КАФЕ ПАУЗА

Tag: реупотреба

  • Нема да поверувате на кој начин може да ги искористите пластичните шишиња. Погледнете!

    Нема да поверувате на кој начин може да ги искористите пластичните шишиња. Погледнете!

    Грижата за животната средина и нејзина заштита не се нешто ново. Луѓето сè повеќе смислуваат различни начини за да се намали штетата што ѝ се предизвикува на планетата со некои креативни идеи за рециклирање и повторна употреба на одредени предмети. Затоа погледнете ги овие 9 необични употреби на пластичните шишиња. Овие проекти се едноставни, корисни за секојдневниот живот, но и за заштита на животната средина. Многу е важно да запомните дека на едно пластично шише му се потребни 700 години за да започне со процесот на распаѓање и повеќе од еден век за целосно да исчезне од животната средина.rnrn1-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_rn

    1. За чување храна

    rnИскористете 2 пластични шишиња за да направите садови за чување храна како ориз, грав, тестенини и шеќер. Потребно е да ги исечете шишињата во различни димензии: подолго (тоа ќе биде основата) и покусо (кое ќе биде капаче), па спојте ги заедно.rnrn2-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_rn

    2. За кофи за наводнување

    rnМногу лесно може да го претворите пластичното шише во кофа за наводнување. Сè што треба да направите се неколку дупчиња на капачето со помош на клинец и чекан. Бидете внимателни! Ако патувате, а немате никого да се грижи за вашите цвеќиња, тогаш шишето навалете го надолу кон саксијата. Или пак, може да го закачете над саксијата, со клинец на капачето, а водата ќе тече пополека и ќе спречи вашето цвеќе да се исуши.rnrn3-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_rn

    3. За организирање на вашата работна површина

    rnКористете пластични шишиња за да создадете држачи за моливи и различни организатори за вашата работна површина. Искористете го долниот дел од шишето и декорирајте го по ваша желба. Може да искористите само едно шише или пак повеќе со тоа што ќе ги залепите заедно со лепило. Искористете ја вашата креативност и направете различни димензии и „поплава“ од бои. Украсните селотејпи се супер за украсување на вашите организатори.rnrn4-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_rn

    4. За хранење птици

    rnАко имате градина и сакате во неа да летаат птици, тогаш интересна идеја е да поставите храналка за птици. За тоа може да искористите пластично шише. Една од идеите е да искористите две лажици вметнати во шишето. Направете мали дупчиња и ставете ги лажиците од страна. Наполнете го шишето со храна за птици и овозможете таа да истекува на лажиците. Може наместо лажици да искористите стапчиња за јадење, но мора да се погрижите дупчињата да бидат поголеми за птиците полесно да доаѓаат до храната. Сега само ви останува да ја закачите вашата храналка за птици на дрвото и да чекате тие да дојдат.rnrn5-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_rn

    5. За сад за грицки

    rnДолниот дел од шишето може да се искористи за да се направи супер сад за грицки. Исечете го долниот дел од шишето и користете пегла за алишта за да ги поправите несовршеностите (притиснете го нежно горниот дел од садот неколку секунди). Искористете го садот за кикиритки, грицки, чипс и слично.rnrn6-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_rn

    6. За лажица во итни ситуации

    rnАко кампувате далеку од цивилизација или пак на место каде што е многу тешко да најдете лажица, тогаш може лесно да ја направите од пластично шише. Може да ја направите ако го исечете шишето како што е покажано на сликата подолу, со тоа што ќе го искористите долниот заоблен дел за да го добиете делот за црпење. Супер и лесен трик во итни ситуации.rnrn7-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_rn

    7. За распрскувач

    rnАко имате голема градина, а немате доволно време за да ја наводните, тогаш користењето на распрскувач е одлична идеја. Може да направите домашен распрскувач од пластично шише. Направете неколку поголеми дупчиња со клинец и употребете селотејп за да го прицврстите цревото внатре. Сега само пуштете ја водата и дозволете таа да ја наводни вашата градина. Запомнете, користете ја водата само тогаш кога ви е потребна.rnrn8-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_rn

    8. За држач на тоалетна хартија

    rnДали имате деца и секогаш ви е потреба тоалетна хартија за да исчистите нешто? Интересна идеја е да направите држач за тоалетна хартија од пластично шише. Исечете го долниот дел со иста должина како тоалетната хартија и горниот дел кој ќе служи како капаче. Отстранете го делот за капачето на шишето и извлечете ја хартијата. Лесно и корисно.rnrn9-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_rn

    9. За организатор на весници

    rnСовршен за чекални и канцеларии. Отстранете го горниот дел и шишињата залепете ги на пластична или на дрвена површина. Исто така, може да го поставите на подот, со тоа што ќе го прицврстите со јаже. Во канцелариите оваа идеја може да послужи како организатор за поштата и слично.rnrn10-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_

  • Паметна и креативна употреба на стари конзерви

    Паметна и креативна употреба на стари конзерви

    Рециклирањето е одличен начин не само да ја заштитите околината туку и да го збогатите декорот во вашиот дом. Сè што ви треба е трпение, доза креативност и желба за „направи сам“ авантура. Земете куп конзерви кои наместо да ги фрлите во корпата за отпадоци ќе им најдете место во вашиот дом.rnrnПаметна и креативна употреба на стари конзервиrnrnЕве што сè може да направите со старите конзерви.rnrn1. На една дрвена даска со помош на шајки закачете неколку конзерви кои ќе ви послужат за чување дрвени лажици, ножеви и сличен кујнски прибор. Доколку етикетата на конзервата се совпаѓа со боите на вашата кујна воопшто не мора да ја одлепувате.rnrnПаметна и креативна употреба на стари конзервиrnrn2. Исто, конзервите може да ги искористите како држачи за шишиња вино во кујната. Обојте ги во бои по ваш избор, исечете го задниот дел и добро прицврстете ги една со друга.rnrnПаметна и креативна употреба на стари конзервиrnrn3. Или пак, одберете една даска и 6 конзерви со еднаква големина. Обојте ги и даската и конзервите во една боја и прицврстете ги конзервите за даската со помош на шајки, како што е прикажано на сликата. Може да додадете држач за приборот како и налепници на секоја од конзервите зависно од тоа дали тука ќе чувате лажици, виљушки, ножеви и др.rnrn4.1-pametna-i-kreativna-upotreba-na-stari-konzervi-www.kafepauza.mk_rnrn4. Средете го приборот на вашите деца со помош на стари конзерви. Прикачете ги конзервите со магнет на метална површина и селектирајте го приборот за боење или играчките на вашите деца. Креативно, нели?rnrnПаметна и креативна употреба на стари конзервиrnrn5. Со помош на ниски конзерви, уредете ја вашата работна фиока, категоризирајќи го приборот што го употребувате секојдневно.rnrnПаметна и креативна употреба на стари конзервиrnrn6. Конзервите може да ви послужат и за уредно чување на вашите аксесоари. Прицврстете неколку конзерви една за друга и со помош на дебел конец или парче материјал заврзете ги и прикачете ги на вратата или плакарот. Во секоја од конзервите може да ги чувате вашите марами, на пример.rnrnПаметна и креативна употреба на стари конзервиrnrn7. Откако средивте сè во вашиот дом, време е да ѝ се посветите на вашата градина. Доколку сте љубители на цвеќиња, зеленчуци и овошја и ги одгледувате во вашиот двор, конзервите може да ви помогнат уредно да ги чувате семињата и коренчињата.rnrnПаметна и креативна употреба на стари конзервиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Креативни начини за повторна употреба на старите предмети

    Креативни начини за повторна употреба на старите предмети

    Автор: Софија СионоваrnrnВо домовите често имаме работи кои не ги употребуваме и само напразно така стојат и чекаат да видат малку светлина од денот. Добар начин за нивна повторна употреба, како и за олеснување на работата на мајката природа е рециклажата, при што старите предмети ќе добијат нова намена и ќе станат повторно корисни. Еве 23 одлични идеи.rn

    1. Аквариум од стар телевизор

    rnСе прашувате што да направите со стариот телевизор кој собира прашина низ куќата? Еве одличен начин за негова повторна употреба. Дури и ако немате телевизор, можете да купите стар за многу малку пари, а да уживате во глетката на вашите рипчиња засекогаш и без реклами.rnrn1-kreativni-nachini-za-povtorna-upotreba-na-starite-predmeti-kafepauza.mkrn

    2. Закачалка од стар клуч

    rnАко стариот клуч е веќе неупотреблив или не ви е потребен, зошто да ја мачите планетата Земја со векови да го разградува? Многу лесно и брзо може оваа алатка да биде претворена во уникатна закачалка.rnrn2-kreativni-nachini-za-povtorna-upotreba-na-starite-predmeti-kafepauza.mkrn

    3. Од обичен стол до авангардна полица

    rnКако да ја смените перцепцијата за секојдневната столицата? Сѐ што треба да направите е да ги закачите столиците на ѕидот за да ги видите и другите намени кои ги имааат, секако освен седењето.rnrn3-kreativni-nachini-za-povtorna-upotreba-na-starite-predmeti-kafepauza.mkrn

    4. Трансформација на куферот полн со спомени во романтично столче

    rnАко стариот куфер ви носи носталгија и тажни сеќавања тогаш претворете ја тагата во нешто убаво, како романтично столче каде можете да читате љубовни приказни или само да уживате во комоцијата која ја нуди.rnrn4-reuse-old-stuff-5-600x399rn

    5. Книга или плик чантичка?

    rnИмате премногу книги во вашата библиотека кои само така стојат и зафаќаат место, а смачено ви е од старите чанти? Решен проблем. Старата книга само во неколку лесни чекори може да стане нова модерна плик чантичка. Фирмите како ASOS и Kate Spade веќе ги направија нивните преслатки модели.rnrn6-kreativni-nachini-za-povtorna-upotreba-na-starite-predmeti-kafepauza.mkrn

    6. Старите непотребни гранки можат да ви го осветлуваат домот

    rnПаднатите гранки во дворот знаат да направат голем хаос и ѓубре, но можат да бидат искористени и за еколошки лустер.rnrn7-kreativni-nachini-za-povtorna-upotreba-na-starite-predmeti-kafepauza.mkrn

    7. Ламба од касети

    rnАко сѐ уште не можете да се помирите дека времето на касетите помина и сакате да ги зачувате вашите омилени касети одлична идеја е да ги претворите во ламба. Ламбата може да ја користите секој ден па така долго, долго ќе се сеќавате на времето од 90-тите кога касетите беа најмодерни.rnrn8-kreativni-nachini-za-povtorna-upotreba-na-starite-predmeti-kafepauza.mkrnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете сами: Од стара алка до нов колоритен аксесоар

    Направете сами: Од стара алка до нов колоритен аксесоар

    Понекогаш без многу труд и финансиско вложување можете старите работи да ги реупотребите и повторно да блеснат со нов сјај. Ова е еден таков пример, каде што со една стара алка и ластичиња во боја, можете да направите одличен аксесоар, кој по желба многу лесно можете и да го менувате зависно од вашите потреби.rnrnНаправете сами: Од стара алка до нов колоритен аксесоарrn

    Потребни ви се:

    rn

      rn011

    • постара широка алка
    • rn011

    • ластичиња во неколку бои по ваша желба
    • rn

    rnНаправете сами: Од стара алка до нов колоритен аксесоарrn

    Начин на изработка:

    rnБез никакво лепило, почнете да ги редите ластичињата едно до друго, креирајќи шема која вам најмногу ќе ви се допаѓа. Можете да експериментирате со бои и шеми, а по потреба можете многу лесно и да ја промените алката за да ви одговара со друга комбинација на облека.rnrnНаправете сами: Од стара алка до нов колоритен аксесоар Направете сами: Од стара алка до нов колоритен аксесоар Направете сами: Од стара алка до нов колоритен аксесоар Направете сами: Од стара алка до нов колоритен аксесоарrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Од стари палети до нов модерен мебел

    Од стари палети до нов модерен мебел

    Дали по дома ви се наоѓаат неколку палети на кои не знаете што да им правите? Во ниту еден случај не треба да ги фрлите. Постојат голем број начини на кои можете да ги реупотребите и да направите нешто убаво и оригинално од нив. Ова се само неколку примери кои можат да ви помогнат. Импровизирајте и не плашете се да ја употребите вашата имагинација.rnrnОд стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебелrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фантастични идеи за реупотреба на стари предмети

    Фантастични идеи за реупотреба на стари предмети

    Сигурно по дома имате безброј некорисни предмети, кои на времето сте ги употребувале и ви биле драги, па сега сте приврзани и ви е тешко да се ослободите од нив. Иако ви седат по подруми и гаражи и се натрупани со еден куп прашина и пајажина, сепак потајно се надевате дека некогаш можеби пак ќе ви се најдат. Реалноста е дека тие предмети веќе никогаш нема да ви притребаат, но наместо да ги фрлите, пробајте креативно да ги реупотребите.rnrn

    Фантастични идеи за реупотреба на стари предмети
    Клучеви за одвртување како закачалки
    rnrnЗа таа цел, ова се неколку фантастични примери кои ќе ве инспирираат како да се справите со старите работи и како да им најдете нова примена во вашиот дом. Пробајте да искористите некоја од овие идеи, а доколку ви текне уште некоја, слободно споделете ја со нас.rnrn
    Фантастични идеи за реупотреба на стари предмети
    Дрвена скала како полица
    rnrn
    Фантастични идеи за реупотреба на стари предмети
    Стара када како модерна софа
    rnrn
    Фантастични идеи за реупотреба на стари предмети
    Стари даски од скироли како детска клупа и маса
    rnrn
    Фантастични идеи за реупотреба на стари предмети
    Шишиња од вино како необичен лустер
    rnrn
    Фантастични идеи за реупотреба на стари предмети
    Тениски рекети како огледала
    rnrn
    Фантастични идеи за реупотреба на стари предмети
    Стар телевизор како аквариум
    rnrn
    Фантастични идеи за реупотреба на стари предмети
    Книги како полици
    rnrn
    Фантастични идеи за реупотреба на стари предмети
    Ролни од тоалетна хартија за подобра организација на каблите кои ги имате по дома
    rnrn
    Фантастични идеи за реупотреба на стари предмети
    Џамлии за блескава дрвена ограда
    rnrn
    Фантастични идеи за реупотреба на стари предмети
    Старо пијано како модерна полица
    rnrn
    Фантастични идеи за реупотреба на стари предмети
    Столчиња како полици и држачи за закачалки
    rnrn
    Фантастични идеи за реупотреба на стари предмети
    Бандаж како часовник

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што се случува со култните британски црвени говорници?

    Што се случува со култните британски црвени говорници?

    Надалеку препознатливите црвени телефонски говорници кои можат да се сретнат само во Велика Британија пополека почнуваат да исчезнуваат. Но сепак, благодарение на локалните заедници и на компанијата „British Telecom“ стотици од нив почнаа да се реупотребуваат, само да се зачуваат овие иконски споменици.Што се случува со култните британски црвени говорници?Во 2002 година, на улиците низ Велика Британија имало 92.000 јавни говорници. Оваа бројка денеска е падната до 51.500, од кои само 11.000 се од традиционалните црвени говорници. Во последните 20 години, компанијата повлече илјадници говорници низ целото кралство, бидејќи луѓето почнаа да комуницираат преку мобилни телефони и преку интернет.Што се случува со култните британски црвени говорници?Но, за многу гратчиња и села, овие црвени говорници се дел од историјата, традицијата и идентитетот. Па така, за да не бидат демолирани или повлечени од компанијата, во 2009 година „BT“ започна проект наречен „Adopt a kiosk“. Овој проект дозволуваше локалните заедници да ги присвојат говорниците во нивното подрачје, плаќајќи само 1 фунта и да ги претворат во нешто друго, по нивна желба. Така компанијата кога ќе добие барање за сопственост, од кабините го вади само телефонот. Оттогаш до денеска купени се околу 1.500 говорници, кои се претворени во галерии, чајџилници, цвеќарници, продавници за овошје и зеленчук, но дефинитивно најмногу се користат за создавање јавни библиотеки.Што се случува со култните британски црвени говорници?Што се случува со култните британски црвени говорници?Повеќето од овие библиотеки се постојано отклучени и секој може да дојде да земе книга или некое дивиди за гледање, а за возврат мора да донесе нешто свое и да го остави во библиотеката. Сите книги, касети, цедеа и магазини се донација од граѓаните кои живеат во близина на овие интересни поранешни говорници.rnrnОвие црвени говорници се симбол на британската култура уште од 20-тите години на минатиот век, а локалните заедници се трудат повторно да ги употребат, иако во нив повеќе нема телефони.Што се случува со култните британски црвени говорници?Што се случува со култните британски црвени говорници?
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Излог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухот

    Излог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухот

    Употребени чашки од кафе, секоја со различен цртеж на својата надворешна површина, лебдат во воздух на излогот во изложбениот простор за уметност во областа Флатирон во Менхетн, Њујорк. Таму ќе останат до крајот на годината, а најзаслужен виновник за ова уникатно уметничко дело е Гвинет Лич.Излог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИдејата е на мобилната телеком компанија Спринт, која ја има поставено галеријата со цел да ја покаже својата посветеност на животната средина и на балансирањето помеѓу развојот на технологијата и зелените иницијативи.Излог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотНо, Гвинет Лич, заедно со сите нејзини посетители, секој работен ден седи по 3 часа на столчето и им наоѓа нова креативна употреба на веќе употребените хартиени чашки за кафе. Оваа изложба е многу повеќе од обична уметност. Таа истовремено претставува  инсталација и перформанс, при што публиката се јавува и во улога на создавач на делото. Самата инсталација пак, постојано добива нова форма и нови креативни елементи, ширејќи се во просторот и заземајќи нови „слободни“ правци.Излог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИзлог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотЦелата работа Гвинет ја документира на нејзиниот блог, каде голем дел од фотографиите ù ги имаат испратено учесниците-набљудувачи на изложбата.Излог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотПроектот има едноставна порака дека секојдневните предмети имаат повеќекратна употреба и треба да се реупотребуваат. Резултатот од сево ова е шарена и жива, но сепак смирувачка атмосфера во најбрзиот дел од градот.Излог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИзлог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИзлог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИзлог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИзлог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИзлог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИзлог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИзлог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.