КАФЕ ПАУЗА

Tag: реплики

  • Незаборавни реплики од ТВ серијата „Пријатели“ кои ќе ве потсетат на старите добри времиња

    Незаборавни реплики од ТВ серијата „Пријатели“ кои ќе ве потсетат на старите добри времиња

    10 години бевме целосно посветени на безвременската ТВ серија „Пријатели“ (Friends). Иако нашите омилени ликови се разделија пред повеќе од 13 години, нивните љубовни триаголници, урнебесни разговори во кафулето „Централ Перк“ и модните комбинации во стилот на 90-тите засекогаш ќе останат во нашите срца. Доколку сакате да се потсетите на старите добри времиња, прочитајте ги овие незаборавни реплики од ТВ серијата „Пријатели“…rn

    Беспрекорните совети на Чендлер

    rnНезаборавни реплики од ТВ серијата „Пријатели“ кои ќе ве потсетат на старите добри времињаrn

    „Не знам да давам совети. Може да ти понудам саркастичен коментар?“

    rnАко некогаш побарате совет од некој љубител на серијата „Пријатели“, очекувајте безначаен, но забавен и саркастичен коментар како одговор.rn

    Логиката на Рејчел

    rnНезаборавни реплики од ТВ серијата „Пријатели“ кои ќе ве потсетат на старите добри времињаrn

    „Немаш матка, немаш мислење.“

    rnДали можете да истиснете мал човек од вашето тело? Не? Тогаш немате право ни на свое мислење!rn

    Искреноста на Моника кон Рејчел

    rnНезаборавни реплики од ТВ серијата „Пријатели“ кои ќе ве потсетат на старите добри времињаrn

    „Добредојде во вистинскиот свет! За никаде е. Ќе го обожаваш!“

    rnНа Моника ѝ е многу добро познато колку е тешко да си невработен во реалниот свет.rn

    Добропознатата реплика на Џои со која освои многу срца

    rnНезаборавни реплики од ТВ серијата „Пријатели“ кои ќе ве потсетат на старите добри времињаrn

    „Како си ми?“

    rnАко сакате да ја испробате оваа реченица за да им се „пуштате“ на девојките, ние ви советуваме да ја употребите оригиналната „How you doin“ верзија, бидејќи не постои човек кој нема да ве разбере!rn

    Мотивациската стратегија на Чендлер

    rnНезаборавни реплики од ТВ серијата „Пријатели“ кои ќе ве потсетат на старите добри времињаrn

    „Сакам да почнам со пиење наутро. Немој да ми велиш дека немам цели!“

    rnВоопшто не е за потценување оваа амбиција!rnrnПродолжете на следната страница за да се потсетите и на останатите урнебесни реплики…rnrn

  • Најпознатите реплики од „Картун нетворк“

    Најпознатите реплики од „Картун нетворк“

    Автор: Петар Џајковски

    rnФанови на цртаните на „Картун нетворк“ од 90-тите години, овој пост е посветен на вас и на вашите омилени херои!Најпознатите реплики од „Картун нетворк“Ако до пред нешто повеќе од 10-тина години занесено зјапавте во вашите телевизори, а пак на нив во горниот агол стоеше добро познатото црно-бело лого со буквите „C“ и „N“, тогаш сигурно уживавте во авантурите на вашиот омилен „Картун нетворк“ јунак. Без многу должење, кој ги гледал знае колку беа добри и колку ни фали барем уште по една сезона од „Декстер“, „Авантурите на Били и Менди“…rn
    rn

    1. Лабораторијата на Декстер (Dexter’s Laboratory, 1995)

    rn
    rn

    „Omelette du Fromage“ – „Омлет со сирење“

    rnНајпознатите реплики од „Картун нетворк“Супергенијот од детe – Декстер смета дека хранењето на својата риба е побитно од учење француски, па наоѓа начин како да го научи преку ноќ. „Omlette du Fromage“ е единствената реченица која ќе успее да ја научи на француски, е воедно и онаа која ќе го претвори во „локал-селебрити“.rn
    rn

    2. Плашливото куче Кариџ (Courage the Cowardly Dog, 1999)

    rn
    rn

    „The things I do for love“ – „Што сè не правам за љубов“

    rnНајпознатите реплики од „Картун нетворк“Кариџ, кој со помош на својот компјутер ги прави најневеројатните подвизи за да ги спаси од опасност своите многу сакани стопани, пред сè Мјуриел (Muriel). Често запаѓајќи во екстремно тешки и крајно непријатни ситуации, знае да си ги каже овие зборови како утеха.rn
    rn

    3. Џони Браво (Johnny Bravo, 1997)

    rn
    rn

    „Mааan, I’m pretty“ – „Човече, ама сум убав“

    rnНајпознатите реплики од „Картун нетворк“Џони Браво изгледа како Џејмс Дин и звучи како Елвис. Тој е огромен нарцис со замаглен тек на мисли, карактеристики кои го водат во бескрајната мисија на вечна потрага, полна со неуспешни обиди, да се привлече и заведе припадничка на понежниот пол.rn

    rn
    rn

    4. Ед, Едд и Еди (Ed, Edd n’ Eddy, 1999)

    rn
    rn

    „GRAVY!“*

    rnНајпознатите реплики од „Картун нетворк“Ед, Едд и Еди се чудни момци кои донесоа многу новини и глупава забава (во нејзиното најдобро светло) во нашиот телевизиски свет, но и во светот на цртаните филмови. Тие се тројца другари кои ги поминуваат деновите смислувајќи планови како да станат богати со тоа што ќе извлечат пари од нивните врсници. Секојдневните чудни авантури низ кои поминуваат најчесто се испреплетени со најголемата љубов на Ед – Gravy. Тој чува бескрајни залихи од овој сос во својата јакна, термос кој го носи секаде, па дури и во своите патики.rn

    rn*Gravy – сос кој се добива од соковите кои природно ги испуштаат месото и зеленчукот при готвење. Постојат многу врсти а во цртаниот се спомнуваат следниве: Мексикански лут Тамале, Артички рибји, Јапонски Теријаки, Шкотски Хагис, сос од Швајцарско сирење и Италијански пица сос.rn
    rn

    5. Џони Браво (Johnny Bravo, 1997)

    rn
    rn

    „Ooooh, mama!“ – „Оооу, мама!“

    rnНајпознатите реплики од „Картун нетворк“Уште еднаш, несфатениот Дон Жуан, неуспешниот Ромео, самобендисаниот Казанова или со други зборови глупавиот гениј Џони Браво…rn
    rn

    6. Драгон бол З (Dragon Ball Z, 1996)

    rn
    rn

    „OVER 9000!“ – „Преку 9.000!“

    rn

    rnЕден од најпознатите интернет цитати: „Преку 9000!“ – кажан за време на легендарната битка во која Гоку го брани човештвото од лошите Сајонци.rnrnИако овој цртан филм не е од продукцијата на „Картун нетворк“, сепак светската премиера на англиски јазик се случи токму на оваа ТВ програма.rn
    rn

    7. Плашливото куче Кариџ (Courage the Cowardly Dog, 1999)

    rn
    rn

    „Stupid Dog!“ – „Глупаво куче!“

    rnНајпознатите реплики од „Картун нетворк“И повторно Кариџ, кој иако е херој во сите епизоди, не е ликот кој стои зад оваа реплика. Овие зборови се „трејдмарк“ на Јустис (Eustace – какво име :)): „YOU STUPID DOG!“rn
    rn

    8. Лабораторијата на Декстер (Dexter’s Laboratory, 1995)

    rn
    rn

    „Prepare to meet your doom Dexter!“ – „Припреми се за твојата пропаст Декстер!“

    rnНајпознатите реплики од „Картун нетворк“Мендарк, како што се нарекува самиот, или Сузан како што го викаат неговите хипи-родители е заколнатиот непријател на Декстер и е во состојба да направи сè за да ги саботира неговите планови и да ја уништи неговата лабораторија. Реченицава погоре е проследена со единственото заразно Мендарк-смеење: хахаха ха-ха-ха хахахаrn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Џим Парсонс како Шелдон во „Теоријата за Биг Бенг“

    Џим Парсонс како Шелдон во „Теоријата за Биг Бенг“

    Автор: Моника ТрајковскаrnrnРоден во Хјустон, Тексас, Парсонс почнал да се интересира за глумата откако ја добил улогата на птицата Кока-кола во училишната изведба на „Детето на слонот“. Во 2001 година тој завршил театарски мастер студии на Универзитетот во Сан Диего и се преселил во Њујорк со надеж дека таму ќе ја започне својата кариера како глумец. Во 2007, Парсонс конечно ја добил својата шанса за пробивање со улогата на Шелдон Купер во ТВ-серијата „Теоријата за Биг Бенг“, улога која целосно ќе му го промени животот.Џим Парсонс како Шелдон во Теоријата за Биг Бенг
    rn

    „Она што најмногу ми се допаѓа кај Шелдон е начинот на кој се обидува да реши големи научни проблеми. Ми се допаѓа и како неговото научно резонирање често не функционира во реалниот свет, на пример кога разговара со Пени или со некој надвор од неговиот мал круг на пријатели-гении, но сепак, не го менува својот начин. Шелдон е премногу сигурен во себе и мислам дека тоа е одлична карактеристика.“

    rnШелдон е физичар кој нема никакви социјални вештини. Уште од самиот почеток, Парсонс верувал дека може одлично да го долови карактерот на својот лик. И покрај тоа што не чувствувал никаква сличност со Шелдон, тој постојано бил фасциниран од дијалозите кои биле пишувани за него и од начинот на кој треба да се изразува.rn
    rn

    „За жал многу малку научив за физиката. Тоа е за срам, но сепак секогаш кога има нешто научно во сценариото барам на интернет за да знам за што говорам. Но, тоа е сè. Честопати се случува експертот за физика да напише некоја формула, шега на таблата и јас да не ја сфатам. И по долго објаснување кога конечно ќе сфатам, едноставно не ми е смешно. Не сум воопшто попаметен откако сум во серијата. Всушност, мислам дека сум малку поглупав бидејќи немам многу слободно време за учење нови работи.“

    rnЏим Парсонс како Шелдон во Теоријата за Биг БенгВо 2009, Парсонс ја доби наградата „Television Critics Association“ за индивидуално достигнување во комедија, во 2010 доби Еми награда за неверојатен актер во комедија и во 2011 доби Златен Глобус за најдобар актер.rnrnНа прашањето како успеваш да направиш толку да го сакаат твојот лик кога како личност никој не би требало да го поднесува, тој вели:rn
    rn

    „Писателите многу внимателно ги омекнуваат „тешките“ зборови. Другиот начин е како другите ликови реагираат на него – со вознемиреност, но и со помирување. Тоа се префрлува и на публиката, а јас воопшто не се обидувам да го доомекнам. Искрено, многу често поентата е да биде премногу иритантен.“

    rnrnЏим Парсонс како Шелдон во Теоријата за Биг Бенг„Теоријата за Биг Бенг“ достигна огромен успех и успеа да привлече публика од сите возрасти. Но, она што никој нема да го заборави се интересните и уникатни реплики на Шелдон. Еве еден мал дел од нив:rn
    rn

      rn011

    • Базинга!
    • rn011

    • Не сум луд, мајка ми ме тестираше.
    • rn011

    • Сакаш топол напиток? Ми дадоа до знаење дека кога некој е тажен треба да му се понуди топол напиток…
    • rn011

    • Според договорот на цимерите…
    • rn011

    • Пени не треба да плачеш зашто си глупава. Човек плаче кога е тажен. На пример, јас плачам зашто другите се глупави, а тоа ме прави тажен.
    • rn011

    • Јас ја сакам мајка ми, но чувствата за моето место на каучот се многу поголеми.
    • rn011

    • Тоа е погрешна равенка. Повеќе не е еднакво на повесело. Да имаше 2.000 луѓе во апартманов сега, дали ќе славевме? Не, ќе се гушевме.
    • rn

    rnЏим Парсонс како Шелдон во Теоријата за Биг Бенгrn

      rn011

    • Знаете дека сум многу паметен човек. Дали мисите дека ако не бев во право, немаше да знам?
    • rn011

    • Што точно значи „пријатели со бенефиции“? Дали тој ѝ овозможува на неа здравствено осигурување?
    • rn011

    • Мало недоразбирање? Галилео и Папата имале мало недоразбирање…
    • rn011

    • Ејми мора да ти признаам дека преправањето како да имам однос со тебе ми донесе многу големо задоволство.
    • rn011

    • Очигледно не можеш да го хакнеш супер компјутерот на владата и да се обидеш да купиш ураниум без Одделот за домашна безбедност да те издаде на мајка ти!
    • rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фантастични ремикси од звуците во „Господарот на прстените“

    Фантастични ремикси од звуците во „Господарот на прстените“

    Трилогијата книги на Џ.Р. Толкин „Господарот на прстените“, кои добија фантастични филмски изданија благодарение на режисерот Питер Џексон, се голема инспирација за многу креативци. Имено, филмовите направија невиден бум, заработувајќи околу 3 милијарди американски долари и освојувајќи 17 оскари и безброј други награди.Господарот на прстените ремиксФилмовите дефинитивно му ја разработиле фантазијата на Швеѓанецот прочуен под псевдонимот „Chetreo“. Тој успеал благодарение само на звуците и музиката од филмовите да создаде неверојатни ремикси. Без никакви додатни звуци, со користење на оригиналните саундтрак-песни и репликите изговорени од глумците, тој направил фантастични видео спотови за првиот дел „Дружината на прстенот“ и за вториот дел „Двете кули“. На ремиксот за последниот дел „Враќањето на кралот“ сè уште се работи, па со нетрпение ќе го очекуваме неговото следно дело.rn

    rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.