Сместено на Сибир, Бајкалското Езеро е најголемото и најстарото езеро на светот. Сепак, во последните години се почести се предупредувањата на научниците кои тврдат дека неговиот опстанок е загрозен како резултат на климатските промени.rnrn
rnrnНајголемата длабочина на Бајкалското Езеро изнесува 1.741 метар, а езерото е поголемо по волумен и од сите Големи езера во Северна Америка. Освен тоа, повеќето геолози се согласуваат дека тоа е старо најмалку 25 милиони години и е создадено како резултат на судирот меѓу сибирската платформа и тектонската плоча така што настанала пукнатина меѓу нив. Имено, и денес во овој регион се чувствуваат многубројни земјотреси.rnrnОпкружено со шуми, езерото го носи епитетот „Галапагос на Русија“. Од 2.000 растителни и животински видови кои го населуваат, речиси половина се ендемични. Од нив се издвојува прстенестата фока, единствениот слатководен вид фоки во светот. Друга карактеристика на ова езеро е тоа што под него има хидротермални отвори богати со минерали.rnrnЗа време на зимскиот период, површината на езерото се претвора во мраз чија дебелина може да достигне и до 2 метри. Поради неговата природна убавина и ефектите од различните природни феномени, Бајкалското Езеро со векови се нарекува „свето езеро“, а еден од неговите острови, островот Олкон претставува религиозен центар на племето Бурјат со бројни тотеми со шарени ленти.rnrnВо последните години научниците предупредуваат дека опстанокот на езерото е загрозен како резултат на климатските промени и прекумерниот риболов. Пресметките на метеоролозите покажуваат дека до 2100 година температурата на езерото ќе се зголеми за 4,5 степени, што ќе доведе до падот на нивото на кислород во водата и ќе го загрози опстанокот на неговите жители.rnrnОткако прочитавте за најстарото езеро во светот, можеби ќе сакате да прочитате и кои се 5-те најголеми езера во светот.rnrnИзвор: nationalgeographic.rs
Tag: сибир
-

Кое е најстарото езеро во светот?
-

Што треба да знаете за пожарите коишто во моментов се случуваат во светот?
Во 2018 година сезоната на шумските пожари во Калифорнија – најдеструктивни во историјата на државата, изгореле 1,89 милиони ари шумска површина. Во последниве неколку дена во светот се случуваат повеќе пожари паралелно, создавајќи рекорден број пожари што се случиле за само една недела. Во моментов 4 региони во светот се под пламени јазици: Алјаска, Сибир, Канарските острови и најголемите пожари досега во Амазонските прашуми каде што чадот може да го забележи и НАСА од вселенскиот простор. Тој бил проширен на повеќе од 2.400 километри сè до Сао Паоло, целосно покривајќи го градот во магла во понеделникот попладнето.rnrn
rnrnПожарите всушност се природни, но и корисен дел за шумскиот екосистем (ги претвораат мртвите материјали и оние во распаѓање во хранливи материи за животниот циклус да започне одново). Меѓутоа, големината и обемот на овие 4 пожари се навистина проблематични.rnrnВо Канарските острови огнот што започнал во саботата уништил 25.000 ари и принудил над 8.000 луѓе да се евакуираат. Тој е најлош пожар во Шпанија оваа година. Во Алјаска неколку поголеми огнови распространети на 2,5 милиони ари предизвикаа состојба на вонредна ситуација. Во Сибир неколку месеци по ред неконтролирани пожари формирале голем чад кој покрива подрачје поголемо од Европската Унија, а тој стигнал и до Америка и Канада. Сè уште не се знае колкава е штетата во Амазон, но според сателитските податоци, чадот го покрива половина Бразил.rnШто ги предизвикува овие пожари?
rnЗошто овие пожари се случуваат одеднаш? Месец јули беше еден од најжешките месеци некогаш регистрирани според Националната океанска и атмосферска администрација. Во него имаше најголеми топлотни бранови коишто ги погодија градовите околу Земјината топка. Фактот дека Алјаска и Канарските острови имаат абнормални суви лета не помогнал воопшто. И во Јужна Америка има проблем со дефорестација. Рикардо Галвао, претставник на бразилската влада, изјавил дека стапката на дефорестација во државата пораснала за 88% ова лето и предизвикал штета од широки размери во индустриското сечење и агрикултурата.rn
Кој ќе биде исходот од овие пожари?
rnПостојат повеќе причини за грижа поради ова што се случува во моментов – покрај фактот дека горат прекрасни природни богатства. Огнот што се ослободува од шумските пожари испушта јаглерод во средината, притоа влошувајќи ги климатските промени. Некои истражувачи се загрижени дека чадот од сибирските огнови ќе се спушти на арктичките ледени покривачи и ќе предизвика тие да се стопат побрзо. Истото се случува и во амазонските прашуми – уште познати и како белите дробови на планетата – кои произведуваат 20% од светскиот кислород и влијаат врз глобалните врнежи. Накратко кажано, тие се есенцијален екосистем кој не смееме да дозволиме да го изгубиме.rnrn
rnКако да бидете во тек со настаните и да се вклучите во нив?
rnПроверете го хаштагот #PrayForAmazonia и ако можете на некој начин вклучете се во донациите. Не заборавајте дека сите ние играме улога во глобалните кризи како овие: Информирајте се работите што ги купувате да не влијаат врз дефорестацијата, бидете повнимателни во природата и чувајте ги нејзините богатства!rnrnПрочитајте го објаснувањето од пожарникар зошто треба да ја затворате вратата од собата додека спиете.
-

Најстудениот град во светот
Овој мал град, наречен Оимјакон, се наоѓа во северен Сибир, а познат е по тоа што го држи рекордот за најстудениот град на планетата Земја, каде што температурите паѓаат и до -71,2 Целзиусови степени.rn
За да се стаса до најблискиот град Јакутск, потребни се 3 часа патување со автомобил по замрзнатите патишта. Во ова гратче птиците замрзнуваат дур се во лет, но сепак луѓето некако издржуваат да преживеат. Доколку температурата се движи околу -50 Целзиусови степени, состојбата се смета за нормална, а дури кога ќе отиде многу пониско, се прогласува вонредна состојба, се затвораат училиштата, луѓето не одат на работа и слично.








rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Народите на Сибир
Малубројните нации во Северна Азија заедно претставуваат богат и стар збир од народи и култури. Се создале под влијание на вековните миграции и инвазии од сите страни, вклучувајќи ги Персијците, Турците, Русите и Кинезите. Денешните политички поделби не секогаш се сообразени со историјата на тамошните народи, но, сепак, им го даваат новото чувство на национален идентитет, покрај, изворниот, етничкиот.

rnrn
Евенки
rn
- rn011
- Население: 33.000 во Русија, 34.000 во Кина
- Јазик: евенски (тунгунска гранка од алтајската група, сродни со јазикот маџу во Кина), руски, монголски, јакутски
- Вера: шаманизам
rn011
rn011
rn
rn
Евенките живеат насекаде низ тајгите на Сибир, Монголија и Кина. Кинеските Евенки се фармери кои одгледуваат овци, а речиси половина од руските Евенки се занимаваат со традиционалното стопанство, засновано врз одгледувањето ирваси, со лов (заради храна и крзно) и со риболов. Тие одгледуваат припитомени ирваси кои им служат за влечење и добивање млеко. Тие се мали ирваси, па затоа се јаваат седејќи на нивните рамена, а не на грбот. Евенките не ги јадат своите ирваси бидејќи ги сметаат за многу вредни во нивната култура. Шаманизмот е нивната религија (зборот шаман потекнува од евенскиот јазик) и има големо влијание.
rnrn
Јакути (Саха)
rn
- rn011
- Население: 380.000
- Јазик: јакутски (од групата северни туркиски јазици), руски
- Вера: руска православна црва од преобратувањето во 17 век
- Место: Република Јакутија, Русија
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Јакутите или Саха, како што сакаат самите да се нарекуваат, се најголема автохтона група од народите во Сибир. Ја населуваат Јакутија – најголема административна единица во Русија, огромен појас во источен Сибир, кој ја опфаќа и областа Верхојанск т.н. Студен пол, каде температурата се спушта и под -60. Се населиле во 13 век, веројатно со ширењето на турските народи кон север. Со себе ги донеле знаењата за одгледување добиток, посебно коњи, кои ги приспособиле на живот при ниски температури. Нивната култура цветала благодарение на трговијата со Русија, но економијата под власта на Сталин им била насилно колективизирана.
rnrn
Ненци
rn
- rn011
- Население: 34.000
- Јазик: ненецки (сроден со финскиот и лапонскиот), руски
- Вера: ненецка вера со примеси на анимизам и шаманизам
- Место: Артичка Русија од двете страни на Урал
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Ненците живеат во зоната на поларниот круг и претставуваат најсеверни жители на Европа (бидејќи живеат и на европската страна на Урал). Нивната татковина е Јамалскиот полуостров (Јамал, значи „крај на светот“). Тие самите се нарекуваат Ненет што значи „исконски човек“ и тие се дел од поголема група наречена Самоеди. Благодарение на својата изолираност, ненеската култура им одолеала на руските христијански мисионери, а потоа и на колективистичките амбиции на советските власти. Тие се номади, не населуваат трајно некоја област, туку се селат два пати годишно со своите ирваси. Нивната древна вера е анимистичка (секој предмет во природата, жив или нежив, има свој дух).
rnrn
Чукчи
rn
- rn011
- Население: 15.000
- Јазик: чукотски (еден од чукотско-камчатските јазици на рускиот далечен Исток), руски
- Вера: руска православна црква, шаманизам, анимизам
- Место: североисточен Сибир
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Според надворешниот изглед, облеката и културата, Чукчите многу личат на автохтоните артички народи на Северна Америка. Повеќе Чукчи живеат во својата автономна област на Чукотскиот Полусотров. Крајбрежните и континенталните Чукчи имаат различен начин на живеење.
Континенталните се полуномади и одгледуваат ирваси, а крајбрежните се рибари и ловци на морски цицачи. Тие имаат слична традиција со народите на Алјаска. Чукчите во текот на 20-от век му давале оружен отпор на советскиот режим, па затоа земјата им била одземена и загадувана од индустријата и нуклеарните проби.
rnrn
Тувинци и Алтајци
rn
- rn011
- Население: 240.000 тувинци и 69.000 алтајци
- Јазик: тувински, алтајски, руски, кинески
- Вера: будизам, бурханизам (микс на будизам со шаманизам), ислам, христијанство
- Место: Тувинска Република, Монголија и Алтајска Република, Русија
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Тувинската Република се наоѓа на јужниот дел на Сибир, по должина на границата со Монголија и Кина. Со векови тие потпаѓале под власта на моќните соседи. Тува конечно во 1912 година прогласила независност од Кина и веднаш станала руски протекторат. Тувинците се многу сродни со Монголите и нивниот јазик, иако според потеклото главно е туркиски, имаат многу монголски зборови. Тие имаат богата музичка традиција – познати се по „грленото пеење“, каде еден човек произведува повеќе ноти одеднаш и ги обликува во мелодија.rn
Алтајците се извор на шаренило од јазици. Тие се полуномадска заедница на сточари, но повеќето од нив Русите ги натерале на постојан живот. Дури некои од Алтајците, кои не се номади, чуваат јурт (традиционален номадски шатор).
