КАФЕ ПАУЗА

Tag: шишки

  • Како сами да направите совршени шишки?

    Како сами да направите совршени шишки?

    Доколку ви се допаѓа должината на вашата коса, но сакате малку да ги скратите вашите шишки, овој видео туторијал ќе ви покаже кој е најдобриот начин да го сторите тоа.rnrnКако сами да направите совршени шишки?rnrnВидеото е дело на Роуз Русо која досега има направено огромен број туторијали, кои се погледнати над 50 милиони пати на Јутјуб, а на нејзиниот канал се имаат претплатено нешто помалку од 500.000 корисници.rnrnТаа во видеото ја објаснува постапката чекор по чекор и дава одлични совети како да не ја упропастите вашата коса, бидејќи еден лош потег и повеќе нема враќање назад.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 10 стилови на шишки за оваа сезона

    Топ 10 стилови на шишки за оваа сезона

    Оваа сезона не избегнувајте ги шишките. Од вообичаените секојдневни активности, па сè до вечерните излегувања и свечените прилики, тие можат совршено да ја надополнуваат вашата фризура во секоја пригода. Исто така тие одлично ќе стојат на вашето лице, ќе ги истакнуваат вашите јаболчници и ќе ги нагласуваат вашите најдобри линии. Шишките имаат интересна моќ, тие прават сè да изгледа малку помеко и понагласено. Вашиот изглед може многу да добие од нив и не само што лицето ќе ви изгледа посиметрично, туку и вашите очи ќе бидат многу полесно воочливи.rn
    rn

    Тренд #1 – Шишки со голем волумен

    rnТоп 10 стилови на шишки за оваа сезонаОвој стил на шишки може да изгледа многу секси доколку имате долга коса. Шишките со голем волумен изгледаат одлично кога се малку пораснати, па токму затоа дозволете им слободно да израснат без да ги кратите во рамна линија. Можете да направите неколку фризури кои ќе одговараат со овој стил на шишки. За вечерно излегување соберете ја косата во коњско опавче или пак, во висока пунџа, а во текот на денот доволно е само да ја исфенирате со тркалезна четка.rn
    rn

    Тренд #2 – Шишки на страна

    rnТоп 10 стилови на шишки за оваа сезонаЗа луксузен европски стил, направете едноставни шишки на страна. Овој стил одговара на голем број фризури кои се направени со патец на страна. Доколку сакате малку да експериментирате со вашиот изглед, пробајте некоја винтиџ фризура со виткани краеви на косата или пак, додадете брош или баретка.rn
    rn

    Тренд #3 – Шишки во плетенка

    rnТоп 10 стилови на шишки за оваа сезонаОваа сезона, плетенките се огромен тренд. Освежете го вашиот изглед така што ќе направите странична плетенка од вашите шишки. Откако ќе завршите, не заборавајте да ја зацврстите со црни шноли и малку спреј за коса. Овој стил на шишки одговара на сите должини на коса, без разлика дали е виткана или права.rn
    rn

    Тренд #4 – Пинап шишки за висока мода

    rnТоп 10 стилови на шишки за оваа сезонаОвие шишки се истовремено секси и класични и можете да ги забележите кај голем број ѕвезди како Кети Пери, Гвен Стефани и Бети Пејџ. Најчесто се скратуваат под екстремен лак и потоа се обликуваат со големи витлери или фигаро за да се добие мало заоблување на врвовите. Можете да ги комбинирате со голем број фризури, почнувајќи од обично исфенирана и пуштена коса, па сè до коњско опавче или пунџа.rn
    rn

    Тренд #5 – Девојка во движење

    rnТоп 10 стилови на шишки за оваа сезонаБушавите, нерамни и асиметрични шишки се освежувачки пресврт на класичната фризура. Овие шишки го структурираат вашето лице многу подобро од останатите видови шишки и најдобро стојат на коса со средна должина. Тие се лесни за обликување и одржување и токму поради тоа се совршени за сите оние девојки кои се постојано во брзање.rn
    rn

    Тренд #6 – Бушави шишки

    rnТоп 10 стилови на шишки за оваа сезонаДоколку сакате подобро да го доловите изгледот на „лоша девојка“ тогаш овие шишки се одличен избор за вас. За поголем ефект, извиткајте ги краевите на косата со гел или восок, а потоа додадете и лак за коса.rn
    rn

    Тренд #7 – Супер кратки шишки

    rnТоп 10 стилови на шишки за оваа сезонаСлавните девојки како Кира Најтли, Кристина Агилера и Ема Вотсон го обожаваат овој ултракласичен изглед, познат и како бебешки шишки. Кратките шишки ќе го отворат вашето лице и ќе ги истакнат сите ваши позитивни црти. Овој изглед е многу лесен за одржување бидејќи шишките едноставно ќе лежат врз вашето чело.rn
    rn

    Тренд #8 – Рамни краеви

    rnТоп 10 стилови на шишки за оваа сезонаМоделите и славните личности многу сакаат да се појавуваат на црвениот тепих со рамни и густи шишки. И покрај тоа што овој изглед бара многу одржување, сепак вреди да се проба. Овие шишки најдобро стојат на кратка, права и здрава коса.rn
    rn

    Тренд #9 – Шармантна убавица

    rnТоп 10 стилови на шишки за оваа сезонаБез разлика дали сте инспирирани од слободната љубов во 60-тите години или пак, од женствениот шарм на божиците од грчката уметност, со овие шишки вие дефинитивно се истакнувате. Носете ги со брановидна „мокра“ коса. Секси витканата коса без сомнение има високо место во светот на модата.rn
    rn

    Тренд #10 – Шишки повлечени наназад

    rnТоп 10 стилови на шишки за оваа сезонаОва можеби ви звучи како чуден концепт, но дизајнерите на модните писти со години се потпираат на овој изглед, бидејќи повлечената коса наназад го истакнува и издолжува лицето. Исправете ја вашата коса како и секогаш и употребете црни шноли за да ги зацврстите вашите шишки наназад. Испрскајте ја косата со цврст спреј и исчешлајте. Откако ќе се исуши, отстранете ги шнолите и оставете ги шишките слободно да паднат наназад. Не заборавајте да носите спреј за коса во вашата чанта бидејќи ветерот може многу лесно да ја расипе оваа фризура.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Тренд фризури за ова лето

    Тренд фризури за ова лето

    За на плажа, за вечерна прошетка, за романтична летна вечера, за прошетка по кеј, секогаш е добро да се биде среден од глава до пети, бидејќи никогаш не се знае на кого ќе налетате. А доколку сакате да бидете и во тренд, закажете кај својот фризер и одберете една од предложените фризури, кои со сигурност ќе бидат хит за ова лето.rn
    rn

    Брановидно долга

    rnТренд фризури за ова летоТренд фризури за ова летоТренд фризури за ова летоrn

    Екстра волумен

    rnТренд фризури за ова летоТренд фризури за ова летоТренд фризури за ова летоrn

    Кадрици

    rnТренд фризури за ова летоТренд фризури за ова летоrn

    Плетенки

    rnТренд фризури за ова летоТренд фризури за ова летоrn

    Шишки

    rnТренд фризури за ова летоТренд фризури за ова летоrn

    „Неуредна“

    rnТренд фризури за ова летоrn

    Средна боб фризура

    rnТренд фризури за ова летоТренд фризури за ова летоrn

    Разиграна со бои

    rnТренд фризури за ова летоТренд фризури за ова летоТренд фризури за ова летоrn

    Кратка боб фризура

    rnТренд фризури за ова летоrn

    Откачено кратка

    rnТренд фризури за ова летоТренд фризури за ова лето
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 брзи и лесни начини за драстична промена на вашиот изглед

    5 брзи и лесни начини за драстична промена на вашиот изглед

    Дали некогаш сте почувствувале дека ви е потребна промена во животот? Сте помислиле ли дека можеби би требало да се откажете од студиите, да дадете отказ од работата или пак да ја прекинете долгогодишната врска и да тргнете на пат околу светот? Пред да се решите на каков било огромен чекор од овој вид, прво размислете дали одредена промена на вашиот изглед би можела позитивно да ви влијае во ваква ситуација…rnrnЕве неколку предлози со кои брзо и лесно целосно ќе го промените вашиот изглед, но истовремено и одлично ќе се чувствувате:rnrnШишки – можеби изгледаат како мал додаток на вашата фризура, но нивниот ефект е многу поголем. Тие целосно ќе го променат начинот на кој изгледате. Похрабрите девојки можат да пробаат рамни и долги шишки (кои бараат малку повеќе време за одржување), а за останатите шишките на страна се одлична идеја.rnrn5 брзи и лесни начини за драстична промена на вашиот изгледrnrnЦрвена боја на коса – Оваа промена дефинитивно нема да остане незабележана, а и вие ќе се чувствувате како сосема нова личност. Похрабрите девојки можат слободно да пробаат силна црвена боја која постојано ќе примамува нови погледи без разлика на местото каде што се наоѓаат…5 брзи и лесни начини за драстична промена на вашиот изгледrnrnВиолетово моливче за очи – Можеби не ви звучи како многу драстична промена, но сепак целта е да промените нешто секојдневно. Доколку ви изгледа малку чудно, на почетокот комбинирајте го со црно моливче и виолетова сенка. Многу брзо ќе се навикнете на оваа промена и ќе можете целосно да го замените стандардното црно моливче…rnrn5 брзи и лесни начини за драстична промена на вашиот изгледrnrnНов парфем – промената на начинот на кој мирисате, ќе предизвика промена и во начинот на кој се чувствувате. Одберете нешто сосема различно, нешто што досега никогаш не сте го употребувале. Или купете го повторно вашиот омилен парфем од детството кој со сигурност ќе ви врати  интересни спомени…rnrn5 брзи и лесни начини за драстична промена на вашиот изгледrnrnЦрвен кармин – со оваа едноставна, но ефективна промена никако не можете да згрешите. Црвениот кармин е совршен за сите настани и ситуации, секако во различни нијанси. За на факултет/работа одберете нешто малку понеутрално, но за прошетки и излегувања слободно употребете силна црвена боја.rnrn5 брзи и лесни начини за драстична промена на вашиот изглед

  • 7 брзи и лесни фризури за секој ден

    7 брзи и лесни фризури за секој ден

    Барем еднаш на сите ни се случило да не го слушнеме алармот и да се разбудиме со само неколку минути пред нас за подготвување. Фризурата најчесто одзема најголем дел од целата подготовка и ние во тие моменти едноставно не можеме да издвоиме толку време. Еве неколку фризури кои ќе ви помогнат да изгледате совршено за многу кратко време…rn
    rn

    1. Направете вашата коса да изгледа свежо

    rnПобедете ја мрсната коса со неколку лесни трикови: земете пудра во прав за бебиња доколку имате светла коса или камена пудра ако сте бринети и нанесете ја на врвовите со голема четка за шминкање. На овој начин вашата коса ќе добие свеж изглед. Потоа исправете ги само врвовите со пегла за коса, разбушавете ја со раце и подготвени сте за новиот ден.7 брзи и лесни фризури за секој денrn

    2. Ставете лента за коса

    rnЗа поелегантен изглед, исчешлајте ја косата наназад и ставете широка лента со панделка за да го покрие делот кој не сакате да се забележува. Исто така можете да ја соберете косата во пунџа за да добиете посериозен изглед.7 брзи и лесни фризури за секој денrn

    3. Направете растурена пунџа

    rnОва е најбрзата фризура за која ви се потребни само неколку секунди. Соберете ја целата коса и заврзете ја со стегач 2-3 пати. Доколку сакате да изгледате поуникатно, обликувајте ја пунџата со неколку шноли во боја на вашата коса, извадете неколку врвови надвор од неа за да изгледа порастурено и на крај завршете со лак за коса.7 брзи и лесни фризури за секој денrn

    4. Фризура со кинески стапчиња

    rnИ покрај тоа што на прв поглед изгледа тешко за правење – всушност таа е неверојатно лесна и брза. Доколку не знаете како се прави погледнете краток туторијал за оваа фризура. Не ви се потребни ни кинески стапчиња ако немате, можете да искористите обично стапче за коса или молив.7 брзи и лесни фризури за секој денrn

    5. Соберете ја косата со стегач во опавче

    rnПрво намокрете ја малку косата со вода за да добие брановиден облик. Потоа оставајќи еден прамен слободен, соберете ја во опавче. Откако ќе завршите завиткајте го праменот околу стегачот и прицврстете го со мала шнола.7 брзи и лесни фризури за секој денrn

    6. Соберете ги шишките

    rnОваа популарна фризура е одличен начин да ги скриете шишките кои ви се предолги. Со помош на две шноли или мал стегач соберете ги шишките нагоре и подотпуштете ги малку за да добиете волумен. За потренди изглед можете да ја соберете косата во растурена пунџа, а ако сакате да изгледате поелегантно, опавчето е совршен додаток на собраните шишки во овој стил.7 брзи и лесни фризури за секој денrn

    7. Плетенки

    rnСо малку вежбање, за многу брзо време можете да научите да правите совршени плетенки на кој било дел од косата. Француската плетенка на страна, која има улога како лента за коса е одлична идеја доколку имате многу малку време за подготвување. 7 брзи и лесни фризури за секој ден
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да носите капа, а да не ви се растури фризурата?

    Како да носите капа, а да не ви се растури фризурата?

    Капите и шеширите повторно се во тренд, а сите оние кои го сакаат овој моден додаток добро знаат дека тие се голем непријател на косата. Никој не сака сплескана коса, шишки залепени за чело или наелектризирани влакна. Ако сакате да бидете модерни, а сепак да имате убава фризура, пробајте ги овие пет едноставни трикови.rnrnКако да носите капа, а да не ви се растури фризурата?rn

    Подгответе ја косата

    rn

    На косата нанесете козметички средства кои ќе ù дадат волумен. Нанесете пена за коса на влажна коса, а потоа со кружни движења нежно масирајте го коренот. Потоа наведнете ја главата надолу и со фен исушете ја косата. Трикот е во производите кои реагираат на влажност и топлина, па така со едно нанесување, можете повеќе пати да направите фризура. Откако ќе го извадите шеширот или капата, додека главата ви е сè уште топла, со влажни раце поминете низ косата и разбушавете ја со прстите и волуменот ќе биде идеален.rn.

    rn

    Направете практична фризура

    rn

    За да не се сплеска вашата коса, важно е да направите привремена фризура која ќе го задржи обликот. Исфенирајте ја косата, а потоа направете висока пунџа, ама не ја заврзувајте со ластиче, туку замотајте ја со еден прамен како полжав. Исто така, ако сакате можете да ја сплетете во плетенка (обична или внатрешна) и да ставите капче на глава.rn.

    rn

    Преместете го патецот

    rn

    Косата си има природен правец во кој расте. Овој едноставен трик навистина делува, а сè што треба да направите е да ја префрлите косата во спротивен правец од растот, пред да ја ставите капата или шеширот. Кога ќе ја извадите капата само вратете ја косата во нормална состојба. На овој начин ќе спречите косата да се сплеска и да го изгуби обликот.rn.

    rn

    Кренете ги шишките

    rn

    Безживотни шишки залепени на чело никому не му стојат добро, па затоа испробајте го овој трик. Ставете го шеширот преку шишките, а потоа полека влечете наназад сè додека шишките не останат во него. Ако имате подолги шишки прицврстете ги настрана со шнола и тоа над увото, за да може целосно да останат под капата или шеширот.rn.

    rn

    Ослободете се од електрицитетот

    rnКосата често пати лета на сите страни кога ќе ја извадите капата, бидејќи се електризира. За да го спречите тоа, прснете на косата регенератор за коса кој не се измива, а ако не носите такво нешто во вашата чанта, можете да ги пребришете дланките со влажно марамче и нежно да поминете со рацете по непослушните разлетани влакна.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фризури кои ќе ве направат помлади

    Фризури кои ќе ве направат помлади

    Косата е една од првите работи кои луѓето ја забележуваат. Таа кажува многу нешта за вас – колку години имате, дали се грижите за себе, дали сте среќни и расположени. За среќа обликувањето на косата е лесно. Тоа може да го направите на фризер или дома, ако сте вешти. Дури и мала корекција и поправка на косата ќе направи да изгледате свежо, ново и за миг да го промени вашиот изглед. Погледнете неколку идеи за фризури кои освен што ќе симнат неколку години од вас, ќе направат и да се чувствувате и да изгледате одлично и посакувано.rn

    Опавче

    rnФризури кои ќе ве направат помладиrnrnКога е направено со стил и вкус, опавчето на косата може да изгледа прекрасно, софистицирано и секси. Плус, со секое фаќање на косата во опавче, вие несвесно правите мини лифтинг на лицето. Со тоа го измазнувате лицето, особено во делот околу очите, челото и образите. За екстра изглед, наместо обичен стегач во боја, „декорирајте“ го опавчето со марама во елегантен дизајн.rn

    Шишки на страна

    rnФризури кои ќе ве направат помладиrnrnЌе се зачудите од тоа која моќ ја имаат шишките. Тие му даваат на лицето рамка, која во зависност од тоа како се потстрижени, ќе изгледа убаво или неуредно. Шишките веднаш привлекуваат внимание, а притоа брчките или акните на лицето остануваат речиси незабележани. Особено шишките потстрижени на страна, му даваат младешки изглед на вашето лице.rn

    Коса разделена на половина

    rn

    Фризури кои ќе ве направат помлади

    rnИако овој изглед го прави вашето лице широко и големо, ова е совршена фризура за повозрасни жени кои сакаат да привлечат внимание. Оваа фризура е разиграна и создава необични виткања на косата околу лицето, што во секој случај ве прави да изгледате поприродно.rn

    Коса со волумен (тапирана коса)

    rnФризури кои ќе ве направат помладиrnrnВолуменот на косата најдобро се постигнува ако таа биде благо тапирана, со цел да се постигне ефект на бујна коса. Најдобро е тапирањето да биде направено во долниот дел на косата, кај врвовите, со што секогаш се постигнува одличен и посакуван ефект кој дава изглед на полност и здрава коса.rn

    Праменчиња

    rnФризури кои ќе ве направат помладиrnrnТоа е онаа фризура кога косата е фатена во опавче или штипка за коса и од неа нежно се одвојуваат неколку праменчиња коса кои лелеаво паѓаат по должината на лицето. Овој изглед созадава одлична рамка и дефинитивно привлекува гоелмо внимание. Полн погодок е ако вашата коса е шатирана во две нијанси.rn

    Боб

    rnФризури кои ќе ве направат помладиrnrnОва е фризура која им прилега на жените на кои им се истакнуваат коските на лицето. Фризурата е вонвременска. Може да биде обликувана на повеќе начини (косата да паѓа до под брадата, да биде кратко истрижена до линијата на вратот…) Оваа коса дава млад изглед и изглед на самодоверба.rn

    Плетенка

    rnФризури кои ќе ве направат помладиrnrnИако плетенките најмногу ги носат помладите девојчиња, факт е дека одлично им прилегаат на оние со долга коса, без оглед на годините. Обидете се да направите долга плетенка, на страна и шишки кои се совпаѓаат со страната на плетенката. Тоа можеби создава неуреден изглед на косата, но дава впечаток на младешки дух и разиграна личност. Во секој случај, плетенка е секогаш подобар избор отколку неуредно опавче.

  • Каква фризура најдобро ви прилега?

    Каква фризура најдобро ви прилега?

    Постојат многу стилисти кои навистина умеат одлично да ви ја средат косата, но проблемот е како да знаете кој е вистинскиот за вас?rnrnКаква фризура најдобро ви прилега?rnrnНаместо да размислувате во кој салон да закажете потстрижување, внимателно погледнете го обликот на вашето лице во огледало и констатирајте кој од овие 4 облици најмногу се совпаѓа со вашиот. Пронаоѓањето на фризура која убаво ќе прилега на вашето лице, е  клучот за да изгледате помладо и посвежо, а воедно и ќе ги прикрие вашите недостатоци.rn

    Овално лице

    rnЖените кои имаат сразмерни пропорции на лицето, можат да експериментираат бидејќи им стои буквално секаква фризура. На јајцевиден облик на лице, прекрасно прилегаат и крената асиметрична фризура и пуштена „слободна“ коса. Ако вие сте едни од нив, совршено ќе ви прилега убаво исправена коса со преса, исчешлана на средишен патец. Едноставна и сјајна, пегланата коса не прилега на секој, но изгледа одлично на жените со овално лице.rnrnКаква фризура најдобро ви прилега?rn

    Коцкесто лице

    rnДевојките кои имаат поголеми коски на лицето, треба да носат фризура која ќе направи лицето да им изгледа потесно. Нема да погрешите доколку се решите за фризура со крупни кадрици и голем волумен, бидејќи таа ќе направи лицето да изгледа потесно. Воедно, кадриците ги ублажуваат острите црти на лицето. Стилистите, на жените со ваков облик на лицето, им препорачуваат да носат и пораснати шишки до рамена кои успешно ја прикриваат широката вилица.rnrnКаква фризура најдобро ви прилегаrn

    Срцевидно лице

    rnНа девојките кои имаат тесно лице и поистакната брада, им прилега разбушавена коса, потстрижена до врат. Големиот број ситни кадрици со средна должина, ќе прилегаат одлично на срцевидниот облик на лице и ќе направат тоа да изгледа позатегнато. Исто така, нема да погрешите ако направите рамни шишки, симетрично распоредени на челото, бидејќи тие ги ублажуваат цртите и визуелно ја намалуваат должината на лицето.rnrnКаква фризура најдобро ви прилега?rn

    Тркалезно лице

    rnЗа да му дадете симетрија на вашето лице, направете остар патец налево и благо накадрени праменчиња. Странично потстрижени шишки во емо стил, прилегаат убаво на тркалезно лице, бидејќи ја „разбиваат“ симетријата и ги истакнуваат коските на лицето. Ако имате ваков облик на лице, одлично ќе ви прилега и високо поткрената вечерна фризура, затоа што висината не го истакнува кружниот облик на лицето, туку напротив прави тоа да изгледа покоцкесто.rnrnКаква фризура најдобро ви прилега?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.