Поголемиот дел од жените сакаат да се шминкаат и имаат разновидна козметика. На интернет, во весниците и кај некои модни блогерки може да забележиме многу новини во шминкањето и нови производи кои мора да ги испробаме. Стробинг не е баш најнова техника на шминкање, но веќе започна секојдневно да се применува. Ако имате проблем околу оваа техника и ако не знаете убаво да ја примените, погледнете ги овие неколку совети.rnrn
rnrnСтробинг (блескање) е техника на шминкање која во суштина го истакнува до максимум, здравиот сјај на одредени делови од лицето. Кога применувате стробинг на одредени делови од лицето ќе изгледа како над нив да паднал сончев зрак. Применете стробинг на носот, на врвот на брадата, на центарот на челото, на коските на челото и на јаболчниците.rnrn
rnrnПред техниката стробинг се користеше техниката контурирање на лицето која се постигнуваше со бронзер и сенки за контурирање, кои најчесто се нијанса или две потемни од вашата природна боја на кожата, меѓутоа стробингот се фокусира на светлото. Со оваа техника се прескокнува користењето на бронзерот и сенките за контурирање. При примената на стробингот има многу помали шанси за грешки отколку при контурирањето. Покрај тоа, вашето лице ќе изгледа поздраво и посјајно.rnrn
rnrnТехниката стробинг ги нагласува деловите од лицето кои сакаме да бидат нагласени. За бледата кожа се препорачува хајлајтер кој ќе биде во светло розова боја, а за средната и потемната боја на кожа се препорачува хајлајтер кој е светол и содржи малку златен тон за тој дел да биде сјаен, а не масен. Обидете се да пронајдете хајлајтер кој ќе биде кремаст и течен, бидејќи ќе треба да го користете во оваа техника и тој ќе ви помогне да создадете свеж изглед. Ставете на прстите, а потоа тапкајте го со четката. Со оваа техника ќе постигнете летен сјај кој ќе му даде здрав и свеж изглед на вашето лице.
Tag: шмикна
-

Сè што треба да знаете за техниката на шминкање „стробинг“
-

Трикови за нанесување кармин кои секоја жена треба да ги знае
Се чини дека секојдневно дознаваме нови техники за шминкање од професионалните шминкери, но и трикови за правилно нанесување на шминката. Денес ви откриваме трикови за нанесување кармин кои, според наше мислење, секоја жена треба да ги знае.rnrn
rnrn1. Направете пилинг на вашите усни пред да нанесете кармин, за тие да изгледаат полни и меки. Пилингот може да го направите со чиста четка од маскара. Нанесете малку балсам за усни пред пилингот за да не ги оштетите.rnrn
rnrn2. Ако сакате да ги спречите трагите од карминот на вашите заби, тоа ќе го постигнете така што со вашиот показалец ќе го отстраните вишокот кармин од внатрешната страна на усните.rnrn
rnrn3. Од скршената сенка за очи направете сјај за усни. Тоа можете да го постигнете така што скршените делови од сенката за очи ќе ги омекнете со некој балсам и ќе добиете потполно бесплатен обоен сјај за усни.rnrn
rnrn4. Користете четка за течна пудра или коректор за што попрецизно да го нанесете вашиот кармин.rnrn
rnrn5. Доколку сакате вашиот кармин што подолго да се задржи на вашите усни, тоа ќе може да го постигнете така што ќе искористите тенок слој марамче како подлога за да нанесете течна пудра на усните, а притоа да ги спречите видливите траги од пудрата.rnrn
rnrn6. Доколку сте нанеле една нијанса на молив за усни, па потоа сте се одлучиле за потполно различна, најпрво ќе сакате да се ослободите од трагите на претходната. Трагите од моливот за усни прекријте ги со течна пудра, која пак ќе ја нанесете се чепкалка за уши. Штом ќе ги прекриете трагите од претходната, веќе сте спремни за нанесување на новата нијанса.rnrn
rnrn7. Ако имате проблем со прецизното одредување на купидоновиот лак на вашите усни, најдобро е најпрво да го нацртате со молив за усни, па потоа да ги пополните цели, за крај да го нанесете карминот во истата нијанса.rnrn
rnrn8. Доколку сакате вашиот кармин да не се размачкува, после нанесувањето на карминот, под линијата на усните нанесете тенок слој течна пудра која ќе ја фиксира вашата шминка.rnrn
rnrn9. Доколку сакате вашите усни да изгледаат полни, тој ефект може да го постигнете со нанесување на бел молив на средината на горната и долната усна во подебел слој. Потоа со прст размачкајте го за рамномерно да се распредели на вашите усни.rnrn
rnrn10. Ублажете ја силината на моливот за усни така што откако ќе го нанесете ќе го размачкате со прст. На овој начин моливот и карминот ќе изгледаат поприродни.rnrn
-

Освежете го вашиот изглед и стил
Пролетта е најдоброто годишно време за промена на вашиот изглед и стил. Тоа не значи дека од корен треба да го промените вашиот целосен изглед. Едноставно, мали промени на секого би му биле добредојдени. Постојат многу интересни мали нешта кои можат да се променат, а со нив изненадувачки, многу да се освежите. Ова се неколку ситни совети кои можат да имаат големо влијание врз вас и вашиот стил.rnrn
rnНаправете нова фризура
rnДоколку подолго време се спремате да направите нешто со вашата коса, сега ви се пружа совршена прилика. Не мора да направите драстична, неочекувана промена, освен во случај ако сте спремни на таков чекор. Направете нешто едноставно, но сепак да биде впечатливо. Пробајте со промена на бојата, шатирање или пак осветлување. Исто така можете да појдете кај добар стилист и да му дадете одврзани раце, сè додека гарантира феноменален конечен резултат.rnrn
rnКупете едно тренди парче облека
rnПовеќето жени се грижат и се плашат да потрошат пари на какво било парче облека или додаток кој е премногу тренди, бидејќи не се сигурни дали доволно е вредно за цената. Ова многу често се однесува на купувањето чевли. Па затоа, овој пат охрабрете се и купете нешто необично, но сепак да не отскокнува премногу од вашиот стил.rnrn
rnКупете нов градник
rnМожеби не е дел од она видливото за сечии очи, но нов градник и тоа како може да ви го освежи изгледот. Доколку сте во можност, почестете се со малку полуксузен градник за да се чувствувате поелитно, но внимавајте тој да ви биде точен. Уште подобро би било да го искомбинирате и со гаќички во иста боја и дезен.rnrn
rnНе носете го она што го мразите
rnДали во вашиот плакар, сè уште имате парчиња облека кои ги мразите, но едноставно не се осмелувате да ги фрлите? Уште полошо, дали понекогаш и ги носите? Оваа пролет можете да свртите нов лист и конечно да ги исфрлите сите непотребни алишта кои и онака прават само гужва во вашите преполни плакари.rnrn
rnНе носете ги парчињата кои не ви се точни
rnСкоро секоја жена има по некое парче облека кое одамна не и стои исто како порано, но сепак емоционално е приврзана кон него и повремено го облака. Понекогаш, колку и тие да одговараат на нашиот стил, мораме да се ослободиме од нив.rnrn
rnПочесто шетајте и купувајте
rnШто повеќе шетате, толку почесто и ќе наоѓате нови интересни продавници, ќе бидете во тек со новите трендови, а богами и ќе знаете кога има попусти. Постепено и без форсирање, по неколку излегувања на шопинг ќе си купите неколку нови парчиња облека, шминка и накит. На крајот, ќе се изненадите колку сте го освежиле вашиот изглед.rnrn
rnПробувајте нови нешта
rnБез разлика дали станува збор за нов парфем, фризура, шминка или што било од таков вид, секогаш пробувајте да експериментирате. Освежувањето на изгледот никогаш нема да биде целосно доколку се плашите смело да се впуштите во светот на промените. Пробувајте и експериментирајте, но не заборавајте да бидете свои и да уживате во промените.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.