КАФЕ ПАУЗА

Tag: сина

  • Сините очи не се навистина сини?

    Сините очи не се навистина сини?

    Сината боја во природа не е многу популарна. Покрај необичните пердуви на некои видови птици, цветови и можеби по некоја ретка риба во океанот, живиот свет со природно сина боја е повеќе од редок, па некогаш може и ни се чини чудно тоа што некои луѓе имаат сини очи.rnrnСините очи не се навистина сини?rnrnСпоред „IFLScience“, сините очи воопшто не содржат син пигмент. Нивната боја е всушност предизвикана од Тиндаловиот ефект – распрснување на светлина врз колоидните честички, феномен што може да се согледа кога зрак светлината влегува во темна просторија низ некоја дупка.rnrnШареницата или ирисот, т.е. обоениот дел од окото, се состои од два слоја на клетки: строми на површината и епителните клетки под нив. Кај сините очи, стромите формираат проѕирен слој и поради генетската мутација, не содржат пигмент. Кога светлината ги погодува стромите, таа ги распрснува светлосните бранови, а сината боја патува преку најкратките бранови, поради што и најмногу се одразува и е најмногу видлива. Ова е, исто така, причината зошто истите сини очи може да бидат посветли или потемни во одредени периоди – нивната боја зависи од квалитетот на светлината во просторијата.rnrnСините очи не се навистина сини?rnrnСтромите во кафени очи содржат високи нивоа на меланин, црно-кафеав пигмент, што значи дека кафеавата боја едноставно се одразува наназад. Во сивите очи, постои слична појава како и кај сините, освен тоа што стромите во овој случај содржат повеќе колаген. Овој слој ги прави помалку транспарентни и ги заситува сините нијанси. Кај зелените очи, Тиндаловиот ефект, исто така, се појавува, но стромите содржат ниски концентрации на меланин, што ги прави потемни.rnrnКога гледате во чисто небо, исто така, се појавува син ефект заради начинот на кој светлината се распрснува. Овој ефект е познат и како Рејлиево распрснување, и иако е во голема мера слично на Тиндаловиот ефект, тоа се разликува по тоа што честичките што распрснуваат светлина се далеку пократки од брановата должина на светлината.rnrnСината боја во сините очи од научниците е наречена „структурно обојување“, наспроти „пигментното обојување“ кај очите во други бои. Всушност, кога гледаме сина боја во природата, тоа е главно поради структурното обојување, на пример чуден сино-зелен сјај.rnrnМногу птици со сина боја, исто така, немаат сини пердуви: тие се сини само заради наноканалите во структурата на пердувите што ги менува нивните светлосни-рефлективни својства. Овој ефект го „преземале“ дури и некои видови бобинки.rnrnМожеби сакате да дознаете и неколку занимливости за плацебо ефектот.

  • Постелнината во оваа боја ќе ви помага полесно да заспиете

    Постелнината во оваа боја ќе ви помага полесно да заспиете

    Оваа боја во спалната соба создава спокојно и мирно опкружување. Недостатокот на сон може да има негативен ефект врз сите аспекти во вашиот живот.rnrn1-postelninata-vo-ovaa-boja-kje-vi-pomaga-polesno-da-zaspiete-www.kafepauza.mk_rnrnЛуѓето кои патат од несоница често имаат проблеми со здравјето, концентрацијата, помнењето, а недостатокот на сон се одразува и на надворешниот изглед. Ако често имате проблеми со заспивањето, сигурно досега сте испробале разни методи, од лекови до медитација, но можеби само е потребно да ја промените постелнината.rnrnЕкспертите за сон тврдат дека сината боја во спалната соба создава спокојно и мирно опкружување, односно дека чаршафите во таа боја може да помогнат при проблемите со спиење.rnrn2-postelninata-vo-ovaa-boja-kje-vi-pomaga-polesno-da-zaspiete-www.kafepauza.mk_rnrnАко сината боја ви изгледа премногу впечатливо за спална соба, ист ефект ќе има и сиво-сината нијанса која е моментално и голем тренд во уредувањето на ентериерот.rnrnОд друга страна пак, љубителите на сината боја може слободно во спалната соба да додадат уште неколку детали во оваа нијанса за уште подобар ефект.rnrnЗа да создадете една пријатна и топла атмосфера во вашата спална соба, погледнете како вашата спална соба да ја претворите во рустична оаза.

  • Зошто принцезите од Дизни секогаш носат фустани во сина боја?

    Зошто принцезите од Дизни секогаш носат фустани во сина боја?

    Знаете ли што имаат заедничко заспаната убавица, Бела од „Убавицата и ѕверот“, Елса од „Замрзнато“ и Јасмин од „Аладин“? Сите главни женски ликови од цртаните филмови на Дизни многу често носат облека во сина боја.rnrnЗошто Дизни принцезите секогаш носат фустани во сина боја?rn

    „Најпрво, сината боја го претставува небото. На небото му се радуваме. Сината боја влева доверба. Дури и кога е облачно, знаеме дека е таму“, Леатрис Ајсман, извршна директорка на институтот „Pantone Color“ ја открива симболиката на сината боја.

    rnЗошто Дизни принцезите секогаш носат фустани во сина боја?rnrnСо тоа што креаторите од Дизни ги облекуваат женските ликови во сина боја, на многу суптилен начин им даваат посебна сила и дополнително значење.rnrnНо, овој трик не го користат само аниматорите, туку и продуцентите на долгометражни филмови кои ги облекле во сино Дороти од „Волшебникот од Оз“ (The Wizard of Oz), Мистик од филмскиот серијал „Икс-Мен“ (X-Men), па дури и Лара Крофт од оригиналната видео игра „Ограбувач на гробови“ (Tomb Raider).rnrnЗошто Дизни принцезите секогаш носат фустани во сина боја?rn

    „Сината облека има активна сила, практична е и со неа можат да се прават многу работи. Светло сината боја има и доза на префинетост. Бела е единствената која носи сино во нејзиното село. На тој начин се издвојува од другите“, објаснила костимографката Жаклин Дуран која ги дизајнирала костимите на Ема Вотсон во филмската адаптација на анимираниот филм „Убавицата и ѕверот“.

    rnНареден пат кога ќе сакате да оставите посебен впечаток, послушајте го модниот совет од Дизни принцезите и блеснете во сино!rnrnЗошто Дизни принцезите секогаш носат фустани во сина боја?rnrnВо продолжение погледнете како би изгледале Дизни принцезите кога би биле мајки.

  • Знаете ли како розовата боја станала карактеристична за девојчињата, а сината за момчињата?

    Знаете ли како розовата боја станала карактеристична за девојчињата, а сината за момчињата?

    Фотографиите од бебиња во доцните 1800-ти години, покажуваат дека децата се во бела облека, а преминот кон розова и сина боја се одвивал постепено. Со векови женските деца носеле практични бели фустанчиња, кои биле лесни за одржување и чистење. Пастелната детска облека била воведена во средината на 19-тиот век, но според историчарката Џо Б. Паолети, боите најпрво не биле одредени според полот.rnrnЗнаете ли како розовата боја станала карактеристична за девојчињата, а сината за момчињата?rnrnВо една статија од 1918 година пишувало дека општо прифатено правило е розовата боја да биде за момчињата, додека пак сината за девојчињата. Причината за тоа е што розовата боја е силна, погодна за момчињата, додека пак сината е нежна, што повеќе одговара за девојчињата. Друг извор пак наведувал дека сината им одговара на русите личности, розовата на бринетите, или пак дека сината е соодветна за бебињата со сини очи, а розовата за оние со кафеави очи. rnrnВо 1927 година едно списание објавило графикон кој ги прикажува соодветните бои за децата според нивниот пол, во согласност со водечките продавници во Америка, а во 1940-та година производителите одредиле дека розовата боја им припаѓа на девојчињата, а сината на момчињата, па новите мајки така почнале да ги облекуваат своите деца. rnrnНо, тоа не е крај на приказната. Поради женското движење за ослободување, универзалната облека била присутна до доцните шеесетти и седумдесетти години. Сепак, розовата и сината боја се вратиле во осумдесеттите години, па кога родителите го дознавале полот на децата, тие ја подготвувале собата за новороденчето во соодветната боја. Производителите виделе прилика и сфатиле дека родителите ќе купат цел комплет производи ако го знаат полот на детето. Овој тренд е останат и до ден денес, иако постои и побарувачка за неутрална боја на облека.rnrnЗнаете ли како розовата боја станала карактеристична за девојчињата, а сината за момчињата?rnrnПаолети вели дека додека истражувала со цел да пронајде информации за да ја напише својата книга, таа станувала сѐ повеќе критички настроена кон овој тренд.rn

    „Загубата на неутралната облека е нешто за што луѓето треба повеќе да размислуваат. Сега постои зголемена побарувачка за неутрална боја на облека за бебиња и деца“, вели таа.

    rnДоказите дека розовата и сината боја не биле секогаш поделени според полот, ни дава надеж дека неутралните бои може повторно да се вратат.

  • Неверојатна убавина: Запознајте ги мачките близначки Ајрис и Абис

    Неверојатна убавина: Запознајте ги мачките близначки Ајрис и Абис

    Ајрис и Абис се две прекрасни мачки близначки. Овие две сосема бели мачки се неразделни и премногу личат една на друга. Она што ги прави посебни се нивните очи, кои се во различна боја. Кај овие две убавици едното око е кафено, а другото има прекрасна сина боја.rnrnrnrnЕдна легенда вели дека луѓето и животните кои имаат очи со различна боја, поседуваат посебна моќ – тие можат да гледаат во два света, оној на живите и оној на мртвите души. Дали е тоа навистина така не можеме да бидеме сигурни, но она што е сигурно е дека овие две мачки се неверојатно убави.rnrn

  • Оваа пролет царуваат пастелните бои: Еве како да ги комбинирате со останатите парчиња облека

    Оваа пролет царуваат пастелните бои: Еве како да ги комбинирате со останатите парчиња облека

    Ако сте се запрашале кој тренд ни доаѓа оваа пролет, тогаш со радост ве известуваме дека пастелните бои и оваа сезона ќе продолжат да царуваат помеѓу вашата гардероба. Сигурно ви останало некое пастелно парче гардероба од минатите сезони, па со тоа ќе ви биде полесно да ги надополните комбинациите за кои ќе се одлучите оваа пролет.rnrn1-ovaa-prolet-caruvaat-pastelnite-boi-eve-kako-da-gi-kombinirate-so-ostanatite-parchinja-www.kafepauza.mk_rnrnСмирените бои како што се бебешко розовата и бебешко сината, се во прв план, но немојте да ги занемарите и пастелно виолетовата, жолтата или зелената. Овие бои ѝ прилегаат на секоја жена, како за окото, така и при носењето, бидејќи одговараат и на русокосите и на бринетите. Нема да погрешите при изборот на која било боја, а најважно е да ја одберете соодветната нијанса за чувствителноста на вашето око.rnrn2-ovaa-prolet-caruvaat-pastelnite-boi-eve-kako-da-gi-kombinirate-so-ostanatite-parchinja-www.kafepauza.mk_rnrnВо овие нежни тонови, претходно можевме да видиме само блузи и кошули, а потоа на ред дојдоа и пантолоните. Сепак се стекнува впечаток дека дамите ги избегнуваат ефектните парчиња како што се јакните, капутите и обувките во пастелни бои. Можеби мислат дека пастелната боја е моментален тренд, па не сакаат да трошат пари на скапи парчиња облека, но по неколку сезони доаѓаме до заклучок дека трендот на пастелната боја нема така лесно да излезе од модната сцена.rnrn3-ovaa-prolet-caruvaat-pastelnite-boi-eve-kako-da-gi-kombinirate-so-ostanatite-parchinja-www.kafepauza.mk_rnrnОваа сезона слободно одлучете се за џемпер или мантил во некоја смирена боја, бидејќи нема да погрешите, а исто така ќе уживате подолго време носејќи го.rnrn4-ovaa-prolet-caruvaat-pastelnite-boi-eve-kako-da-gi-kombinirate-so-ostanatite-parchinja-www.kafepauza.mk_rnrnДоколку сте од оние дами кои мислат дека костимот во боја е премногу и дека подобро би избрале сако или пантолони во боја, време е да се ослободите од овие мисли и модни стеги, бидејќи комплетот во нежни нијанси ќе биде еден од главните трендови оваа пролет и ќе можете да го носите во сите прилики, од работни состаноци до приватни настани и прослави.rnrn5-ovaa-prolet-caruvaat-pastelnite-boi-eve-kako-da-gi-kombinirate-so-ostanatite-parchinja-www.kafepauza.mk_rnrnБидејќи знаеме дека модата од 70-тите се враќа назад, фустаните во ваков крој ќе бидат совршен избор за топлите денови што доаѓаат. Мини должина, кратки ракави и крој кој од колковите па надолу се шири во облик на трапез, можете секогаш да го комбинирате со балетанки, плитки платнени патики, а чизмите и високите потпетици се подразбираат. Кожна или јакна од штоф ќе бидат одлични за да ја надополните оваа комбинација, но и да ве загрее доколку е потребно. Заедно со бебешко синиот фустан одлично се вклопува и нијансата во боја на лешник, но и нежната крем.rnrnOLYMPUS DIGITAL CAMERArnrnШироките пантолони со раб се уште еден доказ дека 70-тите ни се враќаат, а ако ги облечете во розова или пастелно розова ќе донесете нова димензија на овој тренд. Ако ногавиците се подолги и прилично широки, посакувано е да облечете високи потпетици, кои дополнително ќе ви ги издолжат нозете, но и ќе спречат самите ногавици да ви се влечат по асфалтот.rnrn7-ovaa-prolet-caruvaat-pastelnite-boi-eve-kako-da-gi-kombinirate-so-ostanatite-parchinja-www.kafepauza.mk_rnrnЖолтите пантолони споени со пастелно розова или сина даваат смирена палета која пријае на сетилото за вид, иако можеби самата замисла на комбинација од овие две бои во моментот ви се чини непосакувана. Најдобро е да ги извадите сите парчиња облека кои ги имате во својот гардеробер во пастелни нијанси и да ги комбинирате со останатите за да направите неколку модни комбинации кои совршено ќе ви послужат кога треба набрзина да се спремате и да излезете од домот.rnrn8-ovaa-prolet-caruvaat-pastelnite-boi-eve-kako-da-gi-kombinirate-so-ostanatite-parchinja-www.kafepauza.mk_

  • Марсала бојата се повлекува од модната сцена: Овие бои ќе ја одбележат 2016-та година

    Марсала бојата се повлекува од модната сцена: Овие бои ќе ја одбележат 2016-та година

    Брендот „Пантон“ е познат по тоа што секоја година во месец декември објавува која боја ќе ја одбележи наредната година. За разлика од оваа година, во која доминираше марсала бојата, 2016-та ќе ја одбележат ниту повеќе ниту помалку туку пастелните тонови. Да, добро прочитавте, не само една туку повеќе пастелни бои, додека предност ќе има комбинацијата на пастелно розови и пастелно сини тонови.rnrn1-marsala-bojata-se-povlekuva-od-modnata-scena-ovie-boi-kje-ja-odbelezhat-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_rnrnПознатите дизајнери веќе ја воведоа оваа комбинација на бои во своите колекции за наредната година, а познатите убавици ги облекоа нивните парчиња во текот на своите појавувања, па еве прилика да видите како може да ги носите пастелните розови и сини нијанси во текот на 2016 година.rnrn1. Комбинацијата од пастелно розови и сини тонови беше неизоставна во колекцијата на брендот „Вионет“ за пролет/лето 2016 година.rnrn2-marsala-bojata-se-povlekuva-od-modnata-scena-ovie-boi-kje-ja-odbelezhat-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_rnrn2. Преубавата ќерка на манекенката Петра Њемцова, оваа година на црвениот тепих на канскиот фестивал се појави во тоалета од пастелни тонови од колекцијата „Couture“ на брендот Захаир Мурад за 2016 година.rnrn3-marsala-bojata-se-povlekuva-od-modnata-scena-ovie-boi-kje-ja-odbelezhat-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_rnrn3. Еве една од креациите од пролетната колекција на брендот „Армани“ за 2016 година.rnrn4-marsala-bojata-se-povlekuva-od-modnata-scena-ovie-boi-kje-ja-odbelezhat-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_rnrn4. Преубавата Кендал Џенер во текот на Париската модна недела во октомври носеше една од креациите со пастелно розови тонови.rnrn5-marsala-bojata-se-povlekuva-od-modnata-scena-ovie-boi-kje-ja-odbelezhat-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_rnrn5. Колекцијата на модната куќа „Делпозо“ за пролет/лето 2016 година ни ја донесе оваа нежна тоалета со пастелно розови тонови украсена со пастелно сини детали.rnrn6-marsala-bojata-se-povlekuva-od-modnata-scena-ovie-boi-kje-ja-odbelezhat-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_rnrn6. Манекенката Суки Вотерхаус на вечерата на брендот „Бурбери“ носеше креација од пастелни тонови која додатно ја истакна нејзината женственост.rnrn7-marsala-bojata-se-povlekuva-od-modnata-scena-ovie-boi-kje-ja-odbelezhat-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_

  • Мистичен есенски тренд: Бои на лакови кои ќе бидат хит за оваа есен

    Мистичен есенски тренд: Бои на лакови кои ќе бидат хит за оваа есен

    Златна, црвена, сива или бордо се боите кои се задолжителни за оваа есен за сите дами со стил. Новите колекции на лакови се богати со топли есенски нијанси кои со задоволство ги носиме токму поради нивната грациозност. Оваа сезона може да уживате во лаковите со боја на вино, смарагд или пак сива. Ова се мистичните бои со кои ќе ги украсувате вашите нокти оваа есен.rnrn01-mistichen-esenski-trend-boi-na-lakovi-koi-kje-bidat-hit-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    1. Златна

    rnВистинска асоцијација за есента е токму златната боја. Во комбинација со некој златен аксесоар украсете ги своите нокти со оваа прекрасна нијанса. Доколку не сакате да ги лакирате сите нокти во златна боја, слободно може да одберете некој нокт на левата и десна рака кој ќе го излакирате во златна боја, а останатите да ги лакирате во друга боја.rnrn2-mistichen-esenski-trend-boi-na-lakovi-koi-kje-bidat-hit-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    2. Величествена сива

    rnСивата и беж нијансата секогаш одговараат на која било комбинација што ќе ја изберете. Матираната сива боја најдобро ќе ги истакне есенските бои на вашата гардероба.rnrn3-mistichen-esenski-trend-boi-na-lakovi-koi-kje-bidat-hit-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    3. Смарагдна

    rnВо оваа сезона апсолутен хит е смарагдната боја, но и сите зелени нијанси на лакови за нокти. Немојте да се плашите и испробајте неколку нијанси на темнозелена боја, сепак тие најдобро ќе се вклопат во есенските дождови и есенската идила.rnrn4-mistichen-esenski-trend-boi-na-lakovi-koi-kje-bidat-hit-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    4. Бакарна

    rnЛакот за нокти во бакарна боја може да ве потсети на 90-тите, а доколку имате потемен тен оваа нијанса совршено ќе ви одговара.rnrn5-mistichen-esenski-trend-boi-na-lakovi-koi-kje-bidat-hit-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    5. Кралско сина

    rnТиркизните бои од летото сега се заменуваат со темносини нијанси на лакови за нокти. Нијансите потсетуваат на боите на самракот или на темните есенски ноќи кои сите ги обожаваме. Иако оваа нијанса бара повеќе внимание и трпение додека се нанесува, трудот ќе се исплати, бидејќи во секоја дневна комбинација ќе изгледа многу интересно.rnrn6-mistichen-esenski-trend-boi-na-lakovi-koi-kje-bidat-hit-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    6. Боја на црвено вино

    rnОваа сезона преовладува бојата на црвено вино и бордото. Топли бои која совршено се вклопува со зелената, црната или кафеавата боја на есента.rnrn7-mistichen-esenski-trend-boi-na-lakovi-koi-kje-bidat-hit-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    7. Земјени тонови

    rnТоплите земјени тонови се хит за секоја сезона поради едноставноста и убавината на боите, кои се прелеваат во разни нијанси на зелена, кафеава, беж и сива боја.rnrn8-mistichen-esenski-trend-boi-na-lakovi-koi-kje-bidat-hit-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_

  • Која боја треба да биде вашата спална соба со цел да ви влијае позитивно врз расположението?

    Која боја треба да биде вашата спална соба со цел да ви влијае позитивно врз расположението?

    Вашата спална соба треба да биде мирна. Но, многу често таа станува простор на звуци на кликање од вашиот лаптоп, шумови од телевизорот и вибрации од вашиот смартфон. И покрај тоа што ќе биде потребно труд и дисциплина за да почнете повторно да ја третирате вашата спална соба како оазата која навистина треба да биде, вие можете побрзо да го постигнете тоа со помош на овој едноставен трик…rnrn(1) Која боја треба да биде вашата спална соба со цел да ви влијае позитивно врз расположението?rnrnБојадисајте ја сино. Сината боја предизвикува чувства на мир, смиреност и спокој, истовремено правејќи ја таа да изгледа поголемо. Различни нијанси на сина исто така покажале и дека таа го намалува крвниот притисок. Во една студија од 2013 година се открило дека луѓето спиеле подолго во сина спална соба отколку во било која друга боја. Собата со сини ѕидови делува поголемо, просторно и ни помага да спиеме поквалитетно. Зарем треба да се каже нешто повеќе?rnrnКејти Рејнолдс, експерт за дизајн, препорачува декорирање на вашата спална соба со три различни тонови на истата сина боја со цел да постигнете изглед кој ќе ви помогне полесно да се релаксирате. За најголем ефект, во вашата спална соба додајте кревет кој е целосно бел, од дизајнот до постелата. Вие исто така можете да комбинирате светли до средни нијанси на сина со бледо жолтеникава боја со цел да додадете малку топлина или пак светло сиви нијанси, доколку сакате да ги одржите нештата студени и смирени.rnrn(2) Која боја треба да биде вашата спална соба со цел да ви влијае позитивно врз расположението? (3) Која боја треба да биде вашата спална соба со цел да ви влијае позитивно врз расположението? (4) Која боја треба да биде вашата спална соба со цел да ви влијае позитивно врз расположението? (5) Која боја треба да биде вашата спална соба со цел да ви влијае позитивно врз расположението?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најчистото езеро во светот

    Најчистото езеро во светот

    Синото Езеро или Rotomairewhenua на маорски јазик, е мало свежо езерце во Националниот Парк Нелсонски Езера, во северните предели на Јужните Алпи во Нов Зеланд.rnrnНајчистото езеро во светотrnrnВо истражување од 2011 спроведено со неколку посети со хеликоптер и специјална опрема, истражувачите од Националниот институт за истражување води и атмосфера (NIWA), откриле дека езерото има екстремна визуелна оптичка бистрина до воодушевувачки 80 метри длабочина, што е речиси чисто колку и дестилираната вода.rnrnНајчистото езеро во светотrnrnЕзерото се карактеризира со сино-виолетова боја, која може да се види само во најчистите природни води. Тоа се полни напролет од соседното глацијално езеро Констанс, а водата поминува низ брана формирана од лизгачки одрони. Природната брана ги филтрира скоро сите честички кои ги има во водата, давајќи му ја на езерото најинтензивната сино-виолетова боја.rnrnНајчистото езеро во светот Најчистото езеро во светот Најчистото езеро во светот Најчистото езеро во светот Најчистото езеро во светот Најчистото езеро во светот (9) Најчистото езеро во светот Најчистото езеро во светот Најчистото езеро во светотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.