Како главен град на слатките во светот, во Париз никогаш нема недостаток од слаткарници. За да успеат во морето со неверојатни десерти, тамошните слаткари мораат да докажат дека навистина се добри, а сопствениците на продавницата за слатки À La Mère de Famille веќе два и пол века го прават тоа.rnrn
rnrnÀ La Mère de Famille била основана во 1761-ва година, од страна на младиот продавач Пјер-Жан Бернард. Откако се преселил во срцето на Париз, Бернард отворил продавница на улицата Faubourg Montmartre. Овде, тој ги привлекувал парижаните со неговите слатки специјалитети – од колачи, па сè до тегли мед.rnrnДенес нов тим производители на слатки продолжуваат да го одржуваат духот на продавницата. Во 2000-та година, Етиен Долфи кој во тој период работел како слаткар во продавницата, го презел бизнисот со неговите деца. Оттогаш, низ Париз се отвориле уште 10 вакви слаткарници, кои нуделе старомодни десерти како кандирано овошје и бисквити кои се нивен специјалитет.rnrn
rnrnСепак, и покрај новите локации, продавницата на Faubourg Montmartre останува омилена. Како најстарата слаткарница во градот, овој објект секогаш ќе има посебно место во богатата историја на Париз.rn
„После продавање на најдобрите производи цели два и пол века, историската продавница сега е легендарна адреса чија фасада не е променета од крајот на 19-тиот век. Ова не е само продавница, ова е извонредно наследство кое секогаш ќе може да понуди нешто ново“, изјавиле сопствениците.
rn
rnrn
rnrn
rnrnПродолжува на следната страница…rnrn


rnrnЗаедно со нејзиниот тим, Кембел дизајнира потпетици и рамни обувки во вид на слатки задоволства. Да, тоа е пекарска слаткарница во која можете да си купите чевли со состав на крофна со мармалад напрскани со трошки од јагода, ментол-чоколаден чипс или потпетици со вкусот на познатото крвено кадифе (red velvet), секои од нив рачно изработени.rnrnКембел објаснува на нејзиниот сајт дека инспирацијата ја наоѓа од нејзината желба да биде уникатна и да создава уникатна уметност.rnrn















Сопствениците на оваа куќа на слатки, Кристина Велардо и Леони Швецер, сакале нивната продавница да биде посебна. Тие имале желба секој купувач кој ќе дојде да доживее ново искуство. Па така, кога луѓето влегуваат во продавницата се чувствуваат како да влегле во сладок свет од цртаните филмови.




