Дали знаете која е омилената книга на Мадона? Или можеби ве интересира што сака да чита актуелниот американски претседател Барак Обама?
rn
Лејди Гага
rnПоп-иконата Лејди Гага тврди дека секој ден ги чита делата на поетот Рилке, што и не е изненадување ако се знае дека таа ги има истетовирано неговите стихови на раката.rnrnОмилена книга: „Писма до младиот поет“ од Рајнер Марија Рилкеrnrn
Бил Клинтон
rnПоранешниот американски претседател, Бил Клинтон, вели дека ги обожава популарните трилери и мистерии, но неговата омилена книга повеќе се поврзува со траумата и злоупотребата.rnrnОмилена книга: „Знам зошто пее птицата во кафез“ од Маја Ангелоуrnrn
Бен Афлек
rnПопуларниот актер Бен Афлек кој важи за човек од ренесансата на филмската индустрија, за себе вели дека обожава да чита книги, а доказ за тоа е и Оскарот кој го освои за најдобро оригинално сценарио.rnrnОмилена книга: „Шахот на шаховите“ од Ришарт Капушчински
rn
Барак Обама
rnПретседателот на САД, Барак Обама, беше најпродаван автор пред да ја започне својата претседателска кариера. Иако тој и неговите ќерки напишале писмо до писателот Јан Мартел во кое ја изразиле нивната благодарност за книгата на Мартел, „Животот на Пи“, оваа книга сепак не е неговата омилена.rnrnОмилена книга: „Самоувереност: Мудроста на Ралф Валдо Емерсон како инспирација за секојдневниот живот“ од Ричард Веланrnrn
Мишел Обама
rnПрвата дама на САД, Мишел Обама, својата омилена книга ја опишува како книга која ја прочитала од првата до последната страна за само еден ден, не затоа што некој ја натерал, туку затоа што книгата била навистина добра.rnrnОмилена книга: „Песна над песните“ позната уште како „Песната на Соломон“ од Тони Морисонrnrn
Кејт Мидлтон
rnИако важи за голем обожавател на британската литература, Војвотката од Кембриџ ја фаворизира работата на една канадска писателка од почетокот на 20-от век.rnrnОмилена книга: „Ана од зелените покриви“ од Луси Монтгомери
rn
Гвинет Палтроу
rnГвинет Палтроу, која е позната како страстен читател на книги, вели дека првата книга која ја има прочитано е всушност нејзината омилена книга. Ја читала заедно со нејзината мајка, кога имала само 10 години.rnrnОмилена книга: „Џејн Ер“ од Шарлот Бронтеrnrn
Џеј Зи
rnВо врска со неговата омилена книга, Џеј Зи изјавил дека таа е една од двете книги според кои тој го живее својот живот. Како што тој растел, така сè повеќе се интересирал за религијата, а неговата омилена книга има најмногу смисла кога се работи за начинот на живеење.rnrnОмилена книга: „Местото на душата“ од Гери Зуковrnrn
Роберт Патинсон
rnАнглискиот срцекршач, Роберт Патинсон, минатата година ја сподели својата омилена книга во „Шоуто на Опра Винфри“. Неговиот неодамнешен избор на книжевни дела ја вклучува поезијата на Шарл Бодлер.rnrnОмилена книга: „Собрани поеми“ од Шарл Бодлер
rn
Џоан Роулинг
rnОткако ја објави сагата за Хари Потер, Џоан Роулинг си создаде армија обожаватели од сите возрасти. Но, кога се работи за нејзината омилена книга, таа им дава предност на комедијата и магијата.rnrnОмилена книга: „Ема“ од Џејн Остинrnrn
Доналд Трамп
rnМагнатот за недвижности и еден од најуспешните бизнисмени, Доналд Трамп, повеќе би сакал да чита практични водичи, отколку светски класици.rnrnОмилена книга: „Моќта на позитивното размислување“ од Норман Винсент Пилrnrn
Мадона
rnСознанието за омилената книга на Мадона било сосема случајно, кога еден нејзин пријател ги постирал насловот и авторот на книгата на нејзиниот блог.rnrnОмилена книга: „Сопругата на патникот низ времето“ од Одри Нифенгерrnrn
Натали Портман
rnСпоред Натали Портман, која ги заврши студиите по психологија на Универзитетот Харвард во 2003 година, најдобрата психологија е во литературата. За неа е полесно да го разбере ликот отколку теоријата.rnrnОмилена книга: „Министерство за посебни случаи“ од Артур Мореј
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.