Дури и да го избегнал ледениот брег пред 104 години, Титаник сѐ уште би се помнел како најлуксузниот брод на сите времиња. За неговата изградба и уредување во 1912-тата година биле потребни 7,5 милиони долари што е еквивалент на 180 милиони долари денес. Додека акомодацијата и сместувањето од втора и трета класа на Титаник биле далеку подобри од сместувањето на другите бродови, сепак главната награда ги добива привилегиите од првата класа. Во тој контекст, што би можеле да добиете со купувањето на најскапиот билет на Титаник?rnrnГлавните скалилаrnrnЗа да го пронајдете одговорот, потребно е да го разгледате случајот на 58-годишната Шарлот Дрејк Кардеза од Филаделфија. Иако не била на листата на најбогатите патници како што биле милионерите Џејкоб Астор IV или Бенџамин Гугенхајм, Кардеза била патрон за уметностите, сопственичка на поголем број јахти и ловџија на крупен дивеч. Семејното богатство дошло од нејзиниот татко, богат сопственик на продавница за производство на текстил. Се смета дека Кардеза го купила најскапиот билет на бродот по цена од 2.560 долари во 1912-тата година, или 61.000 долари денес.rnrnТаа се качила на бродот заедно со нејзиниот 36-годишен син, Томас, нејзината слугинка и неговиот камариер и сите заедно понеле 14 сандаци, 4 куфери и 3 помали сандаци. Тие биле сместени во трисобен апартман со 2 спални соби и една дневна соба како и 2 дополнителни соби за облеката и бања. Нивните слуги биле сместени во придружните кабини во близина. Овој апартман бил еден од најлуксузните на бродот и единствениот друг апартман како нивниот бил резервиран за финансиерот Џ.П. Морган кој бил сопственик на компанијата која го поседувала Титаник и кој се откажал од патувањето во последниот момент.rnrnЕдна од спалните соби за патниците од прва класаrnrnНе само што ги избегнувале пониските класи, семејството Кардеза немало време ниту да се социјализира со останатите плутократи и буржоазија. Тие имале 15-метарска приватна палуба каде што можеле да уживаат над отворено небо на раат. За време на оброците, тие избирале каде ќе јадат, а можеле да се одлучат и за приватниот а-ла-карт ресторан кој се доплаќал дополнително. Од оние менија кои успеале да се „спасат“ од несреќата, се забележало дека сите присутни богаташи јаделе по 10 порции кои вклучувале морска храна, пилешко, јагнешко, телешко и слични видови меса.rnrnПо вечерата, Томас можел да се повлече во една соба за пушење која била наменета само за мажи, а Шарлота во првокласната соба за рекреација декорирана како Версајскиот дворец, каде се играле карти и се разговарало. Исто така, можеле да го посетат базенот со солена вода, турската бања, теренот за сквош или салата за вежбање која била опремена со најмодерните машини за вежбање од тој период, како електричниот коњ и електричната камила.rnrnДневна соба за дамитеrnrnНезависно дали нивното богатство имало некаков удел во спасувањето на луѓето на денот на несреќата, на семејството Кардеза и нивните слуги им било обезбедено место во малиот број спасувачки чамци, за разлика од преостанатите 1.500 луѓе кои или биле заглавени или пливале во студените води и добиле хипотермија. Месеци по несреќата, Шарлота ги тужела сопствениците на Титаник за изгубените фустани, накит, крзно и други предмети кои биле опишани на 16 страници што е сведоштво и тестамент не само за нејзината моќ и богатство туку служи и како едно неверојатно сеќавање.rnrnНа листата биле запишани и изгубени 5.500 долари или 132.000 долари во денешна вредност. Но, тоа е само ситно во споредба со нејзиното целосно богатство кое го понела со себе што изнесувало 177.000 долари или 4.2 милиони долари во денешна вредност. За разлика од многуте други посиромашни патници и членови на екипажот, семејството Кардеза не било ниту повредено, ниту значително осиромашено од катастрофата. Тие продолжиле да живеат во стилот на кој биле претходно навикнати сѐ до нивната смрт, 1939-тата за Шарлота и 1952-та за нејзиниот син, Томас.
Ова луксузно прибежиште се вика Вила Шамад и се наоѓа во близина на Кан, на францускиот Азурен брег. Има вкупно 6 спални соби, прекрасно дизајнирана дневна соба и две кујни, но она што најмногу воодушевува кај неа е погледот над Медитеранот кој таа го овозможува. Во него може да се ужива низ големите прозорци од дневната соба, од пространите тераси, или од базенот во дворот. Целиот имот, вилата сосе дворот, се простира на површина од неверојатни 3.400 метри квадратни.rnrnrnrn
Распослана на површина од 24.281 метри² сосе градината во живописната природа на Глазгов, Шкотска, оваа куќа нуди душевен мир, задоволство и доволно простор, кој ќе направи да се чувствувате како секој ден да го живеете мрзливото неделно попладне, читајќи весник. Модерната вила има свое приватно езеро, два ката, во кои совршено добро е искомбиниран модерниот мебел, со надворешниот природен свет, благодарение на големите прозорци расположени од под до таван. И покрај тоа што овој ентериер дефинитивно му припаѓа на 21-от век, сепак кога ќе погледнете надвор во езерцето, добивате чувство како да се наоѓате во некоја традиционална колиба. Всушност куќата е така дизајнирана, што каде и да се движите низ неа, постојано ќе бидете потсетувани, на природата која ви се смешка однадвор. Дури и да не сте насочени кон прозорците, ќе забележите дека мебелот има таква површина, на која се рефлектира надворешноста, во секој дел од вашиот дом. Кога ќе пристигнете во вашиот дом со автомобилот, ќе ви се отворат електричните врати, после кои ќе возите по симпатична патека, која води директно до хациендата. Располага со 4 спални соби, 2 тоалети, џакузи, сауна и туш кабина, како и дневна просторија/кујна/трпезарија во едно и две тераси. Изградена е од страна на компанијата „.Savills“ и моментално е на продажба, па ако имате доволно пари да ја купите – бујрум. 🙂rnrn
На брегот од јужниот дел на Рио де Жанеиро, од бразилскиот пејзаж произлегува куќа во форма на шест листови, како да е составен дел од природата.„Casa Folha“ (куќата лист), која е дело на архитектите Мареинес и Паталано, е големо тропско прибежиште, чиј покрив изгледа како шест ливчиња во облик на цвет, кои во суштина штитат од жешкото сонце, а под нив се крие најрелаксирачкиот двор на светот, романтична спална соба, гостопримлива трпезарија која отвора апетит и други приватни и гостински простории.Наместо стандардни врати, просторот го делат стаклени шибер врати, што му дава на домот широчина и топлина и овозможува да се оствари интеракцијата помеѓу човекот и природата. Ако ги отворите вратите, мирисот на морето ќе навлезе насекаде низ просторот. Во овој дом сè е во знакот на природата и летниот период, кога сите грижи собрани во текот на годината, одеднаш исчезнуваат.Ентериерот, исто како и листовите, е инспириран од природата. Мебелот, ѕидовите, подот, завесите и сè останато е искомбинирано во различни нијанси на земјени тонови, кои создаваат чувство како да живеете на некоја тропска плажа.Осветлувањето во „Casa Folha“ е многу интересно, бидејќи сокриените светилки, успеваат да му дадат вистински карактер на овој дом, во вечерните часови.Во секој случај, оваа куќа не изгледа ни малку полошо и во текот на денот, кога нејзиниот природен акцент, блеска со највисок сјај. rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Животот е она што го доживувавме во сегашноста. Минатото е зад нас, иднината сè уште не е тука. Доколку не ги живееме моментите од сегашноста, не можеме да бидеме во контакт со нашиот сопствен живот. Доколку се фокусираме само на убавите работи кои ги сакаме, тогаш имаме шанса да живееме убав живот. Една убава мисла вели:rnrn
„Животот е полн со убавина. Забележете ја. Забележете го бумбарот што лета, малото дете и насмеаните лица. Помирисајте го дождот, почувствувајте го ветрот. Живејте го животот со максимум потенцијал и борете се за остварување на вашите сништа.“
rnПогледнете ги следните 20 слики кои ги покажуваат едноставните, но прекрасни работи во животот. Почнете веднаш да го чувствувате вашиот поинаку – уживајте во секој момент од сегашноста, бидејќи животот е:rnrnЧувстваrnrnСреќаrnrnРадостrnrnУбавинаrnrnЉубовrnrnЕдинствоrnrnГрижаrnrnВербаrnrnСлободаrnrnМирrnrnКреацијаrnrnФантазијаrnrnУметностrnrnСонrnrnБајкаrnrnЗнаењеrnrnУживањеrnrnОдморrnrnРаскошrnrnПриродаrnrnЖивотот е убав, зар не?rnrn rnrn