Музичките спотови честопати ни служат како инспирација за комбинирање на нашата облека, но не ретко нè импресионира и начинот на којшто омилените пејачки се нашминкани во нив. Овде ви прикажуваме неколку начини на шминкање од популарните видео спотови коишто можете да ги испробате веќе во следната прилика!rnrn
rn
1. Бијонсе, „Why Don’t You Love Me?“
rnИ овде можеме да ѝ завидуваме на Бијонсе! Тиркизни нокти, изразен ајлајнер и разбушавена коса е она што прави оваа талентирана пејачка и во овој спот да биде прекрасна.rnrn
rn
2. Ријана, „Bitch, Better Have My Money“
rnРијана честопати може да биде пример кога станува збор за шминкањето и фризурата, а ништо поинаку не беше ни кога се појави во спотот за песната „Bitch Better Have My Money“. Бордо усните и косата којашто со многу волумен, лесно може да стане и ваш заштитен знак.rnrn
rn
3. Џенифер Лопез, „Live It Up“
rnАко некој може да нè мотивира на усните да ставиме жолт кармин, тогаш тоа е Џеј Ло. Овој сончев изглед е идеален за летните вечери, па почекајте уште неколку месеци додека вашата кожа не добие боја.rnrn
rn
4. Гвен Стефани, „Don’t Speak“
rnКултниот изглед на шминката од средината на деведесеттите го видовме на Гвен Стефани, во првиот спот на групата „No Doubt“ за песната „Don’t Speak“. Класичниот црвен кармин и тенките веѓи и ден-денес се нешто по коешто ја паметиме оригиналната пејачка.rnrn
rn
5. Лорд, „Tennis Court“
rnГрандиозната шминка каква што денес во најголема мера ја промовира Кајли Џенер, пред две години ја воведе австралиската пејачка Лорд. Акцентот е ставен на темните усни и нагласените веѓи.rnrn
rn
6. Тејлор Свифт, „Bad Blood“
rnВо овој спот Тејлор се трансформира од девојка во права фатална жена, а за тоа придонесува јаката боја на коса и особено нагласената шминка.rnrn
rn
7. Лана Дел Реј, „Born to Die“
rnГламурот на стариот Холивуд го оживеа Лана Дел Реј со својот сјаен тен, долгите трепки и дефинираните локни.rnrn
rn
8. Кејти Пери, „Thinking of You“
rnВо овој спот можеме да воочиме три работи за коишто сонуваме: совршено нашминкани црвени усни, беспрекорно долги трепки и фризура во пин-ап стил. Браво Кејти!rnrn

























Заедно со Каније Вест, Џеј Зи, Хали Бери, Ријана или Бијонсе, Пиџет е „фотографиран“ веднаш до неговите замислени пријатели, со кои го живее гламурозниот живот. Качен на мотор со Бијонсе, пеејќи серенада заедно со Алиша Кис или гушкајќи ја Ким Кардашијан, додека зборува со Џеј Зи, фотографиите на овој човек се навистина забавни за гледање.
Пиџет продолжува да објавува вакви забавни фотки на неговите профили на Твитер и на Инстаграм, во кои тој е составен дел од поп културата. Тој има напишано и еден интересен твит во врска со својата работа:rnrn
rnrn
























