КАФЕ ПАУЗА

Tag: симетрија

  • Црта со целото тело

    Црта со целото тело

    Тони Орико е визуелен артист и изведувач, кој наједноставно би можел да се опише како човечки спирограф. Неговата работа го истражува капацитетот на човечкото тело како алатка во креативниот процес на творење. Црта со целото телоЦрта со целото телоТој има искуство како танчер и кореограф, а сега, користејќи го целото тело или само одредени делови од него, како зглобовите, создава огромни цртежи, кои се неверојатно прецизни и симетрични.Црта со целото телоЦрта со целото телоЦрта со целото телоЦрта со целото телоОрико вели дека ù се воодушевува на композицијата на природата и циклусите. Не е многу упатен во поврзаноста на уметноста со математиката или науката, но сепак, таа врска му е многу интересна. Најомилена му е уметноста која ја создава случајно, а сепак неверојатно прецизно.Црта со целото телоЦрта со целото телоЦрта со целото телоЦрта со целото телоЦрта со целото телоЦрта со целото телоЦрта со целото телоЦрта со целото телоНеговите изведби траат од 15 минути до 7 часа, непрекинато повторувајќи исти движења. Со оглед на специфичноста на алатката која тој ја користи во уметноста, неговата работа истовремено претставува неверојатен перформанс кој е интересен за гледање додека трае, на крајот резултирајќи со огромна творба во вид на цртеж.rn

    rn

    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Симетрија во секојдневието

    Симетрија во секојдневието

    „Симетрија“ е феноменално парче уметност, филм во кој се покажани сличностите и разликите во секојдневниот живот. Филмот е направен од филмското студио Everyone со седиште во Њујорк во соработка со RadioLab.rnrnСиметрија во секојдневиетоrnrnДали светот е полн со совршена симетрија и правилно распоредени нешта во парови или, сепак, живееме во едностран универзум? Ова кратко видео ќе ви покаже дека неправилните парови се прекрасни.rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Џиновската патека – неоткриена ирска убавина

    Џиновската патека – неоткриена ирска убавина

    Автор: Марија СмокварскаrnrnПриродната симетрија е нешто што сме навикнале да го забележуваме кај цвеќињата, инсектите или тигровата глава, меѓутоа во геологијата, таа поретко се наоѓа, а кога ќе се појави, предизвикува чудење. Таков пример е Џиновската патека (Giant’s Causeway), предел во северниот дел на ирскиот брег. Тука природата на спектакуларен начин ја покажала својата математичка генијалност и создала десетици илјади повеќестрани столбови, набиени едни до други, како да се џиновски купчиња од моливи.Џиновската патека - неоткриена ирска убавинаЏиновската патека - неоткриена ирска убавинаОд далечина, оваа област изгледа како да е само еден дел од волшебниот брег на грофовијата Антрим, но одеднаш паѓа во очи необичниот коцкест ‘рт. Тој се простира од подножјето на стрмните карпи и постепено се спушта во морето како огромни, грубо изработени шини за извлекување бродови. За миг ќе останете збунети. Изгледа како компјутерска графика на некоја видео игра, но вистината е дека овој необичен каприц на природата е стар 60 милиони години.Џиновската патека - неоткриена ирска убавинаЏиновската патека - неоткриена ирска убавинаБазалтните столбови на Џиновската патека имаат пречник од 460 мм а висината им се движи и до 12 метри. Козвеј на најширокото место е широк 180 метри, се протега 150 метри во морето и содржи 40.000 столбови. Во текот на минатите милениуми, глечерската ерозија од леденото време, како и неуморното удирање на атлантските бранови постепено го обликувале Џајантс Козвеј, така што брановите многу често ги однесуваат горните делови од столбовите, па затоа имаат скалест изглед.Џиновската патека - неоткриена ирска убавинаЏиновската патека - неоткриена ирска убавинаЏиновската патека - неоткриена ирска убавинаЏиновската патека - неоткриена ирска убавинаВо прегратките на овие природни шестоаголници егзистираат огромен број животни и растенија од кои посебно интересни се црвените цевконоски (вид птица) кои локалното население често ги нарекува „дрвени крилја” поради вкочанетото држење што го имаат кога лебдат на ветрот.Џиновската патека - неоткриена ирска убавинаСлични базалтни творби има и на островот Стафа кој се наоѓа на западниот брег на Шкотска. Џиновската патека, всушност изгледа како пат што води од Ирска до Стафа, а така се создала и легендата според која го добила името. Џинот од таа приказна е големиот ирски митолошки јунак Фил МекКул (Finn MacCool), кој бил водич на група војници наречени Фијана. Според легендата, тој бил бестрашен херој кој го изградил овој пат поради љубов и верност. Забивал столб по столб, за да направи патека по која неговата сакана – женски џин, ќе може од островот Стафа да ја посети Ирска, а притоа да не ги натопи нозете. Нели е ова прекрасно? Прекрасно место за посета и дефинитивно прекрасна легенда за паметење.Џиновската патека - неоткриена ирска убавинаЏиновската патека - неоткриена ирска убавинаЏиновската патека - неоткриена ирска убавина
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.