Иако рок фановите одат на концерти за да уживаат во оригиналните верзии на песните на нивните омилени бендови, рок легендите одвреме навреме „си поигруваат“ со нив. Како оригиналните верзии да не се доволни, па некои од нив на концертите дел од своите хитови ги освежуваат со вокал или музичка придружба од уште некој славен изведувач. Воодушевувањето кај публиката е видливо уште кога тие ќе се појават на сцена, а откако ќе го доживеат епскиот перформанс кој следува, тоа останува да се раскажува и да се прегледува одново и одново. Уживајте во прегледот од неколку такви изведби.rn
U2, Bruce Springsteen & Patti Smith – Because the Night
rn
rn
Deep Purple, Ronnie James Dio & London Symphony Orchestra – Smoke on the Water
rn
rn
Foo Fighters and Led Zeppelin – Rock ‘n Roll
rn
rn
rn
Queen, Elton John & Axl Rose – Bohemian Rhapsody
rn
rn
rn
The Doors & Scott Stapp (Creed) – Light My Fire
rn
rn
The Rolling Stones & Eddie Vedder (Pearl Jam) – Wild Horses
rn
rn
U2 & Mick Jagger – Stuck In a Moment You Can’t Get Out of
rn
rn
rn
Tom Petty, Prince, Dhani Harrison, Jeff Lynne & Steve Winwood – While My Guitar Gently Wheeps
rn
rn
rn
The Rolling Stones, Axl Rose & Izzy Stradlin – Salt of the Earth
rn
rn
Paul McCartney, Sting, Eric Clapton, Phil Collins, Mark Knopfler & Elton John – Hey Jude
Иако ние веруваме дека најголемите музички хитови се направени со многу љубов и внимание, сепак тоа не е секогаш така. Понекогаш генијалноста на големите музичари испливува на површина сосема случајно. Токму следните шест класични рок хитови се настанати на таков начин – од шега.rn
Loser – Beck
rnХитот кој го вивна Бек меѓу рок легендите е создаден во кујната на продуцентот Карл Стивенсон. Бек почнал да рапува, Карл снимал, а кога ја пуштил снимката за да ја преслушаат, Бек се изнасмеал затоа што звучело многу лошо и саркастично запеал: „I’m a loser, baby, so why don’t you kill me“. Сепак, Карл не го делел неговото мислење и го убедил да ја снимат песната со новиот стих. Откако таа биле пуштена на едно калифорниско радио, станала голем хит, а продуцентските куќи започнале војна за да потпишат договор со него.rn
rn rn
Sweet Child O’Mine – Guns ‘n Roses
rnЕден од најпознатите гитарски рифови на сите времиња за малку немало ниту да дојде до ушите на публиката. Кога Слеш се обидел да отсвири нешто што наликувало на циркуска мелодија правејќи му смешни фаци на тапанарот Стивен Адлер, Аксл Роуз бил убеден дека го имаат новиот хит. Слеш не сакал од неговата шега да прават песна, но по кратко убедување прифатил да ја стават на албумот за да го пополни просторот. Останатото е историја.rn
rn rn
Stuck in the Middle with You – Stealers Wheel
rnНасловот можеби не ви е многу познат, ама мелодијата сигурно сте ја слушнале. Многумина мислат дека овој хит е дело на Боб Дилан, но тој всушност е направен за да го исмее токму него. На Stealers Wheel не им се допаѓало тоа што во своите текстови Боб Дилан ги генерализира разните групи луѓе нарекувајќи ги кловнови и џокери, па направиле текст кој е пародија на сè што тој отпеал дотогаш. Тешко е да се утврди дали успехот на песната се должи на имитирањето на Боб Дилан, но достигнувањето на шестото место на Билборд листата во 1973 не е мала работа.rn
rn rn
Cum On Feel the Noize – Quiet Riot
rnОваа песна успеала да стигне до петтото место на Билборд топ 100 листата, што е одличен успех со оглед на тоа што членовите на бендот не сакале таа воопшто да излезе во јавност. Кога нивниот продуцент им рекол да направат кавер верзија на постара песна, ним тоа не им се допаднало, па кога влегле во студиото се погрижиле да звучи ужасно. Тапанарот не обрнувал внимание на гитарите, а вокалистот буквално вриштел. Сепак, публиката поинаку реагилрала на оваа шега и добиле голем хит.rn
rn rn
(You Gotta) Fight for Your Right (to Party) – Beastie Boys
rnБисти Бојс се уште еден бенд кој се обидел да исмее некого, но завршил со рок класика. Мразејќи ја рок сцената од осумдесеттите, напишале „бесмислен забавен текст“ наречен „Мора да се бориш за правото на забава“, на кој додале по некој едноставен риф и тапани. Изненадени од големиот успех на нивната шега, направиле видео кое требало да биде подеднакво смешно. Сепак, кога сфатиле дека публиката која ја слуша музиката која ја исмеваат е виновна за големиот успех, престанале да го изведуваат овој хит во живо.rn
rn rn
Smells like Teen Spirit – Nirvana
rnSmells like Teen Spirit на Nirvana ја смени мејнстрим музиката во деведесеттите преку ноќ и денес важи за најдобрата рок класика од оваа декада. А сепак, не настанала преку сериозна и макотрпна работа. На ѕидот од собата на Курт Кобејн еден негов пријател со спреј напишал „Курт мириса на Teen Spirit“, односно на дезодорансот на неговата девојка. На славниот рокер ова му звучело некако револуционерно, па се обидел да ја исмее оваа мисла. Напишал текст, а потоа и саркастична музика која имала за цел да ја исмее „More Than a Feeling“ на Boston. Идниот светски хит бил експресно одбиен од членовите на бендот. Курт сепак ги натерал да ја свират одново и одново околу час и половина, по што попуштиле.rn
Тејлор Момсен (Џени Хамфри), Ед Вествик (Чак Бес) и Лејтон Мистер (Блер Волдорф), не само што се прославија со своите улоги во мега-популарната ТВ серија „Gossip Girl“ (Озборувачка), туку тие градат и свои музички кариери. Заедничко за тројцата пејачи е тоа што музиката за нив претставува излез од реалноста и ослободување на душата. Повеќе или помалку успешни, тие се на почетоците од својата музичка кариера, а сега засега „дивата“ Тејлор Момсен изгледа најнадежна.rn.rn
Тејлор Момсен
rn17-годишната Тејлор Момсен, не само што се прослави со својата улога на Џени Хамфри, туку таа е и модел, текстописец и неверојатен музичар. Нејзините вокални способности се фантастични и таа веќе гради успешна музичка кариера со својот алтернативен рок бенд The Pretty Reckless. Таа е водечкиот вокал во бендот и ритам гитаристка, а останатите членови се Бен Филипс на гитара, Марк Дејмон на бас и Џејми Перкинс на тапани. Тејлор е текстописец на сите песни од нивниот демо албум „Light me up“, кој излезе на 30-ти август 2010-та.Помалата сестричка на Ден Хамфри која сите ја знаме, е вушност многу дива и контраверзна на своите настапи со бендот, нашминкана секогаш со црна сенка за очи и црн креон, облечена во екстра кратки фустанчиња (или маички), при што ѝ се ѕирка сексапилниот долен веш. Таа уште на 5-годишна возраст била заљубена во The Beatles. „Бев опседната со нив“ – вели таа. „Ги сакав и Led Zeppelin, The Who, Pink Floyd, Audioslave, Soundgarden, Oasis и Nirvana. Тоа е сè што слушав. Сите мои рок идоли се мажи“.rnrnrnrnВо врска со своите 3 занимања таа вели: „Не ја одбрав глумата или манекенството. Се уфрлив во тие области. Ми се допаднаа, па не ми претставува никаков проблем да се занимавам и со тоа. Но, музиката и пишувањето песни, се нешто кое отсекогаш сум сакала да го правам. Имам одено во музички студиjа и работено со музички продуценти уште од 5-годишна возраст. Не можев да снимам албум на 8 години, но сега можам“ – објаснува таа низ смеа.rnrnrnrn„Албумот е за животот“ – вели таа. „Тој во себе содржи сè: љубов, смрт и музиката сама по себе. Тој е симбол на рок енд рол. Секс. Дрога. Религија. Политика. Секоја песна раскажува приказна за тешкотиите, страдањата и војувањето со емоциите кои јас сум ги искусила или сум ги набљудувала. Ова не е весел поп албум, но не е ниту симбол на ѓаволот. Идејата на текстовите не е тие да бидат сфатени буквално, туку се отворени за интерпретација.“rn.rn
Ед Вествик
rn23 годишниот актер Ед Вествик, кој ја глуми улогата на неодоливиот Чак Бес, беше фронтмен на британскиот петочлен бенд „The Filthy Youth“. Тој бил оформен во 2006-та година, а има елементи на инди, панк рок и алтернативна музика. Ед бил вокалот во бендот, а знае малку да свири и на гитара.„The Filthy Youth“ има сè што се очекува од еден рок енд рол бенд: фризурите, искулираното однесување на сцената, сексапилен водечки вокал и „валкани“ рефрени проследени со гитара. Влијание врз нивната музика имале: The Clash, Xtc, Weller, The Rakes, The Libertines, The Hives, The Rolling Stones и The Doors. За жал Ед не можел да продолжи паралелно да работи на својата музичка кариера и на ТВ серијата “Gossip Girl”, откако таа станала мега-популарна.rnrnТој во врска со музиката вели: „Отсекогаш сум бил поврзан со музиката. Животот не е она што го гледаш, туку она што ти се случува во главата. Музиката е нешто кое произлегува од твојата потсвест. Музиката за мене претставува ослободување.“Негова инспирација е филозофијата на Џим Морисон. „Не се само песните кои The Doors ги направија тоа што беа, туку и нивното шоу на сцената. Додека сум на сцената, јас сум шоумен. Не би рекол дека сум рок ѕвезда… Ок, во мојот свет на соништата сум.“ Тој планира и во иднина да се занимава со музика и вели дека работи на таен музички проект. Во меѓувреме ни останува да ја слушнеме музиката на The Filthy Youth, а во продолжение следуваат две песни кои се дел од саундтракот на Gossip Girl.rn.rn
rn24-годишната Лејтон Мистер, која е најпопуларна со својата улога на сексапилната заводничка Блер Волдорф, се занимава и со музика од април, 2009-та година, кога потпиша договор со Universal Republic продукција. Таа е поп пејачка, текстописец и модел, а нејзиниот деби албум насловен „Your Love’s a Drug“ зачинет со софистицирани, електро, денс елементи, ќе излезе наскоро.Лејтон го цени модерниот звук, а инспирација црпи од Gwen Stefani, Black Eyed Peas, M.I.A и други. Таа, во врска со нејзините две професионални преокупации, музиката и глумата вели: „За да бидеш во филм, треба да успееш да ја доловиш визијата на сценаристот и режисерот и да правиш сè што тие сакаат. Треба да се вложиш себеси во улогата и токму тоа е убавината во глумата – да дадеш дел од себе. Но, мојата музика се подобри како резултат на мојата глума, на тој начин, што кога пеам правам перформанс“.rn
Таа вели дека пишувањето текстови и создавањето музика е сосема нов свет, во кој можеш да започнеш од нула и да изградиш песна базирана на она што го посакува твоето срце. Токму затоа музиката ја исполнува.
rn
„И за луѓето кои се занимаваат со глума и за музичарите, чувството е исто; ако навистина сакаш нешто, не ти е толку грижа за комерцијалниот успех на истото, сè додека е квалитетно. Така се чувствувам и за мојата музика. Сакам да биде добра, за да можат луѓето да ме почувствуваат преку неа“ – објаснува Лејтон.