КАФЕ ПАУЗА

Tag: различни

  • Како се поздравуваат луѓето во различни земји?

    Како се поздравуваат луѓето во различни земји?

    Во зависност од тоа каде живеат, луѓето во различни земји се поздравуваат на различни начини. Тие рутински навики ја покажуваат нивната почит кон другите, па доколку останувате подолго време на одредено место, ќе треба да ги научите нивните форми на поздравување. Погледнете ги овие 14 ритуали ширум светот кои доста се разликуваат помеѓу себе.rn

    Филипини

    rnКако се поздравуваат луѓето во различни земји?rnrnФилипинците изведуваат прекрасен гест наречен „Мано“, со цел да покажат почит кон постарите. Тие ја земаат нивната рака и со нежно движење го притискаат своето чело на неа.rn

    Јапонија

    rnКако се поздравуваат луѓето во различни земји?rnrnЈапонците се поздравуваат со поклонување. Траењето и степенот на наведнување може да варира во зависност од ситуацијата.rn

    Индија

    rnКако се поздравуваат луѓето во различни земји?rnrnЛуѓето во Индија го изговараат зборот „Намасте“ (што во буквален превод значи ти се поклонувам) додека ги ставаат своите раце до градите со дланките притиснати заедно и прстите свртени нагоре.rn

    Тајланд

    rnКако се поздравуваат луѓето во различни земји?rnrnСлично како и навиката кај Индијците, поздравот на луѓето во Тајланд е наречен „Уаи“ и тие прават потези како да се молат, а притоа и малку се поклонуваат.rn

    Франција

    rnКако се поздравуваат луѓето во различни земји?rnrnВо Франција луѓето кога ќе се сретнат обично се бакнуваат еден со друг.rn

    Нов Зеланд

    rnКако се поздравуваат луѓето во различни земји?rnrnЛуѓето во Нов Зеланд се поздравуваат со традиционалниот гест „Хонги“, кој подразбира притискање на носот и челото заедно.rn

    Боцвана

    rnКако се поздравуваат луѓето во различни земји?rnrnВо Боцвана, за да поздравите некого треба да следите серија едноставни потези. Подадете ја десната рака додека левата ја ставате на вашиот десен лакот. Спојте ги рацете со другата личност користејќи го прво палецот, а потоа и вашата дланка, па вратете се во оригиналната позиција.rnrnЗа да видите уште интересни поздрави кои се користат ширум светот, преминете на наредната страница.rn

  • 15 знаци дека сте јаболко кое паднало многу далеку од дрвото

    15 знаци дека сте јаболко кое паднало многу далеку од дрвото

    Постои една стара изрека која вели дека јаболкото не паѓа многу далеку од дрвото. Нејзиното значење е дека децата најчесто многу наликуваат на своите родителите, дури и ако не се свесни за тоа. Но, што се случува со оние јаболка кои успеале да се стркалаат по ридот и да паднат многу далеку од своето дрво? Погледнете ги следниве 15 знаци кои покажуваат дека вие сте сосема различна личност од вашето семејство…rnrn15 знаци дека сте јаболко кое паднало многу далеку од дрвотоrnrn1. Вашето семејство се обидува да глуми ентузијазам за вашите работа, интереси и хоби. Но, реалноста е дека постои неискажано согласување дека никој не разбира зошто уживате во нештата во кои уживате.rnrn2. Сте биле дел од неколку дискусии и неформални интервенции каде што вашите родители се обидувале да ве „поправат“. Тие постојано размислуваат дека нешто не е во ред со вас и дека тоа нешто треба да биде искоренето со цел вие да бидете „нормални“.rnrn3. Вие сте имуни на коментарите од видот: „Зошто не можеш да бидеш повеќе како _______?“ Бидејќи целиот ваш живот ја имате улога на црна овца во семејството, сте нашле начин како да станете силни и да се сакате онакви какви што навистина сте.rnrn4. Со тек на време сте научиле да ја сакате вашата различност. Понекогаш сфаќате дека токму вашите различни размислувања од останатите ве прават поуникатни одошто некогаш сте мислеле дека можете да бидете.rnrn5. Понекогаш се чувствувате како аутсајдер. Токму собирите за време на родендените, празниците или други големи настани ве прават нервозни бидејќи знаете дека повторно ќе бидете главна тема на негативен разговор.rnrn6. Кога ги посетувате вашите родители, вие се чувствувате како повторно да сте се вратиле во средно. Вие не можете да го смените фактот дека ги нервирате сите со вашите моментални ставови за животот и токму тоа води кон неизбежна расправија.rnrn7. Се чувствувате како бунтовник, дури и покрај тоа што не носите кожна јакна. Бидејќи сè што излегува од вашата уста, дури и да не сакате, е спротивно од размислувањето на вашето семејство. Токму затоа и тие мислат дека намерно водите инат.rnrn8. Ако истовремено сте и црна овца и најстаро дете, тогаш вашите родители без проблем отворено признаваат дека најтешкото им поминало со вас. Во нивните очи, вашите браќа и/или сестри не им правеле толку проблеми како вие.rnrn9. Многу се нервирате за оние нешта кои вам ви биле забранети, а на вашите браќа и/или сестри не. Тие смееле да излегуваат до подоцна, немале толку обврски во домот и многу почесто добивале дозвола да ја возат колата на вашите родители.rnrn10. Како резултат на тоа, вие сте станале агресивно независни. Токму затоа и не се воздржувате кога ги правите оние нешта за кои сте заинтересирани, особено во областа на кариерата, дури и ако вашите родители не ги прифаќаат.rnrn11. Мразите да барате помош кога имате потешкотии. Уште повеќе ако станува збор за вашето семејство. Вие сакате сè да направите сами со цел да им покажете на другите колку лесно и без грижи ги следите вашите соништа, наместо оние на вашите родители кои сè уште цврсто веруваат дека знаат што е најдобро за вас.rnrn12. Вие сте центарот на секоја караница или лошо расположение кое вашите родители ги искусуваат. Дури и да не живеете под ист покрив, понекогаш можете да добиете порака од вашите браќа и/или сестри кои ве прашуваат „Што направи сега? Тато е лут!“rnrn13. Сте отишле да студирате во друга држава само за да бидете подалеку од вашето семејство. Дури и размислувате да најдете таму работа со цел никогаш повеќе да не мора да се вратите дома. Ова неизбежно води кон тоа да станете онаа личност која навистина сте, а не онаа која вашите родители сакаат да бидете.rnrn14. Кога ќе се вратите дома по подолго време, вие мора да одговарате на најразлични прашања за вашиот личен живот. Вашето семејство сака да знае точно што ви се случува со цел да го даде своето мислење на таа тема.rnrn15. Ниту еден од вашите пријатели не ги познава вашите членови на семејството. Вие се обидувате да ги држите што подалеку од нив со цел да не ја нарушите сликата која тие ја имаат за вас.

  • Луѓето со интегритет се подобри луѓе. Еве како!

    Луѓето со интегритет се подобри луѓе. Еве како!

    Што е тоа интегритет? Постојат многу различни дефиниции, но онаа која веројатно најјасно ќе го објасни значењето на овој збор е дека да се има интегритет значи да се прави она што е правилно и хумано дури и тогаш кога можете да смислите милион изговори да не го направите тоа.rnrnСледниве неколку примери на луѓе со интегритет се добар доказ зошто тие се многу подобри од останатите токму поради оваа нивна особина.rnrnlugjeto-so-integritet-se-podobri-lugje-eve-kako-kafepauza.mkrn

    Родители кои им се извинуваат на своите деца кога ќе претераат

    rnРетко кој родител е подготвен да се извини доколку претера во однесувањето кон своето дете. За жал, ние сѐ уште живееме во општество во кое многу семејства се водат според ставот дека родителите се секогаш во право и мора да се слушаат по секоја цена.rnrnНо реалноста е малку поинаква. Вистина е дека родителите треба да се почитуваат и да се слушаат бидејќи во поголем дел од времето се во право, но има и ситуации кога тие едноставно претеруваат. Со викање, со карање, со кажување сѐ и сешто, со казнување.rnrnНо она што ги издвојува родителите со интегритет од оние останатите е моментот кога, откако ќе се случи такво нешто, тие ќе им се извинат на своите деца. Ова не се однесува само на извини, туку на која било постапка со која тие искажуваат дека им е жал и дека се свесни дека погрешиле.rn

    Директори кои ги истакнуваат достигнувањата на своите вработени

    rnСветот е преполн со луѓе на кои моќта им има удрено во глава. Искористувајќи ја позицијата на која се наоѓаат, тие се изживуваат со своите вработени на секој можен начин мислејќи дека така ќе им покажат каде им е местото во хиерархијата. Но факт е дека на овој начин тие само лечат некои свои комплекси и бубачки во глава, обидувајќи се да си го намалат стравот дека некој од нивните вработени ќе го заземе нивното место или, пак, ќе стане поуспешен.rnrnОна што го забораваат е дека кога некој нивни вработен ќе успее во нешто, тоа е и нивни успех. Кога некој од вработените ќе сработи нешто како што треба, пофалбите и признавањето на добрата работа само ќе го мотивира вработениот да работи уште подобро, за нив. Шефовите кои го прават ова се луѓе со интегритет и со вродени карактеристики на лидер. Нивната моќ доаѓа од тоа што се луѓе пред сѐ останато.rnrn(1)-lugjeto-so-integritet-se-podobri-lugje-i-eve-kako-kafepauza.mkrn

    Љубовни партнери кои го спречуваат злобното однесување при кавги

    rnКараниците се неизбежни кога станува збор за љубовните врски. Не постои пар на планетава Земја кој не се кара и кој има совршена врска. Расправиите се логични и сосема очекувани, но она по кое тие се разликуваат е однесувањето кое го имаат партнерите меѓу себе кога се лути и нервозни. Некои викаат, некои се навредуваат, некои кршат, некои се тепаат… Навистина, сѐ е можно кога станува збор за љубовните врски.rnrnОние врски на кои поретко може да се налета се врски во кои карањето не е платформа за злобно однесување. Во овие врски партнерите тежнеат кон зборување наместо викање, почитување на туѓото (различно) мислење наместо користење навреди. Партнерот кој се бори за ваква врска е партнер со интегритет кој го вреднува тоа што го има и не сака тоа да го загрози само бидејќи не знае да се воздржи во момент на нервоза.rn

    Возачи кои скоро секогаш возат стрпливо и смирено

    rnКолку пати сте налетале на возач кој сосема безобѕирно вика, свири и вози? Колку пати вие сте биле тој возач? Возењето по нашите улици е дефинитивно едно од највозбудливите. Свирење за секој застој пропратено со навредување и карање, незастанување на пешачки премин и нестрпливост во секоја смисла на зборот.rnrnОна што многу ќе зачуди некого е кога за промена ќе налета на возач кој не го прави тоа. Сите забораваат како е да се биде на другата страна или дека, можеби, возачот пред нив има оправдана причина зошто не вози побрзо. Како и да е, користењето грди зборови и повишен тон нема да ве доведат побрзо до местото каде што треба да стигнете, но стрпливоста и културата ќе ве oкарактеризираат како подобра личност.rnrn2-lugjeto-so-integritet-se-podobri-lugje-eve-kako-kafepauza.mkrn

    Моќни луѓе кои се извинуваат кога доцнат, а некој ги чека

    rnЛуѓето треба да се луѓе без разлика на тоа кои се и што прават во животот. Културата и основните норми на однесување не се исклучок за никого, па ни за оние кои мислат дека се најважните луѓе на светот.rnrnЕден ваков пример се моќните луѓе кои, и покрај фактот што постигнале многу во својот живот, не забораваат на своите манири, па кога доцнат на некое предавање, разговор или држење говор, им се извинуваат на останатите кои стрпливо ги чекале. Иако веројатно имаат навистина добра причина што доцнат со оглед на тоа дека се зафатени 24/7, тие го ценат времето на другите бидејќи знаат колку многу значат тие 24 часа на ден и колку некогаш не се доволни. Затоа, кога доцнат тие се извинуваат без разлика на тоа кој е тој што ги чека.rn

    Луѓе кои носат заклучоци за некого или нешто само откако ќе ги дознаат сите факти

    rnА колку ретко се случува ова таму каде што живеете? Многу почесто ќе налетате на луѓе кои само сакаат да зборуваат и да рашират сѐ што ќе слушнат без да знаат дали е тоа вистина, на тој начин создавајќи навистина големи проблеми за некого. Дури и несвесни за тоа дека можат да повредат некого со своите зборови, овие луѓе не се ни обидуваат да застанат и да подразмислат дали барем, ако ништо друго, тоа што го зборуваат е вистина.rnrnНекогаш тоа се луѓе кои ни се далечни, некогаш тоа се луѓе кои ни се блиски; некогаш станува збор за празно озборување, но некогаш се работи за момент кога имаме потреба некој да ни верува или да не нѐ осуди предвреме. Луѓето кои го прават ова се многу ретки и тоа се луѓе со силен карактер, разумни и луѓе со интегритет. Тие се ставаат себеси како пример во дадената ситуација и пред да зборуваат за други, се запрашуваат како би им било на нив кога тие би биле на озборуваната страна.rnrnLithuania Integrity Conceptrn

    Волонтери

    rnНесебични луѓе кои ќе најдат време да волонтираат некаде каде нивната помош е од огромно значење – дали постојат луѓе со поголем интегритет од овие? Веројатно не. Денес светот се движи ненормално брзо. Луѓето немаат време да јадат, а не да застанат и да губат време некаде каде што нема ни да бидат платени за тоа. Но тие луѓе немаат претстава колкаво задоволство носи волонтирањето. Да направиш нешто само поради несебичната желба да помогнеш кога можеш е најблагодарната човекова карактеристика.rnrnНикој не е роден како личност со интегритет, што значи дека секој може да ја развие оваа особина само доколку навистина сака. Со оглед на тоа дека секојдневно се соочуваме со безброј ситуации во кои можеме да покажеме дека сме луѓе со интегритет, сѐ што треба е да го направиме првиот чекор.

  • 10 работи кои креативните луѓе ги прават различно, а не ни забележуваат

    10 работи кои креативните луѓе ги прават различно, а не ни забележуваат

    Креативните луѓе се лесно забележливи и препознатливи поради тоа што се разликуваат од оние стандардни типови луѓе кои ги познаваме. Дали е тоа поради облеката, косата, изразите на лицето, однесувањето, интересите… Зборот кој ги опишува е баш тој – различни. И секогаш ги шират своите видици, наоѓаат нови и интересни начини да завршат некоја работа, го гледаат светот со отворен ум и срце подготвено да прифати нови нешта, промени и предизвици. Тие го сакаат животот и гледаат да ги извлечат од него сите убавини кои ги нуди. Во кратки црти, нив ги опишуваат следниве 10 работи.rnrn(1)-10-raboti-koi-kreativnite-lugje-gi-pravat-razlichno-a-ne-ni-zabelezguvaat-kafepauza.mkrn

    1. Работат, но под нивни услови

    rnГлавна особина им е способноста за слободно изразување. За нив не постои погрешно, лошо или гадно, туку само уникатни начини на изразување на секоја индивидуа. Затоа не ни можат да работат додека некој друг им виси на глава.rn

    2. Немаат класична, нормална работа

    rnТие не ги прифаќаат зборовите нормално и така треба. Па не е воопшто за чудење што ретко можете да најдете висококреативна личност како работи заглавена на биро пишувајќи документи. Тие имаат потреба од изразување и развивање, па поинаква работа би ги загушила целосно.rn

    3. Се инспирираат од различни работи

    rnКреативните луѓе гледаат со широко отворени очи, па дури и најбаналната работа може да ги инспирира. Сѐ зависи во кои насоки им лета умот додека ја гледаат, па од ништо знаат да направат нешто фантастично.rn

    4. Прашуваат многу

    rnЉубопитноста е исто така нивна голема одлика. Ги интересираат многу работи, па токму затоа тие се оние кои најчесто поставуваат прашања и не се откажуваат додека не добијат некои одговори. Имаат сликовита имагинација која ги тера на доста размислување и распрашување.rn

    5. Не се плашат од неуспех

    rnБидејќи за нив, такво нешто е невозможно. Од фактот дека за нив не постои нешто што е добро или лошо направено произлегува дека успехот и неуспехот се исто така невозможни. Што и да правиме, каде и да одиме и на кое место да се најдеме на крајот, сето тоа е едно големо искуство од кое може само да се научи и е позитивно само по себе.rn

    6. Независни се

    rnШироките видици и отвореноста за поглед од различни перспективи им овозможува да се снајдат во многу ситуации. Тие се многу независни и личности кои можат да преживеат сами, наоѓајќи занимација насекаде околу нив.rn

    7. Ризикуваат

    rnИ не се плашат од тоа. Обожаваат да пробуваат нови работи, да видат нови места, да запознаваат нови луѓе. И токму затоа не се повлекуваат назад кога доаѓа до момент да се преземе таков ризик. Тој ризик значи нешто ново и возбудливо, а тие се луѓе кои едвај чекаат да се соочат со нешто такво.rn

    8. Болните ситуации ја подгреваат нивната страст

    rnТие функционираат на принцип на пренасочување на енергијата. Така, негативната енергија која се собира кај нив откако некој ќе ги повреди, откако ќе изгубат некого или што и да е што ги натажува, ја насочуваат кон креативност и создавање нешто убаво, на свој начин.rn

    9. Постојано учат нови работи

    rnКреативните луѓе имаат немирен дух. Правењето едно исто постојано, за нив е како кафез кој ги држи заробени. Затоа константно учат нови работи и се надградуваат себеси. На тој начин се поврзуваат со светот околу нив кој за возврат им дозволува и обезбедува нови начини за да се изразат.rn

    10. Сонуваат

    rnНивното секојдневие е многу различно од она на повеќето луѓе. Тие сонуваат и замислуваат и патуваат во својот ум на места кои за останатите се незамисливи. Тие се полни со идеи, со замисли и решенија за реализација. Едноставно, тие го гледаат светот поинаку.rnrnФакт е дека во секој од нас се крие креативна личност. Сите сме способни да создадеме нешто различно и убаво, да бидеме уникатни и свои. Сѐ што ни е потребно за да ја откриеме нашата креативна страна е да прифатиме дека сликата која ние ја имаме за светот околу нас е само една вистина помеѓу неколкуте милијарди други.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Едно сонце сите нас нè грее

    Едно сонце сите нас нè грее

    Во последно време размислувам за разликите меѓу нас луѓето. Сите различно скроени, секој од нас со својата приказна, свои грижи и радости. И да, признавам и порано сум размислувала на оваа тема, ама сум велела не вака не онака, сум се премислувала, сум чкртала листови па сум ја одлагала и одлагала, но еве, сега ви велам, ќе зборувам за хомосексуалноста.rnrnАко мене ми требаше толку време за конечно да седнам, да размислам добро на темава и да ја разработам, тогаш што остана за оној кој треба да собере храброст и да каже дека е поразличен од другите?rnrnЕдно сонце сите нас нè грееrnrnПробувам да се ставам во нивна кожа, во кожата на нивните најблиски, нели да го имам секое можно гледиште, да бидам објективна, да сфатам зошто се крева прашина околу геј парадите и знамињата со виножито… и мислам дека макар во моите мисли си ја составив сложувалката.rnrnНие луѓето во принцип сме многу „слободоумни“. Прифаќаме, само потајно се молиме такво нешто да не се појави во нашиот дом. Демек нека си постои ама нека е што подалеку од мене. Но не е, кога ќе размислиш подобро светов е огромен, ама истото сонце сите нè грее. Тоа може да биде ваш пријател или пријателка, роднина, сестра или брат, комшија или колешка… Може таа личност, навидум толку блиску до вас, а всушност толку далечна, да се мачи со триста демони во себе за да си го најде мирот, да се бори а да не успева, да се затвора во себе сè повеќе и повеќе…rnrnНастрана од тие што се декларираат како геј за пари, слава, внимание, за инает на општеството оти се „несфатени“, за разни пропаганди… постојат луѓе кои навистина се такви. Што имам јас да речам на тоа? Без цензура, гонете ги сите и бидете си свои! Да, најискрено го мислам ова. Луѓе кои ќе ве гледаат надмено, кои ќе ве озборуваат, критикуваат или потценуваат, секогаш ќе има, та сте биле вие стрејт та сте биле геј, сеедно. На нашава нација омилено хоби ѝ е плукање и критикување, сè со цел за да си гледаме што подалеку од сопствените дворови.rnrnНајчесто поставуваното прашање – ако ги поддржуваш толку, ај да те видам што ќе правиш ако во иднина син ти ти рече мамо јас сум геј? Биди ми среќен, тоа мене ми е најважно. Зошто би му наметнала да живее живот без среќа, без исполнетост? Да биде приморан да дели кревет со жена ако не чувствува љубов? Само за да го задоволам општеството? Луѓето кои посекако не им е вистински грижа за тебе? Не! Секој да си ја затвори устата, да си ги гледа своите грижи, да ги остави луѓето да си бидат тоа што сакаат. И да, по можност ќе му речам бегај од Балканов.rnrnИ моето мислење на темава било поделено, но не повеќе откако прочитав вистинска приказна за еден хомосексуалец кој како тинејџер во повеќе наврати пробал да се убие поради тоа што бил различен. Немам веќе поделено мислење откако имав и јас блиско искуство со таков човек. Не, сега ми е јасно. Пуштете ги луѓето да си живеат. Од каде ви е вам правото да им наметнувате огорченост и срам, сте се погледнале во огледало?rnrnКај нашите северни соседи на тие геј паради се јаде ќотек. Мислам, од цел Балкан тие се баш во центарот, баш Балканци. И баш ме интересира, за оние што пишуваат крајно хејтерски и крајно безобразни коментари на интернет од типот „пед*р еден да ти не-знам-таму-што“, ако ти му го направиш тоа нему, тогаш тоа што те прави тебе? Иронијата на простата раја. Ќе исплукаш, навредиш, повредиш физички и психички за ти да се чувствуваш поголем маж? Извини, ама во тој случај ти не си воопшто „маж“… па што и веќе да значи овој поим во новиов век, веќе не следам дефиниции.rnrnДа се осудуваат педофилите, оние кои си ги задоволуваат своите сексуални нагони со животни и што ли уште не, во ред, разбирам, а и психологијата не е мое поле за да навлегувам таму. Но зошто толкава прашина околу хомосексуалноста? Јас разбирам дека сме си Балканци, дека бракот е единство на двајца од различен пол, дека природата налага тоа и тоа… Но колку луѓето околу вас навистина се нормални? Всушност здравиот разум во денешно време е стварно дискутабилна тема.rnrnПостојат луѓе кои навидум се во ред, седат со вас и пијат кафе и си муабетите. Тие може да се убијци, силувачи, луѓе со настрани сексуални нагони… Ама тој што јавно се декларира себеси како геј е предмет на исмејување. Пред неколку години чув за многу гаден случај. Женет човек со деца заведувал малечки момчиња, другарчиња на син му. Ете пак ми се превртува во стомакот, и пак нè води до прашањето кој колку е „нормален“? Јас гарантирам дека ако двајца хомосексуалци посвојат детенце ќе нема позгрижено и посакано суштество од него.rnrnЌе речете чекај стоп, ќе му се смејат на училиште, ќе му речат ти имаш двајца татковци или две мајки. Да, ама ќе му се смејат и ако е слабо, кревко, или пак многу крупно, клемпаво, ќелаво… Просто луѓето се такви. На многумина им се смееле па истите тие исмејувани по 10 години им ги затвориле муцките.rnrnБидете тоа што сте, бидете тоа што сакате, живејте како сакате, сè додека не повредувате никого и не им мислите лошо на луѓето. Тоа е ваш сопствен избор и одете гордо. Прекрасни сте и покажете што сте и што умеете. Има за секој сродна душа, некој кој одвај чека да биде пронајден од вас. Ако општеството ве исмева, вие бидете мотивирани да се борите уште посилно, уште појако, да се трудите и да покажете кои сте. Сите ние имаме мани и баш како што пишува и во Библијата, нека фрли камен оној кој е без грев.rnrnЕлиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Различен филм за секој ден од неделата

    Различен филм за секој ден од неделата

    Доколку сте голем љубител на филмот и не преферирате да гледате филмови само од еден жанр, тогаш ви препорачуваме да ја погледнете оваа листа. Листата е составена од 7 филмови, по еден за секој ден од неделата, притоа сите од различен жанр. Разновидноста на филмовите и нивните приказни ќе ви претставуваат одлична забава оваа седмица, без разлика дали ќе се решите да ги гледате сами, со партнерот или пак со пријателите.Различен филм за секој ден од неделата

    rnrn

      rn011

    • Петок (хорор)
    • rn

    rn

    Подмолен (Insidious)

    rnРазличен филм за секој ден од неделатаКратка содржина: Возбудлива приказна за семејство кое е во потрага по помош за нивниот син Далтон, кој едно вообичаено утро мистериозна паѓа во кома. Три месеци покасно тие не се свесни дека се случува нешто многу поголемо од бескраен сон. Паранормалните случувања и откривањето на минатото се клучот за враќањето на нивниот син, а напнатоста и стравот го следат филмот до последната секунда.rnrn.rn

      rn011

    • Улоги: Патрик Вилсон, Роуз Брн, Тaj Симпкинс
    • rn011

    • Премиера: 29 март 2011
    • rn011

    • Времетраење: 103 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 6
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    rn

      rn011

    • Сабота (трилер)
    • rn

    rn

    Без граници (Limitless)

    rn

    Различен филм за секој ден од неделатаКратка содржина: Акционен трилер за писател по име Еди, кој се наоѓа во писателска криза и има недостаток на креативност. Неговиот поранешен шура му понудува експериментална дрога, со ветување дека  ќе му овозможи да користи 100% од својот ум. За некое чудо дрогата успешно делува, а Еди за кратко време успева да ја заврши книгата. Во потрага по ново количество, тој го наоѓа дилерот убиен и го зема остатокот од дрогата, која тотално му го менува својот живот.

    rn

    .rn

    rnrn

      rn011

    • Улоги: Бредли Купер, Роберт Де Ниро, Ана Фрил
    • rn011

    • Премиера: 18 март 2011
    • rn011

    • Времетраење: 105 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 7
    • rn

    rn

    rn

    rn.

    rn

    rn

      rn011

    • Недела (научна фантастика)
    • rn

    rn

    Капетан Америка: првиот одмаздник (Captain America: The First Avenger)

    rn

    Различен филм за секој ден од неделатаКратка содржина: Дејствието се одвива во 1942 година кога САД влегува во Втората Светска војна. Болниот Стивен Роџерс е разочаран бидејќи повторно е одбиен за приклучување кон воената служба. Но, сè се менува кога д-р Ерксин го повикува за тајниот проект. Докажувајќи ја неговата силна волја и извонредна храброст, тој го прифаќа експериментот и неговото слабо тело наеднаш постанува неверојатно моќно.

    rn

    Откако д-р Ерксин ќе биде убиен од шефот на тајниот истражувачки оддел на нацистичка Германија, таканаречениот „Црвениот Череп“, Роџерс останува како уникатен човек кој првично е злоупотребуван како пропагандна маскота. Но, сепак тој подоцна се впушта во возбудлива авантура против „Црвениот Череп“. Бидејќи филмот е прилично нов, не очекувајте дека ќе најдете снимка со добар квалитет.rn.

    rnrn

      rn011

    • Улоги: Крис Еванс, Томи Ли Џонс, Хејли Атвел
    • rn011

    • Премиера: 22 јули 2011
    • rn011

    • Времетраење: 124 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 7
    • rn

    rn

    rn

    rn.

    rn

    rn

      rn011

    • Понеделник (документарец)
    • rn

    rn

    Измамата наречена Обама: маските паѓаат (The Obama Deception: The Mask Comes Off)

    rn

    Различен филм за секој ден од неделатаКратка содржина: Во овој документарен филм се претставува една поинаква слика за американското политичко општество. Режисерот Алекс Џоунс дава слика според која, уште од 60-тите години на минатиот век американските претседатели се само марионети на светската владата во сенка составена од членовите на Советот за надворешни односи, Федералниот систем за резерви на САД, Билдербершката група, Трилатералната Комисија и банкарите од Вол Стрит.rn.

    rnrn

      rn011

    • Улоги: Алекс Џоунс, Даниел Естулин
    • rn011

    • Премиера: 12 март 2009
    • rn011

    • Времетраење: 111 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 6
    • rn

    rn

    rn

    rn.

    rn

    rn

      rn011

    • Вторник (анимиран/фамилијарен)
    • rn

    rn

    Автомобили 2 (Cars 2)

    rnРазличен филм за секој ден од неделатаКратка содржина: Интересен анимиран филм во продукција на „Pixar“… Спортскиот автомобил Лајтнинг МекКвин и неговиот најдобар пријател, камиончето од шлеп-служба по име Матер, се упатуваат кон Јапонија и Европа за да ја завршат Светската Гран При трка. Но нивниот пат кон шампионатот станува трнлив откако Матер ќе се впушти во интригантна мисија, односно во интернационална шпионажа. Интересен филм особено возбудлив за помладите генерации.rn.rn

      rn011

    • Гласови: Даниел Лоренс, Овен Вилсон, Мајкл Кејн
    • rn011

    • Премиера: 24 јуни 2011
    • rn011

    • Времетраење: 106 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 7
    • rn

    rn

    rn

    rn.

    rn

      rn011

    • Среда (акција)
    • rn

    rn

    Брзата петорка (Fast Five)

    rn

    Различен филм за секој ден од неделатаКратка содржина: Поранешниот полицаец Брајан О’Конор станува партнер со поранешниот затвореник Дум Торето. Бидејќи Миа Торето и Брајан успеваат да го изнесат Дум од затвор, поминуваат многу граници за да им избегаат на властите. Повлечени во Рио Де Женеиро, тие мораат да извршат уште една работа за да си ја обезбедат својата слобода. Тие го составуваат нивниот тим од најдобрите тркачи бидејќи знаат дека единствениот начин да се извлечат е да му се спротивстават на корумпираниот бизнисмен, кој сака да ги уништи. Но, тој не е единствениот нивни противник. Зад нив секогаш е федералниот агент Лук Хобс. Интересна адреналинска акција, која ќе ве држи возбудени до самиот крај.rn.

    rnrn

      rn011

    • Улоги: Вин Дизел, Пол Вокер, Двејн Џонсон
    • rn011

    • Премиера: 29 април 2011
    • rn011

    • Времетраење: 130 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 7
    • rn

    rn

    rn.

    rn

      rn011

    • Четврток (драма/комедија)
    • rn

    rn

    Почетници (Beginners)

    rn

    rnrnРазличен филм за секој ден од неделатаКратка содржина:Дејството се обвива во 2003 година, каде што 38-годишниот Оливер Филдс, по професија графички дизајнер, го губи татко му, пет години откако починала и неговата мајка. Оливер кој е природно намуртен тип, низ текот на филмот се потсетува на неговиот однос со татко му по смртта на неговата мајка. Набрзо по нејзината смрт, неговиот татко му признал дека всушност е геј и тука приказната станува интересна, а нивниот однос сосема поинаков.rnrnВо обид да воспостави контрола врз своите емоции за загубата, Оливер ја запознава Ана, девојка со која свесно се впушта во врска, притоа знаејќи дека и таа има нерешливи емоции и проблеми со својот татко. Забавна приказна во која ќе уживате и ќе се насмеете.rn.rn

      rn011

    • Улоги: Ијан Мекгрегор, Кристофер Пламер, Мелани Лорен
    • rn011

    • Премиера: 11 септември 2010
    • rn011

    • Времетраење: 105 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 8
    • rn

    rn

    rn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.