Можеби сè уште не знаеме што сакаат сите жени, но дефинитивно знаеме што може и што треба да прави секоја жена. Во продолжение прочитајте што треба да има секоја жена.rnrn
rnrn1. Доволно пари за да се исели од домот на родителите и да изнајми стан. Дури и ако никогаш не сака или никогаш не планира да го стори тоа.rnrn2. Нешто совршено за облекување ако работодавачот или човекот од нејзините соништа сака да се сретнат за еден час. За неа, не за нив.rnrn3. Младост што со задоволство ја остава зад себе и што со задоволство ќе им ја раскажува на своите внуци кога ќе остари.rnrn4. Од алати до градник со црна чипка.rnrn5. Една пријателка што ќе ја смее и една што ќе ја теши кога ќе плаче.rnrn6. Квалитетно парче мебел што не го наследила од семејството, туку го купила сама.rnrn7. Сет чинии, чаши за вино и рецепти кои ќе ѝ помогнат нејзините јадења да бидат највкусни.rnrn8. Чувство на моќ дека управува со својот живот.rnrn9. Секоја жена треба да знае како да се заљуби и да сака без да се изгуби себеси.rnrn10. Како да раскине и да даде отказ.rnrn11. Како да се справи со проблемите што ги има со своите пријатели, без да го уништи пријателството.rnrn12. Треба да знае кога вреди да се потруди повеќе, а кога да се откаже.rnrn13. Да биде задоволна од своите родителите и од својата фигура затоа што нема да може да ги промени, без разлика колку и да се труди.rnrn14. Нејзиното детство можеби не било совршено, но е завршено.rnrn15. Секоја жена треба да може да живее сама, дури и ако не ѝ се допаѓа како изгледа тоа.rnrn16. Треба да знае што е во состојба да направи за љубовта, но и што никогаш не би направила.rnrn17. Кому да верува, а кому не, кога да ги сфати работите лично, а кога да ги игнорира.rnrn18. Каде да оди, кога да се врати, но и каде да бара утеха кога нејзината душа бара мир.rnrn19. Можеби тоа е во куќата на нејзините пријатели, а можеби во некоја осамена дрвена колиба во шумата.rnrn20. Секоја жена треба да знае што може и што не може да постигне во еден ден, месец и година.rnrnПрочитајте што треба да знае секоја жена за водењето љубов пред да наполни 30 години.
Tag: самостојна
-

Што треба да знае секоја жена?
-

Моќта на волјата
Најпрво се насмеав кога ја видов првата фотографија. Веројатно ќе се насмеете и вие. Скролајте надолу за да ја дознаете приказната за моќта на волјата… Почнува вака…rnrn
rnrnПомисливте дека кучето го имитира човекот.rnrn
rnrnГи забавува децата во училиште, така?rnrn
rnrnА сега погледнете подобро…rnrn
rnrnПа?rnrn
rnrnЈа добивте пораката?rnrn
rnrnПокрај тоа што е животно, тоа ја добива почитта…rnrn
rnrnИ секаде добива топло добредојде…rnrn
rnrnИ има пат пред себе.rnrn
rnrnТоа стои самостојно.rnrn
rnrnВратите се отворени за оние кои веруваат во себе, а волјата е толку моќна што може да направи кучето да оди на две нозе!rnrnОва куче се вика Феит и е родено без предни нозе. Научило да ги користи само задните и да оди исправено како човек. Со неговиот сопственик, сега патува низ Оклахома за да биде инспирација за луѓето и да им помогне да ги надминуваат сопствените проблеми.rnrnСекогаш запомнете! Ништо не е невозможно ако се трудиш со цело срце и позитивна мисла. На крајот, не се бројат годините во животот, туку животот во нив.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Пародија за животот на една самостојна модерна жена
Слаткото девојче во ова видео е Лу Мекдауел, која има само 4 години. Идејата за снимањето на ова кратко филмче била на нејзините родители, а таа ја толкува улогата на една модерна вработена жена.rnrn
rnrnНачинот на кој таа се справува со своите сериозни обврски ќе ве насмее до солзи, иако таа е сериозна, со изградени ставови и поставен авторитет врз другите колеги. Проследете го текот на нејзиниот напорен ден и обврските кои успева да ги изврши, од будење до легнување.rnrnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.