоја девојка чека да ѝ ги пишете овие 8 видови пораки

    Живееме во време кога пишувањето пораки е исто толку важно за нашиот живот како и разговорот во четири очи. И покрај тоа што треба да постои одреден баланс помеѓу овие два вида разговор, за кој нема да зборуваме сега, сепак постојат и неколку пораки кои секоја девојка копнее да ги добие од своето момче.rnrnМомци, секоја девојка чека да ѝ ги пишете овие 8 видови поракиrn

    1. „Добро утро“

    rnСигурно би сакале да бидете малку креативни со оваа порака. Погледнете го вашето ќесе со трикови и размислете добро бидејќи оваа порака ќе биде првото нешто што таа ќе го прочита по отворањето очи од сабајле. Погрижете се да биде порака која инстантно ќе ја расони и која ќе памети уште долго време.rnrnЗнаете колку други момци сигурно веќе ѝ пишале „добро утро“? Токму затоа треба да најдете начин како да се издвоите. Еден од најдобрите начини е доколку додадете и сладок прекар покрај овие два збора. Најдете нешто што е топло, не премногу провокативно и што ќе направи таа да се почувствува сакано. На пример, „Добро утро сонце“.rn

    2. „Одлично си поминав со тебе“

    rnАко навистина ви се допаѓа времето што го поминувате со оваа девојка, тогаш е клучно да бидете директни за тоа. Не бидете срамежливи момци, девојките никогаш нема погрешно да ја сфатат оваа порака. Доколку не ѝ кажете како сте си поминале, таа нема да знае.rnrnБидете кратки и слатки во изразувањето и преминете директно на целта. Ако сте се забавувале со неа едноставно пишете ѝ „Многу ми беше забавно со тебе вчера“. Не е важно колку специфично ќе го објасните тоа сè додека сте директни и искрени за вашите чувства. Способноста да ги претворите вашите емоции во зборови покажува висока самодоверба, а верувајте, девојките навистина го сакаат тоа.rn

    3. „Мислам на тебе“

    rnВнимавајте колку често ја користите оваа порака, бидејќи ако претерувате таа може да помисли дека сте напорен и морничав. Особено доколку сте на почетокот на врската и ако вашите емоции не се 100% израмнети, таа може да се почувствува непријатно бидејќи воопшто не размислува за вас толку многу.rnrnНо, ако ѝ се допаѓате исто толку што и таа ви се допаѓа вас, особено ако веќе некое време сте заедно, тогаш оваа порака може многу да ви се исплати. Таа ќе го цени тоа што наоѓате време во текот на денот на помислите на неа и дека сте доволно чувствителни да го признаете тоа.rn

    4. „Ова е тоа што те прави посебна во моите очи“

    rnАко има нешто што секоја девојка го сака, покрај дијамантите секако, тоа е комплиментот. Доколку нешто кај неа многу ви се допаѓа, погрижете се таа да го знае тоа. Не заборавајте дека вие би требало да бидете поисплашени од тоа што нема да го кажете отколку од тоа што ќе го признаете гласно, бидејќи многу често мажите се обидуваат да изгледаат кул и жените тоа можат да го сфатат како апатија и да изгубат интерес.rnrnДоволна е само една „рандом“ порака во која ѝ кажувате дека е убава или пак, дека ви се допаѓа како ѝ стои новиот фустан за многу да ви помогне во одржувањето на нејзиното внимание.rn

    5. „Ми недостасуваш“

    rnОваа порака не се препорачува доколку сте во почетоците на вашата врска, но доколку сте веќе некое време заедно тогаш е соодветна. Доколку ви недостасува вашата партнерка, сосема е во ред да ѝ го признаете тоа и на неа. Зарем има девојка која не би сакала да ги слушне овие зборови? Особено ако и таа се чувствува исто.rn

    6. „Те сакам“

    rnКога ќе го скршите мразот со овие зборови во живо, нема потреба да продолжите да се воздржувате. Токму затоа бидете што е можно повеликодушни со таа изјава. Не постои ниту една девојка која не сака да се почувствува сакано, особено од онаа личност во која и таа е заљубена.rn

    7. „Како ти помина денот денес?“

    rnНајчесто ова прашање се спомнува во разговори со луѓе за кои и не ви е толку грижа. На пример, вие седите во автобус до личност со која се познавате и не сакате да зборувате за вас, па го поставувате тоа прашање чисто за да ја избегнете непријатната тишина за време на остатокот од патувањето.rnrnНо, кога ќе ја испратите оваа порака на девојка која ви се допаѓа и преку неа вие искрено сакате да откриете што ѝ се случува денес, тогаш ова прашање добива сосема нова форма. Вие на овој начин ќе ѝ покажете дека навистина се грижите и дека сакате да бидете поголем дел од нејзиното секојдневие.rn

    8. „Извини“

    rnКога сте во сериозна врска, одвреме-навреме ќе настанат расправии. Сите сме луѓе и токму затоа и имаме право на сопствено мислење. Па, кога ќе се појави одреден конфликт, потребно е да го завршите соодветно со цел да не остане да „виси“ проблемот во воздухот околу вас. Доколку навистина имате чувства кон оваа девојка, тогаш најдобриот начин да се справите со работата е доколку се обидете да го преземете конфликтот во вашите раце.rnrnПреземете одговорност така што ќе преземете иницијатива за решавање на проблемот и ќе се извините. Дури и ако сте седеле во тишина цели 2 часа. Ова ќе ѝ покаже дека сте доволно зрели да ја голтнете вашата гордост за доброто на врската и токму тоа е она што таа ќе го цени повеќе од сè.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Правила за допишување со новото момче

    Правила за допишување со новото момче

    Автор: Сара ТурановиќrnrnНе сте сигурни што да му напишете на новото момче во пораката? Бидете безгрижни, ние имаме решение. Професорот Даг Хајнс кој предава во лондонската „Школа за привлекувањето“ (School Of Attraction), ни открива што момците навистина сакаат да прочитаат во текстуалната порака.rnrnpravila-za-dopishuvanje-so-novoto-momche-kafepauza.mkrnrn1. Користете пораки за да договорите состанок. Пораките се одлични за договарање состаноци бидејќи во случај да го заборавите датумот и местото треба само да погледнете во телефонот.rnrn2. Јавете му се пред конечниот состанок. Ако само сте се допишувале, можеби ќе се чувствувате малку чудно кога ќе го видите во живо. Искористете брз повик пред да излезете и кажете му дека ќе касните неколку минути. Ова е можност да му го слушнете гласот.rnrn3. Користете порака за да го насмеете. Тој би требало да биде среќен кога ќе добие порака од вас, па затоа „тешките“ теми оставете ги за во живо.rnrn4. Одговорете на пораката кога ќе посакате – заборавете на правилата. Ако сте на вечера со пријателките или пак на состанок, немојте да се прекинувате за да одговорите на пораката. Но ако одмарате на каучот дома во недела немојте да чекате 3 часа за да одговорите само за да изгледа дека сте зафатени.rnrn5. Пратете му порака пред спиење и посакајте му добра ноќ. Праќањето пораки пред спиење ќе ве зближи.rnrn6. Не плашете се да го поканите да излезете. Ако допишувањето се одложи и тој не ви се јавува, не плашете се дека тој не е заинтересиран за вас. Веројатно се труди да изгледа кул и да не излезе дека е очаен по вас. Ако сакате да го видите, кажете му го тоа! Ќе ја цени вашата искреност.rnrn7. Не пишувајте ништо негативно. Ако сте имале лош ден, задржете го тоа за себе. Допишувањето не е место за пренесување лоши вибрации. Пораката би требало да ја насмее другата личност. Ако ви треба поддршка или совет, побарајте ја во живо.rnrn8. Не поминувајте часови анализирајќи ја секоја запирка или бакнеж. Момците обично не кажуваат големи мисли во пораките, затоа не пробувајте да го разберете текстот кој нема скриено значење. Анализирањето само ќе ве изнервира. Фокусирајте се на шегите и договарањето на следниот состанок.rnrn9. Не претерувајте со смајли знаците. Не сакате да изгледате како некоја тинејџерка. Смајли знаците се одлични, но ако пишувате нешто сериозно заборавете на нив.rnrn10. Не прашувајте многу. Со прашањата вршите притисок. Поставувањето тешки прашања заморува. Бидете опуштени и духовити.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како навистина изгледа додека чекате ТОЈ да ви пише СМС?

    Како навистина изгледа додека чекате ТОЈ да ви пише СМС?

    Сите знаеме како оди приказната, девојката го среќава момчето, тој ѝ бара телефонски број, таа му го дава, а потоа чека тој да ја побара. Но што навистина се случува и како се менува нашето расположение додека чекаме?rn

    1. Го здогледувате и веднаш почнувате да флертувате.

    rn1-kako-navistina-izgleda-dodeka-chekate-toj-da-vi-pishe-sms-www.kafepauza.mkrn

    2. Му го давате вашиот број.

    rn2-kako-navistina-izgleda-dodeka-chekate-toj-da-vi-pishe-sms-www.kafepauza.mkrn

    3. Чувствувате дека работите одат добро, скоро сте сигурни дека ќе добиете порака од него.

    rn3-kako-navistina-izgleda-dodeka-chekate-toj-da-vi-pishe-sms-www.kafepauza.mkrn

    4. Не е важно колку време ќе биде потребно за да пише.

    rn4-kako-navistina-izgleda-dodeka-chekate-toj-da-vi-pishe-sms-www.kafepauza.mkrn

    5. Денот поминува.

    rn5-kako-navistina-izgleda-dodeka-chekate-toj-da-vi-pishe-sms-www.kafepauza.mkrn

    6. Но сосема е во ред. Тоа е само еден ден!

    rn6-kako-navistina-izgleda-dodeka-chekate-toj-da-vi-pishe-sms-www.kafepauza.mkrn

    7. Втор ден. Можеби тој сè уште не е разбуден.

    rn7-kako-navistina-izgleda-dodeka-chekate-toj-da-vi-pishe-sms-www.kafepauza.mkrn

    8. Почнувате да мислите дека нешто не е во ред со вас.

    rn8-kako-navistina-izgleda-dodeka-chekate-toj-da-vi-pishe-sms-www.kafepauza.mkrn

    9. Цел ден помина, а вие станувате нервозни. Секој пат кога телефонот ќе ви заѕвони помислувате дека е тој.

    rn9-kako-navistina-izgleda-dodeka-chekate-toj-da-vi-pishe-sms-www.kafepauza.mkrn

    10. Трет ден, сфаќате дека работите не се одвиваат баш најдобро.

    rn10-kako-navistina-izgleda-dodeka-chekate-toj-da-vi-pishe-sms-www.kafepauza.mk11-kako-navistina-izgleda-dodeka-chekate-toj-da-vi-pishe-sms-www.kafepauza.mkrn

    11. И на вашите пријатели им е здосадено да слушаат за тоа.

    rn12-kako-navistina-izgleda-dodeka-chekate-toj-da-vi-pishe-sms-www.kafepauza.mk13-kako-navistina-izgleda-dodeka-chekate-toj-da-vi-pishe-sms-www.kafepauza.mkrn

    12. А вие пробувате да реагирате нормално…

    rn14-kako-navistina-izgleda-dodeka-chekate-toj-da-vi-pishe-sms-www.kafepauza.mkrn

    13. Конечно тој ви напишал порака. Однадвор сте…

    rn15-kako-navistina-izgleda-dodeka-chekate-toj-da-vi-pishe-sms-www.kafepauza.mkrn

    14. Но однатре…

    rn16-kako-navistina-izgleda-dodeka-chekate-toj-da-vi-pishe-sms-www.kafepauza.mkrn

    15. Или пак ако никогаш не ве побара…

    rn17-kako-navistina-izgleda-dodeka-chekate-toj-da-vi-pishe-sms-www.kafepauza.mk 18-kako-navistina-izgleda-dodeka-chekate-toj-da-vi-pishe-sms-www.kafepauza.mk

  • На какви СМС-пораки „паѓаат“ хороскопските знаци?

    На какви СМС-пораки „паѓаат“ хороскопските знаци?

    Модерната технологија и мобилните телефони ни овозможија нови начини на додворување преку СМС и преку социјалните мрежи. Но, не секој хороскопски знак ужива да заведува и да ги изразува своите чувства на овој начин. За некои е забавно и секси, за други е многу подобро работите да се кажуваат во лице.rnrnna-kakvi-sms-poraki-pagjaat-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrnrnДознајте што му се допаѓа на секој хороскопски знак кога е во прашање додворувањето преку пораки и успешно освојте ја вашата симпатија со порака на која таа нема да може да остане рамнодушна.rn

    Овен

    rnИако овните се големи заводници кои сакаат флертување во лице, ним сепак не им се туѓи и флертувачките пораки. Тие ќе пронајдат песна која ги опишува нивните чувства или ќе цитираат некој писател што ќе биде сосема доволно за да се стопи личноста на друга страна.rn

    Бик

    rnРомантичните бикови сакаат да си играат и за да се забавуваат со љубовни пораки. Но, нивните пораки не содржат само зборови, туку и знаци кои ги опишуваат нивните емоции. Сакаат романтично допишување полно со топли зборови.rn

    Близнаци

    rnТие се мајстори за вербално заведување, па пораките и тоа како им одат во прилог. Нивните текстови се долги и преполни со најромантични и најдлабоки зборови кои ќе го стопат оној за кого се наменети. Исто така тие сакаат да бидат и духовити и во тој случај знаат како да го насмеат примачот на пораката.rn

    Рак

    rnРаковите обожаваат искажување на своите чувства преку зборови, па допишувањето им е еден вид хоби. На тој начин ќе го откријат сето она што никако не можат да го кажат во лице. Нивните пораки не се препишани, туку смислени и избрани само за личноста на која ги праќаат.rn

    Лав

    rnЛавовите повеќе би сакале да ги кажат и покажат чувствата отколку да ги напишат. Ним пораките им се нужно зло и не сакаат да се допишуваат, туку евентуално да пратат една мудра и одбрана порака која кратко и слатко би ја опишала нивната моментална состојба и емоции.rn

    Девица

    rnЗошто да се губи скапоцено време на допишување кога сѐ може да се каже очи во очи? Ова е мотото на девицата која баш и не сака да пишува за своите чувства. Кога ќе се потруди, може да прати само неколку пораки со одредена цел, а ако не е заинтересирана, ќе се прави дека не ја ни видела пораката што ја добила.rn

    Вага

    rnЉубопитни и креативни, вагите уживаат да смислуваат и да праќаат пораки како и да заведуваат преку нив. Сакаат мудри и романтични цитати од песни и книги кои може да бидат двосмислени со цел да ја заинтригираат личноста на која се наменети.rn

    Скорпија

    rnИнтригите се нивна страст што значи дека допишувањето и тоа како е привлечно за нив. Таинствените скорпии обожаваат да си играат со зборови, а најмногу од сѐ им е интересно пецкањето и заведувањето преку пораки со двосмислено значење.rn

    Стрелец

    rnДуховитите стрелци обожаваат да филозофираат, а со самото тоа, нивните пораки се многу богати и занимливи. Тие паѓаат на таинствено и по малку недокажано допишување кое може да се опише како вистинско филмско додворување.rn

    Јарец

    rnРомантичниот јарец желен за нежност обожава заведување преку пишани пораки. Тие уживаат да читаат убави зборови кои им се ним упатени, но исто така кога се „загреани“ за некого сакаат да пишуваат искрено и отворено да ѝ ја отворат душата за своите чувства на својата драга личност.rn

    Водолија

    rnВодолиите се уметници на модерната технологија и модерното заведување. Тие не сакаат да си играат со романтични зборови туку со духовити и хумористични пораки, посебно со такви на кои е скоро невозможно да се одговори. Сакаат технологија и уживаат да праќаат фотографии и песни.rn

    Риби

    rnРибите обожаваат пораки и допишување и баш тоа е начинот на кој сакаат да заведуваат и да бидат заведени. Тие се неверојатни заводници кои многу добро знаат што и кога треба да напишат, но исто така се и подеднакво слаби на зборови кои им се наменети на нив.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најчестите грешки во флертувањето на 20-годишниците

    Најчестите грешки во флертувањето на 20-годишниците

    Од „пијани“ повици и пораки до поттикнување љубомора, ова се дел од најчестите грешки при флертувањето на дваесет-и-нешто-годишниците.rn

    Алкохолот како најдобар другар

    rnДа, алкохолот прави да бидеме поопуштени, но дали тоа е вистинско решение доколку немате храброст да му/ѝ пријдете на дечкото/девојката кој/а ви се допаѓа? Да не зборуваме за стадиуми на пијанство кога веќе не сте ни свои а не ни знаете што зборувате. Како прво, оставате многу лош впечаток а како второ не се покажувате во вистинско светло. Можеби ќе поминевте многу подобро ако бевте трезни.rnrnНајчестите грешки во флертувањето на 20-годишницитеrn

    Задевање како флерт техника

    rnВо ред, кога бевте мали можевте да ѝ го кренете фустанчето на другарката од градинка бидејќи не знаевте како да го привлечете нејзиното внимание. Но на дваесет и нешто години, тоа не е никаков изговор. Ѝ приоѓате на девојка за која мислите дека е навистина слатка и паметна и вашата прва реченица е „Баш супер ти е задникот во тие фармерки.“ Дури и кога задевањето е прифатено од другата страна, тогаш најверојатно ќе развиете пријателски однос, но тешко дека ќе ги добиете посакуваните резултати.rn

    Избегнување комуникација лице во лице

    rnСосем разбирливо е да бидете срамежливи кога некој ви се допаѓа, но до кога би траела таа комуникација преку СМС-пораки и разговори на социјалните мрежи? Дали воопшто тоа е начин да се започне врска? Виртуелната комуникација е одличен начин да се заштитите и неретко сите го гледаме како безбедно поле. Но еден ден ќе мора да соберете храброст и отворено да разговарате со личноста која ви се допаѓа.rnrnНајчестите грешки во флертувањето на 20-годишницитеrn

    „Обележување“ на конкуренцијата

    rnНе значи дека сите останати припадници на вашиот пол ви се конкуренција. Без разлика колку се сомневате, не ја покажувајте љубомората и не поставувајте се кон сите останати како да се ваши конкуренти. Зарем би можеле да го минете цел живот докажувајќи дека сте подобри од другите и уништувајќи го секој оној кој макар навидум ви се чини дека сака да го освои она што е ваше? Нели е заморувачки?rn

    Флертување со други за да го/ја направите љубоморен/на

    rnПостојат многу начини да покажете дека вредите, овој не е еден од нив. Една од најголемите грешки кои ги правиме кога сакаме да заведеме некого е одбирањето сосем погрешен начин за да покажеме колку сме посакувани. Дека навистина е придобивка некој да ве има крај себе, самиот тој ќе сфати по одредено време.rn

    Пребрзо станувате сериозни

    rnКолку и да имате сериозни намери со некој, не доведувајте се во ситуација да зборувате за вашата заедничка иднина уште на првиот или вториот состанок а веќе третиот да биде запознавање со родителите. За сè треба време, така и за љубовта.rnrnНајчестите грешки во флертувањето на 20-годишницитеrn

    Зборувате за бившиот/ата

    rnОва не само што не е воопшто паметен потег туку е вистински рецепт за самоуништување. Зарем навистина сакате да изгледате како очајна личност која не е способна да продолжи понатаму со животот? Никој не сака да си има работа со човек кој не може да го остави минатото зад себе.rn

    Зборување само за себе

    rnСлучајно да не сте малку себични? Или можеби самобендисани? Тоа што треба да разговарате и да се запознавате не значи дека треба да бидете полни со себе и да зборувате само за вас самите.rn

    „Пијани“ повици

    rnДа скратиме: никој не сака повик во 3 сабајле од пијана личност која не само што звучи очајно туку и пореметува нечиј сон.