КАФЕ ПАУЗА

Tag: шаблон

  • Постојано ви се повторува некоја ситуација? Научете ја лекцијата еднаш засекогаш!

    Постојано ви се повторува некоја ситуација? Научете ја лекцијата еднаш засекогаш!

    Кога некое однесување станува шаблон чие повторување предизвикува болни и мачни емоции кај вас, имајте на ум дека тоа е нешто што вообичаено се нарекува животна лекција!rnrnПостојано ви се повторува некоја ситуација? Научете ја лекцијата еднаш засекогаш!rnrnНа многу девојки им се случува и покрај нивните успешни кариери да не успеат да запознаат соодветен партнер за посериозна љубовна врска. Тие редовно запознаваат навидум интелигентни и интересни мажи, но веднаш штом ќе помислат дека го сретнале „вистинскиот“, се случува спротивното – и тие се целосно разочарани.rnrnСо секое запознавање на новиот „вистински“ тие сè повеќе го затвораат срцето. Со текот на времето, сето тоа станува премногу болно и тие решаваат да се посветат целосно на нивната работа, новото хоби или „да станат пореални“ (како што би рекле нивните мајки) и целосно да се откажат од можноста да ја сретнат нивната сродна душа.rn

    Разбудете го вашиот потенцијал

    rnМожеби споделувате слично искуство со ваквиот тип девојки или познавате личност која доживува нешто слично.rnrnКако и да е, лекциите се можност што животот ви ја нуди за да може да направите нов чекор кон „будење“ на вашиот потенцијал. Важна животна лекција е да научите како да го отворите вашето срце и да се осмелите да бидете поемотивни без оглед на исходот. Наместо да ја условувате својата среќа, животот ви дава можност да добиете нешто повеќе – да станете личност која се осмелува да сака и да живее со отворено срце.rnrnИмајќи таков став кон животот, вие ќе ја покажете вашата зрелост и подготвеност да влезете во врска која вам ви одговара. Како и да е, сè додека верувате дека ќе се „отворите“ само кога ќе сретнете некој кој, според лична проценка, го заслужува вашето срце, ќе ве привлекуваат само личности кои постојано од вас ќе го бараат истото. Со други зборови, може само да се вртите во истиот маѓепсан круг од несакани исходи.rn

    Животот постојано нуди нови можности

    rnЖелбата за постојан раст и развој е вткаена длабоко во секој од нас. На свесно ниво ние не сме во состојба да ја „исклучиме“ желбата сè додека не направиме чекор кој ќе нè одведе кон посвесен начин на живот преку активирање на нашиот потенцијал. Животот постојано ни нуди можности за раст и развој. Со други зборови, животната лекција се повторува сè додека не ја зграпчиме можноста што ни се појавува.rnrnЗатоа, кога другпат ќе започнете да смислувате нови стратегии кои ќе ве вратат во истиот шаблон, осамете се и обидете се свесно да се поврзете со вашата душа. Разведрете се и запрашајте се каде може да ве одведе можноста која стои пред вас. Бидете отворени за поинакви идеи и не ги пропуштајте новите можности!rnrnМожеби не сте знаеле и дека начинот на кој вашиот партнер ви искажува љубов покажува колку тој ве цени.

  • Кого повеќе сакаш, мајка ти или татко ти?

    Кого повеќе сакаш, мајка ти или татко ти?

    Ако живееме во општество каде оригиналностa не постои и веќе сè е измислено од претходно, дали тоа значи дека сенешто треба да етикетираме и генерализираме?rnrnТочно е дека сите литературни па и општо, уметнички теми се веќе некаде употребени, точно е дека овој свет ретко што може да го зачуди, точно е дека веќе одамна шетаме со железни ракавици, но дали тоа значи дека уште од „прва рака“ треба да осудуваме и да категоризираме? Денешново општество се среќава со секаков вид стереотипизација за другоста. Сè она што потсетува на нешто друго веднаш треба да се етикетира според некој одреден шаблон.rnrnДа започнеме од наједноставното – девојките со „плава“ коса мора да се глупави? Или пак вицовите се виновни за ваквите ограничувања? Црногорците се многу мрзливи, Русите многу пијат, а пак северните народи се многу ладни како нација. А што ако се појави Русин кој не пие, или пие во нормални количини, што ако се појави скандинавец кој ќе ви се најде во тежок момент кога јужњаците како претставници на сите топли и љубопитни народи ќе ви го завртат грбот и нема да се интересираат за вашата приказна?rnrnКога ќе сфатиме дека поделбата на групи создава големи општествени проблеми, во системот, во законите, расни и полови поделби? Поради стереотипизацијата за тоа дека сите кои имаат црна кожа мора да работат како робови, и денеска светот ги трпи последиците од тој ужасен стереотип кој се провлекувал со години.rnrn1-Kogo-povekje-sakash-majka-ti-ili-tatko-ti-kafepauza.mkrnrnСупериорноста на мажот врз жената е проблем кој трае со векови. Денеска сè уште не можеме да ја отфрлиме поделбата на машки и женски работни задачи, децата се учат дека има машки и женски бои, машки и женски игри. Не, светот е еднаков за сите, сите мора да работиме подеднакво за подеднакво добро на сите. Не ми го скратувајте опсегот на спектарот на боите со категоризација на мое и твое, машко и женско. Сината е одлична, зелената е смирувачка, црвената – енергична, виолетовата е елегантна, црната не ме асоцира на ништо тешко и мрачно, а белата не ме потсетува на среќа. Затоа оставете ги боите настрана и не ги осакатувајте со едноставни шаблони. Тие имаат свои нијанси и спектар кој ние луѓето не сме доволно совршени за да го видиме во целост. На децата не им ги скратувајте игрите, а со тоа не им го осакатувајте и слободниот ум, кој низ различни машини на општеството станува вкалапен и избрусен токму онака како што налага системот во одредена заедница. Зошто женските деца да не играат фудбал со машките, а машките да не играат фризери, шминкери, домаќини и многу други игри кои се дел од детската бескрајна имагинација?rnrnЕдна најголема траума од детството ми беше кога ќе дојдеа некои постари чичковци со мустаќи и некои предотерани тетки кои мислеа дека се суперзабавни и ќе ме прашаа: „А ти кого повеќе сакаш, мајка ти или татко ти?“ Може ли да не ме тероризирате со такви поделби? Зошто ме ставате под таков неблагодарен притисок да морам да одбирам помеѓу мајка ми и татко ми? Зошто мора ако сум ќерка да бидам „мамина маза“ или па „татина принцеза“? Не, јас сум ќерка на двајца родители. Престанете да ме ставате во некакви базени од категоризирани луѓе кои не се гледаат како индивидуи туку како редни броеви. Може ли на работите да гледам со релативитет или мора сè да биде црно-бело? Ако е „НЕ“ во спротива мора да е „ДА“? Јас сакам да зборувам за чувства, за нијанси, за широки погледи, апсолутно не ме засега бојата на кожата, ниту политичката определба, ниту возраста, ниту полот, сè додека се наоѓаме на иста фреквенција за еднаквоста на разликите. Не ги сакам изопачените слики, односно карикатурите за некого кого не го познаваме ниту цел саат. Првичната слика, со сите нејзини референци кои упатуваат на некаков портрет, за другиот е само едно мало парче од животот на индивидуата.rnrnИ токму поради тоа не треба секое машко кое се грижи за својот изглед по дифолт да биде геј, не треба алиштата да се показател за нечија мисловна и духовна содржина. И кога конечно ќе се ослободиме од поделбите, тогаш и светот ќе се ослободи од големите ѕидови помеѓу луѓето. Сè дотогаш ќе можеме само да седиме да го гледаме светот како забранета зона кон другиот и да си правиме вицови за несфатливото. Но, да имаме на ум дека она што тука претставува хумор, некаде не ќе го сфатат така.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Трактор кој црта по песочни плажи

    Трактор кој црта по песочни плажи

    Шведската артистка Гунила Клингберг од обичен трактор направила интересна машина која црта по песочни плажи. Покрај тоа што убаво ги рамни песочните плажи, овој трактор црта комплексен шаблон, со кој плажата добива посебен изглед.Трактор кој црта по песочни плажи Трактор кој црта по песочни плажи Трактор кој црта по песочни плажи Трактор кој црта по песочни плажи
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете сами: Украсна јака од мониста

    Направете сами: Украсна јака од мониста

    Многумина од нас ги обожаваат модните додатоци, но уште поинтересно е кога самите ќе создадеме нешто уникатно, по своја замисла и со свои раце. Сара обожава да изработува модни украси, за што редовно пишува на нејзиниот блог. Заедно ви препорачуваме да си направите интересна јака од мониста, која можете да ја комбинирате со блузи и кошули за различни прилики.rnrnНаправете сами: Украсна јака од монистаrnrn

    Потребни материјали и алатки:

    rn

      rn011

    • парче материјал
    • rn011

    • мониста од стари ланчиња
    • rn011

    • пиштол за лепење
    • rn011

    • сатенска лента
    • rn011

    • шаблон за јаката
    • rn011

    • ножици
    • rn011

    • копче (опционално)
    • rn

    rnНаправете сами: Украсна јака од монистаrnrnИспечатете го шаблонот за јаката пак нацртајте го сами и потоа прецртајте го на материјалот. rnrnНаправете сами: Украсна јака од монистаrnrnПотоа почнете со лепење. Можете да лепите со лепило или пак да шиете. Како украсни елементи можете да користите и нитни или пак други видови монисти. На средината поврзете ги двата дела со копче. На крајот залепете ја сатенската лента.rnrnНаправете сами: Украсна јака од монистаНаправете сами: Украсна јака од монистаНаправете сами: Украсна јака од монистаrnrnДобивте интересен моден додаток кој можете да го носите на едноставни маички, блузи, кошули со руска јака… rnrnНаправете сами: Украсна јака од монистаНаправете сами: Украсна јака од мониста
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатна „улична“ уметност

    Неверојатна „улична“ уметност

    Канаѓанецот Питер Гибсон познат како Roadsworth, од 2001 година започнал да црта по улиците на неговиот роден град Монтреал. Неговата првична замисла била да покрене иницијатива да се направат патеки за велосипеди по улиците и воопшто да го покаже својот протест против општата „возачка култура“ во градот.rnНеверојатна „улична“ уметностНеверојатна „улична“ уметностНеговите дела, кои доаѓаат како надополнување или изменување на нацртаните сообраќајни знаци, изработени во уникатен стил со претходно направени шаблони, добиле голем публицитет.rnНеверојатна „улична“ уметностСепак тоа не поминало незабележано од полицијата, па така тој заработил 53 казни. На крајот, поради големата поддршка од јавноста, и покрај можните високи парични надоместоци и дебелото досие, Питер поминал со многу мала казна. До ден денеска тој продолжува да се бави со уметност и активизам.rnНеверојатна „улична“ уметностНеверојатна „улична“ уметностНеверојатна „улична“ уметностНеверојатна „улична“ уметностНеверојатна „улична“ уметностНеверојатна „улична“ уметностНеверојатна „улична“ уметностНеверојатна „улична“ уметностНеверојатна „улична“ уметностНеверојатна „улична“ уметностНеверојатна „улична“ уметностНеверојатна „улична“ уметностНеверојатна „улична“ уметност