КАФЕ ПАУЗА

Tag: Северна Кореја

  • 5 необични земји со уште понеобична традиција

    5 необични земји со уште понеобична традиција

    Земјите ширум светот се разликуваат на многу начини. Културата, обичаите и традициите не само што влијаат врз нашиот секојдневен начин на живеење туку и ја прават нашата држава различна од другите. Историјата, начинот на владеење, па дури и спортот – се елементите кои можат да придонесат за една земја да ни биде „необична“. Во продолжение прочитајте го нашиот список на земји за кои сметаме дека се карактеризираат со необична култура.rnrn5 необични земји со уште понеобична традицијаrn

    1. Казахстан

    rnСите оние кои го гледале Борат знаат зошто оваа земја во Средна Азија е дел од нашиот список на необични земји. Националниот пијалак на оваа земја се прави од ферментирано коњско млеко, а најпопуларното јадење е „кази“, колбас од чадено коњско месо. „Бузкаши“ е традиционален спорт, а називот во буквален превод значи „фаќање мртва коза“. Главната цел на играта е одржување контрола над топката што, всушност, е тело на коза без глава. После играта, секогаш следува забава. Казахстан е деветта по големина земја во светот, со над 130 различни националности. Сиромашните области се навистина мрачни и тажни, а големите градови, пак, како Астана, можат да се пофалат со футуристичка архитектура, одлични пабови, музеи и разни атракции.rn

    2. Романија

    rnРоманија е модерна земја, добро интегрирана во посткомунистичка Европа и се карактеризира со интересна и необична историја. Приказните и легендите за вампирите потекнуваат токму од Трансилванија кое се смета за родно место на грофот Дракула. Овде ниту еден оброк не може да се замисли без „палинка“, овошен пијалак, сличен на руската вотка. Треба да бидете внимателни доколку го дегустирате заедно со традиционалните деликатеси. Во Романија постои изрека дека оној кој ќе направи најсилна палинка (каква што всушност и е невозможно да се пие) тој е најдобар домаќин. Романците обожаваат месо, па затоа оваа земја и не е популарна дестинација за вегетаријанците. Ако ви треба такси во Романија, заборавете на тоа. Најпопуларен начин за транспорт е автостоп.rn

    3. Ерменија

    rnВо оваа земја шахот е задолжителен предмет на училиште и вистинска, национална опсесија. Шахот е дел од наставната програма за основно училиште и подеднакво важен како историја или математика. Без излез на море, оваа земја се одликува со богата историја и култура. На север се граничи со Грузија, на југ со Иран, на исток со Азербејџан, а на запад со Турција. Главниот град на државата, Ереван, е познат како „розовиот град“ поради античките градби изградени од розова вулканска карпа. Ерменија има богата христијанска историја, а многу Ерменци се сè уште убедени дека арката на Ное била изградена на врвот на планината Арарат.rn

    4. Бутан

    rn„Ние не веруваме во бруто националниот производ туку во бруто националната среќа“. Ова се зборовите на кралот на Бутан за концептот кој почнал да се развива во 1972 година. Од тој момент, бруто националната среќа станала еден вид бутанска филозофија на животот, но и правило впишано во државниот устав. Бутанците имаат многу прични да бидат среќни. Околу 70% од хималајското кралство е составено од шуми, а високите планини ги чуваат недопрени реките. Посетителите ја нарекуваат оваа изолирана нација последната „Шангри-Ла“ во светот, мистична долина во која луѓето и природата ја пронашле својата хармонија. Во Бутан можете да видите огромни фалусни симболи кои ги красат куќите, храмовите, па дури и владините згради. Овде чилито се смета за главно јадење, а оризот се служи црвен.rn

    5. Северна Кореја

    rnСигурно ви е сосема јасно зошто токму оваа земја се најде на нашиот список. Во оваа држава може да се влезе само преку Пекинг, а оние малку туристи кои успеваат да ја посетат, остануваат шокирани. Овде сите ги почитуваат владините правила, а туристичките водачи на посетителите им покажуваат необично сомнителна слика за з земјата. За време на престојот во Северна Кореја, туристите се постојано под надзор и можат да ги посетат само оние места што ќе им ги одреди Владата. Тие можат да добијат виза само во Пекинг и можат да патуваат единствено преку туристичките агенции Koryo Tours и Young Pioneer Tours.rnrnОткако го прочитавте нашиот список со необични земји, можеби ќе сакате да прочитате и 10 документарни филмови поради кои ќе го гледате светот поинаку.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • 11 чудни факти за Ким Џонг-ун

    11 чудни факти за Ким Џонг-ун

    Не постојат многу информации за најмладиот диктатор во светот. Тој не сака да зборува за неговиот приватен живот и може да прочитате многу чудни работи во неговата официјална биографија. Сепак, ова се 11-те интересни факти за најнепредвидливиот политичар кои можеби ќе ви докажат дека Ким Џонг-ун не е толку страшен…rn

    1. Не се знае неговата дата на раѓање

    rn11 чудни факти за Ким Џонг-унrnrnКим Џонг-ун бил роден на 8-ми јануари или 6-ти јули во 1982 или можеби 1983 година. Или можеби 1984. Зошто ова е толку голема мистерија? Се верува дека лидерот сака да изгледа повозрасно и позрелo, па затоа неговата официјална дата на раѓање е 1982 година. Но, експертите од Јужна Кореја тврдат дека Ким Џонг-ун бил роден 2 години подоцна. Во секој случај, тој е еден од најмладите лидери во светот.rn

    2. Неговите веѓи стануваат пократки

    rn11 чудни факти за Ким Џонг-унrnrnНа фотографиите направени низ годините, може да се забележи дека се случува нешто многу чудно со веѓите на лидерот на Северна Кореја. Имено, тие стануваат пократки. Се верува дека тој сака да личи на татко му Ким Џонг-ил, па затоа ги менува веѓите. Секако дека ова е само теорија.rn

    3. Неговото детство е мистерија

    rn11 чудни факти за Ким Џонг-унrnrnКим Џонг-ун не сака да објавува фотографии од неговото детство. Меѓутоа, во 2014 година биле покажани неколку фотографии на екраните за време на големиот празник на војниците во Северна Кореја. Наводно, ова се фотографии од детството на лидерот, но никој не знае дали тоа е вистина.rn

    4. Одбирал девојки за локален поп бенд

    rn11 чудни факти за Ким Џонг-унrnrnИма поп музика во Северна Кореја, но таа се разликува од онаа која сме навикнати да ја слушаме. На пример, наместо музичари со долги коси типични за светските поп бендови, бендовите од Северна Кореја имаат воени оркестри. Во нивните музички видеа мора да покажат колку убаво живеат луѓето во Северна Кореја. Еден од најпознатите бендови во Северна Кореја е Моранбонг. Луѓето велат дека лидерот сам ги одбрал девојките од бендот.rn

    5. Има неколку официјални титули

    rn11 чудни факти за Ким Џонг-унrnrnГлавната е секако „Главен лидер на демократскиот народ во Република Кореја, лидер на партијата и народот“. Останатите се следниве:rn

      rn011

    • „Новиот почеток“
    • rn011

    • „Брилијантниот другар“
    • rn011

    • „Генијалецот помеѓу останатите“
    • rn011

    • „Маршал на Северна Кореја“ (од 2012 година)
    • rn

    rnПокрај тоа, тој има диплома по физика од Универзитетот на Ким Втори-сунг и диплома по економија од приватниот Универзитет во Малезија.rn

    6. Учел во Швајцарија под друго име

    rn11 чудни факти за Ким Џонг-унrnrnВо едно престижно училиште во близина на Берн, Швајцарија, имало ученик од Северна Кореја во периодот меѓу 1998 и 2000-та година. Тој бил регистриран под името на амбасадата. Не кажал кое е неговото вистинско име. Тешко е да се каже дали тоа било идниот лидер на Северна Кореја според овие фотографии. Но, луѓето кои учеле со него се апсолутно сигурно дека тоа било Ким Џонг-ун. Тие се сеќаваат дека бил многу смешно дете и дека повеќе се интересирал за спорт отколку за политика. Не бил добар ученик.rnrnПродолжете на следната страница за останатите необични факти…rnrn

  • 16 секојдневни работи што се забранети во Северна Кореја

    16 секојдневни работи што се забранети во Северна Кореја

    Светот почнува сѐ повеќе да се интересира за Северна Кореја. Лидерот и владата постојано се обидуваат да го заштитат народот од надворешните влијанија со тоа што забрануваат одредени типови фризури и облека. Сето ова уште повеќе го зголемува интересот за луѓето од Северна Кореја и нивниот начин на живот. Ова се 16-те секојдневни работи што се забранети во Северна Кореја…rn

    1. Западна мода

    rn16 секојдневни работи што се забранети во Северна КорејаrnrnЛидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун ги забранил фармерките и другите видови западна облека во двата региона што се граничат со Кина. Пјонгјанг се обидува да се избори против влијанието на западната модна култура што го наметнува големиот сосед.rn

    2. Кока-кола

    rn

    16 секојдневни работи што се забранети во Северна Кореја
    Севернокорејски безалкохолни пијалаци
    rnrnВо Северна Кореја е забранет увозот на Кока-кола, па така, сигурно нема да го најдете овој пијалак таму. Меѓутоа, некои поскапи продавници во Пјонгјанг продаваат Кока-кола произведена во Кина.rn

    3. Фризури

    rn

    16 секојдневни работи што се забранети во Северна Кореја
    Официјални машки фризури
    rnrn
    16 секојдневни работи што се забранети во Северна Кореја
    Официјални женски фризури
    rnrnКим Џонг-ун дозволува само 18 фризури за жени и 15 за мажи. Ниту една од фризурите не дозволува промена на бојата на косата, така што навистина е тешко да се купи фарба за коса во Северна Кореја.rn

    4. Хигиенски влошки

    rn16 секојдневни работи што се забранети во Северна КорејаrnrnХигиенските влошки и тампоните не се дозволени во Северна Кореја. Жените користат старомодни влошки за повторна употреба.rn

    5. Кондоми

    rn16 секојдневни работи што се забранети во Северна КорејаrnrnСите видови средства за заштита од бременост се забранети во Северна Кореја, па затоа многу е тешко да се најде кондом во оваа земја. Многу возрасни Севернокорејци со задоволство ќе прифатат кондом како подарок.rn

    6. Сопственост

    rn16 секојдневни работи што се забранети во Северна КорејаrnrnВладата на Северна Кореја ги поседува сите права на земја и сопственост. Тоа значи дека е невозможно да купувате и продавате куќи и станови. Меѓутоа, луѓето од Северна Кореја нашле начин да го прават тоа, што довело до ублажување на законите оваа година.rn

    7. Модерни чевли

    rn16 секојдневни работи што се забранети во Северна КорејаrnrnДоколку случајно заминете во Северна Кореја и размислувате да купите пар чевли од Маноло Бланик, нема да имате таква среќа. Модерните чевли со дизајнерски потпис не се дозволени, освен во пределите што се граничат со Кина.rn

    8. Новогодишни елки

    rn16 секојдневни работи што се забранети во Северна КорејаrnrnСеверна Кореја официјално е атеистичка земја. Сите верски ритуали се забранети и строго надгледувани од страна на владата. Токму поради тоа, луѓето не смеат да купуваат и поседуваат какви било божиќни украси и новогодишни елки.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 12 работи што постојат само во Северна Кореја

    12 работи што постојат само во Северна Кореја

    „Една од најсреќните земји во светот“, „Гроб од вистински еднорог“, „Времето зависи од доброто расположение на претседателот“… Овие зборови не се одбрани случајни. Сите тие се однесуваат на Северна Кореја. Ве заинтересиравме? Прочитајте ги следниве 12 факти за оваа парадоксална земја што дефинитивно нема да ве остават рамнодушни…rn

    1. Одделен календар

    rn12 работи што постојат само во Северна КорејаrnrnВо 1997 година, Северна Кореја ја прифатила новата хронологија и сега луѓето таму живеат во 106-та година. Нивната почетна точка била роденденот на Ким Ил Сунг во 1912 година. Сите испечатени календари имаат 2 верзии: Датуми за Северна Кореја и датуми за остатокот од светот. Ким Ил Сунг има многу благородни титули како што е „Вечниот претседател“, кои ги носат и неговиот син и внук, но никогаш не биле прогласени за претседатели.rn

    2. Општествени класи

    rn12 работи што постојат само во Северна КорејаrnrnВо 1957 година, властите на Демократската Народна Република Кореја ја поделиле земјата на 3 главни општествени класи: кралската „суштинска класа“ (домат), „слаба класа“ (јаболко) и „непријателска класа“ (грозје). Сите класи се исто така поделени на 50 групи.rn

      rn011

    • Доматите се црвени и однатре и однадвор. Овие луѓе ја докажале нивната лојалност на партијата. Тие најчесто се политичари и воени офицери.
    • rn011

    • Јаболката се црвени само однадвор. Овие луѓе можат да станат подобри и тие најчесто се обични граѓани.
    • rn011

    • Грозјето се оние кои го кршат законот. На пример, ова се граѓаните кои се обиделе да направат телефонски повик во странство.
    • rn

    rnСтатусот се вклучува во личните карти на секој човек во државата откако ќе наполни 17 години. Тоа влијае на иднината на луѓето и во изборот на образование, професија и слично. Инаку, властите на Северна Кореја одрекуваат дека постои поделба на општествени класи.rn

    3. Патишта

    rn12 работи што постојат само во Северна КорејаrnrnВо Северна Кореја речиси нема асфалтирани улици. Само 8% од сите патишта се покриени со цврста површина. Но, ова не претставува проблем за локалните луѓе. Целиот транспорт во државата е под контрола на властите и само воените лица и политичарите можат да си дозволат автомобил. Другите обично патуваат со велосипед.rn

    4. Жени сообраќајци

    rn12 работи што постојат само во Северна КорејаrnrnВо согласност со горенаведениот факт, логично е тоа што во Северна Кореја има само неколку семафори. Меѓутоа, на големите градови сепак им треба контрола на сообраќајот. Оваа работа најчесто им припаѓа на убавите девојки. Жените сообраќајци треба да бидат сингл и помлади од 26 години. Ако некоја од нив не ги исполнува повеќе овие услови, мора да го напушти работното место.rn

    5. Агенција НАДА

    rn12 работи што постојат само во Северна КорејаrnrnОваа земја се занимавала со вселенски истражувања во 80-тите години. Во 2013 година, Северна Кореја ја отворила НАДА и му го покажала на светот нејзиното лого. Логото личи на тоа на НАСА и натписот е исто така многу сличен. Никој не знае дали намерата на државата е да се пошегува со САД или пак станува збор за чиста случајност.rn

    6. Моќниот Ким Џонг Ил

    rn12 работи што постојат само во Северна КорејаrnrnПоранешниот лидер на Северна Кореја не бил обичен човек. Според неговата биографија (која се учи како посебен предмет на училиште), тој бил роден на планината Баекду и на неговото раѓање една ѕвезда го осветлила целото небо, по што се појавило двојно виножито. Тој исто така научил да оди и зборува кога сѐ уште немал наполнето 1 година. По неговата смрт, масовните медиуми објавиле дека „пукнале слоеви од мраз со неверојатно гласен звук на езерото Чон на планината Баекду и областа била зафатена од снежна бура и силни ветришта“. Меѓутоа, други извори тврдат дека лидерот бил роден во Вјатскоје, Русија во времето на Советскиот Сојуз, каде што татко му се обидувал да се скрие од јапонските окупатори. Ваше е да одлучите во која вистина ќе поверувате.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Нелегални фотографии од Северна Кореја кои ни покажуваат како живеат тамошните луѓе

    Нелегални фотографии од Северна Кореја кои ни покажуваат како живеат тамошните луѓе

    Микал Хуниевиц е човекот кој ја добил ретката привилегија да ја посети Северна Кореја. За неговото патешествие да остане забележано, тој решил да направи неколку впечатливи фотографии од земјата кои го опишуваат секојдневието на тамошните луѓе и ја доловуваат атмосферата, иако фотографирањето е законски забрането. Тој бил предупреден дека ќе биде уапсен доколку бидат пронајдени фотографии во неговиот фотоапарат, но Микал сепак успеал да изнесе неколку од нив надвор од земјата, што било едно многу стресно искуство за кое вели дека не би сакал уште еднаш да го повтори. Па, погледнете како изгледа животот во Северна Кореја…rnrn

    Пристигнување во Пјонгјанг. Микал смета дека ова било режирано бидејќи немало други возови тој ден, а елегантните патници немале никаква причина да бидат таму
    Пристигнување во Пјонгјанг. Микал смета дека ова било режирано бидејќи немало други возови тој ден, а елегантните патници немале никаква причина да бидат таму.
    rnrn
    Пјонгјанг – групата била пресретната од нивните водичи кои не смееле да ги напуштаат за време на престојот и кои им кажувале кога да спијат и кога да се будат
    Во Пјонгјанг групата била пресретната од нивните водичи кои не смееле да ги напуштаат за време на престојот и кои им кажувале кога да спијат и кога да се будат.
    rnrn
    Хотелот официјално нема 5-ти кат и до него можете да стигнете само ако ги користите скалите. Вратата е скоро секогаш затворена, но ако успеете да влезете, местото е полно со пропагандни постери и луѓето шпекулираат дека се користи за шпионирање на гостите
    Хотелот официјално немал 5-ти кат и до него можете да стигнете само ако ги користите скалите. Вратата е скоро секогаш затворена, но ако успеете да влезете, местото е полно со пропагандни постери и луѓе кои шпекулираат дека се користи за шпионирање на гостите.
    rnrn

  • Музичко чудо од дете

    Музичко чудо од дете

    Со „брзина на светлината“ свири на ксилофон, па на тапани, а има само 6 години. Ова музичко чудо од дете живее во Пјонгјанг, Северна Кореја. ;)rn(1) Музичко чудо од детеОдвојте минута и пол и уживајте во фасцинантната изведба на талентираното девојче…rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Северна Кореја – земја во која сè е политика

    Северна Кореја – земја во која сè е политика

    Северна Кореја важи за една од најстрогите земји во кои сè се сведува на политика. Сите манифестации, почнувајќи од парадите, па сè до концертите, се поврзуваат со политиката. Северна Кореја – земја во која сè е политикаЕдна од главните карактеристики на Северна Кореја се воените паради. На овие паради учествуваат сите војници, мажи и жени, додека ракетите се носат со помош на специјални воени возила. Северна Кореја – земја во која сè е политикаСеверна Кореја – земја во која сè е политикаСеверна Кореја – земја во која сè е политикаНа 15 април 2012 година, во главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг, беше одбележана 100-годишнината од од раѓањето на основачот на Северна Кореја, Ким Ил Сунг. За време на оваа церемонија, лидерот на Северна Кореја и најмладиот син на Ким Ил Сунг, Ким Јонг Ун, го одржа првиот голем јавен говор. Северна Кореја – земја во која сè е политикаСеверна Кореја – земја во која сè е политикаВеќе години наназад Северна Кореја ги залади односите со соседната Јужна Кореја. На 22 април 2012 година во Северна Кореја беше одржан протест против јужнокорејскиот претседател Ли Мјунг Бак и неговиот режим. Интересно е што на овој протест жените беа масовно присутни. Северна Кореја – земја во која сè е политикаСеверна Кореја – земја во која сè е политикаНе изненадува тоа што ликовите на Ким Ил Сунг и Ким Јонг Ун постојано се среќаваат на уличните билборди. Но, она што навистина изненадува е фактот дека портретите на овие двајца државници редовно се среќаваат на сите улични манифестации од забавен карактер. Северна Кореја – земја во која сè е политикаСеверна Кореја – земја во која сè е политикаСеверна Кореја – земја во која сè е политикаУште еден доказ дека во Северна Кореја политиката е на прво место, се концертите и спортот. За време на концертите задолжително е присуството на државниот врв и војската, додека приказната за спортот е малку поинаква. Северна Кореја – земја во која сè е политикаСеверна Кореја – земја во која сè е политикаСеверна Кореја – земја во која сè е политикаДевојките кои се занимаваат со теквондо (корејска боречка вештина) се избрани од различни провинции, со цел да ја претстават Северна Кореја на Меѓународниот натпревар во теквондо. Тие настапуваат под мотото „Дозволете ни да ја браниме партијата на Централниот Комитет на чело со почитуваниот Ким Јонг Ун, дури и по цена на нашите животи!“ Северна Кореја – земја во која сè е политика
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ким Јонг Ил работел и како Диџеј?

    Ким Јонг Ил работел и како Диџеј?

    Кој би рекол дека озлогласениот диктатор на Северна Кореја, Ким Јонг Ил повремено бил и диџеј? По смртта на „милиот лидер“, на интернет почнаа да кружат безброј фотографии, кои го прикажуваат во добро друштво со најдобрите светски диџеи.Ким Јонг Ил работел и како Диџеј? Нормално фотографиите се монтажи, но убаво е да се види дека и друга професија интересно би му прилегала. Повеќе фотографии од најновиот светски познат диџеј може да се најдат на блогот „Kim Jong il Dropping the Bass“. Ким Јонг Ил работел и како Диџеј?Ким Јонг Ил работел и како Диџеј?Ким Јонг Ил работел и како Диџеј?Ким Јонг Ил работел и како Диџеј?Ким Јонг Ил работел и како Диџеј?Ким Јонг Ил работел и како Диџеј?Ким Јонг Ил работел и како Диџеј?rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографии

    Прославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографии

    Фотографот Сем Гелман, кој по потекло е од Висконсин, во последниве пет години живее и работи во Хонг Конг. Пред извесен период тој беше на четиридневно патување во  Демократска Народна Република Кореја или позната како Северна Кореја. Тој имал можност да биде сведок и да го овековечи настанот „Игри на масата“ во Пјонгјанг.rnПрославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографии„Игри на масата“ се дисциплинирани, строги и максимално прецизно одиграни точки од гимнастичарки и други изведувачи, кои се одржуваат во чест на државниот празник за осамостојување на Северна Кореја. Во точките учествуваат повеќе од 100.000 луѓе, а низ приказните се проткаени државни пропагандни пораки.Прославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографииПрославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографииМожеби најимпресивен дел од целата глетка е шарената позадина која е составена од илјадници прецизно поставени деца, кои секвенцијално превртуваат  шарени листови, притоа креирајќи неверојатни слики, од знамиња, коњи, слогани, државни симболи и слично.Прославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографииПрославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографииСето ова се одржува на стадионот „Први Мај“ во Пјонгјанг, кој воедно е и најголемиот стадион во светот, со капацитет од 150.000 седишта.Прославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографииПрославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографииПрославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографииПрославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографииrn

    http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A5%D0%BE%D0%BD%D0%B3_%D0%9A%D0%BE%D0%BD%D0%B3

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.