КАФЕ ПАУЗА

Tag: птици

  • 5 факти за гавраните кои ќе ви покажат дека тие имаат големи сличности со луѓето

    5 факти за гавраните кои ќе ви покажат дека тие имаат големи сличности со луѓето

    Обичниот гавран (лат. Corvus corax) е најголемиот вид од фамилијата врани. Поради неговата должина на телото (повеќе од 60 см), тој е и најголемиот вид во подвидот птици-песнопејки во светот. Иако низ историјата премногу често ги бие лош глас, тие се фасцинантни и весели птици, па дури и високо интелигентни. Имаат способност да изразуваат емоции како луѓето, дури и да го емитираат човечкиот говор. Ова се само неколку од интересните факти кои сигурно не сте ги знаеле за гавраните.rnrn0-5-fakti-za-gavranite-koi-kje-vi-pokazhat-deka-tie-imaat-golemi-slichnosti-so-lugjeto-kafepauza.mkrn

    1. Тие можат да го емитираат човечкиот говор

    rnАко е во заробеништво, гавранот може да зборува многу подобро дури и од папагалот. Исто така, тие можат да емитираат и други звуци како моторот од автомобил или огласувањето на други животни (особено птици). Во природата се забележани голем број случаи на гаврани кои имитираат волци и лисици за тие да дојдат и да им помогнат во растргнување на лешот бидејќи не можат сами. Гавранот трпеливо ќе ги почека да завршат со нивната гозба, а потоа тој ќе им навали на остатоците.rnrnСпоред истражувањата, гавраните исто така користат многу софистицирани сигнали. Со други зборови, како што ние покажуваме со прст кон некој објект, така гавранот со клунот му покажува нешто на друг гавран.rn

    2. Гавраните се интелигентни суштества

    rnКога станува збор за интелигенцијата, овие птици се рамо до рамо со шимпанзата и делфините, иако во многу тестови се покажале како поинтелигентни од шимпанзата. Многу експерименти покажале дека гавраните одлично решаваат логички тестови во повеќе чекори со употреба на алатки. Нешто што друга птица никогаш не би можела да го реши, гавранот ќе успее уште првиот пат кога ќе се обиде. Некои гаврани дури научиле да бројат.rnrnВо природата, гавраните ги гаѓаат луѓето со камења за да ги спречат да се искачат до нивното гнездо, крадат риби од рибарите, по потреба глумат мртви, користат разни алатки и други животни за да стигнат до храна.rn

    3. Тие многу сакаат да си играат

    rnГавраните обожуваат да си играат. Во близина на човечките живеалишта честопати се видени како снежните кровови ги користат како тобоган, а понекогаш сакаат и да се тркалаат во снегот. Во природата најмногу си играат со волците така што ги предизвикуваат сѐ додека волкот не почне да ги гони. Уште еден знак на нивната интелигенција и разиграност е тоа што гавранот сака да си игра со играчки – стапови, камчиња, шишарки, па дури и голф топчиња.rnrn1-5-fakti-za-gavranite-koi-kje-vi-pokazhat-deka-tie-imaat-golemi-slichnosti-so-lugjeto-kafepauza.mkrn

    4. Гавраните имаат свои тинејџерски банди

    rnГавраните се моногамни птици – што значи дека остануваат со својот партнер во текот на целиот живот. Кога ќе дојде време нивните млади да го напуштат домот, тие се приклучуваат кон т.н. банди – јато млади птици кои живеат заедно сѐ додека не го најдат својот партнер. Интересно, но ваквиот начин на живот е стресен за гавраните. Научниците откриле поголеми нивоа на стрес во тинејџерскиот измет на гавранот, отколку во оној од возрасните единки.rn

    5. Тие покажуваат емоции и емпатија

    rnНаспроти својата палава природа, гавраните покажуваат чувства и емпатија. Кога гавран ќе изгуби борба, неговите пријатели ќе направат сѐ за да го утешат. Исто така, ќе ја запаметат птицата која им пришла на пријателски начин, но ќе ги запомнат и оние непријателски настроените. При проучувањето на гавраните, научниците откриле дека гавранот е способен да изрази нежност, среќа, изненаденост или бес.rn

    Гавраните низ митовите и легендите

    rnЗа жал, овие елегантни интелигентни и разиграни птици биле демонизирани низ многу митови, легенди и бајки од страна на многу култури. Во Франција луѓето верувале дека гавраните се всушност душите на злобните свештеници. Во Германија сметале дека во гавраните се всушност отелотворени глупавите луѓе, а понекогаш и самиот ѓавол. Во Шведска огласувањето на гавранот се сметало за огласување на душите кои не биле крстени, а во Данска дури се плашеле од погледот на гавранот затоа што сметале дека на тој начин тие ќе се претворат во гаврани.rnrnТибетските и грчките култури гавраните ги доживувале како гласници на боговите. Келтските божици на војната често го попримале ликот на гавранот за време на битката, а самиот Один имал два гаврани: Хугин (мисла) и Мунин (памтење) кои летале низ светот и секоја ноќ се враќале и го известувале Один за она што го виделе. Кинезите верувале дека гавраните предизвикуваат невреме, додека некои индијански племиња ги сметале за божества. Во нивните верувања, гавранот е опишан како лукав измамник кој учествувал во создавањето на светот.

  • Преслатки бувови фатени во прекрасни величествени фотографии

    Преслатки бувови фатени во прекрасни величествени фотографии

    Бувовите се едни од највозвишените, најмистериозните и најграциозните суштества во дивиот свет. Тоа ги прави особено интересни модели за фотографите. Но, истовремено тие не се едноставни за фотографирање, особено бидејќи имаат способност да се камуфлираат во околината. Но, кога тоа ќе се направи како што треба, се добива неверојатен величествен резултат какви што се овие фотографии.rnrn1-preslatki-buvovi-fateni-vo-prekrasni-velichestveni-fotografiipreslatki-buvovi-fateni-vo-prekrasni-velichestveni-fotografii-kafepauza.mkrnrnТие се дело на Саси Смит од Бангкок, Тајланд, кој успеал да ни покаже различни изрази на овие жестоки, но тивки ловци. Тој има богато портфолио со фотографии од птици, особено од папагали.rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатни формации на облаци кои наликуваат на пејзажи, луѓе, животни, птици…

    Неверојатни формации на облаци кои наликуваат на пејзажи, луѓе, животни, птици…

    Набљудувањето на облаците е еден од најдобрите начини да го поминете вашето слободно време во текот на пролетта и летото. Едноставно легнете на трева и дозволете ѝ на вашата имагинација да ги преземе вашите мисли додека барате познати форми и слики на небото.rnrn

    Разбрануван океан
    Разбрануван океан
    rnrnНашата тенденција да гледаме ликови или слики во „рандом“ објекти се нарекува пареиодолија. Познатиот астрофизичар Карл Саган теоретизирал дека оваа тенденција настанува поради способноста на нашиот мозок брзо да ги идентификува лицата на другите, дури и во лошо осветлување, притоа овозможувајќи ни да ги процениме и осудиме нивните емоционални состојби за само неколку секунди. Токму затоа во следниве фотографии од облаци сигурно ќе забележите многу познати нешта…rnrn rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • И животните се бакнуваат

    И животните се бакнуваат

    Изгледа дека луѓето не се единствените живи суштества кои се бакнуваат. Птиците се допираат со клуновите, кучињата се лижат, коњите се тријат со муцките, мачките се мазат. Животните, исто како и луѓето искажуваат чувства преку бакнувањето. Нивните инстинкти ги поттикнуваат да искажуваат љубов, допаѓање, мир, почит и пријателство преку директниот физички контакт кон луѓето и кон други животни. Мајките ги лижат своите бебиња, пријателите се гушкаат, а љубовниците страсно се бакнуваат.rnrnПогледнете ги овие прекрасни 15 фотографии од природата на кои животните се фатени во вистински момент на страст.rnrn1-i-zhivotnite-se-baknuvaat-kafepauza.mkrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вие сте дел од најсреќните луѓе во светот, но можеби не сте свесни за тоа

    Вие сте дел од најсреќните луѓе во светот, но можеби не сте свесни за тоа

    Кога последен пат сте имале лош ден и сте помислиле дека и вашиот живот е еднакво лош? Во тие моменти корисно е да се потсетите колку сте благословени и дека огромен број луѓе ширум светот не се ни приближно толку среќни. Еве зошто вие сте дел од среќниците и зошто на овој факт треба да му се радувате повеќе.rnrnВие сте дел од најсреќните луѓе во светот но можеби не сте свесни за тоаrnrn1. Живи сте.rnrn2. Вчера не си легнавте со гладен стомак.rnrn3. Утрово се разбудивте со покрив над главата.rnrn4. Можете да ја чуете песната на птиците и вревата што ја прават брановите.rnrn5. Денес немате причина да се плашите за вашето здравје и вашата безбедност.rnrn6. Сте излегле живи од многу животни предизвици и сте научиле важни лекции.rnrn7. Силни сте и здрави – ако се разболете лесно ќе оздравете.rnrn8. Често се грижите за вашиот живот – вашата кариера, обврските на работа и дома, за следниот ваш чекор и слично, што значи дека имате амбиции, планови, се стремите кон нешто, водени сте од страста и од можноста да донесувате одлуки самите за себе.rnrn9. Кога ќе излезете го чувствувате ветерот низ вашата коса и топлината на сонцето на вашата кожа.rnrn10. Живеете во земја која ги штити вашите човекови права и слободи.rnrn11. Кога ќе го отворите плакарот имате избор на облека која може да ја носите.rnrn12. Сте го вкусиле прекрасниот вкус на чоколадна торта.rnrn13. Имате пријатели и роднини на кои им недостигате и кои не можат да ја дочекаат наредната средба со вас.rnrn14. Имате некој со кого може да зборувате и да се смеете сеќавајќи се на старите добри денови.rnrn15. Знаете да читате.rnrn16. Имате пристап до чиста вода за пиење.rnrn17. Овозможена ви е медицинска грижа и заштита.rnrn18. Имате пристап до интернет.rnrn19. Може да го гледате изгрејсонцето и зајдисонцето.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прекрасни живописни фотографии со птици

    Прекрасни живописни фотографии со птици

    Прекрасни живописни фотографии со птициrnrnДрвјата цутат, птиците пеат, сонцето топло грее… се ближи пролетта! На фотографиите кои ќе ги погледнете во продолжение, фотографката Сју Су совршено ја доловува таа пролетна атмосфера, живописност и убаво расположение.rnrnПрекрасни живописни фотографии со птициrnrnСју вели дека за неа фотографијата е само хоби и огромна страст. Доколку ви се допаднат фотографиите, проследете ја и официјалната страна на СјуСу за да погледнете повеќе од она што таа го работи.rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Месечев часовник

    Месечев часовник

    Автор: Ема Јакимовскаrnrn„Хаоши дизајнс“ е дизајнерска фирма, основана во 2009-та година, а именувана според кинескиот назив за „добри нешта“. Тие сметаат дека во секојдневниот живот, луѓето често ги повредуваат ситници и како да забораваат на добрите нешта, кои носат среќа и задоволство. Затоа и нивниот дизајнерски концепт е смирувачки и чист. Користат прецизна техничка уметност за изразување на апстрактни концепти и на својата животна филозофија.rnrnМесечев часовник Месечев часовник
    rn

    „Кога ноќта ќе падне, и сѐ е мирно, ноќните животни со радост го истражуваат светот. Месечевата светлина им дава енергија. Месечината е она во што тие веруваат.“ – така Хаоши дизајнс ја опишуваат серијата на месечеви часовници.

    rnrnОваа серија часовници, инспирирана од природниот свет и ноќта, е изработена од калифониум и вклучува четири модели на ѕидни часовници, во зависност од четирите животни – волк, був, врана или мачка.rnrnАко сте од оние луѓе кои секогаш наоѓаат инспирација навечер, тогаш дозволете му на месечевиот часовник да ве топли секоја ноќ. На површината на часовникот има флуоресцентен слој, кој дава нежна светлина ноќе и изгледа како месечината топло да ги прегрнува ноќните животни. Креацијата е навистина магична.rnrnМесечев часовник Месечев часовник Месечев часовник Месечев часовник Месечев часовник Месечев часовник Месечев часовник Месечев часовник
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Масичка и кафез за птици споени во елегантен дизајн

    Масичка и кафез за птици споени во елегантен дизајн

    Парижанецот Грегоар де Лафоре е креатор на ова иновативно дизајнерско решение наречено „Cage Archibird“. Иако делува како многу невообичаена комбинација, мора да признаеме дека идејата е креативна, а решението многу елегантно изведено.Масичка и кафез за птици споени во елегантен дизајнКафезот е интегриран во самата маса која е изработена од дабово дрво, додека отворите низ неа продолжуваат во стаклени куполи кои даваат чувство како да ги набљудувате птиците во музеј. Гранките се челични и им овозможуваат на птиците да скокаат низ целиот кафез, над и под нивото на површината на масата.Масичка и кафез за птици споени во елегантен дизајнМасата има двојна функција – погодна е на неа да го испиете вашето кафе, додека истовремено можете да уживате во птичјите потскокнувања.rn
    rn

    Внатрешниот дизајнер објаснува: „Идејата беше да создадам кафез кој ќе ги скрши конвенционалните правила, птицата е поставена како во театар. Чистите материјали даваат одлична перспектива на природата“.

    rnМасичка и кафез за птици споени во елегантен дизајн Масичка и кафез за птици споени во елегантен дизајн Масичка и кафез за птици споени во елегантен дизајнrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Совети за додворување од животните

    Совети за додворување од животните

    Ако ви фалат идеи како да импресионирате некого, животните можат да ви помогнат.rnrnСовети за додворување од животнитеrnrnКога еленот ќе се вљуби, спремен е да загуби и до 30% од сопствената тежина, само за да ја привлече саканата. Дури потоа следува борбата со рогови со другите елени.rnrnЦарскиот пингвин ги користи своите вокални способности за серенада. На својата партнерка може да ѝ испее цела песна за да го освои нејзиното срце.rnrnСовети за додворување од животнитеrnrnЕден вид врапчиња кој живее во Австралија и Океанија во животинскиот свет е познат по својата посветеност кон семејството со тоа што гради куќа од стапчиња, треви и ситни предмети во разни бои. Не гнездо, туку цела колиба во која лесно ги собира нив двајцата со малечките. Убавината на куќата ја привлекува женката.rnrnСовети за додворување од животнитеrnrnФламингото прави движења со кои ги покажува своите пердуви. Со нив ја импресионира потенцијалната партнерка и таа полесно му се предава.rnrnСлично се однесува и паунот. Кога ќе ги покаже пердувите на својата опашка веднаш станува привлечен.rnrnПриродата им дала егзотични шарени костими, но рајските птици додаваат и сопствена кореографија во обидот да најдат партнерка.rnrnrnrnИ птицата манакин танцува. Тие се перчат пред девојките од нивниот вид со месечевиот од, познат од сценските настапи на Мајкл Џексон.rnrnrnrnРозовиот делфин од Амазон настапува многу директно, давајќи ѝ камења на својата сакана. Тоа не се скапоцени камења, туку обични речни камења што ги наоѓа додека плива. Сепак, тие имаат голема вредност во делфинскиот свет.rnrnЖелките мавтаат со ноктите пред лицето на својата избраничка. Кога таа ќе го насочи погледот кон него после овој чин, значи дека срцето ѝ е освоено.rnrnВообичаеното однесување машкиот рак го заменува со несекојдневни движења на канџите, само за да ѝ „боде“ очи на потенцијалната партнерка.rnrnrnrnБелоглавиот орел ја носи женката во авантура со тоа што прави спектакуларни превртувања додека лета заедно со неа.rnrnСовети за додворување од животните
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? :)

    Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? 🙂

    Исклучително забавен сликовит приказ на познатите пејачи, споредени со нивните птици-двојници, со кој ќе сакате да ја стартувате седмицава :)rnrn

    Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? :)
    Кети Пери – паун кој се перчи
    rnrn
    Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? :)
    Бијонсе – безмилосен сокол
    rnrn
    Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? :)
    Ријана – кардинал на кој не му е гајле што мислиш ти
    rnrn
    Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? :)
    Бритни Спирс – американски орел
    rnrn
    Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? :)
    Лејди Гага – папагал кој остава впечаток
    rnrn
    Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? :)
    Мадона – премногу напнат пингвин
    rnrn
    Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? :)
    Ники Минаж – откачено фламинго
    rnrn
    Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? :)
    Адел – тажен був
    rnrn
    Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? :)
    One Direction – некои гласни и расплакани, но подеднакво неодоливи бебиња-птици
    rnrn
    Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? :)
    Џастин Бибер – која и да е оваа тотално искулирана птица
    rnrn
    Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? :)
    Тејлор Свифт – искрен лебед
    rnrn
    Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? :)
    Кели Кларксон – супер кул јастреб
    rnrn
    Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? :)
    Кајли Миног – прекрасен лебед
    rnrn
    Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? :)
    Кание Вест – несфатената птица
    rnrn
    Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? :)
    Еминем – ној со кој не сакаш да си имаш работа
    rnrn
    Како ќе изгледаа познатите пејачи ако беа птици? :)
    Крис Браун – мивката којашто го направила ова
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.