КАФЕ ПАУЗА

Tag: проклетство

  • Проклет телефонски број кој поради големиот број смртни случаи сега е надвор од употреба

    Проклет телефонски број кој поради големиот број смртни случаи сега е надвор од употреба

    Мобилните оператори пред неколку години го укинале телефонскиот број 0888 888 888, откако секој човек што го имал тој број во последните 10 години завршил мртов.rnrnПроклет телефонски број кој поради големиот број на смртни случаи сега е надвор од употребаrnrnПрвиот сопственик, Владимир Грашнов бил еден од извршните директори на бугарска мобилна компанија, кога сосема неочекувано умрел од рак во 2001 година на возраст од 48 години. Бројот веднаш потоа му припаднал на бугарскиот тајкун Константин Димитров кој бил убиен во 2003 година во Холандија. Димитров имал 31 година, а убиството му е припишано на неговиот руски ривал.rnrn„Проклетиот“ телефонски број потоа го користел бизнисменот Константин Дишилев кој бил убиен пред индиски ресторан во Софија во 2005 година. Дишилев бил погоден токму во моментот кога се јавувал на телефон.rnrnПо неговото убиство, полицијата открила некои сомнителни бизниси поврзани со дрога, па така телефонскиот број бил исклучен додека траела полициската истрага.rnrnСепак, ако сега се обидете да се јавите на +359 888 888 888 (359 е позивен број за Бугарија), операторот ќе ви соопшти дека бројот е „надвор од функција“.rnrnОфицијалните мобилни компании не сакале да го коментираат овој случај, но потврдиле дека „баксузниот“ телефонски број е исклучен.

  • Во едно далечно време (Once Upon a Time)

    Во едно далечно време (Once Upon a Time)

    ТВ серија за проклетствата од минатото и за оние на кои им е пишано да ја променат иднинатаrnrnrnВо едно далечно време (Once Upon a Time)Главни улоги: Џинифер Гудвин, Џенифер Морисон, Лана Парија, Џош Далас, Роберт КарлајлrnrnЖанр: драма, авантура, фантазијаrnrnПремиера: 23 октомври 2011rnrnЈазик: англискиrnrnВреметраење: 45 минутиrnrnБрој на сезони: 1rnrnНаша оценка: 8rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn———————————————————————————————————————————————————————-rnЗамислете си живот во кој сте заглавени во времето и просторот… Навидум сè е нормално и во ред, а всушност не сте свесни за она што ви недостасува. Тоа е проклетство. За него често е раскажувано во бајките, но овојпат тоа е дел од сегашноста. Само една личност може да го скрши и да ги ослободи сите од таа непозната стега, од таа мрачна покривка префрлена врз целиот град, која ги прави луѓето несреќни и мизерни. За среќа, стрелките на часовникот се помрднуваат. Сегашноста почнува да тече. А иако минатото е раскажано во приказните, иднината ни е сосема непозната. Вистинска мистерија…rn———————————————————————————————————————————————————————-rn

    rn

    Приказна: Ема Свон е 28-годишна девојка, ловец на награди, ладнокрвна, па дури и брутална. Една вечер, после успешно завршената работна мисија, на нејзината врата во домот затропува 10-годишно момче, кое вели дека доаѓа од Сторибрук, Мејн и тврди дека е нејзин син. Во едно далечно време (Once Upon a Time)Таа презема одговорност да го врати назад, но кога стигнува таму, ја запознава неговата злобна мајка и поради тоа одлучува да остане. Нејзиното останување значи дека работите ќе почнат да се менуваат и дека постои надеж народот да биде спасен од проклетството. Во едно далечно време (Once Upon a Time)Ова е сегашноста, во која 10-годишниот Хенри е убеден дека ситуацијата во која се наоѓа Сторибрук е масло на неговата мајка, која во минатото била злобната вештерка од приказната за Снежана. Нормално, во ова никој не верува, но случка по случка, полека почнуваат да се отклучуваат затворените врати зад кои длабоко се закопани тајните на Сторибрук, па фантазијата сè повеќе станува реална.Во едно далечно време (Once Upon a Time)

    rn

    Паралелно се одвива приказната за Снежана, кога пред 28 години, на денот на нејзината венчавка со принцот, злобната вештерка упаѓа на свеченоста и се заканува со проклетство кое засекогаш ќе ги смени животите на сите, секако кон полошо, а нејзе ќе ја направи апсолутен господар. Пред да дојде судниот час, Снежана предвремено ја раѓа нејзината ќерка Ема, која е единствената што се спасува од проклетството и единствената, која 28 години подоцна, може сите да ги избави од него.Во едно далечно време (Once Upon a Time)Во едно далечно време (Once Upon a Time)

    rn

    Иако дејството во серијата „Во едно далечно време“ се базира на познати ликови од бајките, тоа не ја прави помалку интересна. Напротив, една проверена приказна, едни добро изградени ликови се искористени како темел за поставување на нов, современ слој од дејствија кои интересно се испреплетуваат со минатото, не дозволувајќи ни да ја предвидиме иднината или воопшто насоката во која приказната ќе продолжи да тече. Светските критичари исто така не штедат на убави зборови и високи оценки кога станува збор за „Во едно далечно време“. Сепак, ова не е серија што ќе го погоди сечиј вкус, но ако го погоди вашиот, со сигурност ќе уживате во неа.Во едно далечно време (Once Upon a Time)

    rn

    Кога и како да го гледате: Зарем има посоодветно време за бајка од моментот кога ќе си легнете!? Но, дури и да не го изберете овој момент, серијата нема да ви биде „тешка“ за кој било друг период од денот и ден во неделата. Лесно ќе ја конзумирате приказната, па може да се случи да исконзумирате повеќе епизоди едно по друго.Во едно далечно време (Once Upon a Time)

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.