КАФЕ ПАУЗА

Tag: самовили

  • 15 знаци дека низ вашите вени тече самовилска крв

    15 знаци дека низ вашите вени тече самовилска крв

    И покрај тоа што светот верува дека самовилите се фиктивни, келтските верувања се сосема спротивни. Според нив, некои кралски семејства биле дарувани со специјални моќи со цел да ја заштитуваат иднината на човечката раса. Велшкиот народ пак, верува дека самовилите се насекаде околу нас, како еден вид посилни смртници, додека келтските замисли за нив се како човеколики суштества.rnrnrnrnСо текот на времето се насобрале многу приказни за деца што настанале од спој меѓу човек и самовила, како и за деца што биле киднапирани и заменети со самовили. Постои и верување дека одредени луѓе се дарувани со самовилска крв уште пред душите да им бидат повлечени во сегашното тело. Некои дури и одат дотаму што сметаат дека ние сме директни потомци од самовили.rnrnБез разлика дали има вистина во ова, сепак интересно е да се погледнат знаците за луѓето со самовилска крв. Којзнае, може токму вие ќе се пронајдете во нив и ќе откриете сосема нова димензија од себе…rnrn1. Вие сте природно привлечени кон необјаснети настани или приказни за натприродни сили.rnrn2. Вашата кожа е постудена од кожата на другите, но ова не е непријатно искуство за вас затоа што другите го сметаат за смирувачко.rnrn3. Имате силен инстинкт кога станува збор за нештата што допрва треба да се случат.rnrn4. Многу е лесно да ги освојувате другите луѓе, бидејќи сите се природно привлечени од вашиот поглед. Се чувствува вистинска длабочина кога другите ве гледаат во очи.rnrn5. Вие имате потреба да бидете некаков вид исцелител, па затоа и често се насочувате кон медицинските професии или во оние што вклучуваат каква била помош за луѓе.rnrn6. Имате екстремен циклус за спиење – или не сте способни да останете будни во текот на денот, или не можете да заспиете цела ноќ.rnrn7. Сте имале имагинарни пријатели како дечиња, кои дури ни ден-денес не ви делуваат апсурдно. Всушност, сигурни сте дека тие сè уште постојат.rnrn8. Добивате главоболки од рутери за вифи или кога сте во близина на какви било други електромагнетни бранови.rnrn9. Никогаш не сте можеле да го објасните тоа, но имате чувство како да не сте целосен дел од вашето семејство.rnrn10. Можете да изразите буквално сè низ вашата музика. Вие сте длабоко поврзани со звуците и живеете за музиката.rnrn11. Постојано сте опишувани како уникатни и различни од другите.rnrn12. Се чувствувате приземјено и стабилно кога сте во природна околина.rnrn13. Понекогаш се чувствувате и како да не сте дел од овој свет. Го поминувате целиот ваш живот во чекање на нешто.rnrn14. Вие постојано сонувате за друг свет, и на тој начин си го одвлекувате вниманието од овој во кој моментално живеете.rnrn15. Можете природно да ги смирите бебињата и животните. Тие обожаваат да ви се приближуваат и да бидат во ваша близина.

  • Динамични скулптури од самовили кои танцуваат на ветрот

    Динамични скулптури од самовили кои танцуваат на ветрот

    Артистот Робин Вајт со помош на челик кој не ‘рѓосува создава неверојатни драматични скулптури од самовили со крилја кои танцуваат на ветрот. Нивните форми кои маѓепсуваат, со најразлични големини, додека заземаат динамични пози, искривувајќи го своето тело и посегнувајќи кон глуварчињата кои лебдат, изгледаат како да имаат сопствен живот.rnrnДинамични скулптури кои танцуваат на ветротrnrnЗа да ги конструира овие надреални скулптури, Вајт прво гради цврст скелет од жиците од челик. Потоа со различни слоеви од жиците додава мускули, екстремитети и кожа, замотувајќи ги околу скелетот сѐ додека не формираат густа форма која наликува на живо суштество. Во внатрешноста на сите фигури може да се забележи камено срце, понекогаш изгравирано со пораки кои ги прават сите овие фигури уникатни и персонализирани.rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Баба Рога и нејзините „митолошки колеги“

    Баба Рога и нејзините „митолошки колеги“

    Дознајте нешто повеќе за неколку митолошки суштества кои додека бевме деца ни влеваа страв во коски…rn
    rn

    Внимавајте иде Баба Рога!

    rnСе сеќавате ли на Баба Рога? Многумина од нас штом го слушнеа ова име стануваа најпослушните деца на светот, ги празнеа чиниите и веднаш заминуваа на спиење. Според митолошките преданија, таа е страшна вештерка која живее во шума. Нејзината куќа е оградена со коски и черепи од деца, кои откако ќе ги намами во својот дом, ги вари во голем котел и ги јаде.rnrnПокрај во нашата земја, Баба Рога е синоним за детски страв и во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Русија, Украина, Бугарија, Полска, Чешка, Словачка и Словенија. Позната е уште и како Баба Јага, односно Јага Баба.Баба Рога и нејзините „митолошки колеги“Во руските приказни, Баба Рога (Баба Јага) е грда и стара жена која живее во куќа што се движи на кокошкини нозе. Клучалката на вратата има остри заби и не може да се отвори ако не ги знаете магичните зборови. Нивната Баба Рога не лета на метла, туку на нејзиниот бастун.rnrnВо сказните „Василица Прекрасна“ на рускиот ислустратор и сценограф Иван Јаковлевич Билибин, оваа страшна баба има невидливи слуги за кои никој не смее да ја праша. Според делата на Билибин, нејзината куќа ја влечат тројца јавачи. Едниот јава на бел коњ и го означува денот, другиот на црвен и го сибмолизира Сонцето и третиот е на црн коњ и царува со ноќта.rnrn„Баба Рога“ на Александар Пушкин во поемата „Руслан и Људмила“ е штрбава старица, која исто така, живее во куќа на нозе од кокошка. Но, нејзиниот дом е без врати и без прозорци.rnrnПолските деца пак, Баба Рога ја знаат како вештерка која живее во куќа со само само една нога од кокошка. Таа лета на метла и е облечена во полска народна носија (црвено-црна). Во нивните приказни има повеќе Баба Роги. Така ги нарекуваат и страшните вештерки кои живеат во куќички од колачиња.rnrnПогледнете и една куса анимација за оваа хорор-баба:rn


    rn

    А, сте слушнале ли за Караконџула?

    rnКараконџула е женски демон кој живее во македонските, српските и бугарските приказни. И таа е со лик на старицa, носи бастун, има долги нокти, рогови, железни заби и продорни светли очи. Ова митолошко суштество лута доцна во ноќта за време на т.н. некрстени денови, често стои пред вратите и таму ја чека нејзината жртва. Таа може да се јави и во облик на многу слаба и висока жена или пак, да се трансформира во мало девојче.rnrnКога петелот ќе го означи почетокот на новиот ден, Караконџулата се повлекува во нејзиното дувло. Што значи, не чекајте да падне мрак, па да си одите дома, приберете се со време. 🙂Баба Рога и нејзините „митолошки колеги“rnrn

    Итрите самовили ќе ви ги земат очите?!

    rnСамовилите се убави, но злобни девојки, кои уживаат во музика и постојано играат оро. Имаат златни долги коси и крилја. Тие поседуваат неверојатна моќ да го заведат и маѓепсаат човекот. Живеат високо на планините, покрај извори на вода и во раскошни дворци на облаците.rnrnСпоред јужнословенската митологија, самовилите се раѓаат од росата на некое цвеќе, во моментот кога се појавува виножито. Можат да заземат најразлични форми, да се преобразат во лебед, сокол, волк и во други животни, и имаат неверојатна способност за пророкување. Ако побараат нешто од вас, а вие не го исполните, ќе ви ги земат очите. Нивната моќ лежи во косите и во крилјата. Ако некој им ги отсече, тие се претвораат во обични жени. Ако пак, им ја украдете облеката, самовилите ви се потчинуваат.Баба Рога и нејзините „митолошки колеги“Интересно е тоа што во некои записи се сретнуваат и мажи-самовили. Тие се синови на самовилите и имаат неверојатна мажествена моќ. Ова секако, се само мал дел од податоците за овие суштества од митологијата. За нив, повеќе можете да прочитате во делата на Марко Цепенков.rn
    rn

    Таму е дувлото на неуништливата ламја

    rnЛамјата најчесто има кучешка глава со големи остри заби и нокти. Таа се движи на четири нозе и има опашка која завршува во облик на рог. Телото на ламјата е покриено со големи лушпи, слично како кај рибите. Овие митолошки суштества живеат во пештери и во длабоки дупки, каде чуваат големи богатства. Во некои записи, тие се претставени и како чувари на водите и на изворите.rnrnИ ламјата има моќ да се трансформира. Таа може да заземе форма на човек, на орел или на змија. Нејзината појава се врзува со силните ветрови и со грмотевиците. Тие имаат силно развиен осет за мирис и се хранат со човечко месо. Ламјата е еден вид противтежа на змејот. Кога ќе се сретнат овие две митолошки суштества, тие веднаш влегуваат во борба, заради која се јавуваат грмотевиците и светкавите молњи на небото.Баба Рога и нејзините „митолошки колеги“Сме гледале и слушале многу приказни за нив, со храбри и сиромашни јунаци, кои за да дојдат до срцето на богатите цареви ќерки, мораат да се соочат со овие опасни и неуништливи ѕверови…rnrnПа, заради кое од овие суштества и вие бевте послушни деца? 🙂rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.