Скокањето со јаже е вежба која има милиони придобивки, а како што веднаш забележуваме е подобрување на кондицијата. Фитнесот е многу важен елемент кој во голема мера ги одредува нашите резултати и начинот на изведување вежби, а скокањето со јаже се наметнува како одличен метод со кој ќе имате подобра издржливост и сила на телото за краток временски период. Покрај подобрувањето на кондицијата, оваа активност топи калории, а за да бидат видливи резултатите, потребно e тоа да го правите околу половина час секој ден.rnrnСекако, со текот на времето, додека ја подобрувате вашата кондиција, овој временски период нема да претставува никаков предизвик, но лесно ќе ја изведувате оваа забавна и динамична вежба. Исто така, скокањето со јаже во голема мера влијае на координацијата, ја намалува можноста за повреди на ногата и глуждот и ја намалува ефикасноста на дишењето. Начинот на дишење е многу важен кога вежбате затоа што не е добро да останете без здив, па скокањето со јаже е одлична алатка која нема да разочара ниту во таа област. Бидејќи пред нас доаѓаат повеќе и поубави денови, а јажето е мало и практично, ви предлагаме да одлучите да пешачите или да трчате брзо, а на крајот да го завршите тренингот со скокање со јаже на отворено и бидете сигурни дека првите резултати ќе дојдат многу брзо и ќе послужат како мотивација за понатаму.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=6wREO0mfsiErnrnМожеби ќе сакате да го пробате и овој лесен тренинг за тонирање на грбот.
Tag: скокање
-

5 причини поради кои уште веднаш треба да набавите јаже за скокање
Кога сте биле мали сигурно сте скокале јаже, а доколку редовно тренирате, можеби го користите и сега. Сепак, доколку сте заборавиле на него, со вас споделуваме 5 причини коишто ќе ве убедат дека скокањето јаже е нешто што секојдневно морате да го правите ако сакате да изгледате совршено.rnrn
rn1. Можете да го користите кога било и каде било
rnДоколку сте почетник, вам ќе ви значат дури и 5 минути дневно. Можете да скокате дома, во парк, па дури и на паузата на работа (доколку ви дозволуваат условите). Јажето не зафаќа многу простор, а подоцна кога „ќе го фатите ритамот“ ќе можете да го користите колку што сакате.rn
2. Ова е најефикасната кардио вежба
rnИ 5 минути скокање ќе ви значат исто како да сте трчале речиси 1 километар, бидејќи срцето ќе ви работи побрзо.rn
3. Ќе бидете фокусирани на вежбата
rnКога скокате јаже, вие морате да бидете сконцентрирани на она што го правите, а колку повеќе имате концентрација, толку поправилно ќе ја правите оваа вежба.rnrn
rn4. Оваа вежба е погодна за секој дел од телото
rnДоколку сакате да ги затегнете бутовите, скокајте во полу свиткана положба или пак правете нагли скокови. За стомачните мускули пак, свијте ги колената колку што можете, а за да ги обликувате вашите раце, можете при секој скок да го ротирате јажето 2 пати под телото.rn
5. Одлично е за вежбање во теретана
rnДодека вежбате во теретана, поголемиот дел од времето седите и сте фокусирани на мускулите, но потребно е да се посветите и на согорувањето калории со кардио вежби. Најдобриот начин да го сторите тоа е доколку почнете да скокате јаже измеѓу вежбите.rnrnПа, зошто да чекате? Веднаш набавете јаже, забавувајте се и обликувајте го вашето тело на најдобар начин!
-

Подгответе се за летниот одмор: Едноставна 10-минутна вежба за совршено обликувано тело
Кога бевме деца, поголемиот дел од нас секојдневно скокавме на јаже, без да знаеме дека тоа е одлична вежба за нашето тело. Со скокањето на јаже вие го обликувате целото тело, и истовремено слабеете – сè тоа додека лудо се забавувате. Зарем има подобар начин на вежбање?rnrn
rnrnМногу холивудски ѕвезди и топ модели во своите програми за вежбање имаат вклучено и скокање на јаже како кардио тренинг. Тоа е многу поздрава алтернатива на трчањето, кога станува збор за сигурноста на вашите зглобови и колена. Од друга страна пак, не само што ги зајакнувате мускулите на вашите нозе, туку истовремено влијаете и на рацете и рамената, како и на стомачните мускули и срцето. Целото тело е во движење и постојат голем број забавни начини во целост да го искористите јажето при согорувањето калории. Исто така да не заборавиме и на фактот дека станува збор за една од најевтините вежби.rnrnИмајте на ум дека скокањето на јаже не е толку лесно колку што звучи, ниту пак како што го помните од детството. Да, тоа е многу ефективно, но истовремено е и многу напорно. Ако долго време сте биле неактивни, тогаш сигурно ќе се уморите по само неколку минути. Но, не откажувајте се! Нека вашата цел на почетокот биде помала, и како што ќе поминуваат деновите така зголемувајте ги и минутите. Во следното видео се наоѓа вежбата која треба да ја работите, и откако полека ќе ја совладате, пред вас ќе следува само успех! За само неколку месеци вие ќе имате одлично тело кое со гордост ќе го покажете во бикини на плажа…rnrn -

6 забавни активности кои согоруваат најмногу масти и калории во телото
Како што времето сè повеќе се затоплува, така теретаните и просториите за вежбање се празнат, затоа што луѓето преферираат да вежбаат надвор.rnrn
rnrnПоради тоа, пронајдовме 6 најфункционални забавни активности преку кои ќе согорувате најмногу масни ткива и калории, а и ќе го забрзате метаболизмот.rn1. Возење ролери – согорува 425 калории за 30 минути
rn
rnrnВозењето ролери е број еден во согорување на масти и калории. Неговата максимална ефикасност доаѓа од наизменичните движења на бутовите и задните мускули на едната па на другата страна. Голем плус во возењето ролери е тоа што се постигнува силен ефект без притоа да се создава голем притисок врз колената и зглобовите. „Ролајте“ силно и во ист ритам.rnrnЗа подобар ефект: „Ролајте“ 1 минута во умерен ритам, наместо да возите 1 минута силно.rn2. Трчање – согорува 374 калории за 30 минути
rn
rnrnЛуѓето кои често трчаат се мускулести, а причината за тоа е што кога трчате најголемите мускули потполно се користат. Нозете, бедрата, грбните и стомачните мускули согоруваат најмногу масти и калории во телото. За максимален резултат трчајте така што рацете ќе ги држите блиску до телото, не го носете горниот дел од телото напред и држете ги стапалата што поблиску до земјата. За да ги намалите ударите кога ги спуштате стапалата на земја, правете го тоа со средината на стапалото па со прстите.rnЗа подобар ефект: Наизменично трчајте во брзи и бавни интервали или трчајте по ридови.rn3. Скокање со јаже – согорува 340 калории за 30 минути
rn
rnrnЗа да го постигнете максимумот на секое прескокнување, користете јаже кое е долго до вашите рамена. Направете мал проред помеѓу нозете додека скокате, држете го телото исправено и скокајте со мала сила со цел нозете да останат поблиску до земјата. Оваа вежба можете да ја правите и без јажето, а резултатот ќе биде ист.rnrnЗа подобар ефект: Често менувајте ја брзината (бавно и брзо), па стилот на скокање (отскокнување со двете нозе и со една нога) или прескокнувајте го јажето додека трчате.rn4. Хулахоп – согорува 300 калории за 30 минути
rn
rnrnПочнете со едната нога поставена пред другата и префрлувајте ја тежината напред-назад, а во исто време правете кругови со телото. Не се грижете ако не сте толку добри во вртењето на хулахоп затоа што како почетници вие ќе согорите многу калории, а со вежбање вашите движења ќе се подобрат.rn5. Тенис – согорува 272 калории за 30 минути
rn
rnrnНе ви треба партнер или тениско игралиште за да вежбате тенис. Сè што ви треба е рамен ѕид или гаражна врата од која може топчето да се одбива. Наизменично користете форхенд и бекхенд за да видите колку пати можете да го удрите топчето без да го промашите.rnrnЗа подобар ефект: Пробајте да го удирате топчето 50 до 100 пати без прекин. Поставете ја оваа цел и така ќе се поттикнете да се трудите повеќе и да го зголемите резултатот.rn6. Енергично одење – согорува 170 калории за 30 минути
rn
rnrnМора да одите толку брзо што ќе ви биде тешко да разговарате. За да го постигнете максимумот од најголемите мускули кои согоруваат калори, мора да пешачите со кратки и брзи чекори, да се држите исправено и да ги движите рацете напред-назад.rnrnЗа подобар ефект: 1 минута пешачете најбрзо што можете, наместо да одите 2 минути во енергичен ритам. -

Нинџа мачки во акција
Мачките се симбол на спокој и рамнотежа. Познато е дека тие (скоро) секогаш застануваат на нозе, дури и кога скокаат високо во воздух или паѓаат од големи височини. Уште повеќе, нивните тела го задржуваат атлетскиот облик каков што многумина од нас не можат да имаат ниту на земја, ниту над неа.rnrn
rnrnСпоред една студија која анализирала 132 случаи на мачки кои паднале од високи прозорци во Њујорк е дојдено до заклучок дека нивните повреди биле поголеми кога паѓале од први до седми кат, но драматично се намалувале почнувајќи од погорните катови. Едно објаснување за ова е дека после одредена далечина мачките развиваат нефатална брзина и се способни да се рашират и да се излизгаат за да ја намалат сериозноста на своите повреди. И после речете дека мачките не се нинџи?rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Победете ја дремката без да пиете многу кафе
За многу луѓе кафето е единственото нешто кое може да ги освести кога им недостигаат неколку часа квалитетен сон. За да не се налевате непотребно со кафе во текот на целиот работен ден, прочитајте ги алтернативните начини кои ќе ви помогнат да останете будни.
rnЛадна вода
rnМиењето со ладна вода или пиењето чаша ладна вода, е еден од најдобрите начини да се освестите наутро.rnrn
Едноставни утрински вежби
rnКога многу ви се спие, скокнете неколку пати во место за да го забрзате протокот на крв и за да го покачите нивото на вашата енергија.rnrn
Гума за џвакање
rnЏвакајте гума за џвакање без шеќер. Движењето на мускулите на лицето предизвикано од џвакањето, ќе го избрка уморот кој го чувствувате. Најмногу се препорачуваат мастики со освежувачки вкус, како на пример пеперминт, лимон и слично.rnrn
Насмевка
rnСмеењето доволно го стимулира вашиот мозок и го тера да се разбуди.rnrn
Музика
rnСлушањето музика со брз ритам кога многу ви се спие, исто така ќе ви го разбуди мозокот.rnrn
Светлина
rnАко можете, прошетајте се малку на сончева светлина. Она што го рекле старите не е лага, сонцето навистина дава енергија. Доколку не можете да излезете надвор, максимално осветлете ја просторијата во која седите. Запалете го светлото и тргнете ја завесата, бидејќи ако седите во мрак ќе се чувствувате поспано.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

10-те најекстремни спортови во светот
Автор: Ивана ДимитровскаrnrnДали сте се запрашале зошто луѓето воопшто се одлучуваат за екстремни спортови? Екстремните спортови можат да бидат прилично опасни и ризични по здравјето на учесниците, а неретко завршуваат и со фатални последици. Некои велат дека тоа е единствениот начин на кој можат да го покачат нивото на адреналин, да се одвојат од останатите, да демонстрираат решителност, одлучност и храброст или едноставно да направат нешто различно и поинакво.rn
1. Volcano boarding (Сурфање на вулкан)
rnБордањето по снег веќе не е во мода. Спуштање по активен вулкан на специјално дизајнирани дрвени бордови со брзина не поголема од 80 км/ч е вистинскиот предизвик. Илјадници љубители на овој спорт се искачуваат на подножјата од планината Сиро Негро во Централна Америка, каде се наоѓаат едни од најубавите вулкански стази за бордање. Оние кои пробале сведочат за неверојатниот адреналински шок кој се јавува кога треба да се помине вулкански наклон од 41 степен во своите најстрмни делови, на релативно млад вулкан кој досега еруптирал преку 20 пати, последен пат во 1999 година. Со своите почетоци во 2005-та година овој тип спорт привлекол повеќе од 10.000 бордери.rnrn
rn2. Train surfing (Сурфање на воз)
rnПред сè, станува збор за илегален спорт кој е популаризиран во 80-тите години во Германија, кој опфаќа искачување и сурфање на воз во движење од надворешната страна. Опасноста во спортот, освен можноста да се падне, е и во потенцијалните пречки на патот: тунели, кабли и слично. Иако подземните железници со години водат против-кампања, сурфањето по возови се практикува на големо во Африка и во Индија. Професионалците во овој спорт ги докажуваат своите способности на најбрзите возови во Германија, InterCityExpress. Овие возови постигнуваат максимална брзина од 280 км/ч.rnrn
rn3. Crocodile bungee (Банџи-скокање над вода со крокодили)
rnЗа оние за кои висината не е доволен предизвик постои алтернативен вид банџи-скокање и тоа скокање во води полни со крокодили. Ова дополнително зачинување кое го вовеле Австралијците дефинитивно остава без здив, а какво е чувството… за тоа сведочат само најхрабрите (најлудите) авантуристи!rnrn
rn4. Slacklining (Екстремно одење по јаже)
rnНајкратката дефиниција за овој екстремен спорт би била: одење по затегнато јаже на голема висина. Впрочем, јажето воопшто и не е затегнато, а најчесто и се прилагодува според тежината на изведувачот. Целиот концепт е во вештината на одржување телесен баланс во стресни околности: неверојатни висини и отстранување на заштитните придржувачи. Моменталниот рекорд според Гинисовата книга го постигнал Кристијан Шу, преминувајќи процеп на Норвешки фјорд во Кјеранг на висина од 1.000 м, висина еквивалентна на 3 Ајфелови кули.rnrn
rn5. B.A.S.E. jumping (Скокање од згради, мостови, антени и карпи)
rnОвој тип спорт е всушност скокање со падобран, но на некое поопасно ниво. Разликата е во тоа што скоковите започнуваат од фиксни објекти, како и кај параглајдерството, но со затворен падобран. Акронимот B.A.S.E. е кратенка од четирите објекти кои најчесто се користат како потенцијални стартни позиции: згради, антени, мостови, карпести рабови. Опасноста на спортот лежи во недостигот на време да се отвори падобранот по скокот.rnrn
rn6. Limbo skating (Поминување под автомобили со ролшуи)
rnЗа многумина речиси невозможно, овој тип лизгање под коли е последното лудило во Индија. Сам по себе спортот бара флексибилност, физичка спремност и способност за гимнастички баланс. Неофицијалниот светски рекордер е Аникет Чиндак, индиското чудо од дете, кое досега прошло под 57 коли.rnrn
rn7. Heli skiing (Скијање по скок од хеликоптер)
rnОвој пред сè скап спорт, вклучува амбициозен обид за скијање по стрмни и непристапни терени до кои може да се стигне само со хеликоптерски превоз. Освен скијањето, дури и самиот хеликоптерски превоз може да биде опасен. Френк Велс, поранешен претседател на корпорацијата Волт Дизни, загинал во хеликоптерска несреќа при обид за хели-скијање.rnrn
rn8. Cave Diving (Нуркање во пештера)
rnЗамислете да се најдете на повеќе од 30 м длабочина во мрачна, ладна и длабока подводна пештера. Нуркачите мора да се добро обучени и спремни за ваков вид експедиција, но и покрај тоа постојат низа опасности кои прават овој спорт да се вброи на листата најекстремни. Можно е да се остане без кислород, да се згреши патеката или да се биде изеден од некое чудно пештерско суштество. Според статистичките извештаи преку 500 нуркачи имаат загинато од првото пештерско подводно спуштање во 1960 година па навака. За љубителите на овој спорт, но и за оние кои сакаат да пробаат, подводните пештери во Матка се доволен предизвик.rnrn
rn9. BirdMen (Луѓе-птици)
rnСо специјална опрема: летечки костим и контрола на движењата, луѓето навистина можат да летаат! Брзината која може да се постигне се движи 220 – 240 км/ч. Популарна локација за ваков вид спуст е долината Ромсдал во Норвешка.rnrn
rn10. Skydiving (Слободен пад од авион)
rnЕкстремен спорт за сите оние кои се заситиле од „едноставното“ спуштање со прикачен падобран, па одат еден чекор погоре: фрлање од авион без прикачен падобран, за потоа, во текот на паѓањето друг падобранџија да им обезбеди безбеден начин за слетување. Велат дека наједноставен начин да се совлада стравот од висина е доколку се фрлите свесно од целосно функционален и исправен авион. Добар дел од падобраните имаат и висински самоактивирачки систем, односно во случај да заборавите да го ослободите, сам ќе ја заврши работата на одредена висина од земјата, но тоа се разбира, само доколку го имате со вас. Во спротивно довербата во вашиот партнер е единствената сигурна работа која ќе ве спушти на тврдо тло.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

„Верувам дека можам да летам“
Себастијан Монтац Росет и неговата екипа се самопрогласени пионери во одење по лента поставена во височина во комбинација со качување по карпи и скокање од нив. За разлика од одењето по јаже, одењето по лента е многу потешко бидејќи таа секогаш се поставува полабаво и е поподложна на ветер и мала промена на тежината.rnrn
rnrnПадови се случуваат често, па токму затоа, оние кои го прават ова се поврзани со сајли директно на лентата, нешто слично како алпинистите. Сепак постојат и храбри момци кои не сакаат да ги почитуваат овие безбедносни правила, па истото го прават слободно, само со мало падобранче на нивниот грб.rnrnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.















