КАФЕ ПАУЗА

Tag: редит

  • Најчудните прашања кои биле поставени на интервјуа за работа

    Најчудните прашања кои биле поставени на интервјуа за работа

    На Редит овој пат се споделени најчудните прашања кои некои баратели на работа ги добиле кога се соочиле со потенцијалните работодавци. Ова се само дел од нив.rnrnНајчудните прашања кои биле поставени на интервјуа за работаrn

    „Дали би ви претставувало проблем ако слушате малку пукотници и повремени експлозии додека сте на работа?“

    rn

    „Забележав дека не си ставила шминка. Тоа е одраз на милитаристички феминистички ставови или едноставно не ти е гајле дали изгледаш претставително?“

    rn

    „Мојот партнер беше прашан дали имал анален секс во последните 12 месеци. Тоа беше прашање на интервју за осигурителна компанија.“

    rn

    „Каде живееш во моментов? Затоа што не вработуваме луѓе кои живеат во предградијата?“

    rn

    „Еднаш бев прашан дали би можел да си го сменам името затоа што сопственичката на компанијата имаше исто име и морале да знаат кој е кога таа ќе се јави.“

    rn

    „’О, ми се чини дека бебето ќе се роди во секој момент. Ќе ти се јавиме до петок.’ А не бев бремена.“

    rn

    „На интервју на медицински факултет: ’Кажете ми каква е според тебе идеалната жена.’ Јас почнав со личност, интелигенција, итн. ’Не, мислев физички. Колкави гради има?’ Ја повлеков мојата апликација.“

    rnНајчудните прашања кои биле поставени на интервјуа за работаrn

    „Една пријателка беше прашана дали е Индијка со точка или Индијанка со пердув. Не се шегувам.“

    rn

    „’Ве молам дајте ни ги корисничките имиња и лозинките на вашиот имејл, Фејсбук и Инстаграм.’ Се насмеав и си отидов.“

    rn

    „Тој: ’Се надевам дека нема да ти пречи да носиш пејџер.’ Јас: ’Не, воопшто.’ Тој: ’Добро, ама немој само да седиш на него и да си праќаш пораки по цел ден.’“

    rn

    „Интервјуерот: ’Каква е вашата врска со Бог?’ Јас: ’Добра. Јас не го заморувам и тој не ме заморува.’ Интервјуерот: ’Ви благодарам за одвоеното време.’“

    rn

    „За време на интервју за работа како веб девелопер ме прашаа: ’Како се прави сирење?’ Дадов доста добар одговор со оглед на тоа што знам како се прави сирење, ама…“

    rn

    „Ме прашаа: ’Дали си хомосексуалец?’ Јас, како што сум љубител на филмови, ја зграпчив можноста: ’Не, не сум хомосексуалец, ама сакам да учам.’ Започнав со работа по два месеци.“

    rn

    „Ме прашаа дали сакам да се ‘забавувам’. Тогаш дознав дека интервјуерот редовно шмрка кокаин. Си мислев дека Ештон Кучер ќе влезе низ вратата и ќе ми каже дека сум насамарен.“

    rnНајчудните прашања кои биле поставени на интервјуа за работаrn

    „Ме прашаа кој е мојот омилен мапет, но јас воопшто не бев спремен за такво прашање.“

    rn

    Ме прашаа кој број на маица носам. Интервјуерот ми рече дека сака да се осигура дека на новиот вработен ќе му бидат точни маиците од претходниот вработен за компанијата да не мора да купува три нови поло маици.“

    rn

    „Дали излегуваш?rnrnДа.rnrnСе тепаш ли кога излегуваш?rnrnНе.rnrnЗошто не, да не си плачко?’rnrnВеднаш го напуштив интервјуто.“

    rn

    „’Би сакала ли да одиш на состанок после овој разговор. Веќе ја доби работата.’ Ја прифатив работата и бесплатниот оброк. Тој беше отпуштен поради сексуално вознемирување.“

    rn

    „Интервјуерот праша: ’Ако направам да бидеш висок само 5 сантиметри и те ставам во блендер, како ќе избегаш?’ Мојот одговор беше нешто во стилот: ’Какво идиотско прашање е тоа?’ Најчудното беше тоа што добив и второ интервју.“

    rn

    „За време на интервју во просторијата влезе една крупна жена, а тој ме праша: ’Колку пива ти требаат за да ја плеснеш?’“

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Исповеди: 9 ужасни грешки што ги направиле тату артисти

    Исповеди: 9 ужасни грешки што ги направиле тату артисти

    Цртањето тетоважа е голема одговорност затоа што она што ќе го нацртате во тој момент останува на кожата засекогаш. Затоа овие грешки кои се објавени на Редит добиваат на тежина.rnrn9 ужасни грешки што ги направиле тату артиститеrn

    „Една вечер тетовирав едни пријателки и едната сакаше череп со вкрстени коски. Почнав со една од коските, но таа ме натера да престанам затоа што не можеше да ја издржи болката. Јас престанав и таа сега има недовршена тетоважа која изгледа како да има нацртано мадиња на ногата.“

    rn

    „Братучед ми беше тату артист неколку години и најмногу работеше во гетото. Една жена дојде со слика од нејзиното мртвородено бебе и сакаше да ѝ го истетовира неговото лице на раката заедно со некој текст. Со оглед на тоа што братучед ми не го доврши средното училиште, нормално е што не знае да спелува. На раката ѝ напиша: ‘God’s little angle’ (Малиот господов агол). Наместо ‘angle’ требало да стои ‘angel’ и да биде ‘Малиот господов ангел’.“

    rn

    „Побарав 13, а добив 31.“

    rn

    „Мојот другар е тату артист, и тоа многу добар. Еднаш по еден фестивал реши да си ги истетовира зборовите ‘black platoon’ (црн вод), како што беше името на групата на која припаѓаше. Си ја истетовира сопствената нога и откако ја покажа на сите сфати дека напишал ‘black platton’ (израз кој нема никакво значење). Да кажеш дека беше запрепастен ни приближно не го опишува неговиот израз на лицето кога му укажавме на тоа.“

    rn

    „Јас не сум тату артист, но еден другар од средно беше многу горд што е Норвежанец и одлучи да си тетовира пиратски брод со норвешкото знаме кое требаше да го покрие поголемиот дел од неговиот грб. Тату артистот ја зафркна работата и наместо тоа му нацрта шведско знаме. Другарот се врати таму и побара знамето да се избои црно. Сега има огромна бесмислена тетоважа на пиратски брод со црно знаме. Ужасна е!“

    rn

    „Една вообразена девојка што ја знам сакаше тетоважа ‘Jealousy is a curse’ (Љубомората е проклетство) на грбот, но тату артистот напиша ‘Jelasy is a curse’.“

    rn

    „Мојот другар има тетоважа на вратот ‘Dimond in the rough’ (а требало да биде ‘Diamond in the rough’ – Неизбрусен дијамант).“

    rn

    „На раката имав пинап девојка која имаше шест прсти, а тоа го забележав дури неколку часа подоцна. Мојот тату артист тоа го претвори во нокт и не знам како ама изгледаше добро. Потоа таа се исуши и бојата која не требаше да остане темна стана црна и девојката изгледаше како машко. Трпев шеги за травестити две години и затоа сега имам риба на местото на девојката.“

    rn

    „Имав машина за тетовирање во средно школо. Погрешно напишав ‘Independаnt’ (наместо ‘Independent’ – независна) на ногата на моја другарка, па потоа таа мораше да оди кај пописмен тату артист.“

  • Луѓе го опишуваат својот најголем пекол. Кој е вашиот?

    Луѓе го опишуваат својот најголем пекол. Кој е вашиот?

    Некој на Редит им предложил на корисниците да опишат како би изгледал нивниот личен пекол. Никој не спомнал ѓаволи, вили и огнени базени, но сепак не би сакале да се најдеме во ниедна од овие 10 ситуации.rnrnthirstrnrn1. Да стојам во пустина на 40 степени и да гледам како кондензирани капки се слеваат од мраз студено шише со вода кое не можам да го дофатам.rnrn2. Чекање во ред кој нема крај. Никој нема ставено дезодоранс и сите пушат.rnrn3. Да имам парче од пуканка заглавена меѓу забите пред да бидат измислени конците за заби.rnrn4. Да ми е вечно затната едната ноздра. Штом успеам да ја одзатнам, автоматски веднаш се затнува другата.rnrn5. Се наоѓам во соба со неодоливи кученца, но моите раце се направени од чоколадо, па ако се обидам да ги погалам, тие ќе умрат.rnrn1-lugje-go-opishuvaat-svojot-najgolem-pekol-koj-e-vashiot-kafepauza.mkrnrn6. Да бидам присилен да слушам две парчиња стиропор кои бескрајно се стружат едно од друго.rnrn7. Да мислиш дека лапнуваш голем залак пудинг од ванила, но всушност е мајонез.rnrn8. Да бидам затворен во затворен простор кој е доволно мал таман за да не можам да се исправам на нозе.rnrn9. Затворен сум во ресторан полн со разврескани, расплакани, разлигавени деца, а нивните родители се сосема незаинтересирани.rnrn10. Вечно да одам зад најбавната група туристи на планетата без можност да ги заобиколам.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како мажите го замислуваат менструалниот циклус кај жените?

    Како мажите го замислуваат менструалниот циклус кај жените?

    Пак некој поставил интересно прашање на Редит: Како мажите го сфаќаат менструалниот циклус кај жените? Разгледајте ја галеријата за да ги дознаете одговорите.rnrn

    „Како твојата матка да се симнувала по скали и го утнала последното скалило.“
    „Како твојата матка да се симнувала по скали и го утнала последното скалило.“
    rnrn rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кучешки мисли кои ќе ви покажат со какви дилеми се соочуваат вашите миленичиња

    Кучешки мисли кои ќе ви покажат со какви дилеми се соочуваат вашите миленичиња

    Dog Shower Thoughts е корисник на Редит кој очигледно добро го разбира кучешкиот свет и дилемите со кои се соочуваат овие животни кога се во контакт со луѓето. Еве што тој мисли дека кучињата мислат.rnrn

    Кучешки мисли кои ќе ви покажат со какви дилеми се соочуваат вашите миленичиња
    Да не сум јас, мојот човек би губел по еден куп топки секој ден.
    rnrn rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Татко побарал од интернет заедницата да ја фотошопира неговата 6-неделна ќерка откако починала

    Татко побарал од интернет заедницата да ја фотошопира неговата 6-неделна ќерка откако починала

    Малата Софија починала само 6 недели откако се родила. Целиот свој краток живот го поминала во болница борејќи се со хепатитен хемангиом на црниот дроб. Единствените фотографии што ги имал нејзиниот татко Нејтан Стефел биле со медицински цевки кои целосно ја прекривале. Затоа ги замолил корисниците на Редит да ги отстранат во Фотошоп.rnrn1-tatko-pobaral-od-internet-zaednicata-da-ja-fotoshopira-negovata-6-nedelna-kjerka-otkako-pochinala-kafepauza.mkrnrn rn

    „Фотошоп молба: Мојата ќерка неодамна почина после долга битка во детска болница. Бидејќи таа беше во болница целиот свој живот немавме можност да направиме фотографија од нејзе без цевките. Може некој да ги отстрани цевките на оваа фотографија?“

    rn2-tatko-pobaral-od-internet-zaednicata-da-ja-fotoshopira-negovata-6-nedelna-kjerka-otkako-pochinala-kafepauza.mkrnrnЗаедницата на Редит одговорила масовно, искажувајќи сочувство и праќајќи различни интерпретации на фотографијата од Софија. Некои артисти дури направиле цртежи и слики од малата Софија. Нејтан добил стотици одговори, сите од луѓе кои сакале да одвојат малку од своето време за да му помогнат на Стефел во процесот на жалење за својата загуба.rnrn

    rnrnОваа трогателна приказна нѐ потсетува дека има многу добрина и сочувство во светот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како една луда бабичка го прославила 103-от роденден?

    Како една луда бабичка го прославила 103-от роденден?

    Ивилин Котман наполнила 103 години оваа година и решила да го прослави нејзиниот роденден на еден интересен начин: да појде на коцкање во казино, да се нагости во бифе кое ја нуди услугата „изеди колку што можеш“ и се разбира, да си стави тетоважа! Во придружба на нејзините внуци, оваа едновековна жена решила воопшто да не се воздржува. Кога нејзината внука Џенифер објавила на социјалната мрежа Редит дека Евелин е седната покрај рулет масата, докажала дека баба ѝ е повеќе од кул, бидејќи таа ги вложила сите 103 долари на црна боја и добила!rnrnКако една луда бабичка го прославила 103-от роденден? Како една луда бабичка го прославила 103-от роденден?rnrnСобирајќи си ја нејзината заработка од казиното, лудава бабичка продолжила со нејзината авантура, одејќи да изеде неколку чинии со храна и на крај завршила на тетовирање. Кога наполнила 100 година ја започнала тетоважата, а сега со помош на тату-артистот Чад Ронило од студиото „Lucky Devil Tattoo“, решила да собере храброст и да ја доврши докрај.rnrnВо однос на тоа дали е здраво и безбедно да се тетовира нa нејзина возраст, Ивилин изјавила дека има добиено одобрување од нејзиниот доктор и дерматолог. Кога станува збор за нејзината комплетна здравствена состојба, може да се каже дека Ивилин е силна колку камион и е во неверојатна форма со оглед на годините. Корисниците на Редит се запрашуваат „Која е нејзината тајна?“, а на тоа Џенифер одговорила дека ако ја прашате баба ѝ, таа ќе одговори едно од овие две нешта: „Месо и компири“ или „YOLO“ (англиска кратенка за „еднаш се живее“).rnrnКако една луда бабичка го прославила 103-от роденден? Како една луда бабичка го прославила 103-от роденден?
    rn

    Откачената баба има одлична смисла за хумор и енергија за живеење на животот. На фановите на Редит им одговорила: „Отсекогаш сум била авантурист, но живеењето до 100-та година од животот навистина те тера целосно да го искористиш својот живот. Поради тоа, правам работи коишто никогаш не сум планирала да ги направам, како што е ставањето тетоважа. Ги обожавам моите смотани внуци.“

    rnКако една луда бабичка го прославила 103-от роденден?rnrnИ покрај тоа што изгледа како бабата да нема време за пооткачени авантури од овогодишните, сепак нејзината внука ги известила сите на Редит да го прослават и наредниот роденден на нејзината баба, задевајќи ги: „Нека биде тајна, но наредната година одиме во Вегас, на шоуто со машки стриптизери Thunder Down Under.“rnrnКако една луда бабичка го прославила 103-от роденден? Како една луда бабичка го прославила 103-от роденден?
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога Франкенштајн би си играл со животни

    Кога Франкенштајн би си играл со животни

    Човекот кој на социјалната мрежа Редит се претставува под псевдонимот Џип не е уметник, но и тоа како знае да си игра со Фотошоп. Употребувајќи го, овој дигитален Франкенштајн направил цела серија забавни фотоманипулации со кои на компјутер вкрстува различни животински видови, креирајќи некој трет вид, кој досега не сме го виделе. Серијата е насловена „Чудни животни“.Кога Франкенштајн би си играл со животниКога Франкенштајн би си играл со животниКога Франкенштајн би си играл со животниКога Франкенштајн би си играл со животниКога Франкенштајн би си играл со животниКога Франкенштајн би си играл со животниКога Франкенштајн би си играл со животниКога Франкенштајн би си играл со животниКога Франкенштајн би си играл со животниКога Франкенштајн би си играл со животниКога Франкенштајн би си играл со животниКога Франкенштајн би си играл со животниКога Франкенштајн би си играл со животниКога Франкенштајн би си играл со животниКога Франкенштајн би си играл со животни
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Google Translate како ритам машина

    Google Translate како ритам машина

    Од која причина и да сакате да го употребите Google Translate во вашата музичка изведба пред интимна или поширока публика, би било чудно. Сепак, почудно е што воопшто некој се сетил да му најде ваква необична примена на сервисот за автоматски превод на Гугл.Google Translate како ритам машинаHarrichr е корисник на Редит кој вклучувајќи се во една дискусија на сајтот, го сподели ова чудно, но интересно откритие. Еве што треба да направите:rn

      rn011

    • Појдете на Гугл транслејт
    • rn011

    • Изберете германски и германски јазик во јазичниот пар
    • rn011

    • Впишете го следново во полето за превод: pv zk pv pv zk pv zk kz zk pv pv pv zk pv zk zk pzk pzk pvzkpkzvpvzk kkkkkk bsch
    • rn011

    • Кликнете на копчето Listen (Слушнете).
    • rn

    rn

    Google Translate како ритам машинаБидејќи ова откритие брзо се рашири на интернет, набрзо беше надополнето со водич за користење на ритам машината. Така, со комбинација на следните букви, можете да направите едно чудо сопствени ритами: zk, bschk, pv, bk, tk, vk, kt, kttp, krp, pv, th, thp, ds.

    rnВеројатно при преводот на германски, сервисот прави согласките да звучат како тапани.