КАФЕ ПАУЗА

Tag: шипки

  • Инспиративна уметност на шипки

    Инспиративна уметност на шипки

    Уличните уметници т.н. „Zebrating“ се едно неверојатно дуо од Манјахм, Германија. „Zebrating“ напросто кажано би значело „создавање на зебрата“, што го опишува нивниот артистички стил, за кој е потребно употреба на техника со штрафти (какви што има зебрата).Инспиративна уметност на шипкиИнспиративна уметност на шипкиПоголемиот дел од нивната работа може да се види низ улиците на Манхајм, но дуото започнало уметнички да ги освојува и улиците во други германски градови како што се Берлин и Штутгарт. Инспиративна уметност на шипкиИнспиративна уметност на шипкиНивната работа навистина инспирира и сигурно им создава пријатно чувство случајните германски минувачи, кога ваков убав портрет ќе ги изненади. Којзнае можеби и во Македонија се крие некој скриен талент, кој ќе ни ги разубави градовите, цртајќи уметнички дела врз старите, за’ргани шипки.Инспиративна уметност на шипкиИнспиративна уметност на шипкиИнспиративна уметност на шипкиИнспиративна уметност на шипкиИнспиративна уметност на шипкиИнспиративна уметност на шипкиИнспиративна уметност на шипкиИнспиративна уметност на шипкиИнспиративна уметност на шипки
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 6 домашни лекови за спречување настинка

    6 домашни лекови за спречување настинка

    Во есен се појавуваат епидемии на грип и разни инфекции на респираторните органи. За здравите луѓе тие претставуваат само непријатност, но за постарите луѓе и за хронично болните можат да бидат сериозен проблем. Токму поради тоа, подобро е превентивно да се делува и да се стори сè за да се пресретне болеста.rnrnЗа да може полесно да се изборите со кивавица, кашлање, болка во грлото и зголемена температура, би требало да јадете кисела зелка и лук, а домашната аптека да ја збогатите со ајдучка трева, ким, липа, шипка, мед, пиво…rnrn6 домашни лекови за спречување настинкаrn

    Мешавина за имунитет

    rnПомешајте по 20 грама бозел, тегавец, мајчина душица и маточина, додајте половина литар врела вода, промешајте, поклопете и оставете да стои 15 минути. Потоа процедете ја течноста и во неа додајте лимон и мед. Оваа мешавина од билки, го подобрува имунитетот и затоа е добро да се пие превентивно.rn

    Ким против кашлица

    rnВо чаша млака вода ставете една лажичка масло од ким и со тоа неколку пати на ден плакнете го грлото. На тој начин ќе направите дезинфекција на грлото, а ќе го намалите и надразнувањето што го предизвикува кашлањето. Доколку кашлате ноќе, земете половина литар темно пиво, ставете го да поврие на рингла и оставете да се излади. Потоа во него додадете четири лажички мед и пијте го преку ден по мали голтки.rn

    Смрека за болки

    rnТри лажички свежи иглички од смрека (зимзелено дрво) прелијте ги со половина чаша чист алкохол и во добро затворен сад оставете да стои десет дена, а потоа процедете и додајте два дела вода. Овој лек треба да се чува во стерилен и добро затворен сад. Ако имате проблеми со искашлување, истријте ги градите со оваа тинктура. Исто така се користи и за масажа на затегнати и болни мускули.rnrn6 домашни лекови за спречување настинкаrn

    Шипка против вируси

    rnПоловина килограм шипки, добро измиени се сечат на половина и се оставаат да стојат цела ноќ во три децилитри сок од јаболка. Потоа се ставаат да  зовријат. Смесата се процедува и се засладува со мед. Сирупот се чува во стерилни тегли во фрижидер. Се зема по една лажица на ден.rn

    Липа за снижување висока температура

    rnДве лажички сув цвет од липа се прелива со една шолја врела вода и се остава да стои десет минути, па се процедува. Овој чај го забрзува потењето, особено ако  испиете две шолји, а потоа се завиткате во ќебе.rn

    Слез за чистење синуси

    rnСитно исечкајте 100 грама корен од слез, додајте две литри вода, варете десетина минути и правете инхалации еднаш на ден.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.