КАФЕ ПАУЗА

Tag: симетрија

  • 30 перфекционисти на работното место

    30 перфекционисти на работното место

    Премногу перфекционизам на работното место може да делува претерано организирано, но точната количина од него може да биде совршена. Особено ако станува збор за детално, прецизно и симетрично наредени производи во супер маркет што ќе ве натера да се запрашате дали пазарите или се наоѓате во некоја уметничка галерија.rnrnrnrnВо продолжение погледнете ги 30-те најдобри примери на перфекционизам на работното место од вработените кои сигурно заслужуваат покачување на платата!rnrn

  • Јахта од соништата: Брилијантен и симетричен концепт кој ќе ве остави без зборови

    Јахта од соништата: Брилијантен и симетричен концепт кој ќе ве остави без зборови

    Компанијата „Sinot Exclusive Yacht Design“ од Холандија презентирала неверојатен концепт за јахта со големина од 180 метри која зачудува со својата симетрија по која и го добила своето име. Оваа исклучителна јахта со способноста за движење во две насоки има зголемена подвижност и поголема безбедност во однос на локалните бродови. Јахтата Симетрија може да смести 34 гости и се состои од површина од 1.000 метри квадратни каде што се наоѓаат бесконечен базен, приватна бања и домашно кино. Секоја од 6-те палуби е дизајнирана за специфична функција, каде што можете да најдете различни видови занимливости кои ќе го исполнат вашето време поминато на море. Погледнете колку неверојатно изгледа таа…rnrn(0) Јахта од соништата: Брилијантен и симетричен концепт кој ќе ве остави без зборовиrnrn

  • Фотографии кои ни покажуваат дека посиметричното не секогаш значи и поубаво

    Фотографии кои ни покажуваат дека посиметричното не секогаш значи и поубаво

    Дали симетричното значи и убаво? Или пак, сите ние сме убави само поради нашите несовршености? Токму тоа се обидел да го открие фотографот Алекс Џон Бек. Со создавањето совршено симетрични композиции од фотографии од различни луѓе, тој направил неколку навистина интересни откритија.rnrn(1) Фотографии кои ни покажуваат дека посиметричното не секогаш значи и поубавоrnrnОвие субјекти не изгледаат како вистински луѓе. Секој портрет во оваа серија наречена „Both Sides Of“ е составен од две лица: едниот лик се состои само од левата страна, а другиот од десната. Според Бек, ефектот е да се откријат различните карактери кои се скриени во нашето лице. И покрај тоа што двете фотографии изгледаат како да се од истиот субјект, тие делуваат драматично различни. Едната страна изгледа попријателска, помудра или полута од другите. Погледнете…rnrn

  • Совршена симетрија која може да се најде само во природата

    Совршена симетрија која може да се најде само во природата

    Кога гледаме ред во светот, ние веднаш помислуваме дека тоа мора да е дело на човековата рака. Но, како што Галилеи Галилеј еднаш напишал, Универзумот е напишан со јазикот на математиката и неговите карактеристики се триаголници, кругови и други геометриски фигури.“ Постои толку совршен ред во природата кој понекогаш дури ни човекот не може во целост да го рекреира. Токму овие фотографии се доказ за тоа…rnrn(1) Совршена симетрија која може да се најде само во природатаrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фотографии на кои плажите се претворени во апстрактна уметност

    Фотографии на кои плажите се претворени во апстрактна уметност

    „Aerial Views Adria“ е колекција од разнобојни фотографии направени од песочните брегови во Европа, кои ги трансформираат плажите во апстрактна уметност. Од многу голема височина, германскиот фотограф Бернард Ланг документирал бескрајни редови од чадори и лежалки на плажите во Италија. Преку неговиот објектив, тој успеал да ја сними симетричноста на малите разнобојни чадори, нивните силни сенки, удобните лежалки и големиот број посетители кои уживаат во летото.rn
    rn

    „Пораката која сакам да ја пренесам е да го покажам влијанието на луѓето врз природната околина“, објаснува Ланг. „Од друга страна пак, погледот од високо ни открива дека ние сме само мали суштества, кои не се толку важни колку што мислат дека се.“

    rnФотографии во кои плажите се претворени во апстрактна уметностrnrn

    rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Исклучителната симетрија на подземните метро станици низ светот

    Исклучителната симетрија на подземните метро станици низ светот

    Од Прага и Париз, па сè до Токио и Лондон, Ениг Хуи патувал низ целиот светот и правел неверојатни фотографии од подземниот метро систем. И покрај тоа што овој артист од Малезија најмногу работи со документирање на урбани сцени и прекрасни пејзажи, овие фотографии од метро и железнички станици се издвојуваат со драмата која настанува од екстремната симетрија и контрастот.rnrnИсклучителната симетрија на подземните метро станици низ светотrnrnБез разлика дали платформите за возовите се морничаво празни или пак, преполни со патници, целата колекција на фотографии од Хуи ја доловува основата на животот во модерната џунгла од бетон како и енергијата од урбаниот живот. Со помош на неговото чувство за детали, тој успеал да го претвори метрото во исклучителна уметност.rnrnИсклучителната симетрија на подземните метро станици низ светотrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Оптичка илузија со голи тела

    Оптичка илузија со голи тела

    Францускиот фотограф Оливие Валсеки направил една необична, но прекрасна серија фотографии, која ја нарекол „Клексографија“. Употребувајќи го човечкото тело како материјал, тој им нуди на гледачите фотографии од органски скулптури, поигрувајќи си со симетријата, како во психолошкиот Роршахов тест, кој се прави за дијагноза на психичката и емотивната состојба на пациентите.rnrnОптичка илузија со голи тела rnrnОвој проект се родил откако францускиот фотограф победил на натпреварот за фотографи „Hasselblad Masters Award“ минатата година. Подоцна, креаторот на овој натпревар побарал од Оливие да направи фотосерија која ќе го репрезентира зборот „евоцира“.rnrnОптичка илузија со голи тела rnrnСо оглед на фактот дека цртежите од мастило во Роршаховиот тест претставуваат психолошки тест, кој ги охрабрува пациентите да пронајдат форма во апстрактните облици од мастило, може да се каже дека артистот не можел да одбере подобра тема. Фотографирани исклучиво во црно-бела варијанта, човечките облици ги имитираат симетричните форми на сликите од тестот.rnrnОптичка илузија со голи тела rnrnИ покрај тоа што некои од нив изгледаат невозможно да се изведат, сепак битно е да се потенцира дека ниедна фотографија не е „фотошопирана“. Според фотографот, за секоја направена фотографија му биле потребни 3 часа.rnrnОптичка илузија со голи тела Оптичка илузија со голи тела Оптичка илузија со голи тела Оптичка илузија со голи тела Оптичка илузија со голи тела Оптичка илузија со голи тела Оптичка илузија со голи тела Оптичка илузија со голи тела
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали навистина секоја снегулка е уникатна?

    Дали навистина секоја снегулка е уникатна?

    И покрај тоа што некои научници наоѓаат маана во оваа мисла, повеќето ќе се согласат дека гледано одблизу секоја снегулка има уникатна форма.Дали навистина секоја снегулка е уникатна?Снегулката започнува како едноставна хексаголна призма. Потоа како што паѓа, нејзината форма уникатно варира според условите. Во 1970-те, истражувачи од Универзитетот за наука во Токио откриле дека влажноста, температурата и притисокот на воздухот ја детерминираат формата на снегулката.rn
    rn

    „И покрај тоа што ни две снегулки не завршуваат со слична форма, шестте краци на еден кристал истовремено патуваат и поради тоа сите тие синхронизирано растат, притоа давајќи ù на секоја снегулка уникатна и интригантна структура со препознатлива симетрија,“ вели Кенет Либрехт, физичар од Калифорнискиот институт за технологија.


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Модерен замок во Мајами

    Модерен замок во Мајами

    Некои модерни домови се толку фасцинантни што едноставно не можат да се најдат зборови за да се опишат. Замокот на архитектот Чарлс Сигер е еден од нив. Тој се наоѓа во Мајами и моментално вреди 10,9 милиони долари. Модерен замок во МајамиАко подобро го погледнете дизајнот, лесно ќе ја забележите најголемата лична опсесија на Сигер. Почнувајќи од очигледното вештачко езеро околу домот, дворот во форма на дијамант, па сè до летниковците од бетон кои се протегаат на двете страни од домот, очигледно станува дека сè е изградено со неверојатна симетрија.Модерен замок во МајамиЗамокот има 8 спални соби, 8 тоалети и дневна просторија која се протега на 2 спрата. Ентериерот на долниот спрат е светол и ведар, но атмосферата на вториот спрат е сосема спротивна – таа предизвикува мрачно, скоро готичко чувство (како и целиот мебел во домот). Во задниот дел има и прекрасна градина со фонтана и мал базен за риби. Целиот дизајн одлично го отсликува талентот на Сигер, како и неговата уникатна перцепција на просторот.Модерен замок во МајамиМодерен замок во МајамиМодерен замок во МајамиМодерен замок во МајамиМодерен замок во МајамиМодерен замок во МајамиМодерен замок во МајамиМодерен замок во МајамиМодерен замок во МајамиМодерен замок во МајамиМодерен замок во МајамиМодерен замок во МајамиМодерен замок во Мајами
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Цвеќиња кои експлодираат

    Цвеќиња кои експлодираат

    Цвеќињата изгледаат прекрасно кога се наредени во цвеќарите или на тезгите по пазарите. Но зошто нивната убавина да не се искористи на еден поинаков начин? Фотографот Qi Wei не е ботаничар, туку инспириран од делата на Тод Меклeлан, дошол до идеја да го примени неговиот концепт во светот на природата.rn
    rn

    „Серијата ‘демонтажа’ на Тод Меклeлан покажува прекрасна перспектива на предмети направени од човекот, што ме инспирираше да помислам дали ова може да се направи и за природниот свет. Секако, светот на неверојатно подредените цвеќиња, сам по себе е погоден за прекрасна примена на оваа техника. Мојата поставеност е малку поинаква бидејќи се обидувам да го покажам (колку што е возможно) релативниот меѓусебен распоред на ливчињата, прашниците и толчниците, така што да се зачува радијалната симетрија и цвеќето да може да се препознае.

    rnЦвеќиња кои експлодираатЦвеќиња кои експлодираатЦвеќиња кои експлодираатЦвеќиња кои експлодираатЦвеќиња кои експлодираатЦвеќиња кои експлодираатЦвеќиња кои експлодираатЦвеќиња кои експлодираатЦвеќиња кои експлодираатЦвеќиња кои експлодираат
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn