Многу забавна шпионска акција
rn
Режија: Метју ВонrnrnУлоги: Колин Фирт, Тарон Еџертон, Семјуел Л. ЏексонrnrnВреметраење: 129 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 13 февруари 2015rnrnЖанр: акција, авантура, комедијаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка:[ratings]rnrnrnrnКингсман е британска тајна служба за која никој не знае дека постои. Тие се одлично обучени шпиони со боречки вештини и стил на облекување и однесување како Џејмс Бонд. Всушност, тоа личи на цела служба составена од клонови на Џејмс Бонд. Филмот започнува со неуспешна акција на Кингсман на Блискиот исток во која губат еден од своите луѓе. Откако агентот Хари Харт (Колин Фирт) ќе му го даде медалот на малото синче на загинатиот колега, дејството се сели 17 години подоцна кога службата губи уште еден свој член во Аргентина, каде што требало да спасат британски професор кој можеби има решение за климатските промени на земјата.rnrn
rnrnСлужбата се обидува да најде замена за последниот загинат и организира избор помеѓу неколку млади луѓе за кои однапред знаеле дека имаат одлични досиеја. Хари Харт, сакајќи да се искупи за губењето на колегата од пред 17 години, денеска ќе го покани неговиот перспективен син да се обиде да стане агент на тајната служба во која некогаш работел татко му.rnrn
rnrnМладиот Егзи (Тарон Еџертон) е проблематичен млад човек кој порано имал одлични оценки и бил уште подобар спортист, но одеднаш престанал со таквото однесување и се впуштил вo ситен криминал и други проблеми. Сега се труди да се приклучи на Кингсман и да се извлече од тој стил на живот и од сиромаштијата, а истовремено гледаме како ексцентричниот милијардер Валентајн почнува да интригира со своите сомнителни намери да ја спаси планетата од климатските промени кои се случуваат.rnrn
rnrnФилмот е навистина многу забавен. Не е нешто ново и невидено, затоа што во основата е шаблонот по кој се прават сите филмови за Џејмс Бонд, но овде се додадени поинтересни и поексцентрични ликови, сосема малку хумор и многу џентлментство и британски акцент во однесувањето на некои од главните ликови, така што сè на сè оваа шпионска акција делува многу освежувачки. Колин Фирт е импресивен во главната улога на Хари Харт, а и Семјуел Л. Џексон привлекува големо внимание толкувајќи го неверојатниот милијардер чија ексцентричност и харизма го освојува вниманието кога и да се појави.rnrn
rnrnДејството не останува само на тоа како некој олош прави некое зло, па добрите тајни служби го бркаат и го фаќаат. Ова е филм и за тоа како некое дете го губи таткото, и за некои млади луѓе кои се трудат да станат тајни агенти и за тајна служба која се труди да го фати лошиот. Сите тие сижеа лесно се прелеваат едно во друго и се така добро спакувани во само два часа, што акцијата никогаш не изостанува и филмот постојано е интересен.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn


rnrnДоколку сте љубители на трилери, на романи кои ве тераат да грицкате нокти, да се соочите со суровата реалност и да бидете во толкаво исчекување што нема да можете да ја оставите книгата на раат, ова е книгата што ја барате.rnrnДејството се случува за време на диктаторството на Сталин во Советскиот сојуз, во општество каде не постои злосторство и навидум сè е подредено онака како што треба да биде. Луѓето кои имаат моќ и функција веруваат дека се праведни и дека се залагаат за одржување на тој совршен поредок. Шпионите се гонат и егзекутираат откако од нив ќе биде извлечено признание и така се заштитува државата од секој внатрешен непријател. Во таа извртена утопија луѓето сепак живеат во страв и неизвесност. Доволно е некој да те чуе да шепнеш нешто против режимот за да бидеш етикетиран како шпион. Дури и татко чиј син бил убиен мора да изјави дека неговото дете загинало во несреќен случај бидејќи државата не признава дека постојат злосторства.rnrn

Режија:
rnrnКарпов во Хамбург ја контактира Анабел Рихтер (Рејчел МекАдамс), адвокат од непрофитна организација која застапува мигранти. Таа него го поврзува со Томи Бру (Вилијам Дефо), банкар кој перел пари за татко му на Карпов и кој сè уште чува дел од нив. Бахман се сомнева дека тие пари можат да завршат кај радикални исламисти и го вклучува и операцијата против Абдула ја проширува и на Карпов. И Американските тајни служби се интересираат како да стигнат до Чеченецот, германските власти посакуваат да го уапсат, а Бахман сака да ги склопи коцките така што ќе стигне до многу поголем плен од нив двајца.rnrn
rnrn„Најбараниот човек“ е одличен шпионски трилер: возбудлив, замрсен, малку мистериозен, а за да се добие големата слика потребно е извесно поврзување на настаните и ликовите. Затоа првиот половина час е бавен и поминува во изнесување на информациите кои се неопходни за тој да се сфати, а потоа следува вистинската возбуда со понатамошниот развој на дејството и формирањето на финалната слика за настаните. Ова е многу добро осмислен трилер. Сниман е според книга за чиј жанр се вели дека „се чита во еден здив“. Истото важи и за филмот.rnrn
rnrn rnrn

Немајќи друг избор, шефот на МИ6 познат под шифрата „Контрола“ ја напушта функцијата, односно се пензионира заедно со неговиот пријател и колега Џорџ Смајли (Гери Олдман). Кусо после повлекувањето, умира. На чело на службата застанува Перси (Тоби Џонс). Во новонастанатите околности, Смајли одлучува да ја преземе истрагата која ја започна „Контролата“ и да го пронајде предавникот. Во таа мисија ги вклучува неговите луѓе од доверба, Питер (Бенедикт Кумбербат) и Рики (Том Херди). Но, шпионот ниту на повидок, се наоѓаат на крстосница без ниту еден знак…
Филмот е мистерија до самиот крај. Колку и да се обидувате, нема да можете да ја одгатнете предвреме. Низ безброј заплети и неочекувани пресврти, прецизно е прикажано како британската разузнавачка служба функционирала за време на студената војна. Во текот на целиот филм службата ја нарекуваат „Циркус“. Тоа се должи на нејзината местоположба, бидејќи се наоѓала во близина на циркусот Кембриџ, а името на филмот доаѓа од старата англиска бројалица „Tinker, Tailor, Soldier, Sailor, Rich Man, Poor Man, Beggar Man, Thief“.


rnrn
Режија:
За волја на вистината, во приказната и нема некоја посебна девијација од основниот, веќе и рутински, модел кога станува збор за филм со шпиони и тајни агенти. Има нов лудак, во случајот Хендрикс, кој сака да го доведе светот на работ на војна. Тој верува дека светот мора да го помине патот на нуклеарната војна за да настапи вечен мир.
Но, од друга страна, она што го комплетира филмот и што го прави интересен е специфичниот шарм на Том Круз, чувството дека не постои гравитацијата, мајсторските егзибиции и неверојатната акција. Се разбира, како и секогаш во филмовите со Том Круз, тука е и огромната брзина која ќе ве вовлече во авантурата на Итан Хант толку многу, што во ниту еден момент филмот нема да ви биде здодевен или неинтересен.
Според