КАФЕ ПАУЗА

Tag: Шекспир

  • 3 познати филмови кои не сте знаеле дека се базираат на Шекспировите драми

    3 познати филмови кои не сте знаеле дека се базираат на Шекспировите драми

    Пред точно 400 години згаснал животот на најблескавата ѕвезда на англиското книжевно небо – Вилијам Шекспир. Но, тој иако веќе 4 века не гази по Земјиното тло, неговите дела сè уште живеат и се повеќе од присутни во уметноста на современото општество. За тоа е заслужна неверојатната способност за метаморфоза што ја имаат делата на овој великан на англиската драма. Тоа значи дека размислувањата за љубовта, предавството, неправдата и одмаздата што Шекспир ги изложил на уникатен и неповторлив начин имаат валидно значење и примена и ден денес иако поминало толку многу време.rnrn3 познати филмови кои не сте знаеле дека се базираат на Шекспировите драмиrnrnТоа најдобро може да се согледа од неговото влијание врз современата уметност било да се работи за театар, филм, литература или сликарство. Сигурно ќе се изненадите ако дознаете дека токму вашиот омилен филм се базира на некоја од Шекспировите драми. Ова се трите филмски хитови кои сигурно не сте знаеле дека се инспирирани токму од големиот Шекспир:rn

    1. Таа е момче (She’s The Man)

    rnИнспирирано од: „Дванаесеттата ноќ“rnrnПроменете го само бродоломот со тргнување во ново училиште и Шекспировата приказна за промена на полот, маскирање и љубовни триаголници станува соодветна за новата генерација.rnrnВо оригиналната комедија од Шекспир, младата Виола се разделува од нејзиниот брат близнак откако ќе доживеат бродолом и се маскира во младото момче Цезарио. Во текот на нејзината глума таа се заљубува во богатиот војвода, кај кого исто така почнуваат да се раѓаат чувства за Виола.rnrnАманда Бајнс ја презема улогата на Виола во оваа адаптирана средношколска верзија и се претставува како нејзиниот брат за да може да игра во машкиот фудбалски тим. Можеби филмот не го постигна предвидениот успех, но секако не можеме да го обвиниме Шекспир за тоа.rnrn3 познати филмови кои не сте знаеле дека се базираат на Шекспировите драмиrn

    2. Кралот лав (The Lion King)

    rnИнспирирано од: „Хамлет“rnrnСуштината на приказната и неколкуте клучни моменти остануваат непроменети, само заменете ја Данска со африканска савана и луѓето со животни (претежно лавови). Нормално е да не се забележи врската помеѓу „Хамлет“ и „Кралот Лав“ бидејќи не може на Шекспир целосно да му се препише идејата за „лошиот чичко“.rnНо, секој љубител на театарот ќе може да ги направи следниве паралели: Гордиот крал (Муфаса) е „случајно“ убиен од неговиот злобен и алчен брат (Скар), и по некое време надвор од кралството, принцот кој е вистинскиот престолонаследник (Симба), се враќа назад за да ја обелодени вистината.rnrnВо филмот дури е прикажан и духот на Муфаса, како и зборлестите пријатели на Симба, Тимон и Пумба (односно Розенкранц и Гилденстерн според оригиналот).rnrnИако оваа адаптација е збогатена со музички елементи и среќен крај, сепак јасно е дека се работи за „Хамлет“.rnrn3 познати филмови кои не сте знаеле дека се базираат на Шекспировите драмиrn

    3. 10 работи што ги мразам кај тебе (10 Things I Hate About You)

    rnИнспирирано од: „Скротувањето на фуријата“rnrnМладата Бјанка бара партнер за матурската вечер, но родителите не дозволуваат да оди без нејзината постара, посериозна и „поздодевна“ сестра Кет. И кое е решението? Да се најде партнер и за неа.rnrnИдејата на овој филм е многу едноставна: Направи средношколска романтична комедија со што повеќе убави луѓе и тинејџерите можеби и ќе успеат да изгледаат една драма на Шекспир. Планот се покажа како успешен најверојатно поради тоа што самиот филм беше добар и поткрепен од неоспорливите таленти на Хит Леџер и Џесика Стајлс.rnrn3 познати филмови кои не сте знаеле дека се базираат на Шекспировите драмиrnrnТука доаѓаме до еден неверојатен заклучок: Вилијам Шекспир е главниот виновник за создавањето на филмскиот жанр средношколска комедија.

  • Траги-комедии

    Траги-комедии

    Надвор дожд и грмотевици, тебе и онака денот ти е ужас, сè ти тргнало наопаку, сегде доцниш, ништо не правиш како што треба, па си велиш сценава баш се поклопува со времево надвор, поужасно не можеше да биде. Од друга страна, на исто такво време можеш да бидеш неверојатно среќен/на, сè ти оди како подмачкано, дождот не ти смета, напротив, си велиш, баш добро денес што заврна ќе си шетам надвор по дождот, си ја пееш „Кој си носи чадорче“, ти си најсреќната особа на светов. На времето работа му е да врне, да се менува, да грее сонце, а ние да се поистоветуваме со истото, како да е небаре поврзано со нашата судбина. rnrnТраги-комедииrnrnМногу често времето управува со нас, како лондончаните, се појавува еден од тие ретките моменти кога грее сонце а не истура дожд, и се чувствуваат како преродени. Да се чудиш колку на твоето расположение може да влијае времето, но од друга страна, колку ти можеш да влијаеш врз сопствената психа, како самиот ти ќе ги доживееш тие временски услови. Се рекло, има луѓе кои го чувствуваат дождот, а другите само се наводенуваат“.rnrnИма едно нешто за кое гарантирам дека човек со најсилна психа не може да го издржи. Тој може да учествува на некаков ритуал на секти и да излезе од таму без ментални оштетувања, ама дај му на истиот човек да гледа неколку епизоди од турските серии по ред, ќе се уништи кутриот. Ма нема сега само турски, има и индиски. Музиката те мава во глава, ти зуе во мозокот, ти се чини ќе експлодираш во секој момент. И ние тоа го гледаме. Нашата нација групно се труе во просек 4 часа дневно. Па не сме здрави, кого залажуваме. Сцена на тортура, морам да го дојадам колачот на баба, се трудела жената и плус ми го направила омилениот, со вишни, леле, леле. Во секоја друга прилика би ми дошло прсти да излижам, ама ела да те видам објасни ѝ дека капацитетот ми е толкав, после зелникот, па питата, и уште кога ќе помислам дека слатко ме чека. Капак на сè, мора да сум во иста просторија за да се увери дека јадам. Бабо не можам веќе, е неразбирлив израз. А во таа просторија ечат серии, ти се чини дека после тоа за ниедна психичка функција нема да си способен.rnrnАгата Кристи кажала дека доколку не ги пишувала своите книги, најверојатно ќе била шизофреничар, всушност книгите ѝ помагале да се ослободи од стресот. Па не знам кој таму писател бил по малку „однесен“, некој поет последните денови од својот живот ги минал во лудница… Чекај, значи во многу случаи овие надарениве генијалци биле на работ пред „шизнување“ или веќе биле „шизнати“. Ја паметам книгата „Чекајќи го Годо“, уште една тортура, цела книга го чекаа и мислам дека на крај не дојде. А да не го спомнувам љубовниот триаголник на Шекспир, човеков, барем според мене, бил чист генијалец, ама ако не бил заглавен помеѓу љубовта кон проститутката и згодниот младич, ќе бил само обичен човек без никакво значење за светот.rnrnТогаш Шекспир остро се противел на верувањето дека само белите девојки, со сини очи и плави коси се убави. Изреволтиран пишувал за лажните убавици кои премногу се шминкале за да имаат бело лице. О, Шекспире, дојди живеј во денешно време, пишувај за „тортите“ кои се шетаат по улица. Кај нас денес сè е убаво, црно, плаво, кафено, сè додека е добро нашминкано, можеби не се служиме со корсети, ама мил мој Шекспир, имаме силикони, ха! Тој го згрешил времето во кое живеел, требало покасно да се роди.rnrnАко некој во денешно време сака да ја опише убавината на една девојка, тоа би звучело вака некако:rn
    rn

    Секси слика на профил имаше таа, ах убавино, ах голотио, ах тесни хеланки твои!rnrnЛајкови и коментари се множеа дневно, будно стоев на нејзиниот профил ко ноќна птица,rnrnЧекајќи нова слика да ме осамне, мене, кутриот, мене јадниот, грешна душа!…

    rnФејл, ама мислам дека пораката е јасна, тоа е поентата… Заклучок: прифатете ги промените, нови времиња, тоа е тоа, можеби и супер ни е вака, којзнае што доаѓа во иднина!rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни факти поврзани со англискиот јазик и цивилизација

    Интересни факти поврзани со англискиот јазик и цивилизација

    По повод европскиот ден на јазиците, ви нудиме интересни факти поврзани со англискиот јазик и цивилизација. За некои од нив можеби веќе сте чуле, други ќе ве изненадат дури и зачудат.rnrn1. Над 700 милиони луѓе ширум светот го зборуваат англискиот како странски јазик.rnrn2. Светски познатото име Big Ben не се однесува на часовникот туку на едно од ѕвончињата.Интересни факти поврзани со англискиот јазик и цивилизација3. Една легенда вели дека ако одлетаат гавраните кои стојат на кулата во Лондон, ќе падне британското кралство.rnrn4. Првата продавница за топло чоколадо во Лондон била отворена од страна на еден Французин во 1657 година и во тоа време топлото чоколадо бил пијалак на елитната класа.rnrn5. Лондонското метро е првата урбана подземна железница која датира од 1863 година.rnrn6. Годишно се губат околу 80.000 чадори во лондонското метро.rnrn7. Во Англија има над 30.000 луѓе кои се викаат Џон Смит.rnrn8. Порција риба и помфрит или fish and chips, е еден од традиционалните англиски оброци, а првиот ресторан за вакви оброци бил отворен во 1860 година од страна на еврејски имигрант.Интересни факти поврзани со англискиот јазик и цивилизација9. Битлсите се најпознат англиски бенд во историјата, со 6 дијамантски, 24 мултиплатинести, 39 платинести, 45 златни албуми и 27 хитови број еден.rnrn10. Околу 26% од вокабуларот во англискиот јазик е со германско потекло, 4% од лични имиња, 29% од латинско потекло, 29% француско, 6% од зборовите во англискиот јазик имаат грчко потекло и уште 6% од останати јазици.rnrn11. Англискиот сленг Кукни (Cockney) е еден од најинтересните ритмички сленгови. Еден збор се заменува со фраза, без да имаат било каква поврзаност во значење или употреба, на пример зборот stairs станува apples and pears.rnrn12. Вилијам Шекспир е вториот најцитиран писател во англиската литература. Тој донел 3.000 нови зборови во англискиот јазик.Интересни факти поврзани со англискиот јазик и цивилизација13. Окото на Лондон, или The London Eye е највисокото место за набљудување во светот. Со цел да може подобро да се набљудува, окото на Лондон се врти, а секоја негова ротација трае триесетина минути.rnrn14. Вилијам I, познат и како Освојувачот Вилијам кој владеел од 1066 до 1087, донел закон кој наредувал сите да си легнуваат во 8 часот.rnrn15. Во 1945, јато птици слета на стрелките на познатиот часовник, враќајќи го времето 5 минути назад.rnrn16. Авторот на книгите за Џејмс Бонд, Ијан Флеминг бил инспириран за кодот 007 од автобуската линија Кантербери – Лондон 007.rnrn17. Во Англија има повеќе кокошки отколку луѓе.rnrn18. Поштенските марки во Велика Британија се единствени во светот кои не го содржат името на државата.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Шекспирови мисли за животот

    Шекспирови мисли за животот

    Вилијам Шекспир (26.04.1564 – 23.04.1616) бил поет и писател на драми. Тој се смета за национален поет на Англија каде што го нарекуваат „Bard of Avon“ (раскажувачот на приказни од Авон). Неговата неверојатна колекција содржи 38 драми, 154 сонети, две долги наративни поеми и уште неколку други поеми. Неговите драми се преведени на скоро сите јазици во светот и според нив се одржуваат повеќе претстави од кои било други дела.rnrnТоа што го прави Шекспир толку многу посебен е всушност начинот на кој тој размислувал и комплексноста на тие мисли преточени во неговите дела. Оваа уникатна способност одлично се забележува и во наредниве неколку негови мисли за животот…rnrnШекспирови мисли за животот
    rn

    „Будалата се смета себеси за мудар, но мудриот човек знае дека е будала.“

    rnШто всушност добиваме со преценувањето на нашите способности? На тој начин само одбираме сигурен и брз пат до разочарувањето. Секогаш обидувајте се да бидете приземни во однос на вас и вашите способности, бидејќи само на тој начин можете да постигнете вистински успех.rn
    rn

    „Не плашете се од големината: некои луѓе се раѓаат големи, некои стекнуваат големина, а на некои им доделена.“

    rnБез разлика во која од овие 3 категории спаѓате, никогаш не треба да се плашите од големината. Тоа е доблест која малкумина имаат можност да ја доживеат. Прифатете ја и мудро употребете ја за да промените нешто на подобро во светот.rn
    rn

    „Мирот е карактеристичен за фазата на освојувањето. Тогаш двете страни се величествено повлечени, а ниедна страна не е губитник.“

    rnКога се работи за човечкиот живот – мирот во секој случај е добитна комбинација и тоа е она што треба да биде поважно од сè.rnrnШекспирови мисли за животот
    rn

    „На секој човек понудете му го своето уво, но на малкумина вашиот глас.“

    rnДа се биде добар слушател е дарба која не секој ја поседува. Но, тоа не значи дека треба да ја чувате само за вас. Не можете ни да замислите колку можете да помогнете со едноставно ислушување без критикување. Што се однесува до вашите најдлабоки размислувања, тие секогаш чувајте ги само за најблиските…rn
    rn

    „Премногу добро, понекогаш станува лошо.“

    rnСè што е умерено е совршено и тоа се однесува во сите области од животот. На пример, ако се „предозирате“ со вашето омилено чоколадо – потоа нема да можете ни да го мириснете до крајот на вашиот живот. Која е користа од тоа?rn
    rn

    „Човекот е само човек. И најдобрите понекогаш го забораваат тоа.“

    rnСите ние имаме одредени психички и физички ограничувања. Тие се тоа што нè прават луѓе. Не оптеретувајте се премногу, бидејќи на тој начин најмногу ќе страда вашето здравје.rnrnШекспирови мисли за животот
    rn

    „Додека беше херој, го почитував, но кога стана претенциозен, му го завртев грбот.“

    rnПостојат одредени карактеристики кај „хероите“ кои ги привлекуваат подеднакво буквално сите луѓе на светот. Но, ако дозволите славата и моќта да ви удрат во глава – тогаш инстантно ќе ги снема сите тие карактеристики и преку ноќ ќе ја изгубите целата ваша „публика.“rn
    rn

    „Одете кај вашите гради: тропнете таму и прашајте го вашето срце што знае.“

    rnПонекогаш е потребно едноставно да ги исклучите сите „гласови“ во вашата глава и целосно да се опуштите. Во тие моменти тивкиот глас на срцето настапува на сцена и тој ќе ве упати во вистинската насока.rn
    rn

    „Понекогаш правдањето за направената грешка ја прави грешката полоша поради оправдувањето.“

    rnСекогаш цврсто стојте позади вашите дела. Лагите, прикривањата и оправдувањата можат само да ја влошат ситуацијата. Сте направиле грешка? Не е ништо страшно… Признајте ја и гледајте на неа како лекција од животот поради која во иднина во слична ситуација правилно ќе постапите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Одлични животни цитати од најголемите умови

    Одлични животни цитати од најголемите умови

    Некои цитати можат да ни помогнат да погледнеме подлабоко во себе и подобро да се разбереме, да нѐ инспирираат да постигнеме поголемо лично исполнување и да нѐ насочат кон остварувањето на нашите цели. Понекогаш во животот потребно е малку да застанете и да се запрашате до кај сте, што сте направиле досега и што следува понатаму. Доколку не сте онаму каде што сте се замислувале, не обесхрабрувајте се – има доволно време пред вас за сѐ. Имагинацијата, вербата во себе и упорноста, се само неколку работи кои можат да ви помогнат многу во животот. Прочитајте ги овие 10 цитати од големите умови, кои ќе ве инспирираат, но истовремено и ќе ви дадат интересни практични совети.rn

    Ние знаеме што сме, но не и што можеме да бидеме.“ – Шекспир

    rnОдлични животни цитати од најголемите умовиrnrnШекспир, на прашањето што можеме да бидеме ни вели: „Можете да бидете сè“. Вие знаете кои сте моментално, но не секогаш знаете кои можете да бидете. Со доволно цврстина и решителност можете да постигнете сè што ќе си замислите. Размислувањето дека вашиот потенцијал нема граници, е одлична идеја според која може најдобро да се живее.rn

    „Не е вистина дека не успеав. Јас само пронајдов 10.000 нешта кои не функционираат.“ – Томас Едисон

    rnОвој инвентивен гениј ни овозможува да погледнеме на сосема различен начин на нашиот труд, кога изгледа како тој да не ни носи резултати. Упорноста во разочарувачките моменти, е клучот на успехот. Ако не го доживувате вашиот труд како залудно потрошен, туку само како нешто што „не профункционирало“ доволно добро во моментот, тоа може да ви помогне да продолжите напред, сѐ додека не најдете совршено решение на проблемот.rn

    Мозокот е поширок од небото.“ – Емили Дикинсон

    rnОдлични животни цитати од најголемите умовиrnrnОна што Емили пробува да ни го каже преку овој цитат е моќта на човечката имагинација. Во нашиот ум ние можеме да патуваме каде било на Земјата, па и подалеку, до самиот крај на универзумот. Нашиот мозок нема граници, поголемиот број од препреките низ животот си ги создаваме самите. Доколку успеете да се препуштите на вашата имагинација, побрзо ќе пристигнувате до решенијата на секојдневните проблеми.rn

    „Големите духови честопати можат да им се спротивстават на насилните, просечни умови.“ – Алберт Ајнштајн

    rnЧесто во нашиот живот сретнуваме луѓе кои пробуваат да нѐ исфрлат од нашиот пат и да го преземат нашето место со сила. Овој цитат од Ајнштајн нѐ потсетува да не се откажуваме при првата препрека на која ќе наидеме, без разлика колку невозможна ни изгледа за поминување. Доколку цврсто се придржувате до вашите верувања, ќе успеете да постигнете сѐ што сте си замислиле.rn

    Создадени сме така, да можеме да извлекуваме интензивно задоволство кога им се спротивставуваме на нештата, а многу мало од самите нешта такви какви што се.“ – Сигмунд Фројд

    rnОдлични животни цитати од најголемите умовиrnrnОвој цитат ни овозможува да погледнеме подлабоко во човечката желба за иновација. Монотонијата е досадна, а промените ни овозможуваат да се чувствуваме живи. Никогаш не плашете се да направите промена, бидејќи можеби токму тоа ви недостасува за да се чувствувате подобро.rn

    Не постанувајте ништожен бележник на факти, обидете се да ја откриете мистеријата зад нивното настанување.“ – Иван Павлов

    rnПсихологот Павлов кој е и добитник на Нобелова награда, навистина успеал да ја открие мистеријата на човечкото однесување и овој цитат го доловува токму тоа. Без разлика дали сте научник или не, гледањето длабоко под површината на работите, е одличен совет за животот. Дури и сфаќањето на секојдневните „мистерии“ кои се случуваат околу вас, може многу да ви помогне во одржувањето на кондицијата на вашиот мозок.rn

    Јас не сум обврзан да успеам, но сум обврзан да се издигнам до светлината која ја поседувам.“ – Абрахам Линколн

    rnОдлични животни цитати од најголемите умовиrnrnСите ние се стремиме да го постигнеме внатрешниот потенцијал кој го имаме, без разлика дали тоа ќе ни донесе позитивни резултати. „Светлината која ја поседуваме“ е нашата уникатна способност да станеме најдобри што можеме да бидеме. Секогаш верувајте во себе!rn

    Најголемото откритие во мојата генерација е дека луѓето можат да си ги променат нивните животи доколку го променат нивниот начин на размислување.“ – Вилијам Џејмс

    rnСите ние можеме целосно да си го промениме животот, доколку почнеме на различен начин да ги интерпретираме настаните кои ни се случуваат. Доволно е да внесете малку повеќе оптимизам во вашиот живот и веќе сте тргнати на подобар и посреќен пат.rn

    Многу учење не нѐ учи повеќе да разбираме.“ –  Хераклит

    rnОдлични животни цитати од најголемите умовиrnrnПостојат многу начини на сфаќање и разбирање на светот и идејата на Хераклит е дека способноста да поминуваме добро во училиште или на факултет, не е единствената мерка за висока интелигенција. Понекогаш треба да се погледне и надвор од она што го пишува во учебниците, за да може да се разбере целосноста на предметот.rn

    Мора да научиме да живееме заедно како браќа или да исчезнеме заедно како будали.“ – Мартин Лутер Кинг Јуниор

    rnНадминувањето на вештачките граници кои создаваат поделби помеѓу слободно формираните групи, може да се случи доколку научиме да ги цениме разликите помеѓу луѓето со различна историја или перспектива. Мартин смета дека доколку поделбата се базира врз раса, пол, религија, години или други социјално дефинирани категории, тогаш воопшто не заслужуваме да живееме, бидејќи тоа само ќе нѐ кочи во животот. Потрудете се да ги елиминирате вашите предрасуди. Тие влијаат на мотивацијата и шансата за успех кај вас и кај луѓето околу вас.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.