Ако обожавате приказни за Шерлок Холмс и сè уште не ви се доволни, еве ја добрата вест. Серијата „The Irregulars“, новата верзија на приказната на Артур Конан Дојл за необичен детектив, пристигнува на Нетфликс, овој пат со натприродни елементи.rnrnАвтор на серијата е Том Бидвел, а заплетот следи банда тинејџери од Бејкер Стрит кои решаваат злосторства за Џон Вотсон и неговиот мистериозен деловен партнер Шерлок Холмс. Секој што ги прочитал книгите на Сер Дојл ќе се сети дека Шерлок честопати користел сиромашни деца на улица како помошници и шпиони. Првиот трејлер е прилично мрачен, но мора да се признае дека е интригантен. Сепак, ќе мора да бидеме малку трпеливи пред да утврдиме дали ги исполнува очекувањата бидејќи премиерата на серијата е најавена за 26 март.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=1APF6a4m74krnrnПрочитајте и за оваа нова криминалистичка серија која е една од најстрашните што сме ги гледале во последните месеци.
Tag: Шерлок Холмс
-

Ако за 1 минута воочите 10 разлики на овие цртежи, вие сте Шерлок Холмс!
-

ТВ серија: Елементарно (Elementary)
ТВ серија за познатиот Шерлок Холмс кој во оваа преработка живее во Њујорк, во 21-от векrnrn
Главни улоги: Џони Ли Милер, Луси Лу, Ејдан КвинrnrnЖанр: криминалистика, драма, мистеријаrnrnКреатор: Роберт ДоертиrnrnПремиера: 27 септември 2012rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnБез двоумење можеме да кажеме дека постојат многу интерпретации на најпознатите детективи од фиктивната историја. Но, до пред неколку години никој не можеше ни да си замисли како би изгледал модерниот Шерлок Холмс. Благодарение на брилијантната ТВ серија „Шерлок“ од „BBC“ во 2010 година тоа целосно се смени. Гледајќи го успехот кој таа го постигна низ целиот свет „CBS“ реши да направи своја верзија од најпопуларните ликови на Конан Дојл. Тие сакајќи да внесат нешто сосема ново во оваа добро позната приказна, ги изненадија сите фанови на Шерлок Холмс со воведување на „мала“ промена во ликот на Џон Вотсон.
Сè започнува со посетата на Џејн Вотсон (Луси Лу) која треба да биде новиот „трезен придружник“ на Шерлок Холмс (Џони Ли Милер). Неговиот татко ја најмил бидејќи бил загрижен за Холмс кој избегал од центарот за рехабилитација истиот ден кога требало да биде отпуштен. Работата на Вотсон е да му помогне што побрзо да се навикне на преминот кон нормалниот начин на живеење и да не дозволи тој повторно да ѝ се врати на дрогата.
Холмс работел како советник во Скотлант Јард, но бидејќи под влијание на татко му сега е во Њујорк, тој решил да ја продолжи својата работа тука. Поради тоа Вотсон и Холмс заедно се упатуваат кон најновото место на злосторство и бидејќи нивниот однос како придружник-клиент е доверлив, тој виде одлична шанса да си поигра со неа така што ја претстави како негов личен слуга на капетанот Тоби Грегсон (Ејдан Квин). Вотсон истовремено е и фасцинирана и фрустрирана од неговите постапки, како и од начинот на кој тој инстантно ги „чита“ луѓето околу него. 
И покрај тоа што нивниот почеток ќе тргне во сосема погрешна насока и таа нема да сака повеќе да биде негов придружник, Холмс ќе сфати дека нејзиното присуство многу му помага при решавање на случаите и ќе направи сè што може за да ја задржи покрај себе. Уште на првата сцена кога ќе ги видите овие двајца заедно ќе ја забележите одличната хемија која се појавува меѓу нив. Мислите дека знаете како ќе продолжи приказната? Не претпоставувајте ништо… Неочекуваните пресврти ќе продолжат да ве изненадуваат до самиот крај.
Доколку сте фан на незаборавниот Шерлок Холмс погледнете ја и оваа преработка. Ви ветуваме дека со само една епизода таа ќе успее да ги надмине сите ваши очекувања.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Музејот на Шерлок Холмс
Музејот на Шерлок Холмс е всушност куќата на легендарниот фиктивен детектив од приказните напишани од Сер Артур Конан Дојл, која се наоѓа во Лондон. Според авторот, Шерлок Холмс и докторот Џон Ватсон живееле на адреса „Baker Street“ 221б во периодот помеѓу 1881 до 1904 година.rnrn
rnrnВо музејот на првиот кат се наоѓа продавница за сувенири, која е преполна со многу интересни и инспиративни подароци. Можете да купите качкет, луле, приврзоци, мали сувенири со ликовите и слично. На вториот кат од музејот се наоѓаат собата на Ватсон, канцеларијата на Шерлок Холмс и дневната соба. На третиот кат има восочни фигури од сите ликови, прикажани преку некои сцени од книгите.rnrn



















rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


Улоги: