КАФЕ ПАУЗА

Tag: рамки

  • Дали сте ги забележале овие броеви на рамката од вашите очила? Сите мислат дека не се битни, но во нив се кријат важни информации кои ќе ви го олеснат купувањето

    Дали сте ги забележале овие броеви на рамката од вашите очила? Сите мислат дека не се битни, но во нив се кријат важни информации кои ќе ви го олеснат купувањето

    Дали некогаш сте ги забележале овие бројки на рамката од вашите очила? Не се случајно ставени таму, но малку луѓе го знаат тоа.rnrnДали сте ги забележале овие броеви на рамката од вашите очила? Сите мислат дека не се битни, но во нив се кријат важни информации кои ќе ви го олеснат купувањетоrnrnПовеќето луѓе кои носат очила обично мислат дека овие броеви од страните на рамката имаат врска со ознаките на самиот модел на очила, што воопшто не е точно.rnrnМалкумина знаат за што служат тие цифри што многу го олеснуваат купувањето очила, затоа што тие, всушност, ја означуваат големината на рамката. Сите вредности се изразени во милиметри.rnrnНа овој конкретен модел цифрите се 47-19-140. А тоа го означува следново:rnrn47 – ова е големината на окото која обично варира од 40 мм до 62 мм.rnrn19 – ова е ширината на коренот од носот. Обично оваа цифра варира од 14 до 24 мм.rnrn140 – ова е должината на слепоочницата, а обично бројката варира од 120 до 150 мм.rnrnСите останати броеви на рамката од очилата обично се ознаки за нивниот модел и бојата.rnrnМожеби сакате да дознаете и како да изберете очила за вашето дете?

  • Како да изберете очила за вашето дете?

    Како да изберете очила за вашето дете?

    Понекогаш децата мора да носат очила за да се коригира нивниот вид. Како правилно да ги одберете и како детето да сака да ги носи очилата, се прашања што секој родител со ваков проблем си ги поставува. Во текстот ќе прочитате кои се работите на кои треба да обратите внимание при купувањето очила.rnrnКако да изберете очила за вашето дете?rnrnПрво на што треба да обратите внимание при купувањето очила за вашето дете е големината на рамките. Рамките на очилата треба да одговараат на големината на главата на детето. Важно е тие добро да му „лежат“ на носот, рачките од рамката да не го стегаат и да не се лизгаат или вадат при спуштање на главата. Не се препорачуваат големи, тешки рамки со кои детето нема да се чувствува удобно. Нешто поскапи, но поудобни се очилата што имаат флексибилни рачки.rnrnОбликот на рамката, без разлика дали е метален или пластичен, шарен, дискретен или со силни бои, бирајте го во зависност од вкусот на детето. Дозволете му само да ја избере бојата затоа што тогаш повеќе ќе сака да ги носи.rnrnКвалитетот на рамките е поврзан со цената, но не и со трајноста. Ако не внимава кога ги носи во текот на играњето, детето може да ги скрши или искриви очилата.rnrnДоколку се работи за помал диоптер, нема никакво ограничување при изборот на рамките. Кај поголемите диоптрии се препорачуваат помали рамки што може да бидат и метални, но пластичните се најдобри. Подебелото стакло треба квалитетно и естетски да се вгради во рамката.rnrnРетко се избира фото варијанта на стакла за заштита од сончевите зраци, но препорачливо е при изборот на стакла да одберете такви што имаат UV заштита.rnrnКако да изберете очила за вашето дете?rn

    Како детето да засака да ги носи очилата?

    rnНосењето на очилата многу зависи од ставот на родителите. Иако децата многу често брзо ги прифаќаат очилата затоа што сфаќаат дека со нив подобро гледаат, потребна е поддршка од родителите. По совет од лекарите, тие треба да му ја објаснат на детето користа од носењето очила и можеби, како позитивен пример, и самите да почнат да носат очила.rnrnМожеби ќе сакате да прочитате и за тоа како да ги направите вашите очила поудобни.

  • Креативни разнобојни рамки ги претвораат теглите во прекрасни вазни

    Креативни разнобојни рамки ги претвораат теглите во прекрасни вазни

    Компанијата за декорирање домови, Rainy Sunday, сместена во Сиднеј, е позната по своите прекрасни вазни и предмети. Иако речиси сите производи на компанијата се добро создадени и естетски современи, нејзината најнова креација, односно HOME Vase, може да се каже дека е најкреативната досега.rnrnКреативни разнобојни рамки ги претвораат теглите во прекрасни вазниrnrnВазните за домот се со едноставен дизајн, составени само од свиткани рамки и сад. Кога ќе се стави над садот, рамката, која има рамномерно распоредени дупки, ги држи сечените цвеќиња.rnrnКреативни разнобојни рамки ги претвораат теглите во прекрасни вазниrnrnСо поддршка од иновативната структура, секоја вазна, без разлика колку е широка, кратка или слаба, нема да падне.rnrnКреативни разнобојни рамки ги претвораат теглите во прекрасни вазниrnrnИако во изборот на оваа компанија се теглите, сепак, тие охрабруваат и додавање нешто лично во целиот производ.rnrnКреативни разнобојни рамки ги претвораат теглите во прекрасни вазниrnrnНивните вазни се создадени за да изгледаат одлично со неколку цвеќиња, а од таму препорачуваат дека можете да користите каква било тегла или некој друг сад, а доколку сте доволно креативни, можете да правите свои комбинации со различни садови.rnrnКреативни разнобојни рамки ги претвораат теглите во прекрасни вазниrnrnНивната вазна е висока 24 сантиметри, широка е околу 38 сантиметри и длабока околу 28 сантиметри. Таа е достапна во нијанса на сина боја, жолта, зелена, црна и крем, а секоја рамка убаво ги надополнува цветните аранжмани.rnrnКреативни разнобојни рамки ги претвораат теглите во прекрасни вазни

  • Направете сами: Полици од стари рамки за слики

    Направете сами: Полици од стари рамки за слики

    Можете да направите необични полици едноставно, лесно и евтино! Со нив можете да го украсите ѕидот, да ги сочувате спомените или пак некому да ги подарите.rnrnАвторката на блогот Shanty chic, којашто ги направила овие полици, објаснува дека постапката за нивната изработка е едноставна и интересна.rnrnrn

    Што е потребно за да ги направите овие полици?

    rnПокрај материјалот којшто сигурно го имате дома, неопходна е и мала фантазија и малку време.rn

      rn011

    • Стари, користени рамки
    • rn011

    • 4 даски
    • rn011

    • Лепак за дрво
    • rn011

    • Боја по ваша желба
    • rn

    rn

    Постапката за нивната изработка е следнава:

    rn1. Спојте ги даските со лепак и почекајте да се исуши. На нив ставете рамка и залепете ја.rnrn2. Рамката би требало да биде малку поголема од полицата којашто ја направивте од даските.rnrnrnrn3. Повторете ја постапката со останатите даски и рамки и бојадисајте ги во боја по ваша желба.rnrn4. Закачете ги на ѕидот и уживајте во нив!rnrn

  • 11 необични начини да ги украсите ѕидовите

    11 необични начини да ги украсите ѕидовите

    Во животот одвреме-навреме ни доаѓа желба да ги украсиме ѕидовите. Иако е интересно да закачите разни слики, еве неколку покреативни начини како ѕидовите да ви заличат поубаво со помош на нешто друго.rn

    1. Само рамки

    rnМожеби звучи апсурдно, но ова е навистина интересен начин како да го привлечете вниманието кон ѕидовите, а сепак да го исполните просторот.rnrn1-11-nacini-kako-da-gi-ukrasite-vasite-zidovi-kafepauza.mkrn

    2. Страници од списание

    rnСигурно се сеќавате на периодот од вашите тинејџерски години кога лепевте разни постери по ѕидовите. Оваа идеја е слична на тоа, но многу подобра.rnrn2-11-nacini-kako-da-gi-ukrasite-vasite-zidovi-kafepauza.mkrn

    3. Плочи

    rnОбвивките од плочите, или самите плочи се забавен и уникатен начин да го искажете вашиот музички вкус.rnrn3-11-nacini-kako-da-gi-ukrasite-vasite-zidovi-kafepauza.mkrn

    4. Марами

    rnВо разни бои и шари, тие ќе ја разбијат монотонијата на ѕидовите, исто како што ја разубавуваат комбинацијата која ја носите.rnrn4-11-nacini-kako-da-gi-ukrasite-vasite-zidovi-kafepauza.mkrn

    5. Огледала

    rnОгледалата се одлична замена за уметност, особено ако живеете во мал стан/куќа.rnrn5-11-nacini-kako-da-gi-ukrasite-vasite-zidovi-kafepauza.mkrn

    6. Накрсно шиење

    rnНе шијат само бабите, а оваа е модерен начин да ги споите традиционализмот и модерниот декор.rnrn6-11-nacini-kako-da-gi-ukrasite-vasite-zidovi-kafepauza.mkrn

    7. Хербариум

    rnПотсетете се на училишните денови и изработете хербариум за вашите ѕидови.rnrn7-11-nacini-kako-da-gi-ukrasite-vasite-zidovi-kafepauza.mkrn

    8. Разгледници

    rnАко сте обожавател на разгледниците, а не сакате да ви собираат прашина, тогаш поставете ги на вашите ѕидови.rnrn8-11-nacini-kako-da-gi-ukrasite-vasite-zidovi-kafepauza.mkrn

    9. Слики од календар

    rnНема потреба да го фрлате ланскиот календар. Повеќето календари се полни со интересни слики и заслужуваат да се најдат на вашиот ѕид.rnrn9-11-nacini-kako-da-gi-ukrasite-vasite-zidovi-kafepauza.mkrn

    10. Омилени фрази

    rnСекогаш можете да ги купите, а можете да земете четка и сами да напишете нешто.rnrn10-11-nacini-kako-da-gi-ukrasite-vasite-zidovi-kafepauza.mkrn

    11. Мапи

    rnУште еден начин да ја покажете вашата љубов кон патувањето. Пронајдете стари мапи и изложете ги на вашите ѕидови.rnrn11-11-nacini-kako-da-gi-ukrasite-vasite-zidovi-kafepauza.mk

  • Одберете ги совршените диоптриски очила според формата на вашето лице

    Одберете ги совршените диоптриски очила според формата на вашето лице

    Харви Москот, 4-от сопственик на познатиот бренд „MOSCOT“ кој постои околу 100 години, ги предложува наредниве 4 совети кои треба да ги имате на ум нареден пат кога ќе бирате нови рамки за очила.rnrnОдберете ги совршените очила според формата на вашето лицеrnrn1. Контраст – Формата на рамките би требало да бидат спротивни на формата од вашето лице, па ако имате заоблени црти тогаш подобро е доколку одберете поаголни наочари, но ако имате поаголни црти тогаш подобро е да ги ублажите со позаоблени форми на очила.rnrn2. Пропорција – Накратко, треба да се обидете да најдете очила кои ќе бидат пропорционални со вашето лице. Кога сте во потрага по очила за сонце, сè што барате од нив е да бидат што поголеми и да зафаќаат што поголема површина, но кога станува збор за оптички очила тогаш ова правило не може многу да ви помогне.rnrn3. Боја – Одберете боја која ќе ги надополнува вашите црти. Црната е секогаш добра доколку сакате да ги истакнете вашите очи. Очилата кои се во контраст со бојата на вашето лице и коса повеќе ќе се забележуваат, но сепак тоа зависи од пораката која сакате вашите очила да ја испраќаат.rnrn4. Форма на лицето – Е тука веќе станува малку комплицирано… Продолжете да читате доколку сакате да дознаете каков вид очила совршено одговара на различните форми на човековото лице.rn

    Лица во форма на срце – Авијатичарски или очила без рамки

    rnОдберете ги совршените очила според формата на вашето лицеrnrnКај личностите со лице во форма на срце горниот дел, кај челото, е многу поширок од долниот дел кај вилицата. Токму поради тоа дизајнот на авијатичарските очила може добро да ја балансира оваа разлика, додека пак очилата без рамки можат да направат вашето лице да изгледа потркалезно.rn

    Лица во форма на квадрат – Овални или заоблено-правоаголни очила

    rnОдберете ги совршените очила според формата на вашето лицеrnrnПотесните овални и правоаголни стилови на очила се одлични кога станува збор за омекнување на силната и коцкеста вилица и издолжување на вашето лице.rn

    Тесни лица – Повисоки рамки и декоративни елементи

    rnОдберете ги совршените очила според формата на вашето лицеrnrnОдберете повисоки, коцкести или кружни рамки кои ќе зафаќаат поголем дел од вашето лице и кои ќе ви помогнат да ги ублажите вашите црти за разлика од овалните и правоаголните рамки. Исто така барајте очила со подебели рачки или со декорации во делот кај слепоочниците, бидејќи тие ќе го насочуваат вниманието кон себе и со тоа ќе направат вашето лице да изгледа пошироко…rn

    Лица во форма на круг – Правоаголни рамки и контрастни мостови

    rnОдберете ги совршените очила според формата на вашето лицеrnrnПравоаголните рамки ќе го издолжат вашето лице, додека пак контрастните мостови ќе направат вашите очи да изгледаат пораздалечено.rn

    Лица во форма на трапезоид – Очила со нецелосни рамки или во форма на мачкини очи

    rnОдберете ги совршените очила според формата на вашето лицеrnrnДоколку вашето лице е пошироко во долниот дел, тогаш совршените очила за вас се оние со нецелосни рамки или со форма на драматични мачкини очи кои ќе го насочат вниманието кон нив и ќе го балансираат пределот кај вашата вилица.rn

    Овални лица – Дебели рамки во горниот дел или очила во форма на пеперутка

    rnОдберете ги совршените очила според формата на вашето лицеrnrnДоколку имате пошироки јаболчни коски од останатите делови на вашето лице, тогаш барајте стил на очила кои се подебели или потемни во горниот дел или пак, обидете се со очила во форма на пеперутка кои ќе ги избалансираат сите црти на вашето лице.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Подароци за колегите

    Подароци за колегите

    Колегите од работа работат напорно со вас преку целата година. Со вас ги споделуваат и добрите и лошите мигови. Слави, родендени и разговори за време на паузите се само дел од работите кои ги споделувате секој ден, по неколку часа. Подароци за колегитеСè што може да направите како благодарност за времето и миговите поминати заедно, се вниматено одбрани подароци со или без причина. Кога купувате подарок имајте на ум дека тој не треба да е премногу скап или многу интимен. Држете се до класичните подароци, но дајте до знаење дека се подарени со почит и задоволство. За роденден, слава, празник или за Нова година, погледнете неколку идеи за подароци за колегите од работа кои навистина го заслужиле тоа од вас:rn.rn.

    rnrn

    Книга

    rn

    Подароци за колегитеАко вашиот колега чита книги, а вие го знаете неговиот омилен писател, жанр или неговото хоби, ова е одлична идеја за подарок. Книга може да му подарите на колегата ако видите дека во слободно време сака да чита.rn.

    rnrn

      rn011

    • Комична книга подарете му на новиот колега или на идна мајка.
    • rn011

    • Бестселер подарете му на шефот во групата или  раководителот.
    • rn011

    • Биографска или автобиографска книга подарете му на колегата кој идеализира некоја историска, јавна личност, актер или музичар.
    • rn011

    • Подарете му претплата за омиленото списание на колегата кој секојдневно го чита тоа списание.
    • rn

    rn

    .rnРамка за слика

    rn

    Подароци за колегитеПостојат разни видови рамки за слики кои може да се најдат за секого. Ова е можеби најлесен начин да одберете подарок за колегата. Ако сте биле кај колегата дома на гости, одберете рамка во боја на домашниот ентериер. Ако пак не сте го виделе неговиот дом, одберете рамка во форма и боја која мислите дека ќе одговара на карактерот на неговата личност.rn.

    rnrn

      rn011

    • Изберете мазна, сребрена рамка за софистициран колега.
    • rn011

    • Накитена рамка е изборот за модерна колешка.
    • rn011

    • Дрвена рамка подарете му на колегата кој е професионален во работата.
    • rn011

    • Рамка со повеќе места за фотографии е соодветна за фамилијарни колеги со деца.
    • rn011

    • Модерна рамка – за колега со минималистички стил.
    • rn011

    • Егзотична рамка е одличен подарок за колегата кој патува и ужива правејќи го тоа.
    • rn

    rn

    .rnКолачиња

    rnПодароци за колегитеОва е одличен подарок за колеги што обожаваат да готват, ви носат разни слатки и солени специјалитети да ги дегустирате на работа и секогаш ги читаат страниците за рецепти во весниците. Испечете разни видови колачиња во различни форми, облици и вкусови, а ако не сте баш спретни во кујната, купете од супермаркет. Ставете ги во дрвен дас, завиткајте ги со машна и ете одличен подарок. Ако не сакате да подарите колачиња, купете различни модли за правење колачиња.rn.rn

    Закачалка за чанта

    rn

    Подароци за колегитеОва е одличен подарок за колешката од работа која сте забележале дека нема каде да ја закачи чантата. На пазарот ги има во различни бои, форми и дезени. Ваше е да ја одберете онаа што мислите дека ќе ѝ се допадне.rn.

    rnrn

    Забавни игри за возрасни

    rnПодароци за колегитеТука спаѓаат: игри за PlayStation, твистер, монопол, табла… Вакви подароци најдобро е да им дадете на колеги кои ви се поблиски, со кои и вие можете да ги играте игрите кои ќе им ги подарите.rn.rn

    Масажер

    rn

    Подароци за колегитеПосле напорен ден на работа, масажер одлично би му дошол на секого. А ако имате масажер на работната маса, тоа би било уште поубаво. Подарете му на колегата масажер, со кој повремено ќе се опушта за време на работата. Верувајте, ќе ви биде бескрајно благодарен.