Високите температури ќе ве мотивираат да се фокусирате на широката и удобна летна гардероба. Удобни и женствени, широките панталони се покажаа како одличен избор во сите комбинации.rnrn
rnrnЛетото е идеален период да се одморите од тесните модели и да им дадете предност на моделите со висок струк и широки ногавици. Тие ќе ја нагласат половината, ќе ја истакнат женската силуета и во нив ќе изгледате елегантно.rnrnСо елегантен крој и материјали како што се свила, памук и лен, ќе можете да направите формални, деловни и секојдневни комбинации. Во зависност од пригодата, можете да ги комбинирате со кратки блузи, маици, како и со рамни сандали, патики или високи потпетици. Ако ви недостасува инспирација како да ги комбинирате широките панталони, овие фотографии ќе ви помогнат во тоа.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете кои 8 модели на обувки ќе бидат во тренд оваа сезона.
Tag: широки
-

Како да ги комбинирате широките панталони што ја истакнуваат женската силуета?
-

Што говори костимот за капење на вашето момче?
Исто како жените, така и мажите имаат свој омилен модел на костим за капење. Иако трендовите брзо се менуваат и секоја година на плажите и на базените можат да се забележат нови модели кој се хит, сепак многумина се држат до веќе испробаниот за нив. Но, покрај следењето на трендовите, костимот за капење може да каже многу и за карактерот на човекот кој ги носи. Производителите на костими за капење направиле едно истражување, во кое ги анализирале нивните купувачи и преку тоа ги откриле нивните главни карактеристики.rnrn
rnБоксерки
rnКласичните боксерки, како што тврдат најпознатите брендови за машки костими за капење, ги опишуваат мажите кои ги носат како спремни за сериозна врска и тие не се плашат од обврските кои произлегуваат од истата. Ваквиот модел најмногу го сакаат традиционалните и по малку конзервативните мажи.rnrn
rnДолги, сурферски костими за капење
rnСурферските костими за капење се многу популарни, но тие можат да се носат и за по дома. Токму затоа, тие ги карактеризираат опуштените момчиња кои сакаат екстремен начин на забавување. Иако во нив тие можат да изгледаат помалку несмасно, сопствениците на вакви костими за капење знаат да бидат вистински фраери, свесни за своите предности и многу добри во заведувањето.rnrn
rnБермуди
rnБермудите до колена се најомилениот модел на машки костим за капење. Овој модел ги опишува мажите како опуштени, а нив ги носат луѓе кои се чувствуваат добро во својата кожа и не ги вознемирува ништо. Момците кои носат бермуди со силни бои или изразени дезени сакаат да бидат во центарот на вниманието и не им е проблем да ги изразат своите чувства.rnrn
rnТесни боксерки
rnТесните боксерки ги носат момци кои имаат високо мислење за себе. Доколку сакате да одите на плажа со ваков костим за капење, треба да знаете дека е тенка границата помеѓу самоувереност и нарцисоидност. Исто така, овој модел не му стои убаво на секое момче.rnrn
rnТесни гаќи
rnОвој вид костим за капење го обележал минатото, но сепак за него сѐ уште има место под модното небо. Покрај пливачите и ватерполистите, најчесто нив ги носат самоуверени, сигурни и оптимистични момци кои сакаат да ја истакнат својата машкост.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Интересни улици низ светот
Сите овие интересни улици имаат поставено некој светски рекорд, поради некоја нивна специфичност која ги дели од останатите.rnrn
Улицата „Ebenezer Place“
rnУлицата „Ebenezer Place“ која се наоѓа во Вик, Шкотска е влезена во Гинисовата книга на рекорди како најмала улица во светот. На улицата која е долга само 2,06 метра има само една зграда „Ebenezer 1“ во која е сместен хотелот „Mackays“. Улицата постои од 1883 година, кога всушност е направена и самата зграда .
rnУлицата „Parliament“
rnУлицата „Parliament“ во Англија се води како најтесната улица во светот. Таа постои од околу 1300-тата година и е со ширина од само 50 сантиметри.
rnПатот до Гиза
rnПатот до Гиза е стар 46.000 години, со што е прогласен за најстара улица во светот. Овој пат е долг 12 километри и бил користен за да се пренесуваат огромните блокови за изградба на пирамидите.
rnУлицата „Yonge“
rnУлицата „Yonge“ која се протега низ Канада, го има поставено рекордот за најдолга улица во светот. Таа почнала да се гради во 90-тите години на 18 век, а денеска нејзината должина изнесува 1.896 километри.

rn„9 de Julio Avenue“
rnАргентина може да се пофали со „9 de Julio Avenue“ (во превод авенијата 9-ти јули – денот на независноста на Аргентина), најшироката улица во светот. Таа се протега низ целиот град и има по 6 ленти во двата правци.
rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn