Психолозите го потврдија она во коешто одамна се сомневавме: Амбициозните листи на работи кои ќе ги направиме/започнеме/довршиме или пак, од кои ќе се ослободиме во новата година се само губење време. Вие го имате благословот од психолошките експерти слободно да ги запалите новогодишните резолуции и одлуки. Сè што треба да направите за да ги остварите ваши цели оваа година е да одвоите 20 минути и да одговорите на следниве 20 прашања поврзани со минатата година кои ќе ви ги отворат очите во новата!rnrn
rnrn1. Што најмногу ме усреќи во 2015-тата?rnrn2. Што ми го расипуваше расположението?rnrn3. На што без потреба го трошев времето?rnrn4. Со кого и на што се смеев до солзи?rnrn5. Што или кој најмногу ме инспирираше?rnrn6. На што се гордеам кога ќе се сетам на минатата година?rnrn7. За што жалам?rnrn8. Со кого најмногу се дружев?rnrn9. Кого воопшто не го видов или ретко го гледав?rnrn10. Што ме расплака?rnrn11. Што не би го повторил/а пак?rnrn12. Што би повторил/а?rnrn13. Кого го разочарав?rnrn14. Кој мене ме разочара?rnrn15. Што постигнав?rnrn16. Што не успеав?rnrn17. Околу што најмногу се трудев?rnrn18. Околу што најмалку се трудев?rnrn19. За што лажев?rnrn20. Да имам право на само еден повик, кому би се јавил/а и што би му кажал/а?
Tag: резолуција
-

Новогодишните одлуки се мртви. Да живеат новогодишните прашања!
-

Жени, време е: 24 работи на кои треба да им кажете збогум во 2016-тата
Во продолжение следуваат 24 резолуции кои ќе го унапредат вашиот живот и ќе внесат позитивни промени. Комбинирајте ги и прилагодете ги на себе во своето слободно време. Доколку се чувствувате особено амбициозни, тогаш остварете ги сите.rn
rn1. Неучтиви средби
rnТажно е што веќе стана сосема нормално да се откажуваат средбите во последен момент. Нормални се и непристојните коментари и незгодните забелешки. Ако сакате подобро искуство, мора да ги подигнете стандардите и да почнете поцврсто да стоите на вашиот став.rn
2. Лажни пријателства
rnСите ние сме возрасни. Знаеме кој ни е вистински пријател, а кој не. Престанете да наоѓате време за луѓето кои прават да се чувствувате лошо/искористено/непочитувано или кои будат во вас слични токсични емоции. Кажете им збогум!rn
3. Грешки од минатото
rnКолку долго болните сеќавања и спомени ве спречувале вистински да го живеете животот и да уживате го сегашните моменти? Направете сè што е потребно за да им ја одземете таа моќ. Побарајте терапевт, читајте книги за самопомош, медитирајте или одете на групни терапии.rn
4. Мразење други жени
rnВреме е да бидете инспирирани и да ги поддржувате другите жени. Како е омаловажувањето на жените од страна на други жени поразлично од малтретирањето на жените од страна на мажите?rn
5. Извинувања за својот успех
rnОва е 2016-та. Жените се бореа долго и тешко за да стекнат право на глас, на работа, како и да можат да ги остварат своите визии кон кои напорната работа може да ги одведе. Не се спречувајте, сјајте. rn
6. Да дозволите да ве полудува електронската пошта
rnСеднете, направете план, организирајте се и потоа почнете да бришете или да архивирате.rn
7. Игнорирање на работи кои треба да се сработат
rnСите ние имаме проблеми, а нивното решавање ќе ни помогне да живееме подобар и посреќен живот. Која е користа од игнорирањето на проблемите освен тоа што на тој начин само го тешиме егото?rn
8. Трчање кај мама и тато
rnДобро е што родителите се секогаш тука за вас, но знаете што е потребно? Да им покажете како направиле одлична работа и створиле една независна, самостојна личност.rn
9. Често нарачување храна
rnНе само што е скапо, туку не е ни здраво. Направете листа од сите прехранбени производи кои веќе се наоѓаат во вашата кујна и згответе нешто едноставно и здраво.rn
10. Излегувате дури и кога сте преморени
rnНе мора да излезете надвор од вашиот дом кога сте уморни само затоа што се плашите дека ќе одбиете некого и со тоа ќе го повредите.rn
11. Возење со автомобил – секогаш и насекаде
rnСеднете и размислете колку сте потрошиле на бензин изминатава година. Време е да направите промена и повеќе да пешачите. Којзнае, можеби на тој начин ќе успеете да заштедите доволно за да заминете на мини одмор.rn
12. Излегувања преку неделата
rnИзлегувањата на вечера и пијалак можат повремено да бидат забавни, но ако сте мамурни на работа неколку дена во неделата, би требало да се потсетите дека не сте повеќе средношколци. Како можете да го импресионирате шефот и да напредувате, ако постојано се движите надвор од шините?rn
13. Пребарување на социјалните мрежи пред спиење
rnИскрено, не постои ништо на Инстаграм што би можело да го промени вашиот живот. Социјалните мрежи можат да почекаат.rn
14. Останување во односи, бидејќи се надевате дека одеднаш другата личност ќе стане она што го сакате/заслужувате
rnОдносот би требало да вклучува две личности кои гледаат во иста насока и заедно се трудат тоа да го постигнат, истовремено наоѓајќи забава и утеха едни во други. Не е паметно да очекувате ситуацијата, или уште полошо личноста, да се променат.rn
15. Користење на кредитната картичка бидејќи немате кеш
rnЕве едно правило кое ќе ве доведе до финансиска слобода: Ако нешто не можете да си го дозволите, немојте ни да го купувате.rn
16. Непрекинато барање совети
rnДа, сите имаме некоја мудрост која можеме да ја споделиме и одлично е да се имаат паметни пријатели кои ќе ни понудат решение. Но, ако не можете да сфатите како да донесете одлука, не знаете како се чувствувате и што е добро за вас, често ќе се најдете во ситуација на паника каде што ќе се прашувате: „Што да правам сега?“ Таквите ситуации ќе ве остават парализирани.rn
17. Гледање реални шоуа наместо живеење на вистинскиот живот
rnСметаме дека тука не е потребен коментар.rn
18. Набројување на изговори поради кои не требате да одите на вежбање и да бидете активни
rnВежбите се повеќе од добар изглед. Редовното движење, освен што е добро за општото здравје, ја зголемува флексибилноста, го смалува кортизолот, помага во испуштањето ендорфини, активно се бори против депресијата, го зајакнува умот, како и дисциплината, дава чувство на бистрина, задоволство и достигнување. Време е здравјето да стане вашиот вистински приоритет.rn
19. Незгодно ви е да кажете: „Јас го заслужувам најдоброто“
rnНе, тоа не значи дека не треба да се срамите да ѝ кажете на фината личност која ве одвела во еден убав ресторан дека сакате јадење од 100 евра. Тоа значи да се погледнете во огледало и да знаете дека го заслужувате најдоброто од себе секој ден.rn
20. Играње мачка и глушец
rnГи знаете оние ситуации во кои некој ве сака само кога го игнорирате, но кога ќе му обрнете малку внимание, просто исчезнува? Продолжете понатаму.rn
21. Не се соочувате со вашиот страв од конфликт
rnНема успешни и среќни личности на планетава кои не го иритираат некого во овој момент. Време е да се соочите со својот страв од конфликт, така што конечно ќе можете да го направите она што навистина го сакате, да го кажете она што го чувствувате и да живеете автентичен живот каков што заслужувате да живеете.rn
22. Живеење вечен студентски живот
rnКупете си убави чинии, врамете ги вашите фотографии, купете еден пристоен комплет на постелнина и добра книга за готвење.rn
23. Ставање на важните работи на чекање
rnСекогаш постои утре, сè додека нема да го има. Размислите за тоа кои сте и што навистина сакате од животот и направете план. Никогаш нема да има време ако чекате, но ќе го има доста ако се одлучите да направите чекор напред.rn
24. Грижа за тоа што мислат другите
rnНе заборавајте дека сите го живееме својот живот. Секој мисли најмногу на себеси. Животот е дар, а вие можете да го спакувате и да го носите како што сакате.
-

Нетбук на соларна енергија
Претставништвото на Самсунг во Русија го најави новиот модел на нетбук кој ќе може да се полни додека е изложен на сонце. Капакот, е прекриен со соларен панел од надворешната страна, кој му овозможува еден час работа на уредот за секои два часа изложеност на енергија од сонцето. Моделот Samsung nc215s ќе се продава летово во Русија и во Сад.
Се работи за 10,1-инчен модел чиј екран, кој поддржува резолуција од 1024×600 пиксели, е прекриен со антирефлексивен слој и е специјално дизајниран за директна изложеност на сонце.
Samsung nc215s доаѓа со dual core процесор n570 или со single-core n455 Intel atom процесор, а го има во варијанта со хард диск со капацитет од 250GB и од 320GB.
Модот наречен „брзо подигање“ (samsung fast start) ги комбинира непроменливоста на работната состојба која ја овозможува хибернацијата и брзината на подигање кога уредите се во sleep-мод. Многу практична е и функцијата „спиј и полни“ (sleep-and-charge) кој овозможува полнење на други екстерни уреди преку УСБ дури и кога компјутерот не работи.
Нетбукот доаѓа со шест-ќелијна батерија која, кога е максимално наполнета, може да издржи до 14,5 часа непрекината работа.rnrnSamsung nc215s ќе се појави на американскиот пазар на 3 јули и ќе чини 400 долари, додека во Русија ќе излезе во август и ќе се продава по цена од 14.000 рубљи или 500 американски долари.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

Не ве советуваме да го правите ова доколку ви е нагласено дека не смеете да користите одредени сајтови, но ако се работи за живот или смрт, еве како можете да се обидете „да се спасите“.rn