КАФЕ ПАУЗА

Tag: скулптури

  • Неверојатни мистерии за најпознатите статуи ширум светот

    Неверојатни мистерии за најпознатите статуи ширум светот

    Се вели дека кога го прашале Огист Роден како ги правел своите статуи, тој го цитирал славниот Микеланџело: „Да се направи скулптура е лесно – кога ќе стигнете до кожата застанувате.“ Токму затоа вистинските ремек-дела изгледаат божествено. Гледате во нив и размислувате дека само вистинските гении можат да видат таква убавина во едноставно парче камен. Но, секое значајно парче уметност има мистерија зад себе, а во продолжение откријте дел од нив…rn

    1. Мојсеј со рогови

    rn9 неверојатни мистерии за познатите статуиrnrnМикеланџело изработил скулптура од Мојсеј со чудни додатоци – пар рогови. Многу историчари на уметноста го објаснуваат ова со неговото лошо интерпретирање на Библијата. Имено во Книгата на егзодусот се вели дека на Евреите им било тешко да го видат лицето на Мојсеј кога слегувал од планината Синај со плочата на која биле запишани десетте божји заповеди. Хебрејскиот збор искористен во библијата може да се преведе и како „блесок“, но и како „рогови“, иако од контекстот е прилично јасно дека лицето на Мојсеј зрачело сончеви зраци, а не дека имало рогови.rn

    2. Шарени антички статуи

    rn9 неверојатни мистерии за познатите статуиrnrnДолго време се мислело дека античките римски и грчки бели мермерни статуи отсекогаш биле бели. Но според последните истражувања, тие најпрво биле обоени во многу различни бои кои избелеле со текот на времето, пред конечно да исчезнат поради изложеноста на светлина и ветер.rn

    3. Страдањата на Малата сирена

    rn9 неверојатни мистерии за познатите статуиrnrnСтатуата на сирената во Копенхаген е една од најнесреќните статуи во светот и секогаш е мета на вандали. Нејзината историја има многу пресврти и промени. Била скршена на многу парчиња, повеќе од еднаш, а дури и денес можат да се најдат „лузни“ на нејзиниот врат кои се појавиле кога морало да ѝ биде променета главата. Скулптурата била обезглавена два пати, еднаш во 1964, а вториот пат во 1998. Во 1984 година вандали ѝ ја пресекле едната рака. Конечно во 2007 градските власти решиле Малата сирена да биде преместена подлабоко во пристаништето за да се спречи вандализмот и обидите на туристите да се искачат на неа.rn

    4. Бакнежот без бакнеж

    rn9 неверојатни мистерии за познатите статуиrnrn„Бакнежот“, познатото ремек-дело на Огист Роден, оригинално бил наречен „Франческа да Римини“ според италијанската благородничка од 13-от век чие име било овековечено во „Пеколот“ од Данте Алигиери. Жената се вљубила во помладиот брат на нејзиниот сопруг Џовани Малатеста, Паоло, и тие ја читале приказната за Ланселот и Гвиневра, кога Џовани ги нашол и ги убил. Скулптурата покажува дека Паоло во раката држи книга. Како и да е, љубовниците не ги допираат усните, што ни дава до знаење дека тие биле убиени без да направат грев.rn

    5. Тајните на мермерниот превез

    rn9 неверојатни мистерии за познатите статуиrnrnЕден поглед врз овие статуи чии лица се прекриени со полупроѕирен превез, ве тера да се запрашате како е ова направено со обичен камен. Тајната е дека мермерот искористен за оваа работа, всушност е структура. Блокот кој евентуално станал скулптура мора да има два слоја, еден од нив потранспарентен, а еден подебел од другиот. Тешко е да се најдат такви камења, но тие навистина постојат. Уметникот ја имал оваа идеја на ум и знаел што бара. Монти го работел мермерот, задржувајќи ја нормалната текстура на површината, додека на рабовите одземал од мермерот, одделувајќи го полниот дел од транспарентниот. Како резултат на тоа, транспарентниот дел изгледа навистина проѕирен и така се креира ефектот на превез.rn

    6. Совршениот Давид направен од фрлено парче мермер

    rn9 неверојатни мистерии за познатите статуиrnrnСлавната статуа на Давид, дело на Микеланџело е изработена од парче бел мермер, останато од друг скулптор, Агустино ди Дучио, кој се обидел да работи со ова парче мермер, но се откажал после неколку неуспешни обиди. Иако Давид се смета за идеал за машката убавина, всушност и не е така совршен. Тој има криви очи. Ова било откриено од Марк Левој, професор на Стенфорд, кој ја проучувал статуата со ласерска компјутерска технологија. Дефектот на очите на оваа 5-метарска скулптура е скоро незабележлив, бидејќи дополнително стои на висок пиедестал. Специјалистите велат дека Микеланџело ја направил оваа несовршеност намерно, за Давид да изгледа беспрекорно од двете страни.rn

    7. Смрт до уметност, уметност до смрт

    rn9 неверојатни мистерии за познатите статуиrnrnНајмистериозната скулптура на гробиштата во Барселона носи име „Бакнежот на смртта“. Нејзиниот автор е сѐ уште непознат. Се мисли дека статуата е изработена од Џом Барба, но има и алтернативна верзија на приказната која вели дека автор на ова дело е Хоан Гонбернат. Статуата е поставена во еден од најоддалечените краеви од гробиштата и била инспирација за Ингмар Бергман кога го снимал филмот „Седмиот печат“, приказна за паднатиот витез и смртта.rn

    8. Рацете на Венера од Милос

    rn9 неверојатни мистерии за познатите статуиrnrnСтатуата на Венера е една од најпознатите скулптури која се наоѓа во музејот Лувр, во Париз. Се вели дека ја открил грчки селанец во 1820 година, на островот Милос. Кога била откриена, статуата била скршена на два дела. Во нејзината лева рака божицата имала јаболко, а со десната го држела фустанот. Кога ја виделе некои француски морнари, тие ја препознале историската вредност, побарале статуата да биде одведена од островот, но луѓето кои ја носеле и требало да ја натоварат на бродот влегле во караница и статуата паднала на карпите, при што ѝ се скршиле двете раце. Изморени од носењето, морнарите одбиле да се вратат назад и да ги побараат нејзините екстремитети.rn

    9. Прекрасната несовршеност на „Ника од Самотраки“

    rn9 неверојатни мистерии за познатите статуиrnrnОваа величествена статуа на Ника била откриена во 1863 година на островот Самотраки од француски конзул и археолог аматер. Оваа скулптура е изработена од златен мермер. Научниците велат дека Ника била направена во 2-от век пред новата ера, да ги одбележи поморските победи на грчката флота. Главата и рацете на статуата се изгубени, иако имало многубројни обиди за реставрирање на оригиналната позиција на екстремитетите. Се претпоставува дека десната рака на божицата била крената во воздух, држејќи пехар, венец или рог. Но, интересно е дека сите обиди да се вратат рацете на Ника завршиле неуспешно, бидејќи тие само го уништувале ремек-делото. И овие неуспеси нè водат до едноставната вистина: Ника е убава, а нејзината несовршеност ја прави величествена.

  • 25 неверојатно прекрасни скулптури направени од книги

    25 неверојатно прекрасни скулптури направени од книги

    Скулптурите направени од книги се едни од најпопуларните уметнички дела кои може да се видат денес. Старите книги кои фаќале прашина на полиците се претвораат во прекрасни уметнички дела кои го одземаат здивот. А следниве 25 се меѓу најневеројатните скулптури направени од книги кои без сомнение ќе ви бидат инспирација и на вас.rnrn

    Книгата на животот
    Книгата на животот
    rnrn

  • Надреалистички човечки скулптури во првиот подводен музеј во Европа

    Надреалистички човечки скулптури во првиот подводен музеј во Европа

    14 метри под Атлантскиот океан се наоѓа неверојатниот „Museo Atlantico“, односно првиот подводен музеј на модерна уметност во Европа каде артистот Џејсон ДеКаирес Тејлор ја создал првата серија скулптури кои стојат на океанското дно. Џејсон е познат по тоа што неговата работа често ги отсликува денешните општествени проблеми, па така овој негов проект ја опишува актуелната ситуација со бегалците.rnrnНадреалистички човечки скулптури во првиот подводен музеј во ЕвропаrnrnМузејот се наоѓа на островот Ланзарот и опфаќа две одделни, надреалистички скулптурни инсталации кои изгледаат како да застанале во времето. Во првата инсталација, наречена „Рубикон“, група од 35 луѓе полека чекорат кон една капија. Овие фигури непрекинато се движат кон непознатото и го претставуваат местото и моментот од кои нема враќање. Втората инсталација на Џејсон, насловена „Сплавот на Лампедуза“, ја претставува моменталната хуманитарна криза во Сирија. Морничаво реални, фигурите се претставени како чекаат помош и спас на брод.rnrnНадреалистички човечки скулптури во првиот подводен музеј во Европаrn

    „Делата не се наменети како меморијал за многуте луѓе кои ги загубија своите животи, туку како суров потсетник на колективната одговорност на нашата глобална заедница“, вели Џејсон.

    rnТој црпи инспирација од историјата на уметноста која ја зема и како основа за неговата работа, посочувајќи на уметничките дела на францускиот сликар Теодор Жерико, поконкретно на неговата позната слика „Сплавот Медуза“.rnrn

  • Неверојатни уметнички дела изработени од храна

    Неверојатни уметнички дела изработени од храна

    Интересно несекојдневно хоби за изработка на минијатурни ремек-дела од овошје и зеленчук…rnrn(8)-neverojatni-umetnichki-deka-izraboteni-od-hrana-kafepauza.mkrn

    „Пред 6 месеци дадов отказ од работа за да го преиспитам мојот живот. Почнав да создавам скулптури од храна и да ги објавувам на Инстаграм под името ‘Мundane Matters како начин на медитација и себеспознавање. Забавата од спознавањето на мојот ум и можностите што ги нудат овошјето и зеленчукот се неверојатни. Полека создадов навика за правење скулптури и нивно фотографирање секој ден. Оттогаш поминаа шест месеци.“

    rnЕве неколку совети од авторот за тоа како да бидете креативни секој ден.rnrn1. Суштински е да имате пасија за да создадете креативна навика.rnrn2. Откријте различни начини на изработка за да ја задржите дневната рутина.rnrn3. Правете го ова континуирано 21 ден.rnrn4. Наградете се себеси.rnrn5. Бидете самокритични и разберете зошто би се откажале.rnrn6. Релаксирајте се кога немате нови идеи!rnrn

  • Импресивни скулптури направени само од моливчиња и боички

    Импресивни скулптури направени само од моливчиња и боички

    Џенифер Маестре е еден поинаков вид уметница која создава уникатни и живописни скулптури направени од моливи и боички. За да ги направи, таа прво ги сече стотиците боички во должина од по 3 см, па продупчува дупка во секој од деловите за да ги претвори во монисти. Потоа ги наострува деловите и ги сошива заедно. Креациите на Маестре се инспирирани од животните, растенијата, митологијата и сл.rnrn1-impresivni-skulpturi-napraveni-samo-od-molivchinja-i-boichki-kafepauza.mkrn

    Во изјава поврзана со нејзината работа таа вели: „Моите скулптури оригинално се инспирирани од формата и функцијата на морскиот еж. Неговите боцки – толку опасни, но подеднакво убави, служат како експлицитно предупредување да не ги допираме… Деловите од боичките претставуваат аспекти на остро и мазно за две многу различни текстурни и естетски искуства.“

    rn

  • Скулптури од лисја инспирирани од љубовта кон природата

    Скулптури од лисја инспирирани од љубовта кон природата

    Сузана Бауер е уметник чии дела се далеку поинакви од оние на кои сме навикнати. Учејќи од мали нозе да плете и хекла, таа ја насочува оваа нејзина умешност кон создавање уникатни уметнички скулптури од лисја. За тоа што го прави, таа го кажува следното:rn

    „Во мојата работа има добар баланс помеѓу кревкоста и силата, нежноста и тензијата во врските на луѓето, во минливата, но сепак долготрајна убавина на природата која ја има во најмалите детали, во ранливоста и отпорноста кои можат да се пренесат во природата како една целина.“

    rn(18)-skulpturi-od-lisja-inspirirani-od-ljubovta-kon-prirodata-kafepauza.mkrnrnУживајте во нешто поразлично, но сепак прекрасно.rnrn

  • Неверојатни дрвени скулптури од секојдневни предмети

    Неверојатни дрвени скулптури од секојдневни предмети

    Резбите од дрво се уметност која многу луѓе ја немаат усовршено, но меѓу тие кои ја имаат, Ливио Де Марки е еден од најдобрите. Неговата работа се состои од дрвена облека која изгледа толку вистински што би посакале да ја облечете. Дрвени автомобили кои не само што се движат по пат, туку и на вода.rnrn2.neverojatni-drveni-skulpturi-od-sekojdnevni-objekti-kafepauza.mkrnrnГолемината не е никаков проблем за Ливио. Тој знае да работи на мали предмети како и на огромни. А како доказ за тоа е дрвената куќа која изгледа како да е направена од книги.rnrnПогледнете ја дрвената уметност на Ливио Де Марки.rnrn

  • Артист го задржува здивот додека креира минијатурни скулптури во дупчињата на игли за шиење

    Артист го задржува здивот додека креира минијатурни скулптури во дупчињата на игли за шиење

    Скулптурирањето е навистина тежок вид уметност, но артистот Вилард Виган од Англија ги одвел работите на сосема ново ниво. Тој создава минијатурни скулптури кои се толку мали, што може да ги собере во дупчето од игла за шиење.rnrnАртист го задржува својот здив додека креира минијатурни скулптури во внатрешноста на дупчето од игла за шиењеrnrnВилард ги создава своите скулптури со помош на микроскоп. Но, тешкиот дел е да ја одржува својата рака смирена додека креира. Токму затоа тој открил начин на кој може да ги намали отчукувањата на своето срце со задржување на здивот. Со задржувањето на здивот, Вилард влегува во еден вид медитативна состојба и со помош на својот пулс и рачно изработените алатки им дава облик на материјалите со кои работи. Една од алатките кои ги користи за дизајнирање има врв кој е направен од дијамант.rnrnАртист го задржува својот здив додека креира минијатурни скулптури во внатрешноста на дупчето од игла за шиењеrnrnОткако ќе заврши процесот на обликување, тој продолжува со боење на скулптурата, користејќи влакно од обична мува како четка. Во просек, процесот на создавање една скулптура може да трае и до 8 недели. Интересно е тоа што откако ќе заврши со работата, Вилард мора да биде внимателен и да не диши многу силно бидејќи може многу лесно да ги вдиши своите креации.rnrn

    rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Градините на космичка шпекулација во Шкотска

    Градините на космичка шпекулација во Шкотска

    Овие градини со несекојдневно име се наоѓаат во шкотскиот град Дамфрис на имотот на архитектот Чарлс Џенкс. Тие се инпирирани од физиката и математиката. Има скулптури со форма на црни дупки и фрактали, а и пејзажите се во истиот стил. Отворена е за посети само еден ден во годината, кога Џенкс собира средства за борба против ракот.rnrnГрадините на космичка шпекулација во Шкотска Градините на космичка шпекулација во Шкотскаrnrn

    rnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатни хартиени скулптури кои неизбежно предизвикуваат восхит

    Неверојатни хартиени скулптури кои неизбежно предизвикуваат восхит

    Автор: Сања ПетровскаrnrnИ токму кога помислувате дека ништо повеќе не може да ве воодушеви, се појавува уметност како оваа на Ерик Стендли која ве остава без зборови. Ерик Стендли е асистент-професор по студиска уметност и уметник од Вирџинија чија колекција на хартиени скулптури исечени со ласер предизвикува восхит кај секој кој ќе ги погледне. Инспириран од готската и исламската архитектура, тој креира неверојатни инспиративни форми од хартија кои многу наликуваат на минимизирани делови од некоја катедрала.rnrn1-neverojatni-hartieni-skulpturi-koi-neizbezhno-predizvikuvaat-voshit-kafepauza.mkrnrnСкулптурите кои ги создава Ерик се со голема комплексност, а за нив вели дека се поврзани со бесконечноста, т.е. се обидуваат да презентираат нешто што не е дури ни човечко.rnrnИ додека неговите дела инспирираат многу, тој својата инспирација ја има пронајдено на не толку неверојатно место. Имено, тој идејата ја добил сосема неочекувано кога случајно открил декоративен дизајн на кутии од житарици. По ова, тој решил да ја истражи оваа техника, а резултатот се овие прекрасни фигури.rnrn2-neverojatni-hartieni-skulpturi-koi-neizbezhno-predizvikuvaat-voshit-kafepauza.mkrnrnНеговата работа започнува така што тој најпрво го црта дизајнот на хартија со цел да може да испланира како да ги исече поединечните слоеви. Потоа ги испреплетува слоевите хартија притоа создавајќи воодушевувачки 3D ефект. Креирањето на една скулптура може да трае дури и до неколку месеци.rnrn

    rnrn rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.