КАФЕ ПАУЗА

Tag: север

  • Дали знаете кој норвешки град го носи епитетот „Венеција на северот“?

    Дали знаете кој норвешки град го носи епитетот „Венеција на северот“?

    Првите нешта што ни паѓаат на ум кога станува збор за Норвешка е прекрасната природа, Осло и скапиот алкохол. Сепак, Норвешка е голема земја и иако е ретко населена има многу места кои вредат да бидат посетени. На пример, ако се одлучите да ги посетите фјордовите и езерата по должината на Норвешкото Море можете да го посетите и градот Трондхајм, трет по големина во Норвешка. Она што е посебно карактеристично за него е епитетот „Венеција на северот“.rnrnДали знаете кој норвешки град го носи епитетот „Венеција на северот“?rnrnСо своите шарени куќи наредени покрај реката Ниделвен, Трондхајм потсетува на Амстердам или Копенхаген. Градот располага со музеи како Музејот на уметноста и Националниот музеј за дизајн.rnrnНајчестото превозно средство овде е велосипедот поради што овој град е прогласен за „највелосипедскиот град“ во Норвешка. Друго превозно средство (и доста романтично!) се традиционалните чамци со кои можете да пловите по реката што минува низ градот.rnrnЗадолжително посетете ја и катедралата Нидарос која се издвојува како една од главните атракции на градот. Станува збор за прекрасна готска катедрала која се одликува со дури 5.000 скулптури. Овде е погребан норвешкиот крал од 11 век, Олаф II Харалдсон, кој бил прогласен за светец и заштитник на нацијата.rnrnДали знаете кој норвешки град го носи епитетот „Венеција на северот“?rnrnКога сме кај скулптурите на катедралата, немојте да се изненадите ако нечие лице ви изгледа познато. Имено, дел од модерните статуи биле инспирирани од наши современици. Така, ако погледнете кон врвот ќе видите статуа на Архангел Михаил која потсетува на познатиот музичар Боб Дилан. Тоа не е случајно: скулпторот навистина го користел лицето на Дилан како модел за оваа статуа.rnrnДали знаете кој норвешки град го носи епитетот „Венеција на северот“?rnrnНо, можеби најважното нешто по што овој град е познат е неговата гастрономска понуда. Многу познати списанија го вбројуваат во најдобрите гастрономски дестинации, а следната година овде ќе се одржи церемонијата за доделување награда за најдоброто сирење во светот.rnrnОткако прочитавте за овој шармантен норвешки град, можеби ќе сакате да прочитате и 25 факти за една од најневеројатните европски земји – Норвешка.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Како ќе изгледа најсеверниот хотел во светот?

    Како ќе изгледа најсеверниот хотел во светот?

    Во април ќе биде отворен хотел на најсеверната точка на светот. За да престојувате во него треба да издвоите барем 100.000 евра.rnrnКако ќе изгледа најсеверниот хотел во светот?rnrnДоколку сакате да го гледате природниот феномен аурора бореалис додека лежите на кревет во хотелска соба, вашата желба наскоро може да биде исполнета. Такво доживување ќе нуди еден привремен хотел кој ќе биде сместен на Северниот пол. Единствениот услов е да имате барем 100.000 евра на вашата сметка.rnrnКако ќе изгледа најсеверниот хотел во светот?rnrnПривремениот хотел „North Pole Igloos“ ќе биде отворен на најсеверната точка на светот во април, 2020 година. Хотелот ќе нуди 10 стаклени „соби“ од кои гостите ќе имаат поглед на ѕвездите и на поларната светлина која може да се види во овој дел од светот.rnrnПонудата од 100.000 евра вклучува две ноќевања на островот Свалбард, летот до и од Северниот пол, како и лет со хеликоптер до хотелот и едно ноќевање на полот.rnrnКако ќе изгледа најсеверниот хотел во светот?rnrnСеверниот пол е недостапен во текот на поголемиот дел од годината, но во април може да се стигне до него со хеликоптер. Во јуни и јули до него се стигнува со брод. Секоја година, околу 1.000 луѓе доаѓаат на Северниот пол.rnrnПривремениот хотел нема да биде фиксен, туку ќе се преместува на најсигурните места соодветно на временските услови. Собите на хотелот ќе бидат достапни за користење во текот на април, додека во останатиот дел од годината ќе бидат преместени на островот Свалбард, кој се наоѓа помеѓу Норвешка и Северниот пол.rnrnСледно, погледнете како ќе изгледа најлуксузниот хотел на светот?

  • 16 причини за веднаш да се преселите во некоја од нордиските земји

    16 причини за веднаш да се преселите во некоја од нордиските земји

    Доколку размислувате за промена на местото на живеење, сигурно ќе ве интересираат овие 16 причини тоа да биде некоја од нордиските земји. Данска, Норвешка, Шведска, Финска и Исланд располагаат со нешта со кои малку земји можат да се пофалат.rnrn16 причини за веднаш да се преселите во некоја од нордиските земјиrn

    1. Прекрасна природа

    rnСеверот на Европа располага со неверојатна природа. Секој пејзаж е толку живописен што изгледа како да не е на оваа планета. Некои научно-фантастични филмови чии дејства се случуваат на други планети се снимаат на Исланд, а покрај тоа тука се и норвешките фјордови, финските езера, поларната светлина…rn

    2. Најсреќните луѓе на светот

    rnПостојат некои мерења за тоа колку се среќни луѓето од разни делови на светот, а нордијците доминираат овде. Сите пет се во најдобрите десет. Причините кои носат толку среќа како последица се стандардот на живеење, должината на животот, правото да се направи слободен избор во многу сфери на животот и државната поддршка за населението.rn

    3. Луѓето јадат често и обилно

    rnЛуѓето во овие земји јадат доста обилно. Храната која ја консумираат е здрава и квалитетна, а и можат да си ја дозволат поради високиот животен стандард. И покрај тоа воопшто не се дебели поради тоа што многу се физички активни. Многу ги користат велосипедите, а покрај тоа кај нив популарни се некои исцрпувачки спортови како хокеј на мраз или скијање. Друг фактор е тоа што поради студената клима им е потребна повеќе храна.rn

    4. Парламентот е полн со жени

    rnНордиските земји ја имаат можеби најеманципираната женска популација на светот. Тие немаат квоти за пополнување на Парламентот со жени, туку тие сами се изборуваат за своите мандати. Тоа се должи на нивната активна вклученост на пазарот на трудот, одвоеноста на државата од црквата и развојот на системот на социјална благосостојба. Инаку околу 40% од пратениците припаѓаат на понежниот пол.rnrn16 причини за веднаш да се преселите во некоја од нордиските земјиrn

    5. Речиси и нема корупција

    rnСпоред индексот на Transparency International за корупција, Данска е најмалку корумпирана земја во светот, а и Финска, Норвешка и Шведска се исто така меѓу првите пет. Колку за споредба, Македонија е на 64-то место.rn

    6. И татковците земаат долго породилно отсуство

    rnТамошните власти и работодавци знаат дека на детето и на мајката потребно им е и таткото да биде во нивна близина непосредно по породувањето. Норвешка е првата земја во светот која го вовела ваквото правило во 1977 година. Денеска, обата родители заедно имаат право на 47 недели породилно отсуство, од кои 14 се загарантирани за таткото. Во Финска таткото има право на најмалку 54 денови отсуство, а во Шведска тој број е 60. Овие денови можат да се искористат додека детето не наполни осум години.rn

    7. Бејби боксот во Финска

    rnФинците имаат една прекрасна традиција поврзана со идните мајки која веќе е озаконета. Секоја бремена жена од државата добива кутија полна со работи кои му се неопходни на малото бебе за да преживее, како облека, кремови и слични работи. Иако според стандардот тоа таму секој може да си го дозволи, државата ја продолжува оваа традиција на покажување внимание за мајките.rn

    8. Извонреден образовен систем

    rnНордиските земји ги имаат најдобрите образовни системи во светот. Тие не ги тераат децата да повторуваат по наставникот, туку им даваат време да се пронајдат себеси во системот, да истражуваат, иновираат и фантазираат. Овие земји секогаш се првите во светот кои ги имплементираат најновите научни откритија од областа на образованието и тоа добро им се исплати. Повеќе за образовниот систем во Финска прочитајте на овој линк.rnrn16 причини за веднаш да се преселите во некоја од нордиските земјиrn

    9. Новинарите се слободни

    rnСите пет нордиски земји се на врвот на листата по новинарски слободи на „Репортери без граници“. Според оваа организација, овие земји имаат добри закони кои успеале да се претворат и во култура на однесување. Пак за споредба, Македонија е на 123-то место.rn

    10. Либерално општество

    rnКако што веќе споменавме, нордиските земји важат за доста либерални, пред сè поради еманципацијата на жените и одбивањето на влијанието на црквата. Тоа се огледа и преку фактот што тие се меѓу првите во светот кои ги легализирале партнерствата на хомосексуалните двојки. Првата воопшто во светот била Данска со 1989 година. Нордиските земји се меѓу првите кои ја легализирале и проституцијата.rn

    11. Казнувањето

    rnОвие земји, особено Норвешка и Шведска, секогаш се првите во светот кои воведуваат револуционерни методи на казнување. Тие се доста полабави со санкционирањето на погрешното однесување и не се фокусирани кон одмазда на сторителот, туку кон негова рехабилитација. Кога некој оди во затвор во некоја од овие земји, тој ја губи само својата слобода, а не и својата безбедност и можност да биде здрав и да одржува лична хигиена. Затоа тие имаат помали казни и сè помала стапка на криминал и прекршоци.rn

    12. Рециклирањето е религија

    rnНордиските земји си го рециклираат сето ѓубре кое го создаваат и го претвораат во енергија или во нови производи. Како прво, тие не ги фрлаат отпадоците насекаде туку ги селектираат, а втор важен фактор е тоа што таму тоа е доходовен бизнис. Шведска, на пример, не само што успева да го рециклира сиот свој отпад, туку и увезува по 800.000 тони отпад годишно од други европски земји со цел да го преработи во нешто друго.rnrn16 причини за веднаш да се преселите во некоја од нордиските земјиrn

    13. Музика

    rnНа нивната музичка сцена има од сè по нешто. Имаат доста развиена рок и метал сцена, вклучувајќи бендови како ХИМ и Најтвиш, необични пејачки како Бјорк, па сè до славни мејнстрим диџеи како Авичи. Меѓу другото, заразени се со Евровизија.rn

    14. Филмови

    rnЖителите на овие земји се привилегирани и можат во нивните кина да гледаат некои од нивните за нас непознати, но прекрасни филмови. Нивната филмска продукција располага со емоционални драми и крими трилери кои се поразлични од холивудските и имаат некој специфичен шмек кој ги прави посебни.rn

    15. Кампувањето е слободно и бесплатно

    rnЗа разлика од повеќето земји во светот, во нордиските земји можете да поставите шатор каде што ќе посакате и полицијата нема да ви прави проблем заради тоа. Дозволено е да правите што сакате во шумите сè додека тоа го правите одговорно.rn

    16. Дедо Мраз живее во нивниот крај

    rnНеговото село се наоѓа на крајниот север, во Лапонија. Кој не верува може да го посети и да се увери.

  • Заедници кои се сè уште недопрени од модерната цивилизација

    Заедници кои се сè уште недопрени од модерната цивилизација

    И покрај големото влијание на технологијата врз денешниот начин на живеење, постои изненадувачки голем број заедници низ светот кои сè уште немаат никакви допирни точки со модерната цивилизација. Нивните традиции можеби нам ни изгледаат неразбирливо, но големи се шансите дека тие постоеле многу подолго пред појавата на нашите. Следуваат петте „најдалечни“ заедници кои живеат сосема изолиран начин на живот и некои од нив не сакаат ни да слушнат за каков било контакт со странци.rn
    rn

    Непознато амазонско племе

    rnЗаедници кои се сè уште недопрени од модерната цивилизацијаНајмистериозната заедница на оваа листа е едно мало племе кое се наоѓа на средината од Бразилскиот Амазон, во „најдалечните краеви на светот“. Тоа е скоро откриено и сè уште многу малку се знае за нивните традиции и обичаи. Нивното име исто така сè уште не е познато и единствената причина поради која биле пронајдени е сечењето на дрвјата околу нивното село.rnrnИ покрај тоа што изгледа како нивното племе да има ограничен контакт и со племињата во околината, тие го делат истиот јазик Пано со нив, но со досега непознат дијалект. Настрана од тоа, со сигурност знаеме дека тие живеат во големи колиби од слама што укажува дека во нив не живее само примарното семејство, но како точно се одредуваат поделбите сè уште не е познато. Главниот извор на храна им се плодови како банани, пченка и кикиритки.rn
    rn

    Инуити од Канада

    rnЗаедници кои се сè уште недопрени од модерната цивилизацијаКанадските Инуити се едни од најстарите заедници чија историја датира од пред 20.000 години. Исто така тие се одликуваат по тоа што успеале да преживеат во едно од најбезмилосните места на планетата: на најсеверните простори од Канада каде што во летото има долги денови со умерена температура, но за време на зимите имаат константна ноќ и температури под нулата.rnrnПоголемиот дел од нивниот живот тие го поминуваат ловејќи фоки, како и китови и некои видови риби. Нивните фамилии живеат заедно и во нив секој член има одредена специфична задача од која сите имаат придобивки. Инуитите секогаш биле многу понапредни во поглед на технологијата од останатите нивни соседи, сè додека не се појавиле првите колонии од Северна Америка.rn
    rn

    Сами

    rnЗаедници кои се сè уште недопрени од модерната цивилизацијаТие живеат во регионот „Sápmi“ кој ги опфаќа најсеверните делови од Шведска, Норвешка, Финска и Русија. Самите се единствените официјални скандинавски домородци.rnrnТие имаат голем број средства за живот, но најчесто се фокусираат на обработка на крзно, одгледување овци и рибарење. Тие се и најпознати по одгледувањето на ирваси врз кои се потпираат не само за исхрана, туку и за облека. Нивниот јазик, Сами, сè уште се употребува како примарен јазик од поголемиот број на жителите. Тој се учи како прв јазик и во голем број училишта на далечниот север, како и на Универзитетот Сами.rn
    rn

    Сентинелси

    rnЗаедници кои се сè уште недопрени од модерната цивилизацијаКако и непознатото амазонско племе, така и Сентинелсите се противат на контакти со странци. Но, на нивна среќа тие живеат на Северниот Сентинел Остров, кој е дел од архипелагот Андаман на средината од Индискиот Океан каде што се прилично изолирани. Нивната популација се смета дека брои нешто помалку од 250 жители, делумно поради фактот дека тие својата храна ја добиваат само преку ловење – нема никакви докази дека се занимаваат со агрикултура.rnrnТие се неверојатно прецизни со копје и стрели, но постојат многу малку докази за понапредни видови оружје за ловење или пак за друг вид технологија. И покрај проучувањето на Индискиот антрополог Т. Н. Пандит, многу малку се знае за нивната социјалност. Тој во 1970 ги опишува како вид „заедница за парење“.rn
    rn

    Ваписхана

    rnЗаедници кои се сè уште недопрени од модерната цивилизацијаПронајдени во северен Бразил и јужна Гвајана, народот од Ваписхана за првпат воспоставил контакт со Европејците во 1498 година, за време на третото патување на Колумбо. Пред да се вмешаат мисионерите, тие биле полигамисти (еден маж имал повеќе жени), но денес голем број од нивните бракови се надгледувани од католички свештеници.rnrnОд друга страна, голем број од нивните традиции сè уште се целосно сочувани. На пример, секое село секогаш се дизајнира околу црква и жителите се фокусираат на одгледување на „cassava“ (корен кој се јаде). Голем број од домовите се состојат од основна фамилија, плус дедо. Само селскиот водач живее во примарната и најголема куќа околу која се наоѓаат куќите на неговите синови и ќерки, кои живеат со нивните фамилии.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Аурора бореалис

    Аурора бореалис

    Поларната светлина е сјај на ноќното небо, што се појавува во близина на двата земјини пола. На северниот пол, оваа појава се нарекува aurora borealis (северна зора) и го добила своето име по римската божица Аурора и грчкиот назив на северниот ветар, Бореас. Најчесто се појавува во два периоди од годината: септември и октомври и март и април (до ден-денес не е во целост разјаснето зошто). На југот, поларната светлина се нарекува aurora australis (јужна зора).(1) Аурора БореалисКреаторот на ова stop-motion видео, потрошил цела недела за да го направи и вели дека ова е најголемата Аурора бореалис во последниве неколку децении. Локацијата каде што го работел се граничи со северна Русија, а температурата на воздухот додека го снимал изнесувала -25 степени. Сепак, изгледа неверојатно, а само тој си знае како изгледа во живо.rn


    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn