Познатиот американски дневен весник Њујорк Тајмс неодамна одбележа 125 години откако во весникот почнале да се објавуваат рецензии за нови книги. Овој јубилеј беше одбележан така што читателите на весникот дадоа свое мислење за најзначајните литературни дела создадени во тој период.rnrn
rnrnЧитатели од шеесет и седум земји ги номинирале своите фаворити, а новинарите врз основа на нивните гласови направиле листа на 25 најдобри романи напишани во последните 125 години. Резултатите од гласањето беа објавени деновиве.rnrnСпоред одлуката на читателите на Њујорк Тајмс, најдобар роман во последните 125 години е „Да се убие птицата подбивница“ од американската писателка Харпер Ли. Второто место му припадна на романот „Господарот на прстените: Дружината на прстенот“, првиот дел од фантастичната трилогија на Џ. Р. Р. Толкин, а на трето место е романот „1984“ на Џорџ Орвел.rnrnВо продолжение погледнете ја листата на најдобрите 25 романи напишани во последните 125 години според читателите на Њујорк Тајмс:rn
- rn 011
- „Да се убие птицата подбивница“, Харпер Ли (1960)
- „Господарот на прстените: Дружината на прстенот“, Џ. Р. Р. Толкин (1954)
- „1984“, Џорџ Орвел (1949)
- „Сто години самотија“, Габриел Гарсија Маркес (1967)
- „Љубена“, Тони Морисон (1987)
- „Сета светлина што не можеме да ја видиме“, Ентони Дор (2014)
- „Параграф 22“, Џозеф Хелер (1961)
- „Ловец во ‘ржта“, Џ. Д. Селинџер (1951)
- „Пајажината на Шарлот“, Елвин Брукс Вајт (1952)
- „Завера на будалите“, Џон Кенеди Тул (1980)
- „Кревка рамнотежа“, Рохинтон Мистри (1995)
- „Џентлмен во Москва“, Ејмор Тоулс (2016)
- „Одвеано од виорот“, Маргарет Мичел (1936)
- „Плодови на гневот“, Џон Стајнбек (1939)
- „Големиот Гетсби“, Френсис Скот Фицџералд (1925)
- „Приказната на робинката“, Маргарет Атвуд (1985)
- „Хари Потер и каменот на мудроста“ Џ. К. Роулинг (1997)
- „Бескраен мајтап“, Дејвид Фостер Валас (1996)
- „Мал живот“, Хања Јанагихара (2015)
- „Лолита“, Владимир Набоков (1955)
- „Осамена гулабица“, Лари Мекмертри (1985)
- „Шума над шумите“, Ричард Пауерс (2018)
- „Молитва за Овен Мини“, Џон Ирвинг (1989)
- „Едно дрво расте во Бруклин“, Бети Смит (1943)
- „Улис“, Џејмс Џојс (1922)
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnОткако ги прочитавте резултатите од анкетата на Њујорк Тајмс за најдобрата книга напишана во последните 125 години, можеби ќе сакате да прочитате и кои книжевни класици треба да ги прочитате барем еднаш.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs


rnrnАко сте воодушевени од романот „Хајди“ од Јохана Шпири, или од неговата верзија адаптирана во цртан филм, може да ја посетите бајковитата куќичка на Хајди која навистина постои и ќе ве врати назад во времето. Романот е преведен на повеќе од 50 јазици и инспирираше милиони деца, па дури и возрасни.rnrnХајди е сè уште многу позната во Швајцарија и иако нема многу потсетници за неа во самиот град Мајинфелд, градот постави спомен-обележје во нејзина чест во малото селце Обер Рофелс или сега наречено селото на Хајди – полно со кози скитници.rnrn
rnrnСелото не е гламурозно како Дизниленд, но ефектот е шармантен. Куќата на Хајди е реновиран музеј чија внатрешност е опремена со оригинални парчиња од тој период, кои го отсликуваат руралниот живот од пред 120 години. Можете да ја видите дури и инвалидската количка на Клара.rnrn
rnrnКуќата на Хајди е типична селска куќа – изградена од дрво, камен и мали прозорци за да ја задржува топлината внатре за време на долгите зимски месеци. Патот покрај куќата води до Алпите, каде Хајди ги поминала најубавите години со својот дедо.rnrnВеднаш до влезот е визбата полна со вино, јаболка, зеленчук и сушено месо што виси од таванот. Млекото се чува овде и сè останато кое треба да престојува на ладно.rnrn
rnrnНа првиот спрат се Хајди и Петре кои седат на трпезата во дневната соба и се чини дека Хајди се обидува нешто да го научи збунетиот Петре.rnrn
rnrnСпоред некои истражувања, девојчето што ја инспирирало Јохана да ја напише оваа приказна се викала Мари и живеела овде. Никој не знае дали ова е точно, но истражувањата укажуваат дека ова е алпското пасиште, каде еден дедо го живеел својот осамен живот.rnrn
rnrnСелото на Хајди буди носталгија кај посетители од целиот свет. Многу од нив преноќуваат во ова идилично место на Алпите и уживаат во оваа приказна, а си одат дома со различни сувенири на темата Хајди.rnrnАко решивте да заминете на прошетка во Швајцарија, можеби би сакале да се искачите и на 
rnrnОсвен што се работи за класика што ги поврзува сите генерации и во неа еднакво може да уживаат и адолесцентите и возрасните жени, авторката донесува нешто што само ретки писателки како сестрите Бронте или Џејн Остин се осмелиле да го напишат – таа им дава право на глас на женските ликови, им овозможува тие да размислуваат со своја глава и да не им се препуштаат на оковите наметнати од патријархатот.rnrnВо романот сестрите Марч и нивната авторка имаат многу заеднички карактеристики. Алкот била втора од четирите сестри во нејзиното семејство во кое родителите ги воспитувале никогаш да не им е тешко да им помогнат на другите, но исто така, секогаш да се залагаат за себе и да го прават она во што навистина уживаат. Нејзиниот татко, Амос Бронсон Алкот, бил универзитетски професор, па многумина од некогаш најголемите интелектуалци во САД, како што се Хенри Дејвид Торо, Ралф Валдо Емерсон и Натаниел Хоторн, честопати можеле да се сретнат во нивниот дом.rnrnМеѓутоа, семејството многу често се селело и поради тоа уште почесто владеела беспарица, но никој не можел да ги лиши луѓето од нивната меѓусебна љубов и од интелектуалното богатство што го поседувале. За да му помогне на семејството кое имало финансиски проблеми, Луиза започнала да пишува и со текот на годините заработила многу пари.rn
rnrnНо, Луиза неволно се согласила да го напише ова дело. Имено, откако се прочуло за нејзиното пишување под псевдоним, еден издавач ѝ понудил да напише „роман за девојчиња“. Бидејќи не се сметала себеси за женствена, Луиза рекла дека нема да знае за што да пишува и ја одбила понудата. Но, една година подоцна, нејзиниот татко се обидел да ја објави книгата кај истиот издавач, кој го условувал издавањето на книгата со тоа што Луиза морала да допише „роман за девојчиња“.rnrnТаа се согласила на тоа за да му помогне на својот татко. И така се создал романот без кој веќе не можеме да ја замислиме светската литература.rnrnПриказната го следи животот на четири сестри Мег, ,Џо, Ејми и Бет Марч, кои ги запознаваме уште како девојчиња кои во најранливите години останале да живеат сами со својата мајка Мерми, која е морален столб на семејството. Нивниот татко отишол да се бори во Американската граѓанска војна. Вредностите што се вградени кај нив во овој период, па дури и порано, ќе ги следат во текот на целиот живот, бидејќи секоја од нив се обидува да го најде своето „место под сонцето“.rnrnСо годините што доаѓаат, најстарата сестра Мег се соочува со предизвиците на мајчинството и одржувањето на домаќинството, додека малку своеглавата Ејми се обидува да ја најде својата среќа и место во општеството. Џо пак се решава да гради кариера, а нејзиниот приход е од голема помош за семејството, додека кревката и секогаш љубезна Бет мора да се бори со сериозна болест.rnrnЏо е таа што, на некој начин ја „носи“ целата приказна. Нејзиниот феминистички пристап кон животот е очигледен во секоја нејзина реченица и Алкот многу вешто ги ткаела своите ставови за женскоста токму преку овој лик. Всушност, во нејзино време, романите биле единствениот начин да се искажат некои ставови со кои честопати не се согласувале сите, особено затоа што тие биле искажани од жени, а тоа им пречело на властите.rnrnИако се сосема различни по карактер, овие сестри покажуваат дека за среќен живот не е потребно големо материјално богатство, туку добро срце и чиста душа, и ова на сите може да ни послужи како пример. Иако издавачот побарал од авторката романот да има среќен крај и Џо да стапи во брак, значајно е тоа што тој момент доаѓа на самиот крај од романот – кога Џо е сложена личност која е финансиски независна, како што ѝ доликува на хероина од нејзиниот калибар.rnrnАко размислувате им купите книги на девојките или жените од вашето опкружување, по повод празниците кои доаѓаат, нека тоа биде оваа книга. Нема подобар роман што го прикажува ослободувањето на жените од патријархалните окови, истовремено испраќајќи порака до секоја девојка дека може да има свој живот и да донесува сопствени одлуки.rnrnДоколку сакате, може да ја погледнете и листата од 
rnrnКога имала 16 години, Мери се вљубила во Перси Шели, кој бил страстен обожавател на делата на нејзиниот татко и бил оженет во тој период. Тие оделе на долги прошетки кај гробиштата каде што била закопана мајка ѝ како прави готичари! Неколку недели по нивното запознавање, Мери и Перси си изјавиле љубов. Вилијам Годвин им забранил да се гледаат, но откако Перси се заканил дека ќе се самоубие, Мери побегнала со него во Франција. Перси ја оставил неговата бремена сопруга.rnrnНа 17-годишна возраст Мери го родила и изгубила нејзиното прво дете. Потоа, почнала да ги запишува нејзините чудни соништа за починато бебе кое се враќа назад во живот. Кратко по оваа трагедија, Мери и Перси заминале во Швајцарија за да се дружат со момчето на нејзината полусестра, односно со поетот лорд Бајрон. Тие го поминале летото таму и останувале до раните утрински часови зборувајќи за животот, уметноста и бизарната наука. Една мрачна вечер, Бајрон дал необичен предизвик: Сите требале да напишат приказна за духови.rnrnПерси и Бајрон брзо ги напишале нивните приказни, но Мери немала никаква идеја. Момците постојано ѝ додевале и ја прашувале дали се сетила на некоја приказна, сѐ додека една вечер Мери не го сонила најчудниот сон.rn
rnrnМери ја запишала нејзината визија, која подоцна станала позната како романот „Франкенштајн“ или „Новиот Прометеј“.rnrn„Франкенштајн“ бил објавен во 1818 година и бил познат како готска хорор приказна, но слободно може да се смета и за научно фантастичен роман. Инаку, Мери Шели и Бајрон биле толку големи готичари што се бореле кој да го добие срцето на Перси Шели кога починал. Мери победила, но му дозволила на Бајрон да го задржи неговиот череп.rnrn„Франкенштајн“ бил првиот роман од ваков тип. Тој дал идеја за тоа како би можела да изгледа иднината на современите науки и какво влијание би имала таа на човештвото. Мери Шели е автор и на делото „Последниот човек“, пост-апокалиптичен роман кој ги поставил основите на идејата за „последниот преживеан човек на планетата“, што е многу честа тема во научната фантастика.rnrn
rnrnАко сакате да отидете уште подалеку, првиот роман во кој се опишува патување преку портал во друга димензија полна со подморници и чудни суштества, тогаш треба да ја прочитате книгата „Вжештен свет“ (The Blazing World) од Маргарет Кавендиш која била напишана во 1666 година.rnrnСигурно забележавте дека жените се тие кои ги поставиле темелите на научно фантастичниот жанр уште од самиот почеток. Тоа има логика, бидејќи жените не биле почитувани како писатели, па затоа не е ни чудно што мечтаеле за подобар свет и посветла иднина.rnrnВо научната фантастика секогаш имало место за женскиот глас и добро е тоа што секоја година се појавуваат нови женски писателки кои се осмелуваат да пишуваат книги од овој жанр. Не треба да се заборави фактот дека морничавиот сон на Мери Шели е заслужен за полетувањето на илјадници вселенски бродови.
rn
rn
rn
rn
rn
rnrnПродолжете на 





















Режија:
Во филмот влегувате со бегството на Кејти од полицијата. Не е познато зошто бега, но кога ќе стигне во тивкиот Саутпорт на брегот на Северна Каролина се чини дека наоѓа малку мир. Сè уште се плаши за својата сигурност, па затоа на почетокот одбива да се зближи со локалните жители, барем додека не се спријатели со Алекс и неговите деца Лекси и Џош.
Лекси се радува на интензивирањето на пријателството меѓу татко ѝ и новата девојка, но за разлика од неа Џош не сака никој да го заземе местото на мајка му. И покрај тоа, страста меѓу Алекс и Кејти полека се разгорува, таа почнува да си го средува животот, но токму тогаш бостонската полиција по неа распишува потерница поради убиство и работите се комплицираат.
Понатамошното дејство во филмот, исто како и од почетокот, е сплет помеѓу романсата која е на повидок од една страна и мистеријата во врска со минатото на Кејти од друга. Таа мистерија е добро скриена до одредена точка во филмот и тешко е да се претпостави што точно ѝ се случувало нејзе, но по неколку клишеа наредени едно по друго тоа се губи и „Прибежиште“ може да ви стане многу предвидлив.
Дури и романсата не е многу интензивна како во други филмови на Спаркс. Не е филм кој носи напнатост, кој возбудува, туку е многу лесен за гледање и се чини дека е наменет само за фановите на неговите дела и филмовите снимани според нив. Голем дел од сцените се снимани во т.н. златен час, кога зајдисноцето дава посебен амбиент на и онака идиличното крајбрежно гратче. Ако ви е потребно бегство на едно такво филмско прибежиште без притоа многу да се заморувате, тогаш можете да се опуштите со овој филм.
rnrn







