Автор: Петар ЛазаровrnrnВо претходниот мој неделен совет пишував за умешноста на живеењето, т.е. што значи да умееш да донесуваш правилни одлуки, во право време. Сите истражувања и вистини водеа кон тоа дека мудроста е таа што ги донесува тие одлуки. Колку сме помудри, толку поубави одлуки ќе донесуваме.rnrn
rn
Но што претставува мудроста?
rnМудроста е способност да се донесуваат правилни одлуки и да се оди во вистинската насока, по вистинскиот пат, и сето тоа засновано на знаење и разбирање. Мудрост е способноста да мислиме и делуваме употребувајќи знаење, искуство, разбирање и свесност. Тоа е карактеристика која ни овозможува да ги направиме работите со најголемо ниво на прецизност, и тоа во секои услови. Или како што вели еден мој мудар пријател, мудрост значи да си среќен и исполнет и да го правиш со ист елан она што го сакаш, но и она што не го сакаш.rnrnСпоред медицинскиот центар на Харвард, мудроста е способност да се разберат природата и однесувањето на работите, луѓето и настаните. Способност да ги погледнеме работите од други перспективи и да избегнуваме црно-бело размислување. Карактеристика која секој од нас ја поседува (повеќе или помалку) и која е во директна корелација со нашиот внатрешен капацитет (когнитивен, емоционален и физички), надворешниот свет и динамичната релација на внатрешниот со надворешниот свет.rnrnАристотел ја дефинирал мудроста како разбирање зошто работите се такви какви што се, што е огромна разлика отколку само знаење дека работите се такви. Сето ова звучи фолозофски, но и самиот збор „филозофија“ означува „љубов кон мудроста“.rnrnВо секој случај, од горните дефиниции може да се воочи дека, мудроста се поврзува со разбирањето. Прво мора да ја дефинираме разликата помеѓу знаење и разбирање. Основата на знаењето е во разбирање на знаењето, и апликативноста на тоа знаење. Во спротивно ќе имаме само одвишок знаење околу некоја работа. Но тоа не значи дека сме ја разбрале таа работа.rnrnЗнаењето користи еден центар во мозокот, додека пак разбирањето активира неколку центри.rn
rn011
- За да се сфати мудроста, понекогаш добро е да се сфати што не е мудрост.
rn011
- Да се зборува или делува на глупав начин, а потоа да се обвинуваат другите за тоа што се случило
rn011
- Да се зборува или делува на начин што ќе предизвика тешкотии за блиските луѓе
rn011
- Да не учиме од нашите грешки, и да ги повторуваме истите грешки
rn011
- Да сме горчливи за минатото и цинични за иднината
rn011
- Да критикуваме постојано
rn011
- Да се водиме обратно од нашите вистински вредности
rn
rnЕдно од најдобрите работи за мудроста е тоа што ни прави баланс на срцето и умот. Овој баланс – мир се постигнува поради тоа што ние дејствуваме во релација со нашите вистински цели, а го избегнуваме губењето на енергија додека трагаме по вистинскиот пат. А генерално ни се случува да се вртиме во круг и секогаш се наоѓаме во иста ситуација, само со различно сценарио.rnrnНајинтересно е тоа што мудроста не е поврзана генерално со годините. Не важи само она старото правило, некој е мудар бидејќи е стар. Сите ние може да ја развиваме нашата мудрост. Како и сѐ друго, и тоа е вештина која може да се развива.rnrn
„Нам мудроста не ни е дадена, ние мора самите да ја пронајдеме одејќи по дивиот пат кој никој не може да го изоди за нас, и е мака од која никој не може да не поштеди.“ – Марсел Пруст
rnЕве неколку насоки за размислување (бидејќи глупаво би било да шаблонизираме некоја толку апстрактна тема, и да мислиме дека може да ја ставиме во 6 чекори или 11 основни правила):rnrn Патот до мудроста: За да може да работиме на својата мудрост како вештина, мора прво да сфатиме добро што е мудрост (незнам дали е доволно да го прочитате само овој текст), и најважно да сфатиме дека нема лесен пат до мудроста. Се вели дека, како што потребата е мајка на иновацијата, макотрпноста е на мудроста.rnrnКарактеристики на мудар човек: Сочувство, одговорност, интегритет, прифаќање, желба за знаење, поглед од повеќе перспективи, емпатија, внимателен и добродушен, дарежлив, човек од доверба, скромен, отворен, трпелив итн. Треба да ги развиваме овие убави вредности и напорно да работиме на тоа.rnrnБидете набљудувач: Набљудувајте се себе и другите. За подобро да ги разбереме сите односи и сѐ она што се случува околу нас, мора прво да се познаваме самите себе и другите. И најважно да не судиме. Ниту другите, ниту себе. Тоа значи да се прифатиме какви што сме (и ако не си се допаѓаме, да се промениме) и да ги прифатиме другите какви што се (а нив, да не пробуваме да ги промениме).rnrnМедитација: Едуцирајте се повеќе за медитацијата и почнете да ја практикувате. Многу познати, успешни и мудри луѓе ја користеле и ја користат (Џон Ленон, Стив Џобс, Ајнштајн, Опра, Стинг, Тесла и др.)rnrnВежбање телесни вештини: Источните практики се најдобри за развој на телесната интелигенција. Преку нивно практикување и омекнување на телото, омекнуваме и ги менуваме наши ставови, принципи и заклучоци.rnrnРазговарајте со мудри луѓе: Ако имате некој што го сметате за мудар, поминувајте повеќе време со него. Набљудувајте го и видете што е она што таа личност го има и што може да украдете од неа.rnrnСамоменаџирање: Еден од основните концепти за развој на мудроста како вештина, е да работиме на себе, т.е. да го ставиме фокусот на внатрешниот, а не на надворешниот свет. Ако не ни се допаѓа надвор, треба решението да го бараме внатре. Дознајте повеќе и работете на техники за смирување на умот, развој на мотивација за самознаење, техники за надминување на егото и други техники за самореализација.rnrnПравени се медицински истражувања каде што било евидентирано дека пациентите кои се справувале со тешки и хронични болки, почнувале да зборуваат за нивната состојба со јазикот на мудроста (покажувале сочувство, разбирање на другите и за лимитацијата на знаењето, простувале итн.). Да не чекаме да ни се случи нешто такво за да го научиме јазикот на мудроста. Да бидеме мудри и да почнеме со негово изучување уште сега.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]