Автор: Горана КоневскаrnrnГолема благодарност до оној кој ја измислил шминката, бидејќи со неа секоја девојка може да изгледа свежо и одморено, дури и кога тоа не е така. Но, понекогаш едноставно сакате да го одморите вашето лице и да не користите никаква козметика, барем еден ден. За да може да успеете во истото, треба секојдневно да се грижите за своето лице и за квалитетот на вашата кожа. Се разбира, постојат случаи кога едноставно мора да носите шминка, но доколку „маните“ не се толку големи, можете со мали трикови да ѝ овозможите малку одмор на кожата на лицето, а истовремено и да ја пуштите својата природна убавина на виделина.rnrn
rn
Отспијте се убаво
rnИако ова е премногу зборувано и за истото е навистина премногу пишувано, сепак една од најважните работи за вашето тело и вашиот дух, е да им овозможите доволен и добар сон и одмор. Од истото ќе видите ефекти веднаш. На пример, за време на викендите кога спиете повеќе од вообичаено нели веднаш забележувате дека немате подочници, тенот ви е порумен и едноставно немате уморен поглед во очите?rnrn
rn
Мијте го лицето со студена вода
rnМиењето на лицето со студена вода, како и користењето студени облоги помагаат да се забрза циркулацијата, истовремено давајќи ѝ свежина на кожата и убава природна боја.rn
Чистете и навлажнувајте ја кожата
rnСледно, но не помалку важно е да ја чистите и навлажнувате кожата доволно често. Со помош на специјална вода во форма на спреј за освежување, која можете да ја носите во чантата и многу други разни тоници и слични продукти, можете да постигнете долгорочни ефекти на кожа без пори, црнки и дури да спречите појава на акни. Запомнете само да користите лосион или млеко за лице откако ќе ѝ направите пилинг на кожата, за сосема да ги остраните мртвите клетки, инаку може да се соочите со поголеми проблеми т.е. порите да ви се наполнат со нечистотија и слично.rn
Пијте доволно течности
rnСекојдневното пиење течности овозможува баланс на телото, го забрзува метаболизмот, чисти од нечистотии и секако влијае и врз еластичноста на кожата.rnrn
rn
Заштитете ја својата кожа од сончевите зраци
rnКористете производи кои содржат фактор за заштита од Сонце. Добри се и за летно и за зимско време.rnrn
rn
Грижете се за веѓите
rnЗа да можете слободно да се лишите од шминката на некое време, задолжително треба да се грижите за веѓите и тоа секојдневно. Исто така, обидете се да го користите виткачот за трепки самостојно без притоа да ставате маскара. Ова ќе ви помогне да добиете помоќен изглед на вашите очи и поиздолжен изглед на трепките.rnrn
rn
Не заборавајте на косата
rnКосата е исто така од големо значење. Мрсната и неизмиена коса веднаш се забележува и ќе придонесе за ваш неатрактивен изглед. Затоа, одвојте малку време и посветете ѝ внимание на косата.rn
Користете многу малку сјај или балсам за усни
rnМалку сјај за усни или балсам нема воопшто да ви штети. Напротив, ако е со заштитен фактор ќе биде добро да го нанесете.rnrn
rn
Носете очила за сонце
rnОчилата за Сонце ќе ги сокријат малите мани, како подочници или слично, а и ќе го оттргнат вниманието од другите мали недостатоци на вашето лице.rnrn
rn
Што да прават оние кои не можат да излезат без шминка?
rnДоколку не можете да излезете без да нанесете шминка на лицето, а сепак сакате да изгледате природно, потребна ви е шминка во природни нијанси.rnrnЗемете коректор и покријте сѐ што ви пречи на вашата кожа, како што се црвените дамки, флеките, темните подочници, црвенилото и слично. Врз тоа нанесете посветла течна пудра (онаа нијанса која ќе делува природно на вашиот тен). Земете светла сенка (светла беж или светло розова), нанесете ја од внатрешниот аголот на окото и повлечете под веѓата по целата нејзина должина. Овие сенки се добра подлога за шминка. Потоа можете да додадете малку светкава сенка од средината до крајот т.е. до надворешниот агол на окото.rn
Дополнително:
rn
rn011
- Исчешлајте ги веѓите со специјална четка
rn011
- Ставете кафена или црна маскара (можете и да ги подвиткате трепките)
rn011
- Земете руменило со боја на праска или бледо розова боја и нанесете на образите
rn011
- Врз руменилото нанесете пудра во прав
rn011
- Нанесете балсам, кармин или сјај за усни
rn
rn
Најважното што треба да го запомните кога се шминкате
rnКрајниот ефект не смее да биде маска на лицето, туку лесна шминка која ќе има ефект, но истовремено нема да се познава дека ја носите.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.