Дали некогаш сте се запрашале како да го пронајдете мирот во вашиот живот? Дали досегашните искуства ве научиле дека мирот се наоѓа во вас и дека сè што треба да сторите е да го чувате и негувате? Еве кои работи треба да престанете да ги правите доколку сакате одново да го пронајдете вашиот внатрешен мир!rnrn
rnrn1. Престанете да се расправате со луѓето.rnrn2. Престанете да трошите енергија во врската доколку другата личност делува незаинтересирано.rnrn3. Престанете да им посветувате време на другите кога немате доволно енергија за себе.rnrn4. Престанете да ги прифаќате и оправдате токсичните однесувања.rnrn5. Престанете да ги игнорирате вашите граници со цел да се вклопите во туѓите животи.rnrn6. Престанете да си наметнувате ограничувања во однос на вашиот потенцијал.rnrn7. Престанете да се преправате дека сте среќни.rnrn8. Престанете да ги задоволувате потребите на другите за тие да ве прифатат.rnrn9. Престанете со обидите да ги смените луѓето кои не сакаат да се променат.rnrnОткако прочитавте кои работи треба да престанете да ги правите доколку сакате да си го повратите мирот, можеби ќе сакате да прочитате и овие 10 совети кои ќе ви помогнат да останете смирени без оглед на околностите.
Tag: пронаоѓање
-

Престанете да ги правите овие работи доколку сакате да го пронајдете вашиот внатрешен мир!
-

Кои 3 хороскопски знаци мора да скршат нечие срце за да ја пронајдат својата среќа во љубовта?
Понекогаш е неопходно да ставиме крај на приказната за да можеме да избереме нешто поинакво за себе. Иако е тешко, понекогаш мораме да се збогуваме со луѓето за кои мислевме дека ќе бидат тука засекогаш.rnrn
rnrnПонекогаш сте принудени да оставите одредени ситуации за да дојдете до она што е наменето за вас. Дури и кога сакате некого, таа врска не мора да биде корисна за вас. Некогаш е едноставно потребно да дозволите да ви биде скршено срцето, но и да ја преземете одговорноста за страдањето на партнерот. Откријте кои 3 хороскопски знаци мора да скршат нечие срце за да ја пронајдат својата среќа.rnРак
rnСе држите цврсто за луѓето кои ви значат многу, така што најчесто партнерот е оној кој ви раскинува. Не сакате да си признаете дека партнерот не ве третира како што треба или дека не сте еден за друг. Претпочитате да останете и да се обидувате да ги поправите работите што е можно подолго. Важно е да запомните дека секогаш имате опција да заминете. Ако вашата моментална врска не функционира, прекинете ја колку што можете порано. Откако ќе се збогувате со оваа личност која никогаш не требало да биде со вас, оставате простор за можноста да ја запознаете вашата сродна душа – личноста која ќе ви даде сè што некогаш сте посакале.rn
Вага
rnПростувањето е една од вашите одлики. Сè додека другата личност се обидува да се подобри, вие ќе ѝ давате уште шанси. Повеќе сте фокусирани на намерата отколку на напредокот. Меѓутоа, ако некој се обидел да биде партнерот што го заслужувате, но едноставно не ги исполнил вашите очекувања, дозволено ви е да продолжите понатаму. Дозволено ви е да заминете, иако одлуката сигурно ќе ви предизвика болка. Сепак, вие самите ја продолжувате болката со тоа што останувате некаде каде што не ви е местото. Мора да го оставите настрана стравот од конфликт, стравот од предизвикување страдање и да ја направите вистинската работа.rn
Јарец
rnБидејќи ретко се поврзувате со луѓе, не сакате да ги раскинете врските што ги формирате. Никогаш не сакате да се оддалечите од луѓето со кои имате долга историја, дури и ако таа историја е комплицирана. Меѓутоа, само затоа што некој бил дел од вашата приказна вчера не значи дека тој треба да има место во вашата приказна денес. Треба да се запрашате дали личноста е соодветна за вас во моментов, денес. Фокусирајте се на сегашноста. Ако сметате дека таа личност не ве заслужува, треба да си заминете. Иако ќе му го скршите срцето на партнерот – ова раскинување ќе биде корисно за двајцата и ќе ве однесе и двајцата токму онаму каде што треба да бидете. Откако ќе се разделите еден од друг, можете да почнете да ја барате вашата вистинска сродна душа. Личност која ќе ви донесе повеќе среќа отколку стрес, повеќе возбуда отколку страв.rnrnОткако прочитавте кои 3 хороскопски знаци мора да скршат нечие срце за да пронајдат среќа во љубовта, можеби ќе сакате да прочитате и кои 4 хороскопски знаци се речиси неосвоиви.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
-

Зошто сè уште не сте ја сретнале вашата сродна душа?
Дали веќе ја запознавте вашата сродна душа? Дали ја пронајдовте личноста со која сакате да го поминете остатокот од животот? Доколку сè уште не сте ја пронашле можеби треба да погледнете длабоко во себе и да откриете кои се нештата што ви стојат на патот кон среќата.rnrn
rn1. Не го познавате вашето вистинско јас
rnКога сте свесни за вашето вистинско јас, кога ги идентификувате вашите вредности, принципи и верувања можете полесно да ја сфатите вашата вистинска природа. Меѓу другото, вашето вистинско јас ќе ве води кон оној кој ве сака, а не онакви какви што се покажувате. Вашата природа ќе ви помогне да ја привлечете сродната душа и да го истражите светот на вистинската љубов.rn
2. Имате големи очекувања
rnКако ја замислувате вашата сродна душа? Како совршена личност која не може да направи ништо лошо? Некој кој ќе ве поддржи без разлика на сè? Ако очекувате вашата сродна душа да биде совршена, тогаш големи се шансите дека никогаш нема да ја пронајдете.rn
3. Не верувате во љубов
rnДали се откажавте од љубовта? Дали сметате дека е подобро да се биде сам отколку да го поминете животот со некој? Ако не им верувате на луѓето кои сакаат да влезат во вашиот живот и ако не им се доверите тогаш никогаш нема да ја пронајдете вашата сродна душа. Наместо да ги оттурнувате луѓето отворете го срцето за иднина полна со љубов.rn
4. Го губите времето со погрешните луѓе
rnДали го губите времето со некој кој не ги дели вашите вредности и интереси? Наместо да го трошите сопственото време со погрешна личност, фокусирајте се вашето вистинско јас и не дозволувајте стравот од осаменоста да биде одлучувачки. Дозволете срцето да ве води бидејќи само тоа може да ве упати кон вистинскиот пат.rnrnОткако прочитавте зошто сè ја немате сретнато сродната душа, можеби ќе сакате да прочитате и кои знаци ќе ви укажат дека вашиот пријател е и вашата сродна душа.rnrnИзвор: themindsjournal.com
-

Како да го пронајдете внатрешниот мир?
Додека постојано се обидуваме да ги оствариме нашите цели или барем да дојдеме чекор поблизу до нив, честопати забораваме дека внатрешниот мир е тоа што ни недостига за да почувствуваме вистинска среќа. Во продолжение прочитајте како да го пронајдете вашиот внатрешен мир.rnrn
rnПрифатете го животот онаков каков што е
rnМожете да ги победите стресот, анксиозноста и депресијата само доколку научите дека треба да се прифатите себеси онакви какви што сте. Кога ќе го сфатите ова, ќе престанете да се борите и да се спротивставувате на вашата реалност. Прифатете го фактот дека животот е полн со предизвици и пречки и дека ќе направите многу грешки кои, од друга страна, ќе ви помогнат да ги стекнете потребните искуства во животот.rn
Не размислувајте премногу на минатото
rnСекој од нас со себе носи спомени кои можат да бидат вознемирувачки или засрамувачки. Сепак, запомнете дека не можете да станете подобра личност доколку постојано се навраќате на грешките од минатото. Соочете се со нив и обидете се да ги прифатите како дел од вас. На тој начин ќе си докажете себеси дека сте подготвени за личен развој и напредок.rn
Поминувајте повеќе време во природа
rnИстражувањата покажале дека природата значително може да го намали стресот и позитивно да влијае врз нашето ментално здравје. Затоа, доколку сакате мир, обидете се да го искористите секој миг и да отидете на прошетка во природа или да организирате кампување.rn
Грижете се за себеси
rnНека грижата за себеси ви постане главен приоритет. Ова е еден од клучните елементи за пронаоѓање на внатрешниот мир. Ако не научите да се сакате себеси, секогаш ќе бидете принудени да се борите за да прифатите онакви какви што сте. Секогаш ќе се чувствувате несигурни поради вашите маани и недостатоци. Не заборавајте дека преку грижата за физичката, менталната, емоционалната и духовната благосостојба ќе изградите посилна врска со себе. Тоа, од друга страна, ќе ви помогне да развиете поголема емпатија кон другите.rnrnОткако прочитавте како да го пронајдете внатрешниот мир, можеби ќе сакате да прочитате и како да го препознаете чувството на внатрешен мир и спокојство.rnrnИзвор: themindsjournal.com
-

ТЕСТ: Одберете 1 предмет и откријте како да ја пронајдете среќата која ја заслужувате
Доволно е да изберете еден од овие три предмети и да откриете како можете да дојдете до среќата.rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 1″ active=”false”]Вашата среќа произлегува од вас самите, па доколку не се потрудите да ја пронајдете и да го направите вашиот живот достоен за паметење, тогаш таквиот живот е тотален неуспех. Затоа вистинскиот начин да се усреќите е да размислете за сето она што веќе го имате постигнато и дали тоа е она што го прави вашиот живот подобар. Доколку вашиот одговор е позитивен и ако сте благодарни за сето она што веќе го имате, знајте дека веќе сте ја нашле среќата.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 2″ active=”false”]Тешко ви е дури и да замислите само дека не го живеете животот онака како што сакате и затоа, доколку сакате да ја пронајдете вистинската среќа обидете се да ја искористите секоја можност што ви ја пружи животот, не грижејќи се за последиците сè додека се работи за нешто што навистина сакате да го направите. Бидете храбри и упорни, фокусирајте се на она што го сакате па така успехот ќе дојде сам по себе, а со него и среќата. Не заборавајте дека овој живот е премногу краток да го потрошите само во сонување и мечтаење со еден куп неостварени желби![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 3″ active=”false”]Направете нешто добро за себе и за луѓето околу вас бидејќи среќата доаѓа само кога сите оние за кои се грижите се среќни. Настојувајте секој можен момент да бидете ведри и насмеани, да им давате поддршка и позитивна енергија. На тој начин, луѓето ќе го направат истото за вас и ќе се потрудат секој миг поминат со вас да биде исполнет со среќа. Ова ќе ви биде доволна мотивација за личен успех и среќен живот. Затоа, подајте му рака на оној кој му е потребна, споделете ја вашата енергија со другите и ќе видите дека сиот труд ќе ви се исплати.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој мал тест, можеби ќе сакате да направите и друг тест кој ќе ви даде насоки и совети за овој месец.rnrnИзвор: atma.hr -

Жена го изгубила својот веренички прстен и после 13 години тој повторно го нашол патот до неа
Понекогаш, животот може да биде многу чуден. Доколку сте биле сведоци на некои ретки коинциденции или пак ве заследила среќа, знајте дека тие моменти го збогатуваат вашиот живот.rnrn
rnrnЕдна вечер, додека Колин Дејли ја подготвувала вечерата, одлучила да направи и салата, па отишла во градината која му припаѓала на семејството на нејзиниот сопруг повеќе од еден век. Таа во градината помеѓу зеленчукот забележала чуден морков, и кога му се приближила, видела златен прстен на него.rnrnКога таа му го покажала на својот сопруг, тој веднаш го препознал и ѝ ја раскажал прекрасната приказна за тој прстен.rnrnВо 2004 година, неговата мајка Мери Гремс, го изгубила прстенот во градината за време на нејзината венчавка. Бидејќи прстенот го носела од 1951 година, таа купила нов за да не го вознемири својот сопруг, па овој настан го криела во тајност од сите освен од нејзиниот син. 13 години подоцна, Мери и нејзиниот сопруг се преселиле во нова куќа, а нејзиниот син со неговата жена се вселиле овде.rnrn
rnrnСопругот на Мери починал пред 6 години, откако тие ја прославиле својата 60-годишнина од свадбата.rnrnСега кога Мери конечно го имала својот вистински прстен, таа рекла дека ќе се потруди да не го изгуби повторно. На крајот изгледа дека она што е судено да биде ваше, никогаш нема да се оддалечи од вас.rnrnЗа среќа, прстенот сè уште ѝ бил точен, па Гремс била пресреќна и повторно го ставила на својот прст.rnrnВо повеќето случаи, кога некој ќе изгуби нешто драгоцено, со текот на времето се помирува со фактот дека е изгубено засекогаш и никогаш не го добива назад.rnrnНо, оваа приказна докажува дека понекогаш, среќата може да биде на ваша страна. Мери била доволно среќна да го пронајде својот веренички прстен повторно, дури и по смртта на нејзиниот сопруг.rnrnВо продолжение погледнете го видеото:rnrnhttps://youtu.be/Ys14v9i6WIArnrnПогледнете ја и оваа неверојатна љубовна приказна: По 50 години разделеност, тие повторно се пронашле и стапиле во брак. -

Како да пронајдете идеално хоби за себе?
Изгледа дека во денешно време, кога сите информации преку интернетот ни се на дофат на рака, пронаоѓањето хоби би требало да биде едноставна задача. И во теорија е, но во пракса многу луѓе по краток период се откажуваат од своето хоби. Тие трошат многу финансиски средства, драгоцено време, но брзо креваат раце, па наместо уште едно искуство повеќе, им останува горчлив вкус во устата.rnrn
rnrnИако ниту едно хоби не треба да трае за цел живот, бидејќи животните околности и интереси се менуваат низ животот, сепак треба да се извлече нешто позитивно од него, а за тоа да се стори, потребно е одредено време. Па, доколку сте во фаза на размислување и пронаоѓање идеално хоби, советите подолу ќе ви бидат од голема помош. Пронаоѓањето ново хоби можете да го гледате како едно работно претпријатие што може да го промени вашиот живот на подобро и да ви донесе, пред сѐ, задоволство и немерливо душевно богатство.rn1. Поместете ги границите
rnКоја е првата работа која ви паѓа на памет кога ќе помислите на ново хоби? Сигурно: „Не, тоа не е за мене!“ Не можете да започнете да се занимавате со падобранство, бидејќи се плашите од висини или не сте заинтересирани за сликарство, бидејќи не знаете да цртате. Можеби некогаш ќе помислите: „Да, тоа е совршено хоби за мене, но…!“ Градинарството е одлично хоби за вас, но го немате потребното парче градина.rnrnВо првиот случај, потребно е да се ослободите од стравовите. Иако тоа не е едноставно, запрашајте се кој е најдобриот начин да се ослободите од тие стравови. Ако не бидете успешни до крајот, барем ќе знаете дека сте се обиделе и до каде се вашите граници. Како второ, треба да се запрашате дали сте реални кога е во прашање хобито. Не можете да се занимавате со градинарство доколку немате градина, како што не можете да скокате од авион без падобран. Значи, важно е да ги поместувате границите, но исто така и да бидете реални.rn
2. Какво хоби сакате?
rnКако и во која било друга работна одлука, кога размислувате за хобито, размислете дали сакате тоа да биде нешто со кое ќе се занимавате сами, без присуство на други личности или пак тоа ќе биде социјална активност која зближува различни луѓе со ист интерес. Секако, доколку сакате да ги проширите вашите видици и да запознаете нови луѓе, тогаш треба да изберете хоби кое воедно е и социјална активност. Исто е и во работното претпријатие, треба да размислите дали сакате да работите сами или да имате партнери.rnrn
rn3. Размислете за финансиите
rnСекој знае дека желбите се едно, а можностите друго. Хобито мора да одговара на вашите финансиски можности. На пример, ако сакате да се занимавате со сликарство, тогаш мора да купите прибор за сликање, бои, да имате дополнителен простор каде што ќе сликате. Сето тоа бара одредени финансиски средства. За жал, ништо не е бесплатно. Подеднакво е и во кое било друго работно претпријатие. Треба да бидете реални и внимателни со вложувањата.rn
4. Искористете ги пријателите
rnКога е во прашање новото хоби за кое размислувате, освен на Интернет, многу вистински информации можете да дознаете и од вашите пријатели, познаници и колеги. Затоа, пред да се впуштите во собирање поштенски марки, секако распрашајте се што е тоа што ги прави вредни. Можеби одредено хоби на крајот нема да биде толку добро за вас, или пак обратно. Освен тоа, пријателите или познаниците може да бидат оние кои ќе ви помогнат во започнувањето на хобито, од запознавањето на вистинските луѓе, па сè до заемот на опрема, алат и давање на почетно знаење. Исто е и во започнувањето на работно претпријатие, искористете ја помошта која ви се нуди, познанствата и корисните совети.rn
5. Хоби = задоволство
rnКако што кажавме уште на почетокот, не треба секое хоби со кое ќе започнете да се занимавате да биде она вистинското, ниту пак треба да се занимавате со него засекогаш. Исто како работата. Но за разлика од неа, хобито во одреден дел од животот треба да ве забавува, опушта, усреќува…
-

Имате цел живот за да го пронајдете идеалниот партнер, затоа најпрво пронајдете се себеси
Не постои човек што нема потреба од блиска личност до него, со која ќе ги споделува животните моменти, но во некои случаи треба да ја ставите љубовта на чекање. Сѐ уште не ви е потребен некој до кој ќе заспивате. Тоа може да почека. Не треба да ви биде приоритет да го најдете партнерот од вашите соништа, оној кој најмногу ви одговара. Наместо тоа, треба да настојувате најпрво да се пронајдете себеси.rnrn
rnrnДознајте што е она што ве возбудува, што ве прави среќни и што ви го поттикнува адреналинот. Што е она што ве убедува да останете будни до 3 часот, а да се разбудите во 5 часот наутро. Пронајдете го она што ве поттикнува да растете и да се развивате како личности. Дознајте зошто девојката во огледалото изгледа тажно кога е сама. Што ѝ треба? Што ѝ недостига? Ако е некоја личност, тогаш каков вид човек ќе ја пополни празнината каде што треба да биде нејзината насмевка? Дали ѝ недостига најдобриот пријател? Дали ѝ фали некој странец со кој ќе може да зборува и да заборави на болката?rnrnОткријте што е она што ги буди пеперутките во вашиот стомак и му дава смисла на вашиот живот. Дознајте кои сте, каде припаѓате и што сакате од овој хаотичен свет. Можеби сакате голема куќа, но дали таа ќе ви ја пружи топлината на еден дом? Или можеби сакате на вашиот ѕид да виси диплома, да имате бебе во вашата прегратка или пак мало кученце кое ќе трча низ вашата градина? Сакате да работите како новинар, но се плашите дали ќе заработувате доволно? Настрана од финансиите и од безбедноста, што е она што се надевате дека ќе ви го подари животот?rnrnОткријте што сакате овој универзум да ви достави. Не плашете се дека ќе звучите алчно, себично или нереално. Не воздржувајте се од тоа да имате преголеми фантазии, бидејќи помеѓу тие соништа ќе пронајдете скриени важни делови. Ќе дознаете што е она што ве исполнува и каква личност сте вие навистина. Пронајдете што е она што ве инспирира и ве мотивира. Што е она што ви дава енергија и прави да останете на нозе дури и во најтешките денови?rnrnОткријте кое е вашето место на оваа планета, затоа што без разлика колку безвредно можете да се чувствувате, вие имате цел, имате причина зошто постоите. Имате на располагање цел живот за да го пронајдете вашиот партнер, затоа, најпрво пронајдете се себеси. Заслужувате да се запознаете самите! -

Ако сакате да пронајдете некој со кој би останале засекогаш, избегнувајте да ги правите овие работи
Не е лесно да се пронајде некој со кој би требало да го делите остатокот од вашиот живот. Тоа треба да биде личност која секогаш ќе биде до вас, ќе ве поддржува, ќе ве разбира и ќе биде таму и во најсреќните и во најтажните моменти. Но, во реалноста тешко е да ја сретнете. Сте се запрашале ли зошто е тоа така? Покрај многуте други можности, постои веројатност вие да ја оддалечувате таа личност од себе правејќи некои работи кои не би смееле. Оваа листа има за цел да ви покаже некои од најчестите навики кои ве спречуваат да го пронајдете партнерот што навистина ви одговара…rnrn
rnrn1. Ве импресионира секој знак на љубезност. Можеби мислите дека некој непознат кој ви ја отворил вратата и ви покажал мал гест на внимание е прекрасна личност, но, немате целосна основа да верувате во тоа. Обидете се да не реагирате на секоја љубезна постапка.rnrn2. Барате партнер на апликации за состанување. Да и таму постојат добри момчиња кои се обидуваат да пронајдат сериозна девојка, но, повеќето сакаат само забава. Доколку барате нешто пореално, обидете се на друг начин да договорите состаноци.rnrn3. Му пишувате први. Ова не значи дека вие никогаш не треба да започнете разговор, но доколку вие сте тие кои седум дена во неделата пишувате први, тогаш тоа не е баш добар знак.rnrn4. Се жалите колку не ви е добро кога сте сингл. Ако постојано си повторувате дека вие би биле подобри кога би имале некој до себе, тогаш ќе добиете нешто помалку отколку што заслужувате. Потсетете се дека подобро е да се биде сингл, отколку во лоша врска.rnrn5. Се двоумите дали да имате сериозни разговори. Можеби од една страна не сакате да изгледате очајни и како да молите за љубовна врска, но од друга страна пак, со сериозните разговори би дознале многу работи и би се заштитиле себеси од понатамошни повредувања.rnrn
rnrn6. Го менувате вашиот изглед. Ако не ве сака онакви какви што сте вистински, тогаш тој едноставно не е вистинскиот за вас.rnrn7. Се опијанувате пред да му пристапите на некое момче. Ако сте под дејство на алкохол тогаш голема е веројатноста да изберете погрешно момче. Иако можеби немате доволно храброст да го направите тоа кога сте трезни, сепак, вреди да се обидете.rnrn8. Комуницирате виртуелно подолго време. Не би требало да поминат повеќе месеци комуницирајќи преку пораки, за да се сретнете лице в лице. Можеби виртуелно тој да звучи прекрасно, но реалноста да покаже нешто сосема друго. Затоа, закажете го вашиот прв состанок што е можно побргу!rnrn9. Прифаќате помалку од што заслужувате. Ако не постои некоја искра помеѓу вас на првиот состанок, тогаш не трошете си го залудно времето и не одете на втор.rnrn10. Веднаш спиете со него. Ако сакате само секс, тоа е во ред, но доколку барате сериозна љубовна врска, тогаш најпрво осигурете се дека тој сака и се труди да ве придобие.rnrn
rnrn11. Имате ниски очекувања. Иако повеќето сметаат дека жените имаат високи очекувања, тоа и не е баш така. Имено, во многу случаи тие се премногу ниски, а тоа треба да се смени. Запаметете дека вам ви треба момче кое вистински ќе ве сака и ќе ве почитува.rnrn12. Секој го споредувате со вашиот бивш. Не мора да значи дека новото момче коешто сте го запознале е ист лажго како и претходниот. Иако сте биле повредени во минатото, тоа не е знак дека истото ќе се случи и во иднина.rnrn13. Си го задржувате мислењето за себе. Не ви се допаѓа разговорот за спортот? Сметате дека изгледа смешно со капата што ја носи? Кажете му, но направете го тоа на заводлив начин.rnrn14. Не ги гледате момчињата во вашата околина. Додека патувате со автобус кон работа или го шетате вашето милениче, погледнете наоколу!rnrn15. Се споредувате со вашите пријатели. Можеби тие не се среќни во нивната врска како што изгледаат. И да се среќни, тоа треба да го користите како мотивација. Ако тие можеле да најдат некого, можете и вие.rnrn16. Мислите дека засекогаш ќе бидете сами. Ако честопати си повторувате нешто, тоа ќе стане и ваша вистина. Не правете си го ова на себе. Вие заслужувате вистинска љубов и кога тогаш ќе ја пронајдете!rnrn
-

Дозволено ви е да се изгубите бидејќи тоа ќе ви помогне да се пронајдете себеси
Во текот на целиот наш живот постојано ни велат да ги следиме мапите, да користиме компас и секогаш да гледаме напред пред себе. Постојано нѐ советуваат да ги проверуваме насоките и да се движиме по права линија.rnrnНо, што ако ни е доста од тие прави линии? Што ако ни е доста од тоа да правиме прецизна скица на нашиот живот? Што ако не сакаме повеќе да гледаме надолу плашејќи се дека ќе паднеме? Што ако не сакаме повеќе да ги следиме правилата?rnrn
rnrnЗошто да не се изгубиме за прв пат во нашиот живот? Слободно можеме да ги оставиме сите тие мапи, упатства и алатки. Можеме да ги тргнеме на страна сите наши 5-годишни планови и цели и да почувствуваме вистинска слобода.rnrnПонекогаш треба да патуваме по нерамни патишта преку ридови, долини и огради кои ќе ни ги отворат очите и ќе ни овозможат нови искуства и доживувања. Треба да тргнеме по нови улички и криви патишта кои ќе нѐ одведат до нови кафулиња, нови луѓе и нови дестинации. Треба да тргнеме по неочекувани патеки.rnrnОтфрлете ги идеите за она што би требало да го правите и правете што сакате. Преселете се во нов град, нова земја. Започнете сосема нова кариера. Ослободете се од негативните луѓе во вашиот живот. Признајте ѝ ја вашата љубов на личноста поради која срцето ви затреперува и ослободете се од сите стравови и стресови.rnrnВреме е да го правите она што навистина го сакате. Време е да се соочите со вашите стравови и да излезете од зоната на удобност. Најдете ја вашата дестинација, без разлика дали се наоѓа на нерамен автопат или на морско крајбрежје. Треба да откриете каде припаѓате, без разлика дали се работи за град полн со облакодери или село каде ќе можете да ја разбудите природата во себе.rnrnВо ред е да се изгубите. И добро е да се изгубите. Само кога ќе се изгубите, ќе можете вистински да се пронајдете себеси. Кога ќе се изгубите, ќе сфатите каде припаѓате во овој голем свет. Губењето не го означува крајот на вашиот личен развој. Тоа е само почетокот на вашето возбудливо животно патешествие кое ќе ве одведе до вистинското откровение.