КАФЕ ПАУЗА

Tag: слетување

  • Подготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографии и илустрации

    Подготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографии и илустрации

    Леталото InSight, скратено од „Interior Exploration using Seismic Investigations, Geodesy and Heat Transport“, слета на црвената планета на 26-ти ноември оваа година. Целта на овој приземјувач е детално да го провери Марс. Погледнете како изгледале подготовките за овој неверојатен подвиг.rn

    1. Склопување

    rnПодготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографииrnrnЕкспертите го склопиле леталото во јануари, 2015-та година во просторите на „Локхид Мартин вселенски системи“ во Денвер.rn

    2. Трикови

    rnПодготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографииrnrnЛеталото било тргнато од основата на контејнер за склад на 20-ти јуни, 2017-та година. Раката на леталото со должина од 1,8 метри служи за подигнување на сеизмометар и пробивање на површината на Марс. На него има и камера која ќе дава 3Д поглед кон местото на слетување и другите активности.rn

    3. Собирање сончеви зраци

    rnПодготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографииrnrnПанелите на приземјувачот биле отворени и на Земјата со цел да се тестираат. За време на тестирањето кое се одвивало на 23-ти јануари, 2018-та година во Локхид Мартин, инженерите го набљудувале отворањето и работењето на соларните ќелии.rn

    4. Патување со камион

    rnПодготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографииrnrnОткако било изградено и тестирано, леталото било ставено во камион на 28-ми февруари, 2018-та година. Неговата прва станица била Воздушната база Бакли.rn

    5. Патување во воздух

    rnПодготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографииrnrnОткако камионот пристигнал на базата, леталото било префрлено во авион C-17 и се упатило кон Калифорнија.rn

    6. MarCO

    rnПодготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографииrnrnИнженерот Џоел Сеинкраус ги тестира соларните панели на едно од леталата Mars Cube One односно MarCО, наречено CubeSat или мини сателит, во лабораторија на НАСА.rn

    7. Последни подготовки

    rnПодготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографииrnrnПоследните подготовки пред полетувањето се одвивале на Воздушната база Ванденберг во Централна Калифорнија.rn

    8. Товарање

    rnПодготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографииrnrnЛеталото било поставено на врвот на ракетата Атлас V на 5-ти мај 2018-та година.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Луди факти што никој не ви ги кажал за првото слетување на месечината

    Луди факти што никој не ви ги кажал за првото слетување на месечината

    Аполо 11 беше првото вселенско летало што го однесе човекот на месечината. Нил Армстронг и Едвин „Баз“ Алдрин станаа првите луѓе што зачекореа на нашиот сателит. Ова се нешта што ги знаат сите. Но постојат и други, полуди факти кои сигурно не сте ги слушнале досега. Продолжете со читање за да научите нешто ново.rn

    1. Екипажот пополнил царински формулари по враќањето

    rnЛуди факти што никој не ви ги кажал за првото слетување на месечинатаrnrnЦариниците од САД ги натерале астронаутите од Аполо 11 да пополнат формулар за внесување месечеви камења и прашина во САД. Ова се случило на 24-ти јули 1969-та година, истиот ден кога слетале околу Хаваи.rn

    2. Нил Армстронг оставил ѓубре на месечината

    rnЛуди факти што никој не ви ги кажал за првото слетување на месечинатаrnrnБаз Алдрин и Нил Армстронг останале во лунарната капсула неколку минути откако слетале на месечината. Во тој период, Алдрин му подал кеса полна со остатоци од храна и резервоар со измет на Армстронг, кој пак ја оставил на месечевата површина кога излегол. Првата фотографијата што ја направил убаво ја покажува кесата ѓубре.rnrnНаучниците оставиле многу друго ѓубре и алатки, од кои некои сè уште се функционални, а некои биле клучни за успехот на мисијата. Астронаутите го оставиле и делот за слетување на капсулата кој веќе не им бил потребен. Всушност, го претвориле во знаменитост и додале натпис: „Овде луѓето од Земјата прв пат стапнаа на месечината. Јули 1969-та година од нашата ера. Дојдовме во мир и во име на целото човештво.“rn

    3. Претседателот Никсон подготвил говор во случај астронаутите да не се вратат

    rnЛуди факти што никој не ви ги кажал за првото слетување на месечинатаrnrnПретседателот Никсон имал подготвено говор во случај екипажот никогаш да не се врател, односно Нил и Баз да останеле заглавени на месечината. Од НАСА верувале во леталото Аполо 11, но не и во лунарната капсула. Се сомневале дека може да настане проблем при полетувањето или дека нема да може да се прикачи на леталото и да го врати екипажот на Земјата. Во зависност од ситуацијата, астронаутите можеле да умрат веднаш, да прегладнат до смрт или да извршат самоубиство.rnrnГоворот бил идеја на НАСА. Пред да го прочита, Никсон би ги контактирал сопругите на астронаутите и би ги информирал за ситуацијата. Потоа би ѝ се обратил на нацијата и би го започнал говорот со: „Судбината одлучи дека мажите кои отидоа да ја истражат месечината во мир, ќе останат на месечината да почиваат во мир.“rn

    4. Има само една фотографија што го прикажува целиот Армстронг на месечината

    rnЛуди факти што никој не ви ги кажал за првото слетување на месечинатаrnrnНил Армстронг е лицето на мисијата на Аполо 11. Но на повеќето од фотографиите направени за време на експедицијата се наоѓа Баз Алдрин. Армстронг управувал со главната камера и го фотографирал Алдрин, а Алдрин имал наредба да фотографира други нешта.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 7-те најчудни аеродроми во светот

    7-те најчудни аеродроми во светот

    При секоја работа, инженерите се соочуваат со безброј предизвици. Особено си имаат тешкотии оние кои треба да изградат аеродром на кој треба да слетуваат и полетуваат милиони патници годишно. Тие треба да имаат предвид аеродромот да е на идеална локација, да има голем простор, бескрајно рамен терен и голема видливост, па дури и ветровите во тој предел да се поволни. Но, во реалниот свет условите ретко се идеални, а инженерите се принудени да работат со она што го имаат пред себе и притоа да изградат нешто што ќе биде сигурно, стабилно и безбедно. Видете ги најчудните аеродроми во светот според локацијата, начинот на изградба и други дополнителни фактори.rn.rn

    Интернационалниот аеродром во Куршевел, Франција

    rnЗа да се пристигне до иконскиот ски центар  во Куршевел, Франција, потребно е да се помине преку застрашувачките француски Алпи, а потоа да се слета на интернационалниот аеродром. Слетување кое ќе го паметите засекогаш. Пистата е долга само 520 метри, но вистинското изненадување е големиот рид на средината од пистата.7-те најчудни аеродроми во светот„Слетувате во удолница, а полетувате од угорница“ – вели еден од пилотите. Тој додава дека ридот, кој има 18,5% нагиб, е толку стрмен што помали авиони често имаат големи проблеми. Слетувањето на аеродромот во Куршевел очигледно не е лесна работа, па така пилотите треба да добијат сертификат пред да пробаат да ја совладаат оваа опасна писта.rn.rn

    Аеродромот Конгонхас (Сао Паоло, Бразил)

    rnПовеќето главни градови имаат аеродром, но ретко кој од нив го има на само 7 километри од строгиот центар во градот. Ова особено не е случај со метрополи како Сао Паоло. Неговата близина до центарот може да се надоврзе на фактот дека тој е направен во 1936 година, а градот многу се разви во наредните децении.7-те најчудни аеродроми во светотИмањето аеродром толку блиску до градот можеби изгледа погодно за патниците, но претставува голем напор за пилотите и за екипите кои го контролираат воздушниот сообраќај. Претставува предизвик во однос на безбедноста само да се доведе авионот до пистата. За среќа високите згради во Сао Паоло се малку подалеку од пистата, па не се директна пречка за слетувањето и полетувањето на авионите.rn.rn

    Ледената писта (Антарктик)

    rnЛедената писта е една од трите главни писти кои се користат за пристигнување на истражувачи и резерви за Мекмурдо станицата на Антарктик. Како што имплицира и самото име, тука нема асфалтирани писти, само писти од мраз и снег кои се уредно негувани.7-те најчудни аеродроми во светотНема недостиг од простор на Ледената Писта, па така супер големи авиони од типот на C-130 Hercules и C-17 Globemaster III, слетуваат релативно лесно. Вистинскиот предизвик е да се процени дали тежината на авионот и на каргото нема да го скрши мразот или пак да го заглави во мекиот снег. Кога мразот од пистата почнува да се крши, авионите се пренасочуваат да слетаат на другите две главни писти Pegasus Field и Williams Field.rn.rn

    Интернационален аеродром Дон Муанг (Бангкок, Тајланд)

    rnОд далечина, интернационалниот аеродром Дон Муанг изгледа како и секој друг просечен аеродром. Но, разликата е во тоа што помеѓу двете писти се наоѓа еден голф-терен со 18 дупки.7-те најчудни аеродроми во светотГолф-теренот и аеродромот порано биле дел од воена база, но подоцна биле отворени за комерцијален промет. Сепак, поради безбедносни причини, граѓаните имаат ограничен пристап до голф-терените.rn.rn

    Интернационалниот аеродром Мадеира (Мадеира, Португалија)

    rnМадеира е мал остров оддалечен од брегот на Португалија, што го прави аеродромот клучен за неговиот развој . Првично, пистата била долга само 1.524 метри и претставувала голем ризик, дури и за најискусните пилоти, а го ограничувала и увозот и туризмот.7-те најчудни аеродроми во светотЗа овој проблем инженерите ја продолжиле пистата, така што нејзината моментална големина изнесува 2.743 метри, правејќи мост кој е поткрепен од 200 столбови. Самиот мост е долг околу 900 метри и е широк 180 метри, сосема доволно за да издржи авион од типот на Боинг 747 и други слични. Во 2004 година, Меѓународната асоцијација за мостови и градежништво му даде признание на овој проект, доделувајќи му ја наградата за извонредна структура на годината, истакнувајќи дека дизајнот и изградбата биле „осетливи поради еколошки и естетски причини“.rn.rn

    Аеродромот Гибралтар (Гибралтар)

    rnПомеѓу Мароко и Шпанија се наоѓа малечката британска територија на Гибралтар. Изградбата на нејзиниот аеродром датира уште од времето на Втората Светска војна, а денеска сè уште служи како база на воздухопловните сили на Велика Британија, но и како аеродром за комерцијални летови.7-те најчудни аеродроми во светотНајинтересното е тоа што најпрометната авенија „Винстон Черчил“ поминува директно низ пистата на аеродромот, па така секој пат кога слетува или полетува авион се спуштаат рампите на патот. Проблемот е во тоа што ова е единственото рамно место во целата околина, бидејќи целиот град е опколен со планини, па така ова било најповолното решение.rn.rn

    Интернационалниот аеродром Кансаи (Осака, Јапонија)

    rnЗемјиштето е недоволен ресурс во Јапонија, па така инженерите се упатиле 5 километри од брегот на заливот Осака за да го изградат овој аеродром. Работата за изградба на вештачкиот остров започнала во 1987 година, а веќе во 1994 година авионите можеле да слетуваат на овој аеродром. До аеродромот патниците можат да стасаат со кола, воз или со траект.7-те најчудни аеродроми во светотВештачкиот остров Кансаи е долг 4 километри и е широк 2,5 километри, така што е видлив и од вселената. Земјотреси, опасни циклони, нестабилно морското дно и обидите за саботажа од демонстрантите се само неколку од проблемите кои инженерите биле принудени да ги земат предвид. Колку и да изгледа импресивно овој аеродром, професорот по воздухопловството и технологија на универзитетот „Purdue“ и поранешен консултант за авијација, Шрекенгаст Стјуарт, предупредува дека климатските промени и зголемувањето на нивото на морето претставуваат многу реална закана за постоењето на овој аеродром. „Кога овој аеродром е изграден, најверојатно не се водело сметка за глобалното затоплување. За околу 50 години, аеродромот може да биде под вода.“