КАФЕ ПАУЗА

Tag: проституција

  • Проституција во време на корона: Што се случи со познатиот Црвен кварт во Амстердам?

    Проституција во време на корона: Што се случи со познатиот Црвен кварт во Амстердам?

    Црвениот кварт е еден од најактрактивните делови на Амстердам каде што проституцијата е целосно легална. Во Холандија, оваа работа беше признаена и како легална професија во 1988 година.rnrnПроституција во време на корона: Што се случи со познатиот Црвен кварт во Амстердам?rnrnКога во март оваа година повеќето земји беа во карантин, престанаа да работат многу ресторани, а исто така беше затворен и Де Вален каде што работеа околу 300 проститутки. Иако проститутките кои редовно плаќаaт данок имаат финансиска помош од 1000 евра, за многумина тоа е премалку за да ги покријат најважните трошоци. Според некои статистички податоци, многу проститутки го заработуваат тоа во една недела. Некои девојки дури ја напуштиле оваа индустрија, бидејќи се плашеле од ризикот дека ќе се заразат со вирусот. Некои имале доволно заштеди за да чекаат повторно да се отвори Црвениот кварт, додека други работеле незаконски, бидејќи немале друга опција.rnrnИако Црвениот кварт е отворен во јули оваа година, бројот на луѓе кои сакаат да платат за секс се намалува. 70 проценти од клиентите биле странски туристи кои поради стравот од вирусот сега и не патуваат толку многу.rnrnПроституција во време на корона: Што се случи со познатиот Црвен кварт во Амстердам?rnrnПроституцијата е една од оние професии каде што е невозможно да се избегне близок контакт со некоја личност. Поради коронавирусот, во Холандија има нови мерки за сексуалните работници. Проститутките треба да го испитаат секој клиент за можни симптоми и да одбијат да ги дадат своите услуги доколку постои ризик. Пред сексот треба двете страни целосно да се дезинфицираат, а потоа веднаш да ги отстранат чаршавите и да ја исчистат собата. Проститутките исто така треба да ги дезинфицираат сите површини што ги допира клиентот за време на посетата. Носењето на маски не е меѓу новите мерки, но многумина се откажале од бакнувањето во уста.rnrnПроституција во време на корона: Што се случи со познатиот Црвен кварт во Амстердам?rnrnМожеби ќе ве интересира и 10 факти за проституцијата во викторијанската ера.

  • 10 факти за проституцијата во викторијанската ера

    10 факти за проституцијата во викторијанската ера

    Иако историските книги и романтичните новели ги претставуваат луѓето во викторијанската ера како многу „стегнати“ и „прибрани“, всушност имало повеќе јавни куќи отколку училишта. Се претпоставува дека околу 80.000 жени работеле како проститутки, и тоа само во Лондон. Тие биле нарекувани „паднати жени“ бидејќи претставувале пример за тоа што една добра жена никогаш не треба да стане. Сепак, проституцијата била легална и охрабрувана во многу кругови бидејќи се верувало дека на мажите им е потребно да ги исполнат своите сексуални желби кои ги потиснувале во секојдневниот живот.rn

    1. Проституцијата била најплатената работа за жените

    rn10 факти за проституцијата во викторијанската ераrnrnЕдинствените опции за работа за жените биле ниско платени професии, а многу од нив биле во опасна околина. Имало жени кои им помагале на сопрузите со бизнисот, работнички во фабрики и продавачки. Било вистински успех ако некоја жена успеела да стане слугинка на некое богато семејство. Дури и жените со факултет заработувале многу малку и тоа не било доволно за да се издржуваат без помош од сопругот. Проституцијата била единствената работа со која жената работела малку часови и заработувала кеш. Ако биле доволно убави, жените со оваа работа можеле да бидат целосно финансиски независни.rn

    2. Постоеле 3 нивоа на проститутки

    rn10 факти за проституцијата во викторијанската ераrnrnИако сите имале слична работа, постоеле 3 нивоа на проститутки. Најниската класа биле младите жени кои работеле во јавни куќи. Тие морале да спијат со секој маж кој ќе дојде и често живееле во лоши услови. Проститутките од средната класа биле независни жени кои имале свои апартмани. Тие сами ги одбирале своите клиенти. Но овие жени ја немале заштитата што ја нуделе јавните куќи, ниту пак имале лекари. Највисоката класа ја сочинувале жени кои биле убави и доволно образовани да работат само со клиенти од високата класа. Некои од нив работеле само за еден маж, а многу од овие куртизани завршувале и во брак со некој од клиентите.rn

    3. Жените во брак се продавале

    rn10 факти за проституцијата во викторијанската ераrnrnБидејќи многу работни меса за ниската класа не овозможувале доволно финансиски средства, неретко жените во брак нуделе сексуални услуги за да го издржат семејството. Нивните сопрузи немале проблем со тоа. Всушност околу 50% од жените од ниската класа биле проститутки. Во некои случаи жените со задоволство го работеле ова бидејќи имале свој приход, а понекогаш нивниот сопруг им бил како макро. Исто така, многу немажени жени работеле како проститутки за да можат да преживеат. За жал, се открило дека ако жената ја загубела невиноста пред брак се сметала за „падната“ и морала да продолжи да живее како проститутка.rn

    4. Детската проституција била легална

    rn10 факти за проституцијата во викторијанската ераrnrnВо викторијанската ера, полнолетството се достигнувало на 13 години и децата од тогаш оделе на работа. Момчињата и девојчињата кои имале 11 или 12 години, а изгледале како да имаат 13, морале да работат бидејќи родителите ги терале. Во овој период било многу лесно да се купи невиноста на 13-годишно девојче по многу ниска цена. Во цената бил вклучен медицински преглед со кој се утврдувала невиноста, и имало дел и за сопственикот на јавната куќа.rn

    5. Тематски јавни куќи

    rn10 факти за проституцијата во викторијанската ераrnrnКако и денес, така и мажите од викторијанската ера си имале разни желби. Но не можеле да ги исполнат во нивниот брак. Нивните сопруги не биле охрабрувани да ја истражат својата сексуалност и сексот служел само за размножување. Постоеле многу јавни куќи посветени на разни теми – традиционални, садо-мазо, јавни куќи за хомосексуалци и многу други. За жал, постоеле и јавни куќи за педофили во кои имало млади девојчиња и девици. Поради стравот од венерична болест, некои мажи ги одбирале овие јавни куќи.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 6 типови проститутки и местата каде што работат

    6 типови проститутки и местата каде што работат

    Во својата книга „Легализирање на проституцијата“ социологот Роналд Вајцер се осврнува на легалната и нелегалната проституција и притоа издвојува шест типови проститутки.rnrn6 типови проститутки и местата каде што работатrn

    1. Вработена во агенција за придружба

    rnРаботат на приватни места, како на пример хотели, наплаќаат висока цена за своите услуги и не е лесно да се забележат. Дел од својата заработка ја даваат на агенцијата која ги застапува.rn

    2. Независна девојка за придружба

    rnОд претходните се разликуваат по тоа што целиот профит го задржуваат за себе. Своите услуги ги огласуваат на интернет и така наоѓаат клиенти.rn

    3. Вработена во бордел

    rnВајцер во бордели ги сместува и салоните за масажа или сауните кои даваат сексуални услуги. Вработените во бордел, без разлика дали тој е легален или не, наплаќаат пониски суми од т.н. девојки за придружба. Профитот се дели меѓу проститутката и сопствениците.rn

    4. Излог со проститутки

    rnНајголемиот дел од нив работат во Амстердам. Секоја девојка си има свој излог каде што најголемиот дел од времето го поминува сама, за разлика од оние во борделите кои, како што вели Вајцер, можат да уживаат во позабавна атмосфера и социјализација со гостите. Некои од излозите се поврзани со заедничка кујна и тоалет. Нивните плати се помали во споредба со претходните.rn

    5. Вработена во бар или казино

    rnОвие се почест случај во сиромашните земји. Тие се движат по барови, казина или некои слични објекти каде што ловат клиенти со кои имаат секс на некоја друга локација. Доколку некој сака да „изнајми“ девојка на неколку дена, обично треба да плати посебна „давачка“ на сопственикот на барот. Овој тип проститутки заработуваат мали плати.rn

    6. Улична проститутка

    rnНив можете да ги видите насекаде и лесно ќе ги препознаете. Стојат или се движат по тротоари, раскрсници или паркинзи каде што бараат клиенти. Тие заработуваат најмалку од сите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Свиркачот (The Whistleblower)

    Свиркачот (The Whistleblower)

    Филм за свиркачите, за луѓето кои кога ќе видат нешто што не смее да се случува, не премолчуваат туку ќе ги вклучат сите сирени… но и за предавниците кои некогаш се спакувани во „ангелски“ пакетrnrnSvirkachot (The Whistleblower)Режија: Лариса КондрацкиrnrnУлоги: Рејчел Вајс, Моника Белучи, Ванеса Редгрејв, Сергеј ТрифуновиќrnrnВреметраење: 112 минутиrnrnЈазик: англиски, босански, украинскиrnrnПремиера: 13 септември 2010rnrnЖанр: драма, биографијаrnrnНаша оценка: 6/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn———————————————————————————————————————————————————————-rnСтарата изрека „Вистината е во окото на набљудувачот“, што во превод би значело дека секој има своја верзија и свое гледиште на приказната, е комплетно вистинита кога се работи за филмот „Свиркачот“. Дејството, сместено во Сараево, е толку несмасно изведено и со толку дупки што е апсолутно недозволиво за една холивудска продукција. Но од друга страна, кога го гледаш филмот не можеш, а да не запрашаш дали тие пропусти ги забележуваме само ние, Балканците, додека на пример за „странците“ ова е сосема добар филм. rnrnИако сторијата е крајно инспиративна, особено затоа што е направена според вистинит случај, нас екс-Југословените, одредени моменти особено не иритираат. Прво, тука е повремениот лош босански (или повремено некој вид џибриш) јазик и второ, големите спасители – Американците, што ние, обичните луѓе од овие простори сме го виделе на политички план, па не сакаме да го гледаме и на филмското платно.rn———————————————————————————————————————————————————————-rn

    rnПриказна: Кети (Рејчел Вајс) е посветена американска полицајка која за да заработи повеќе пари прифаќа да работи како миротворец во поствоена Босна. Нејзините планови се менуваат откако ќе открие цел ланец на трговија со бели робови во кој се вклучени и огромен број членови на Обединетите нации како и локални моќници. Таа одлучува да не премолчи и тргнува да ги промени работите што се покажува дека е (речиси) невозможно. Момците во ОН до максимум го користат дипломатскиот имунитет што значи дека без разлика што ќе направат, тие се недостижни. Паралелно со големата приказна за корумпираните злосторници во големите организации, се расплеткува и помала, интимна сторија за една девојка Раја (Роксана Кондураче) која е дел од тој ланец и како и сите останати е третирана како парче месо.Свиркачот (The Whistleblower)Иако филмовите за трговија со бело робје се можеби веќе кажана работа, свежината на „Свиркачот“ е во тоа што прво е правен според вистинита приказна, а второ открива да кажеме една „викиликс“ сторија. Знаете, кога во медиумите ќе дојде информација од типот дека затворениците во Абу Граиб се садистички тортурирани од американски војници, многу ретко слушаме кој ја протуркал таа информација до виделина. Е за тие луѓе е овој филм. За вечните борци како Кети.Свиркачот (The Whistleblower)Глума: Рејчел Вајс во „Свиркачот“ актерски е еден чекор понапред од останатите, но нејасно е дали затоа што е брилијантна или затоа што повеќето нејзини партнери не се на ниво на задачата. ОК, Ванеса Редгрејв е одлична, но на пример Моника Белучи не само што не е добра туку и на моменти ù пречи. Тргнувајќи од лошиот акцент до неубедливата глума, таа повеќе му штети отколку што му помага на филмот. Сергеј Трифуновиќ се појавува во епизодна улога на локален газда и садиста што можете само да претпоставите дека ја игра со максимална леснотија.Свиркачот (The Whistleblower)Кинематографија: Пустош, сиромаштија, јад и беда. Во американските очи таква е Босна. Студена, сурова и таму женскиот живот не значи ништо.Свиркачот (The Whistleblower)Кога и како да го гледате: Во „Свиркачот“ има неколку силни, потресително сурови сцени, па токму затоа не го препорачуваме за оние почувствителните, ниту пак за помладите. А сите кои ќе се одлучат да го гледаат, подобар е ноќно време.Свиркачот (The Whistleblower)rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.