КАФЕ ПАУЗА

Tag: шатор

  • Стаклен шатор за двајца во кој ќе се вљубат и оние кои не сакаат кампување

    Стаклен шатор за двајца во кој ќе се вљубат и оние кои не сакаат кампување

    The Ranch Therapy е идеално место за бегство од секојдневниот живот. Тоа е луксузно место за кампување сместено во центарот на Порторико. Куќичките се направени во форма на шатор со стаклени ѕидови кои даваат прекрасен поглед кон спектакуларните планини. Има кревет за две лица.rnrnИма и кујна на отворено со сите потребни уреди за подготовка на вкусна храна. Исто така има и надворешна бања, базен, но и модерно џакузи за опуштање. На терасата има лежалки за апсорбирање на сончевите зраци.rnrnОсвен тоа, има и кревет за масажа кој морате да го резервирате однапред. Оваа дестинација е многу популарна на Airbnb, a следните слободни места се дури во ноември 2021 година.rnrnrnrnСтаклен шатор за двајца во кој ќе се вљубат и оние кои не сакаат кампувањеrnrnСтаклен шатор за двајца во кој ќе се вљубат и оние кои не сакаат кампувањеrnrnrnrnrnrnСтаклен шатор за двајца во кој ќе се вљубат и оние кои не сакаат кампувањеrnrnПогледнете го најшареното езеро во светот: нереална убавина што може да ја создаде само природата.

  • 4 добри причини да спиете под ведро небо

    4 добри причини да спиете под ведро небо

    Ако поминете само една ноќ во шатор или во вреќа за спиење под ѕвездите, вашето тело и вашиот ум ќе ви бидат неизмерно благодарни. Сонот е основна човечка потреба, но и еден од важните показатели за целокупното здравје. Фактот дека поминуваме една третина од животот во спиење е доволен доказ за тоа колку е потребен здравиот сон за физичката и за менталната благосостојба. Меѓутоа, во ова модерно време кога владее стравот од пропуштање информации од Интернет, луѓето сè повеќе се откажуваат од сонот.rnrn4 добри причини да спиете под ведро небоrnrnМногубројни истражувања спроведени низ целиот свет докажаа дека добриот, квалитетен сон е најмоќниот природен рецепт за физичка и за духовна обнова, а денес може да го добиете ако поминете една ноќ во природа, надвор од допирот на цивилизацијата и на нејзината индустриски погодност.rn

    1. Тоа е природен лек против несоница

    rnИстражувањата од Универзитетот во Колорадо откриле дека вештачката светлина во голема мера ја диктира количината на сон кај луѓето. Поради светлината на екраните на електронските уреди се намалува нивото на мелатонин, па останувате будни подолго и често се будите порано отколку што треба. Само еден викенд поминат на отворено и изложувањето на природна светлина ќе бидат доволни за да се врати човечкиот „внатрешен часовник“ во нормала, а непроспиените ноќи ќе станат минато.rn

    2. Го подобрува расположението и го намалува нивото на стрес

    rnАко погледнете подалеку од вашиот мобилен телефон, ќе ја видите прекрасната околина околу вас. Докажано е дека зелената боја на природата има позитивен ефект врз здравјето на луѓето, го намалува крвниот притисок и го смирува нервниот систем, а тивките звуци од полињата и од шумите го ублажуваат стресот и го подобруваат расположението. Замислете дека докторот ви препишал да поминете цел ден во шумата. Опуштете се и без причина гледајте ги дрвјата со часови и дишете со полни гради. Истата ноќ ќе потонете во мирен сон и ќе се разбудите свежи и одморени.rn

    3. Ги подобрува когнитивните способности

    rnЕдно јапонско истражување докажа дека само два часа дневно поминати во шума имаат значителен ефект врз човечкото тело и врз имунитетот, додека викенд поминат во вреќа за спиење на отворено може да ја зајакне имунолошката активност, да ги ублажи симптомите на некои болести и да го забрза закрепнувањето. Освен што спиењето на свеж воздух ве заштитува од настинки, тоа го забрзува метаболизмот и ви помага да го намалите вишокот килограми. За време на студените ноќи, телото само се обидува да се загрее и ја троши т.н. кафеава маст што ги согорува калориите во форма на топлина.rn

    4. Ви помага да најдете внатрешен мир

    rnЗа да можете да се справите со сите проблеми што животот ви ги наметнува, треба одвреме-навреме да се исклучите од сè и да се дружите со себе. Викенд патувањето во природа и кампувањето со некоја блиска личност или со семејството ќе ви помогнат да се чувствувате живо и одморено. Гледајте ги ѕвездите пред спиење, потсетете се на интересните настани од детството, мислете на сопствените желби што никогаш не сте ги постигнале и целите што сакате да ги постигнете. Повторно поврзете се со себе.rnrnДури и ако се плашите да спиете на отворено, една вечер помината во природа би можела да ве премисли.rnrnПрочитајте зошто попладневното спиење не е добра идеја.

  • Направете сами: Шатор за вашата мачка

    Направете сами: Шатор за вашата мачка

    Покажете ѝ дека се грижите и израдувајте ја вашата мачка така што ќе направите самите прекрасен и необичен шатор за неа. Можеби нема да ви признае дека ѝ се допаѓа, но не изненадувајте се, тоа не е во природата на мачките. Сепак, тоа не значи дека нема да ужива! Испробајте ја оваа идеја и погледнете како ќе реагира.rnrnНаправете сами: Шатор за вашата мачкаrn

    Потребни материјали:

    rn

      rn011

    • Маица со средна големина
    • rn011

    • Картон со димензии од околу 40×40 сантиметри
    • rn011

    • Жица (може и закачалка)
    • rn011

    • Широка леплива трака
    • rn011

    • Безопасни игли
    • rn011

    • Алат со кој ќе ја исечете жицата (клешти или слично)
    • rn

    rn

    Начин на изработка:

    rn

    Исечете ја жицата

    rnАко користите закачалки, тогаш отсечете ги држачите со кои се закачува закачалката.rnrnНаправете сами: Шатор за вашата мачкаrn

    Свиткајте ја жицата и зајакнете го картонот

    rnСвиткајте ја жицата така што ќе има полукружен облик и ќе се протега од едниот до другиот спротивен (дијагонален) агол на картонот. Трудете се и двете жици да добијат ист облик. Сега треба да го зајакнете картонот. Ако е потребно, залепете со леплива лента.rnrnНаправете сами: Шатор за вашата мачкаrnrnНаправете сами: Шатор за вашата мачкаrn

    Направете дупки во аглите на картонот

    rnЗа правење на овие дупки можете да ги користите отсечените држачи од закачалките. Настојувајте дупките да се барем 1,5 сантиметри оддалечени од краевите на картонот и да не бидат премногу големи.rnrnНаправете сами: Шатор за вашата мачкаrn

    Спојте ги жиците

    rnВкрстете ги жиците, пазејќи сите четири краеви да лежат на рамна површина. Со лента добро измотајте го местото каде што се пресекуваат, за да не се мрдаат. Вметнете ги краевите низ дупките кои ги направивте на аглите на краевите.rnrnНаправете сами: Шатор за вашата мачкаrnrnНаправете сами: Шатор за вашата мачкаrnrnПродолжете на следната страница за останатите инструкции…rn

  • Авантуристи, ова е дел од местата каде сонувате да го поставите својот шатор. Зар не?

    Авантуристи, ова е дел од местата каде сонувате да го поставите својот шатор. Зар не?

    Секој авантурист и љубител на природата сака нови предизвици на нови места каде може да си го постави својот шатор и да ужива во недопрените предели на земјата. Доколку и вие се водите по мотото „домот е онаму каде ќе го поставите шаторот“, ова се места кои ако ги немате посетено, задолжително треба да се најдат на вашата патувачка карта.rnrn

    Националниот парк Арки, Јута
    Националниот парк Арки, Јута
    rnrn
    Крај Езерото Рос, Вашингтон
    Крај Езерото Рос, Вашингтон
    rnrn
    Националниот парк Џошуа Три, Југоисточна Калифорнија
    Националниот парк Џошуа Три, Југоисточна Калифорнија
    rnrn

  • Шатори со кои ќе се чувствувате како да спиете во облаците

    Шатори со кои ќе се чувствувате како да спиете во облаците

    Спиењето под отворено ѕвездено небо и онака е одлична идеја, ама со овие шатори тоа изгледа неверојатно. Тие ќе ве кренат неколку метри над земјата, доближувајќи ве поблиску до ѕвездите и давајќи ви чувство дека тие се на дофат. Сè што ви треба во таква ситуација е да најдете дрвја на идеална оддалеченост за да го поставите шаторот, а потоа… кој би можел потоа да заспие со таква глетка?rnrnШатори со кои ќе се чувствувате како да спиете во облацитеrnrnРазни стилови и дизајни на висечки шатори по различни цени можете да најдете на Eagles Nest Outfitters, Tentsile и Clark Jungle Hammock. Нивниот избор е доволно голем за да ве направат среќен кампер.rnrn

  • Неверојатни утрински планински пејзажи направени од внатрешноста на шатор

    Неверојатни утрински планински пејзажи направени од внатрешноста на шатор

    Замислете ја нареднава сцена. Се будите и од другата страна на вашиот кревет ве пречекуваат прекрасни планински изгрејсонца, опкружени со бистри извори и сино небо. Рускиот фотограф Олег Григориев нè носи на прошетка низ планините во својата серија фотографии наречена „Утрински погледи од шаторот“, во која тој ни ги покажува прекрасните пејзажи кои се на само еден чекор од него.rnrnНеверојатни утрински планински пејзажи направени од внатрешноста на шаторrnrnФотографиите се направени на планината Фан во Таџикистан од кампови кои се наоѓаат и до 4.700 метри надморска височина во околина каде што планините се извишуваат и до 5,5 километри надморска височина. Со оглед на нивната височина, воопшто не нè изненадува тоа што го гледаме Григориев како на секоја фотографија си ги одмара своите нозе.rnrn

    rnrnНеверојатни утрински планински пејзажи направени од внатрешноста на шаторrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кампувајте во шатор поставен високо во дрвјата

    Кампувајте во шатор поставен високо во дрвјата

    Концептот шатор на дрво е резултат од 3-годишен труд придружен со голем број истражувања. Тимот кој работел на проектот имал идеја да развие ефикасна структура од издржливи материјали. По макотрпната работа, резултатот бил шатор кој е подготвен за кое било време од годината, а може да биде користен за различни активности, како одмарање, истражување, заштита или пак, за едукација.Кампувајте во шатор поставен високо во дрвјатаШаторот е лесен и водоотпорен, составен е од 100% памучно платно и може да ви пружи удобно засолниште, додека пак тркалезната структура хармонично се вклопува во дрвјата. Со својата големина од 3 метри во дијаметар, има доволно простор за удобно сместување на двајца возрасни. Ова експертски изработено ремек-дело ќе ве чини 13.000 долари.Кампувајте во шатор поставен високо во дрвјата Кампувајте во шатор поставен високо во дрвјата Кампувајте во шатор поставен високо во дрвјата Кампувајте во шатор поставен високо во дрвјата Кампувајте во шатор поставен високо во дрвјата Кампувајте во шатор поставен високо во дрвјата Кампувајте во шатор поставен високо во дрвјата Кампувајте во шатор поставен високо во дрвјата Кампувајте во шатор поставен високо во дрвјата Кампувајте во шатор поставен високо во дрвјата Кампувајте во шатор поставен високо во дрвјата Кампувајте во шатор поставен високо во дрвјата
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мини Купер за кампување

    Мини Купер за кампување

    Кога оди на кампување со Мини Купер Кантримен АЛЛ4, возачот не мора многу да се труди да пронајде идеално место за поставување на шаторот. Тој е сместен на покривот на автомобилот, така што тој треба само да најде пријатно место со глетка со каква што би сакал да се разбуди.rnrnМини Купер за кампувањеrnrnПогонот на сите четири тркала му овозможува на Мини Куперот лесно да се движи по тешки и нерамни терени. Шаторот на неговиот покрив воопшто не претставува товар затоа што е лесен, а може и да се собере кога не е неопходен.rnrnМини Купер за кампување Мини Купер за кампување Мини Купер за кампување Мини Купер за кампување Мини Купер за кампување Мини Купер за кампување Мини Купер за кампување Мини Купер за кампувањеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Највозбудливите места за секс на отворено

    Највозбудливите места за секс на отворено

    Кога станува збор за сексот, нема ништо повозбудливо од пробување на нешто ново, а летниот период е совршено време да уживате во посебни моменти на страст и возбуда на отворено. Следниве неколку предлози според многу анкети се убедливо највозбудливи.rnrnНајвозбудливите места за секс на отвореноrn

    Секс во автомобил

    rnВлезете во автомобилот со партнерот и упатете се на некое „недозволено место“. Препорачливо е да облечете облека која полесно се соблекува, бидејќи времето и просторот малку ќе ве ограничуваат. Пуштете го радиото, затворете ги прозорите и препуштете се на атмосферата. Покасно отворете ги прозорите за свежиот воздух, да ја олади вжештената атмосфера.rn

    Секс на плажа

    rnОва лето, не шетајте по главната трговска улица на местото каде што сте сместени, туку впуштете се во авантура барајќи интимна плажа, за нова авантура. Понесете си некоја прекривка.rnrnНајвозбудливите места за секс на отвореноrn

    Секс во шатор

    rnДоколку ова лето, кампувањето е на вашиот список со задолжителни активности, не заборавајте во патната торба да го спакувате и чувството на спонтаност. Додека се препуштате на страста опкружени со чиста природа, внимавајте да не ги разбудите останатите кампери или некое диво животно.rn

    Секс на балкон

    rnОва е веќе поекстремно. За ова не треба да заминете никаде, но треба да бидете внимателни, бидејќи може да настане незгодна ситуација, доколку некој сосед ве забележи. Чекајте сите да заспијат, а чувството дека правите нешто забрането и дека некој може да ве види, ќе ја крене температурата до максимум.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Супер дизајнирани шатори за позабавно кампување

    Супер дизајнирани шатори за позабавно кампување

    Компанијата „Fieldcandy“ конечно го направи првиот чекор и ја разби бескрајната монотонија во дизајнот на шаторите. Наместо вообичаениот изглед чија цел е камуфлажа и целосно претопување со природата или останатите шатори на кампот, ова ограничено издание шатори овозможува да бидете забележани во околината.Супер дизајнирани шатори за позабавно кампувањеПроцесот на создавање на овие дизајни траел цели две години. За таа цел од „Fieldcandy“ собрале тим од 20 луѓе, во кој имало графички дизајнери, бренд дизајнери, илустратори и фотографи. Сите шатори се екстра лесни, не пропуштаат вода и се наменети за двајца. Цените за еден шатор се движат од 430 до 1000 долари, а некои од нив веќе се распродадени.Супер дизајнирани шатори за позабавно кампувањеСупер дизајнирани шатори за позабавно кампувањеСупер дизајнирани шатори за позабавно кампувањеСупер дизајнирани шатори за позабавно кампувањеСупер дизајнирани шатори за позабавно кампувањеСупер дизајнирани шатори за позабавно кампувањеСупер дизајнирани шатори за позабавно кампувањеСупер дизајнирани шатори за позабавно кампувањеСупер дизајнирани шатори за позабавно кампувањеСупер дизајнирани шатори за позабавно кампувањеСупер дизајнирани шатори за позабавно кампувањеСупер дизајнирани шатори за позабавно кампувањеСупер дизајнирани шатори за позабавно кампувањеСупер дизајнирани шатори за позабавно кампувањеСупер дизајнирани шатори за позабавно кампувањеСупер дизајнирани шатори за позабавно кампување
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.