Од првиот сладок бакнеж, до првата заедничка ноќ и заминувањето на годишен одмор, ова се работи кои ја обележуваат љубовната врска.rnrn
rn
1. Првиот разговор
rnПрвиот разговор е возбудлив скоро како и првиот бакнеж. Трае со часови, а се чини како да поминал за миг. Тогаш дознавате за неговата/нејзината омилена храна, за срамните ситуации од неговото/нејзиното минато и слично. Сакате да чуете сѐ и воопшто не ви е здодевно.rn
2. Првиот бакнеж
rnБил неспретен или страстен, првиот бакнеж е сепак посебен момент во врската. Се памети цел живот.rn
3. „Ова е мојот дечко“ („Ова е мојата девојка“)
rnОваа реченица е знак дека партнерот има сериозни намери за врската. Првото претставување значи дека тој е посветен на вас и на самата врска.rn
4. Првата преспиена ноќ
rnОва е ситуација која ќе ја одреди вашата иднина бидејќи токму првата ноќ заедно е показател како би изгледале сите останатите заеднички ноќи.rn
5. Првото „те сакам“
rnДа кажете некому дека го сакате е многу убаво, но може да биде и многу стресно. Секогаш ќе се прашувате што може другиот да одговори на тие две мали слатки зборчиња. Исчекувањето ќе го дефинира вашиот однос.rnrn
rn
6. Првото „ние“
rnПрвиот заеднички потпис на честитка или на картичка за подарок е показател дека виде двајца сте станале едно „ние“.rn
7. Првата кавга
rnКавгите се вообичаен дел од секоја врска, но кога ќе почнат да фрчат искри за првпат, тоа се памети, а особено кога после тоа ќе следува слатко смирување.rn
8. Првото заедничко патување
rnПрвото заедничко патување е вистински тест за врската. За само неколку дена можете да дознаете како функционирате заедно, да ги откриете навиките на партнерот, како и да ја запознаете неговата личност без преправања.rn
9. Првиот шопинг
rnШопингот е стрено искуство, особено за машките кои најчесто немаат нерви да шетаат со часови низ трговските центри. Тоа ќе биде тест за неговите нерви и неговиот праг на толеранција.rn
10. Препуштање на далечинскиот управувач
rnМашките се доста посесивни кога станува збор за управувањето со телевизорот, па кога првпат ќе го предадат далечинскиот управувач на партнерката, тоа е знак дека нејзината среќа им значи повеќе од својата. Макар и тоа да значи дека ќе треба да гледаат турска серија.rnrn
rn
11. Замислување на заедничката иднина
rnМоментот кога ќе сфатите дека со него/неа сакате да го поминете остатокот од животот е клучна пресвртница во врската. Обврзувањето за делење на животот со некого значи дека ќе бидете со него и во добро и во зло, а не дека ќе избегате при првиот знак на проблем.rn
12. Првиот пат без шминка
rnТоа што девојките ќе се појават во тренерки и без шминка пред своите партнери е всушност добро, значи дека се чувствуваат удобно покрај своите момци и не чувствуваат дека треба да се кријат зад шминка.rn
13. Посета на лекар
rnЗаедничкото одење на лекар е вистински тест за врската. Во таков момент треба да бидеме посилни за својата друга половина и да ја дадеме својата поддршка. Таа ситуација ќе му покаже на партнерот дали сме доволно силни за предизвиците кои ги носи иднината.rn
14. Заедничка грижа за милениче
rnНе е важно дали чувате домашно милениче или орхидеја, со самото тоа што двајцата ќе се грижите за нечиј живот, вашата врска станува поцврста.rn
15. Преданост
rnПреданоста е, покрај љубовта и меѓусебното почитување, најважниот дел од секоја врска. Моментот кога ќе сфатите дека партнерот ви е целосно предаден, ќе ве натера да се трудите уште повеќе околу врската, за да не го изгубите она што го имате.

rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn rnrn
Целта на неговата порака била да се избегнат недоразбирањата во однос на тонот во имејл пораките, односно да се направи разлика помеѓу оние работи кои треба да бидат смешни и оние кои треба да звучат сериозно.
Како и да е, оваа порака се проширила преку неразвиените компјутери во раните осумдесетти години и за неколку месеци употребата на смајлињата станала глобална. Денес смајлињата ги има насекаде, во многу варијанти во форма на жолти компјутерски графики, кои визуелно изразуваат емоции и навистина се смешкаат, намигнуваат или плачат.
За жал, професорот не може да го пронајде оригиналниот имејл кој го испратил низ универзитетската евиденција и се соочил со тврдења, дека тој не е првиот човек кој ја измислил насмеаната фаца. Потоа, во 2002 година, инженер од Мајкрософт успеал да го пронајде оригиналниот имејл.
Бентлито од 1921 година, „Chassis No. 3“ се верува дека е првиот автомобил кој бил доставен до неговиот купувач. Овој автомобил учествувал на многу собири и е совршено употреблив и до ден денеска. Оригинално шасијата била направена од алуминиум без кров.rn
Пол Хагеман, специјалист за автомобили во аукциската куќа, објаснува дека првата верзија од автомобилот, била експериментална и дека повеќе не постои. Сепак, втората верзија била зачувана од фабриката. Овој автомобил го поседувале многу сопственици низ целата територија на Велика Британија, но сепак ниту еден од нив вистински не ја сфатил неговата вредност. Оваа класична убавица едно време била во сопственост на велшанецот Ајвор Луелин, татко на актерот 