На самиот југ на Индија, во градот Мадураи, невообичаено убавиот хиндуистички храм наречен Меенакши го привлече вниманието. Тоа е голем комплекс со неколку згради поврзани со ѕид и во рамките на кој можат да се соберат илјадници луѓе.rnrnrnrnСамото име Меенакши е малку невообичаено, бидејќи значи нешто како рибни очи и се верува дека има некаква врска со хиндуистичка божица која беше наречена „мајка со убави рибини очи“. Ова не е крај на невообичаени верувања и следува друго, но без кикотење, ве молиме!rnrnОваа божица била дете на кралот Малајадахваја кој им се молел на боговите за син и наследник. Но, кога таа родила бебе, тоа било девојче со три гради. Кралот бил многу потресен и загрижен за оваа телесна деформација, но боговите му објасниле да не се грижи, туку да ја одгледува како храбра воинка, како што би израснал и син. Таа ќе освои бројни територии и ќе го прошири кралството, а кога ќе се сретне со љубовта на нејзиниот живот, ќе и падне третата дојка. Кралот го сторил тоа, а Меенакши се покажала како одлична воинка. Кога тргнала на север со војската, се соочила со богот Шива и кога го видела, ја изгубила и третата дојка. Лорд Вишну се оженил со неа во градот Мадураи, каде владееле како крал и кралица.rnrnrnrnХрамот посветен на божицата Меенакши е изграден на почетокот на 13 век од кралот Куласекара Панди, кого античките текстови го нарекуваат и поет. Некои историчари ја нагласуваат важноста на матријалната традиција во јужна Индија, според чии верувања духовните сили им припаѓаат на жените.rnrnХрамот го преживеа нападот на непријателската армија, така што неговиот денешен изглед е всушност резултат на реновирање, надградувања и проширувања во 16 век.rnrnНајголемите храмови имаат над 15 ката, а надворешноста е целосно покриена со скулптури во разни бои, од кои некои изгледаат весело, а некои малку демонски. Ги има над 1500 од нив во еден храм, а вкупно дури 30 000 во целиот комплекс. Затоа, ако сакате да ги разгледате подетално сите, можеби е подобро да земете сместување во близина.rnrnНа екот на сезоната, го посетуваат околу 20 000 туристи за еден ден, а денес е место кое сите го обожаваат за време на фестивалот Меенакши Тирукалјанам, кој трае десет дена во април и овде над милион верници прават аџилак.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПогледнете кои5 волшебни дестинации во Индија привлекуваат најмногу туристи.
Со сигурност секоја нова сезона посакувате во својот секојдневен изглед да внесете некоја новина. Промената на фризурата и бојата на косата можат да бидат одличен избор, но само за оние дами кои се сигурни во тоа, а ние веруваме дека многу од вас попрво би се одлучиле за промени во стилот и воведување нови трендови кои доаѓаат токму со новата сезона. Сепак, најдобриот начин да го освежите вашиот стајлинг, а да не правите никакви драстични промени, ниту во стилот, ниту во изгледот е да изберете обувки во некоја весела боја.rnrnrnrnОва би можело да биде одлична идеја за сите оние жени кои ги сакаат боите, ги сакаат оригиналните аутфити и не им е грижа да ја покажат својата оригиналност. Затоа оваа пролет можете да видите како тротоарите се шарени со лесни и брзи женски чекори.rnrnДоколку досега сте биле приврзани само за класичните бои на чевли како што се црната и кремот, тогаш во почетокот можеби би ви било тешко да се одлучите за некоја друга боја која би можеле да ја носите на вашите чевли. Можеби ќе ви делува чудно за на работа или некоја друг формална прилика да облечете вакви обувки, но навистина нема потреба да чувствувате никаков притисок, бидејќи чевлите во боја стануваат задолжителни исто како пар црни или крем чевли.rnrnrnrnКога ја избирате бојата на чевлите започнете од тоа избраната боја да биде најблиска до јачината која најмногу ви пријае. Доколку имате некоја омилена боја, тогаш првиот пар нека биде токму во таа боја. Така најлесно ќе се одлучите, но и ќе ги комбинирате со гардеробата која веќе ја имате.rnrnrnrnЦрвените чевли или сандали се секогаш совршен избор, бидејќи секоја комбинација ја подигнуваат на повисоко ниво. Дури и кога немате ниту еден друг црвен детаљ на себе, секогаш можете да ги споите со црвен лак или кармин. Тие сами по себе се толку ефективни и елегантни што воопшто нема потреба да барате каков било неопходен спој. Црвената облека доаѓа во обѕир во секаков облик. Чевлите можете секогаш да ги носите, во текот на целата година, а лесно се комбинираат со фармерки и бела блуза, но и со елегантни фустани и костими.rnrnrnrnКога избирате сини чевли,тогаш не би било лошо да ги изберете оние во кралско сина боја или индиго, бидејќи тие нијанси даваат доза елеганција. И оваа боја на чевли можете да ја комбинирате со сите останати бои, бидејќи сината сама по себе е лесна за комбинирање, дури и покрај тоа што оваа нијанса припаѓа на оние поинтензивните. Сјајно се комбинира и со различни дезени и затоа не плашете се креативно да си поиграте со шарите и принтовите.rnrnrnrnЖолтите чевли се можеби поретка појава и поредок избор на жените, но кога ќе погледнете колку добро се комбинираат со другите бои ќе признаете дека и вие би сакале да ги носите. Можете да ги комбинирате како и сите останати бои со фармерки и сите еднобојни материјали, но и со интересни дезени кои во спој со жолтите чевли секогаш даваат весели комбинации.rnrnrnrnЗелените, розовите или виолетовите чевли, како и сите останати бои коишто можете да ги замислите се идеални за оваа пролет да ја направите повесела и да внесете новини во својот стил, без притоа да преземате драстични мерки.rnrn
Светот претставува едно неверојатно место преполно со убави работи. Изненадува во секоја смисла на зборот и постојано восхитува дури и со најмалите нешта. Па така, дури и самиот процес на преобразување на гасениците во пеперутки или молци знае да биде магичен.rnrnМожеби дури и помагично од самата колоритна и драстична трансформација е токму начинот на кој тоа се случува. На пример, додека да израсне во пеперутка, инсектот мора да помине низ 4 фази: јајце, гасеница (ларва), кукла и пеперутка. Во секоја фаза се постигнува одредена цел, како што е исхранување на гасеницата или размножувањето кај пеперутките. Целиот циклус може да трае и до една година.rnrnrnrnВо своите пашкули (заштитни лушпи), гасениците целосно се наоѓаат во течност, развивајќи ги само основите за важните од телото, како што се очите и крилјата. Иако постојат сфаќања дека гасеницата би требало да ја одразува еволутивната историја на самиот инсект, многу е поверојатно дека токму пеперутката ќе личи повеќе на своите предци отколку самата гасеница.rnrnИнтересната работа е што некои гасеници се дури и поимпресивни од самите пеперутки или молци. Светлите ознаки и самата структура им служат како заштита со цел да не бидат изедени.rnrn
Деновите се подолги, стануваат сè потопли и попријатни, а шарените бои се добредојдени во плакарите. Секој ужива во пролетта на свој начин, но за оние кои најмногу уживаат во пролетната гардероба, ова се 50-те најпопуларни фустани за оваа пролет.rnrnrnrnВо оваа галерија има по нешто за сечиј вкус и за секоја градба на тело. Уживајте во палетата креации и шаренила.rnrn
Искусувањето на есента по топлото лето може да биде депресивно. Она што може да ви помогне и со сигурност да ја разбие монотонијата на есента е маникирот. Дајте им живот на вашите нокти со овој интересен маникир.rn
Потребно:
rn
rn011
3 различни нијанси лакови за нокти по ваш избор
rn011
Црн лак за нокти (или друга темна нијанса)
rn011
Самолепливи ленти за маникир (што е можно потенки)
rn
rn
rnНајпрво излакирајте ги вашите нокти со трите лакови кои сте ги одбрале (од секој по една лента како што е прикажано на сликата). Доколку не сакате шаренило и го преферирате едноставното, тогаш излакирајте ги ноктите во една боја.rnrnПочекајте добро да се исушат, па врз ноктите залепете ги тенките ленти. Пожелно е лентите да излегуваат надвор од ноктот за полесно да ги одлепите подоцна. Залепете ги по ваш избор за да формирате различни форми од шарените зраци.rnrnПо целата површина на ноктите нанесете црн лак, или друг по ваш избор. Целта е добро да ги покрие другите бои. Откако ќе се исушат ноктите внимателно одлепете ги лентите.rnrn rnrn
Шаренилото кое блика од овие градови веднаш ќе ве примами да ги посетите, а несомнено и повторно да им се навратите за да го почувствувате нивниот шарм.rn
Риомаџоре, Италија
rnОва мало гратче сместено во делот на Италијанското крајбрежје, Чинкве Тере е популарна туристичка атракција. Она што му дава посебен шарм и убавина се прекрасните обоени куќи залепени еднa до другa. Освен доброто вино, Риомаџоре нуди незаборавна прошетка по Патеката на љубовта.rnrnrn
Нихавен, Данска
rnНихавен е крајбрежен град кој датира од 17-от век. Ова место е познато по разновидниот забавен живот кој го нудат многубројните барови и ресторани. Дрвените историски бротчиња се посебна атракција кои дополнително го разубавуваат ова навистина интересно место.rnrnrn
Гванахуато, Мексико
rnОва мексичко гратче познато по богатата шпанска архитектура е основано во 1554 година. Поради својата местоположба, улиците се тесни и многу од нив се забранети за автомобили. Прекрасните згради ја добиле својата боја од розовиот и зелениот песочен камен, кој се користел при нивната изградба.rnrnrn
Џодпур, Индија
rnОвој град е познат и како „Синиот град“, поради сините куќи кои можат да се забележат оддалеку. Се верува дека куќите се фарбани сино како резултат на класниот систем во Индија. Друго верување е дека жителите на овој град, побожните Брахмини, ги обоиле нивните домови во сино за да се разликуваат од останатата популација.rnrnrn
Валпараисо, Чиле
rnВо буквална смисла овој град значи Рајска Долина. Поседува богата архитектура, калдрмисани патишта и интересни палати. Поради својата уникатност, овој град е заштитен од УНЕСКО.rnrnrnrn rnrn
Архитектската компанија Palatre and Leclere Architects го промовираше својот најнов проект, колоритната француска градинка „Ecole Maternelle Pajol“ која се наоѓа во Париз. Овој весел проект има за цел да им го разубави стартот на школувањето на многу деца и да им донесе бескрајна среќа во претшколските денови.Тие ја реновирале зградата која е изградена во 40-тите години од минатиот век, давајќи ѝ нов изглед без да менуваат ништо во нејзината структура. Секое дете би сакало тука да го започне своето образование, зарем не?rnrn
Фудбалот е прекрасна игра која на магичен начин успева да привлече десетици илјади навивачи на стадионите, а за време на големите манифестации како Европското првенство ги тера луѓето да отпатуваат илјадници километри само за да го бодрат својот тим. Таму секој пристигнува со обележјата на тимот за кој навива, формирајќи шарена слика адекватна на различните култури кои се судираат на спортскиот фестивал.rnrn
Автор: Петар ТодоровскиrnrnСекоја година, непосредно пред велигденскиот пост, Бразилците излегуваат на улиците на четиридневна прослава на хедонизмот. Бескрајната маса од повеќе од два милиони луѓе кои танцуваат, ритамот на самбата и шаренилото од костими, предизвикуваат експлозија од бои и звуци карактеристични за најмасовниот карневал во светот.Карневалот во Рио де Жанеиро започнал да се одржува пред повеќе од 150 години, кога доселениците од Португалија парадирале по улиците на градот танцувајќи на европска музика, како полки и валцери, а на почетокот на дваесеттиот век, работничката класа, главно домородно население, ја создало самбата и тогаш карневалот го добил денешниот лик.Карневалската парада ја сочинуваат дванаесет претходно избрани училишта за самба, а целиот настан всушност е натпревар помеѓу нив. Училиштата за самба можат да бидат вистински училишта за изучување на танцот или групи од пријатели или соседи кои сакаат да учествуваат. Секое училиште одбира тема која ја претставува преку костимите, танцот и музиката. На крајот од карневалот, жирито го избира победникот, кој добива право уште еднаш да го изведе своето шоу.Училиштата за самба се составени од повеќе групи кои излегуваат по строго одреден редослед. Прво настапува предното крило, составено од десет до петнаесет луѓе чија цел е преку танц да раскажат кратка приказна со која ќе ги најават главната група и темата. Потоа на ред доаѓа главната група, поставена на движечка платформа. Во неа најважна е кралицата. Таа стои на видно место и го држи знамето со симболот на училиштето, а друштво ù прави уште еден член од групата чија задача е да го привлече вниманието на посетителите кон кралицата. Покрај нив танцуваат останатите членови, облечени во екстравагантни костими кои често се многу тешки. Останатиот дел од училиштето за самба, во кој има барем сто девојки, танцува покрај платформата.Поворката од дванаесетте избрани училишта поминува на „Самбадром“, огромна улица околу која се поставени трибини за гледачите. Гламурозниот настан започнува околу девет часот навечер, а завршува дури следното утро.Покрај на „Самбадромот“, забавата се случува буквално на сите улици и плажи во градот. За разлика од главната карневалска поворка, на уличните фестивали учествуваат буквално сите кои се наоѓаат во Рио. На улиците низ градот има безброј бендови кои свират во живо, а посетителите танцуваат и ја создаваат најголемата улична забава што може да се замисли.rnrn
Натпреварот за најдобар национален костим е најшарениот дел од изборот за Мис Универзум. Меѓу другото, овој дел од настанот е и најинтересен за гледачите ширум светот.rnrnМис КанадаrnrnОваа година изборот се одржува во Сао Паоло, Бразил, а на јубилејното шеесетто одржување на оваа манифестација, за круната се борат 89 земји. Тоа е нов рекорд, бидејќи досега максималниот број на земји учеснички изнесуваше 86, во 2006 година.rnrnСекој костим некако ја одликува земјата која ја претставува нејзината претставничка, па така креативноста, традицијата и обичаите даваат феноменални креации, кои оставаат без зборови. Погледнете дел од најинтересните костими кои ги носат убавиците од светот.rnrnМис Тринидад и ТобагоrnrnМис АргентинаrnrnМис АрубаrnrnМис БразилrnrnМис ЕквадорrnrnМис САДrnrnМис ГерманијаrnrnМис ПеруrnrnМис Франција/Мис ЧилеrnrnМис Холандија/Мис ИндонезијаrnrnМис Колумбија/Мис ЈамајкаrnrnМис Панама/ Мис ЈапонијаrnrnМис Танзанија/ Мис Тајландrnrn