Нема ништо поубаво од добро вино искомбинирано со вкусна храна. Погледнете кои се производите што најдобро одат со овој пијалак.rnrn
Чоколадо
rnТемното чоколадо е одлично во комбинација со црно или со бело вино. Разните видови чоколадни бонбони повеќе одговараат со сувите вина. Браунис колачињата, исто така, се многу добар избор.rnrn
rn
Шумско овошје
rnЈагодите, малините, боровинките, калините одлично одат со виното. Доколку немате свежо шумско овошје, тогаш можете да ставите неколку замрзнати плодови во самата чаша. Ќе добиете интересен аранжман и подобар вкус.rnrn
rnrn
Италијанска храна
rnНе може да се зборува за вино, без да се спомне италијанската храна. Пицата и тестенините се типичниот избор. Но, пробајте нешто поразлично, како на пример, познатата италијанска салата Капрезе.rnrn
rnrn
Сирење
rnВистинска класика. Одберете некое од поспецифичните видови сирење и послужете го со вино. Не заборавајте да ставите зеленчук и грицки, кои одат добро со ваквата комбинација.rnrn
rnrn
Индиски оревчиња или фстаци
rnИндиските оревчиња или фстаците се наједноставниот и највкусниот избор. Доколку ги послужувате со слатко вино, на индиските оревчиња може да им додадете и малку цимет за подобар вкус.rnrn
rnrn
Грозје
rnНавистина необична, но многу вкусна комбинација. Посветлите вина подобро одговараат со зелено грозје, додека потемните со црвено или црно грозје. Можете да користите свежо или замрзнато грозје.rnrn
rnrn
Васаби
rnВасабито или јапонскиот рен, се прави од коренот на растението Васаби. Кај нас не може да се најде свежо Васаби, но свежиот обичен рен е солидна замена и го има сличниот, специфичен лут вкус, што добро оди со вино.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

rn


rnrn rnrn