КАФЕ ПАУЗА

Tag: пустини

  • Црна и бела пустина: Два спротивставени соседи во Египет кои можете да ги посетите во еден ден

    Црна и бела пустина: Два спротивставени соседи во Египет кои можете да ги посетите во еден ден

    Националниот парк е познат по својот бел песок и необичните карпести формации што многумина ги споредуваат со печурки или корнет за сладолед, па дури и со извори кои формираат оази среде ништо.rnrnЦрна и бела пустина: Два спротивставени соседи во Египет кои можете да ги посетите во еден денrnrnФарафра е сместена во срцето на Египет и е дел од големата Западна Пустина, западно од Нил. Иако станува збор за пустина, таа не е толку пуста затоа што има 5 000 жители сместени во куќи од кал. Покрај нив, тука живеат и егзотични видови животни, како што се шакали, газели, пустински лисици и мачки.rnrnНајинтересниот дел од Фарафра е т.н. Бела Пустина (Сахара ал Бајда) – национален парк познат по белиот песок и невообичаени карпести формации.rnrnДруг интересен факт е дека Белата Пустина се наоѓа веднаш до Црната Пустина, која, пак, се карактеризира со црни ридови во форма на мали вулкани. Тие се високи и до 100 метри и претежно се во темни пригушени бои кои варираат од темноцрвена до црна. Откако таму бил откриен скелет на диносаурус, таа била прогласен за природен резерват во 2010 година.rnrnСе разбира, ќе ви биде тешко да стигнете дотаму без помош на локален водич и добро теренско возило. Најдобра опција е да им ја препуштите организацијата на бедуините, бидејќи тие знаат каде можете да видите дополнителни содржини, како што се т.н. Кристални планини, долината Агабат каде што се мешаат златни и бели нијанси и да организираат кампување со традиционално домашно јадење.rnrnБидете подготвени за високи температури кои можат да достигнат дури до 47 °С во лето. Сепак, ова е идеална дестинација за оние кои сакаат бела зима, но во потопла варијанта. Во декември, просечната температура е 20 °С.rnrnЦрна и бела пустина: Два спротивставени соседи во Египет кои можете да ги посетите во еден денrnrnЦрна и бела пустина: Два спротивставени соседи во Египет кои можете да ги посетите во еден денrnrnЦрна и бела пустина: Два спротивставени соседи во Египет кои можете да ги посетите во еден денrnrnЦрна и бела пустина: Два спротивставени соседи во Египет кои можете да ги посетите во еден денrnrnПогледнете го овој прекрасен парк во кој се наоѓа најголемото дрво во светот.

  • Прекрасни фотографии направени од камерите на „Google’s Street View“

    Прекрасни фотографии направени од камерите на „Google’s Street View“

    Автомобилите кои на себе ги имаат прикачено камерите на „Google’s Street View“ прават навистина фантастични фотографии. Ова го открил фотографот Арон Хобсон, откако за неговиот проект почнал да го користи сервисот за да слика разни локации околу Лос Анџелес. После ова откритие, тој станал зависник од сервисот и започнал да истражува нови места насекаде низ светот.Прекрасни фотографии направени од камерите на „Google's Street View“После часови и часови „нуркање“ низ сликите со полиња, пустини и предели, почнал да ги категоризира според нивната естетска привлечност и според приказната која ја раскажуваат. Особено се посветил на изолацијата на некои предели и луѓе во светот, кои можел да ги забележи благодарение на технологијата на Гугл. Тој се труди да сподели прекрасни далечни локации и изолирани места каде што животот е тежок и бавен бидејќи тие се наоѓаат далеку од големи општества.Прекрасни фотографии направени од камерите на „Google's Street View“Прекрасни фотографии направени од камерите на „Google's Street View“Прекрасни фотографии направени од камерите на „Google's Street View“Прекрасни фотографии направени од камерите на „Google's Street View“Прекрасни фотографии направени од камерите на „Google's Street View“Прекрасни фотографии направени од камерите на „Google's Street View“Прекрасни фотографии направени од камерите на „Google's Street View“Прекрасни фотографии направени од камерите на „Google's Street View“rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.