Автор: Симона РистоскаrnrnПознат и под името „V&A“, музејот се наоѓа во областа Бромптон, Лондон и претставува најголемиот музеј во светот за декоративна уметност и дизајн, со постојана колекција од 4,5 милиони предмети. Именуван е по принцот Алберт и кралицата Викторија, а основан е во 1852 година. Оттогаш до денеска се формирани вкупно 145 галерии како дел од музејот.
Колекциите опфаќаат уметност од последниве 5 милениуми, од античките времиња до денес, а можат да се сретнат културите на Европа, Северна Америка, Азија и Северна Африка. Во него можат да се видат предмети од керамика, стакло, текстил, сребро, разни носии, накит, мебел, скулптури, цртежи, фотографии, и буквално сè што не би можеле да го видите ниту на едно друго место.
rn
- rn011
- Во 2006 година музејот го посетиле 2,37 милиони луѓе, што е највисока бројка на посетители до сега.
- Музејот всушност ги вклучува Националната библиотека на уметноста, Музејот на детството и театарската колекција (национална колекција поврзана со Британската театарска сцена).
- Од 2008 година отворена е изложбата „Олимписки постери“ токму во периодот на започнување на Олимписките игри во Пекинг, а истата ќе биде достапна за посетителите сè до Олимписките игри во Лондон, кои ќе се одржуваат оваа година. Како дел од изложбата, вклучен е и Олимпискиот факел од игрите во 1948 одржани исто така, во Лондон.
- Преку 1.500 тетовирани луѓе го посетиле музејот во 2000 година, на првиот „V&A ден на рекорди“ за да бидат фотографирани за дигиталната архива на тетоважи.
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rn
- rn011
- Музејот на Викторија и Алберт има долгогодишна соработка со Кралскиот колеџ на уметност, со што обезбедуваат постдипломски студии за историја на дизајн.
- За да се осигури дека колекциите се чуваат во оптимални услови, 800 мали радио предаватели се позиционирани низ музејот за мерење на температура и релативна влажност на секои три минути.
- Првиот директор Сер Хенри Кол, во 1857 година го опишал музејот како „засолниште за сиромашни колекции“ , а дури век подоцна, Сер Рој Стронг го нарекол „екстремно просторна чанта“.
rn011
rn011
rn
rn

rn
- rn011
- Ова бил првиот музеј во светот кој отворил јавен ресторан. Менијата биле поделени за посетители од прва и од втора класа, но постоеле и менија за третата класа, односно за работниците кои работеле на зградата на музејот и за обичната скромна работничка класа која сакала да го посети.
- Исто така, овој музеј е првиот во светот кој користел светилки на гас за осветлување на галериите во вечерните отворања.
- Музејот поседува приближно 17. 500 скулптури и 10.500 слики, што е повеќе отколку што поседува Националната галерија на Велика Британија.
- Тигарот на Типу (Tippoo’s Tiger) долго време бил еден од најпопуларните предмети изложени во музејот. Дрвениот модел на тигар кој напаѓа војник бил направен за Султанот Типу, владетелот на Мајсор во Индија во 70-тите.
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rn
- rn011
- Најмалиот објект кој се наоѓа во Музејот на Викторија и Алберт, е всушност колекција од стаклени тегови кои служеле за мерење на монети. Тие датираат од периодот помеѓу осмиот до десетиот век. Биле најдени во Египет, на нив има арапски написи, а некои од нив се помали од 1 сантиметар во дијаметар.
- Како дел од колекциите е и познатата копија на првата комерцијално направена божиќна честитка, којашто била креирана од страна на првиот директор Сер Хенри Кол, во 1843 година.
- Во сопственост на музејот е и „Големиот Кревет од Вер“, кој е најпознатиот кревет во Велика Британија.
rn011
rn011
rn
rn
rn
- rn011
- Кралицата Викторија била шокирана од голотијата на добро познатата скулптура на Микеланџело, Давид, чија копија била изработена од гипс за музејот во реална големина. Било наредено да се изработи, соодветно на пропорциите, а смоквиниот лист го прицврстувале со куки секогаш кога доаѓале достоинственици да ја посетат скулптурата. Денес, смоквиниот лист не се наоѓа на скулптурата, туку во кутија во нејзина близина.
- Првиот модел кој некогаш дизајнирал сопствена линија на облека е Твиги, а токму музејот поседува мини фустан од „Твиги“ колекцијата која ја дизајнирала во 60тите.
rn011
rn
rn








Голем дел од експонатите се опфатени и во ова видео.rn
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук


rn
rnrnКарен започнала да се занимава со сликање на 14 години, а нешто подоцна кафето станал нејзин омилен пијалак. Откако го открила вкусот на еспресото, решила да ги спои своите две големи страсти, па започнала да слика користејќи само еспресо и вода. Денес, кога сака да се одмори од вообичаеното сликање со молив, маслени и водени бои, оди во продавницата за кафе каде што и работи, па така инспирирана од аромата на кафе, тивките разговори и звукот на мелењето на кафето, ги црта своите несекојдневни дела.rnrn








rnrnСо слична работа се занимава и Бразилецот 
rnrnСекоја слика нуди двојна перспектива, а зависи од самиот набљудувач што од сликата ќе воочи прво, а што ќе смета за вешто осмислена оптичка илузија од страна на уметникот. За восхит е способноста на Михаи да гледа толку неограничено на светот. За почит е и неговиот талент за соединување на природата со неживите предмети.rnrn













rnrn
Ниман се шегува дека само еден телефонски повик е доволен за да му предизвика проблем, бидејќи кога разговара на фиксниот апарат, речиси секогаш несвесно игра со жицата и ја претвора во клопче.
Но, вистинскиот хаос е под работното биро, вели тој. Таму се испреплетуваат преку 30 различни кабли, кои не знаете ниту каде почнуваат, ниту каде завршуваат.
Ужасно е чувството кога треба да замените некој од нив. Ако сакате да извлечете еден, за да поврзете друг, е тогаш нервозата кулминира. Во тој момент немате ни трошка милост за кабелот и го повлекувате агресивно, со што неизбежно го уништувате. Еве еден предлог на Ниман, како да го избегнете ова и сите завршетоци на каблите да ви бидат на видик. Ова нема да ви го реши проблемот, но ќе го ублажи.
Далеку од решение сте и ако помислите на продолжените кабли, со неколку приклучоци. Дизајнерите прават сè поголеми и поголеми адаптери, така што, на кабел со шест приклучоци, вие може да приклучите само три апарати. Ова уметникот го споредува со невнимателните луѓе, кои предизвикуваат нервози и турканици во метроата.
Овој проблем Ниман го увидел и кај музичарите. Па и за нивната мака одлучил да раскаже преку едно од уметничките дела.
Ваквиот хаос би можел да се надмине со безжичната технологија, но и тука Ниман гледа проблем. Се шегува дека ако предметот не му е приклучен во струја, тогаш лесно ќе го изгуби.
Да се надеваме дека идните генерации нема да се соочуваат со овој проблем.
rnrn









rnrn












rnrn
























Таа црта со акрилни и мрсни бои на платно. Нејзините дела најчесто се во црно-бела техника, а понекогаш знае да вметне и некоја друга боја. На прашањето зошто ги прави сликите толку големи, таа одговорила:rn







rn
rnrn rn
rnrn rn
rnrn rn
rnrn rn





rnrn rnrn







rnrn rnrn