КАФЕ ПАУЗА

Tag: програмер

  • За колку минути ќе ја решите загатката?

    За колку минути ќе ја решите загатката?

    Оваа загатка, децата на претшколска возраст можат да ја решат за 5-10 минути, на програмерите може да им треба 1 час, а на останатите луѓе… Епа, проверете и пишете го одговорот во коментар.rnrnЗа колку минути ќе ја решите загатката?
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобри професии за срамежливи луѓе

    Најдобри професии за срамежливи луѓе

    Изборот на кариера е еден од најважните избори во вашиот живот, кој пред сè треба да биде базиран на вашиот карактер. Постојат луѓе кои уживаат да работат во групи, постојано да комуницираат и да се дружат со колеги и клиенти, но има и такви на кои комуникацијата не им е баш јака страна. Вие треба да уживате во она што го работите без ништо да ве спречува. Не треба да се трудите да се промените, треба само да ја изберете соодветната професија за вас. Доколку сте посрамежливи, ова се професиите кои се најприкладни за вас:rnrnНајдобри професии за срамежливи луѓеrn

    Програмер

    rnАко имате познавање од компјутери и програмски јазици, можеби ова е совршената работа за вас. Програмерите креираат софтверски програми работејќи во затворени канцеларии, најчесто сами. Секако дека мора да има комуникација и соработки со фирми и личности бидејќи комуникацијата во ниедна професија не може да биде сведена на нула, но сепак од овој аспект имаат повеќе олеснителни околности за разлика од други професии.rn

    Сметководител

    rnАко сте срамежливи, но добри со бројки, зошто да не се насочите кон ваква кариера? Сметководителите подготвуваат финансиски извештаи и евиденции и се грижат за точноста и исправноста на финансиските документи. Се случува сметководителите да имаат директен контакт со клиенти, но нивната снаодливост во секојдневната комуникација не е пресуден фактор за тоа колку успешна кариера ќе имаат.rnrnНајдобри професии за срамежливи луѓеrn

    Помошник-адвокат

    rnСамо затоа што сте срамежливи не значи дека треба да се откажете од кариера како правник. Ако го сакате правото, можеби би било најдобро да бидете помошник-адвокат. Станува збор за асистенти на високо квалификувани адвокати кои изработуваат извештаи и спроведуваат правни истражувања.rn

    Графички дизајнер

    rnДали сте креативни и имате уметнички ум? Доколку не би можеле да се замислите себеси во секојдневна интеракција со различни клиенти, кариерата како графички дизајнер е совршена за вас. Графичките дизајнери цртаат визуелни концепти, рачно или на компјутер. Најчесто креираат изглед за веб-сајтови или печатени материјали, како брошури, списанија и корпоративни извештаи, како и телевизиски реклами.rnrnНајдобри професии за срамежливи луѓеrn

    Истражувач на анкети

    rnЗадача на луѓето со ваква професија е да прават анкети и да истажуваат кои се ставовите, плановите и желбите на населението. Анкетарите се платени од разни видови организации кои поради одредена причина сакаат да дознаат кои се мислењата на луѓето на некоја тема. Оваа работа бара контакт со луѓе, но најчесто преку телефон или интернет.

  • Раздвижена „Мртва природа“

    Раздвижена „Мртва природа“

    Креативниот ум на програмерот Скот Гарнер ја воодушеви интернет-публиката, со неговото последно и необично дело „Мртва природа“. Покажува и докажува дека и програмирањето е уметност. Сликата е само навидум статична, налик останатите од жанрот мртва природа, но ако ја искривите, 3Д проектираните предмети ќе се стркалаат во рамката.Раздвижена „Мртва природа“Раздвижена „Мртва природа“Основата на сликата секако не е платно, туку телевизор со рамен екран. Таа користи софтвер Unity 3D (развојна алатка за игри), сензори за движење и едноставна апликација програмирана во„C“, која ја создава гравитацијата. Сето ова го овозможува придвижувањето на 3Д предметите.Раздвижена „Мртва природа“
    rn

    Од хардверска страна има рачно направена рамка за телевизорот, кој е поврзан со ротирачка подлога од Ergomart. На задниот дел од телевизорот е прикачен сензор. Од софтверска страна пак, е користена едноставна апликација направена во програмскиот јазик „C“ за комуникација со сензорот и за пренесување на податоците до Unity 3D-сцената. Самата сцена се состои од камера поврзана со сензорот и со сите светла и предмети кои ротираат усогласено“, објаснува Гарнер.

    rnРаздвижена „Мртва природа“rnrnПреку следното видео, погледнете како бил создаден овој проект и како тој функционира:rn

    rnПроектот е финансиран од компанијата Superfad Seattle.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.