КАФЕ ПАУЗА

Tag: придонес

  • Престанете да се фокусирате на себе – не се врти сè околу вас, и тоа е во ред!

    Престанете да се фокусирате на себе – не се врти сè околу вас, и тоа е во ред!

    „Вистинскиот начин да се пронајдеш себеси е да се изгубиш служејќи им на другите.“ – Махатма Ганди

    rnВо свет на суета каде сè што се слуша е: јас, јас, јас, го сакам ова, сакам сега, тешко е да ја прифатиме големата вистина дека сонцето не се врти околу нас и тоа е всушност добра работа. Секој е повеќе или помалку фокусиран на себеси, пробувајќи да ги задоволи своите интереси, потреби и апетити, со други зборови, да си угоди на себе.rnrnПрестанете да се фокусирате на себе – не е сè околу вас и тоа е во редrnrnСите ние сме тука со причина, имаме цел и намера, и нашето присуство на планетата Земја е многу, многу повеќе од плитката себичност која нè тера постојано да се фокусираме на самите себе и да внимаваме што другите мислат за нас. Секој од нас има нешто специфично, нешто единствено што го прави посебен и оригинален, и само ако успееме да го победиме нашето сопствено его ќе можеме со нашата уникатност да придонесеме за светот. Сите ние имаме способност да донесеме светлина, подобар живот и промена, но само ако успееме да го тргнеме рефлекторот од себе.rnrnОва се 5 реални примери кои покажуваат дека не се врти сè околу вас, но и дека тоа всушност е супер.rn

    1. Анксиозност при јавно говорење

    rnКога подготвуваме каков било вид јавно излагање, чувствуваме страв, несигурност и анксиозност која би можела да ни го уништи говорот. Ставањето акцент на нас самите, како сме облечени, со каков тон зборуваме, всушност прави целата презентација да биде за нас. Но, правилниот пристап кон нештата е да се доживее тоа јавно излагање малку пореално – не е за вас, туку за оние кои ве слушаат. Главната цел ви е да ја пренесете моќната порака на она што го кажувате, да допрете до некого, да ги научите вашите слушатели на нешто, да направите мала промена во нивните животи и начинот на размислување. Не е сè за вас, и ова е доста олеснителна околност.rn

    2. Кога не го добиваме она што го сакаме

    rnКога нема да го добиеме она што го сакаме – работната позиција, наградата, унапредувањето, и сл., чувствуваме фрустрација. Пробајте на тоа да гледате поинаку. Постои многу поголема сила од нас како единки, и сите ние сме само мала точка на оваа планета, дел од некаков план. Ова ќе ви помогне да сфатите дека сè се случува со причина и дека тоа што една врата се затворила за вас, само значи дека наскоро ќе ви се отвори многу поголема.rnrnПрестанете да се фокусирате на себе – не е сè околу вас и тоа е во редrn

    3. Кога сме игнорирани

    rnМоже да биде дури и болно кога си игнориран. Секој од нас речиси секојдневно се соочува со тоа. Тука спаѓа неодговарањето на мејловите кои ги праќате, телефонски разговори за кои другите не се достапни или заинтересирани, нерасположени јавни службеници кои може дури и да ви го расипат денот. Не грижете се, не сте вие проблемот. Луѓето едноставно се премногу свртени кон себеси, премногу „зафатени“ со своите интереси и премногу себични. Тоа е оној по малку ироничен круг по кој се движат нештата.rn

    4. Кога некој зборува лошо за нас

    rnВашите најголеми критичари всушност го проектираат сопствениот страв, несигурност и завист на вас. Популарно наречените хејтери „хејтаат“ поради нивните сопствени проблеми и несигурности. Значи, тоа нема врска со вас, вие сте само предмет на нивните фрустрации, затоа држете се настрана. Може да допрат до вас само ако влезете во таква дискусија и им посветите внимание. Значи повторно, не е за вас, туку проблемот се тие самите.rn

    5. Кога ви се чини дека не го живеете вашиот сон

    rnВашиот талент и вашите способности сфатете ги како алатки за служење на заедницата. Што сакате да правите, кој е вашиот сон? Сакате да пишувате, да издавате свои книги, да цртате, да фотографирате, да држите мотивациони говори, и што ли уште не, разбирливо е да имате соништа. Кога ви се чини дека не ви оди во животот, тогаш зборува вашето его кое сака повеќе и повеќе и ве спречува да видите што сте сториле досега. Значи, правете го она што сакате да го правите, дајте го најдоброто од себе, и престанете да се фокусирате на себеси, туку гледајте од спротивната страна – како со мојот талент јас им помагам на другите? Кога ќе го заборавите вашето его, вие ќе почнете да го живеете вашиот сон.rnrnДокажано е дека преголемиот фокус кон себеси е причина поради која среќата нè одбегнува. Затоа престанете да прашувате „Што сакам?“ или „Како можам да го добијам ова?“, туку запрашајте се себеси „Како можам да придонесам?“.rnrnКога сите ние би престанале да бидеме толку себични и фокусирани на себе, светот би бил подобро место за живеење.rnrnСега вдишете, па издишете. Во ред е, не се врти сè околу вас, и тоа е големо олеснување.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 11 мали нешта со кои сите ние можеме да го подобриме светот

    11 мали нешта со кои сите ние можеме да го подобриме светот

    Дали некогаш чувствувате дека сте премали за да направите некаква разлика во светот? Размислете подобро. Светот е составен од луѓе како вас самите. Клучно е, што и да ни се случи и колку и да пораснеме, никогаш да не го заборавиме, навидум детскиот и наивен нагон дека можеме да го промениме светот. Всушност, секој може да го промени светот и да го направи подобро место за живеење со помош на својот мал придонес. Еве како.rnrn11 мали нешта со кои сите ние можеме да го подобриме светотrn

    1. Со насмевка

    rnВистинско чудо е што сè може да направи една насмевка. Кога ќе му се насмевнете некому неговиот инстинкт му кажува да ви се насмевне и тој вам. Ширете позитивни насмевки и подарувајте ги бесплатно. При секој разговор или невербален контакт, не заборавајте да се насмевнете. Насмевнете му се на денот штом се разбудите наутро, насмевнете му се на градот штом излезете од дома, и при секоја упатена насмевка ќе добивате насмевка за возврат. Насмевнете му се дури и на оној кој се однесува лошо со вас. Размислувајте на ваков начин: зошто да се муртам кога можам да се насмевнам? Насмевката навистина нема да ве чини ни денар, а со неа ќе разведрите многу тмурни денови.rn

    2. Слушајте

    rnСите ние имаме своја приказна која сакаме да ја кажеме, сите ние сакаме да бидеме ислушани и да бидеме сфатени и поддржани. Но, слушањето е техника што не секој може или сака да ја совлада. Заглавени во сопствените суети имаме време само за нашите, некогаш навистина безначајни маки и проблеми. Огромна разлика ќе направите доколку издвоите време вистински да ислушате некого. Вашиот пријател, колешка, мајка, сестра или брат, дури и човек кој ќе го сретнете на улица. На луѓето им треба некој кој ќе ги сослуша и ќе им каже дека не е сè така црно, некој кој ќе ги потсети дека вредат доколку загубиле верба во себе. Навистина, дури и за наше добро, мора да почнеме повеќе да слушаме а помалку да зборуваме.rn

    3. Чистете го нередот позади себе

    rnБуквално, не оставајте неред. Во соба, канцеларија, во двор или на улица. Кога ќе поминете во парк и забележите отпад, фрлете го кај што му е местото, иако не сте вие оние кои го направиле нередот. Засадете цвеќиња во дворот и по терасите и разубавете му го денот на секој кој ќе мине покрај вашата куќа или вашиот стан. Под изговор дека сме презафатени забораваме на важноста на убавиот изглед на нашите дворови, бироа и канцеларии, како и на грижата за околината и природата. Трудете се сегде каде што ќе поминете да оставите впечаток и на секој кој ќе мине низ вашиот простор да му се разубави денот од позитивната енергија, чистотата и светлината на тоа место. Изненадете ја вашата мајка и средете ја кујната за да се одмори кога ќе се врати од работа. Навистина е прекрасно да се биде уреден и за вас, но и за другите околу вас.rnrn11 мали нешта со кои сите ние можеме да го подобриме светотrn

    4. Отворете им врата на луѓето

    rnПрво, буквално. Замислете ваква ситуација. Една девојка има навистина ужасен ден, и токму кога е на работ да изгуби верба во човештвото, налетува на вас, и двајцата истовремено сакате да влезете во бутикот, но вие ѝ ја отворате вратата и ја пуштате да влезе пред вас. Без разлика на полот или возраста, отворајте им врата на луѓето. Ете, толку е едноставно. Ќе направите да се чувствуваат важни.rnrnВторо, метафорички. Давајте им можности на луѓето. Кога ќе слушнете за супер работно место веднаш кажете му на вашиот пријател за можноста што ја има. Ако вие можете да помогнете, сторете го тоа. Пружете им рака за помош на луѓето. Можеби не секој ќе ви биде благодарен, но вие ќе знаете дека сте направиле некаков придонес.rn

    5. Бидете тука за луѓето

    rnКога некому му треба помош, помогнете несебично. Без разлика дали станува збор за носење тешки ќеси, товарање на камион, средување на домот и сл. Бидете тука дури и за оние кои не ви се блиски и кои не ги познавате. Не мора да ги знаете двете слатки дечиња кои чекаат на каса веднаш позади вас со сладолед во рака за да им ги платите сладоледите. Едноставно треба да бидете хумани. И кој и да ви рече дека хуманоста е губење време, е огорчен човек кој ни дава, а ниту пак добива љубов.rnrn11 мали нешта со кои сите ние можеме да го подобриме светотrn

    6. Редовно велете „ве молам“ и „благодарам“

    rnСамите зборови кажуваат сè, и искрено се магични, само што ние понекогаш ги забораваме. Никој нема обврска да направи ништо за вас, не заборавајте го тоа. Дури и некој кој добива пари за услугата што ви ја прави, може да ја направи лошо. Затоа никогаш не заборавајте да речете „ве молам“ и „благодарам“. Да, тоа важи и кога ќе му речете на вашиот брат да ви донесе чаша со вода.rn

    7. Научете ги имињата на луѓето

    rnКога веќе на второто гледање ќе му се обратите некому по име, вие оставате впечаток дека личноста ви е мила, ви значи штом сте ѝ го запаметиле името и ја/го цените како индивидуа. Без разлика дали е вашиот автомеханичар, продавачката или сосетката, обраќајте им се на луѓето по име, секако, доколку пригодата и односот ви го дозволуваат тоа. Со тоа што ќе се потрудите да ги запомните имињата на луѓето, создавате еден вид блискост меѓу вас.rn

    8. Охрабрувајте ги луѓето

    rnСекако, ова не важи кога очигледно некој губи време на нешто што нема да вроди со плод. Но, секому му е потребно едно едноставно тапкање по рамо и охрабрување. Дајте им до знаење на луѓето дека верувате во нив, дека тие се способни, дури и ако не ви се многу блиски. Сè е возможно и секој кој вложува труд ќе успее. Само што негде попатно може да изгуби надеж и верба во себе. Тука настапуваат другите кои негуваат емпатија за луѓето. Охрабрувајте ги оние кои минуваат низ тешки мигови или се соочуваат со големи предизвици.rn

    9. Давајте, но и добивајте за возврат

    rnПрекрасно е што сте хумани и што сакате да помогнете и безрезервно се вложувате себеси. Не секој го може тоа и затоа сте достојни за восхит. Но некогаш ви е потребно време за себе. Не заборавајте да бидете сами со вашите мисли, не заборавајте на нештата кои ги сакате и ве опуштаат. Не плашете се да побарате помош и поддршка. Никој никогаш не успеал сам. Ако немавме потреба од другите луѓе, сите ние ќе живеевме сами и постојано ќе бевме сами. Да покажете дека ви е потребна помош не значи дека сте слаби, туку доволно јаки да ја признаете вашата потреба и немате проблем со барање услуга бидејќи безброј пати сте ја дале.rnrn11 мали нешта со кои сите ние можеме да го подобриме светотrn

    10. Кажувајте „те сакам“ почесто

    rnНема потреба од никаков коментар. Сите ние имаме круг на луѓе кои вистински ги сакаме, но од некој причина забораваме да им кажеме или не им кажуваме доволно често. Не, не зборувам за индиректни постапки кои покажуваат дека ги сакате вашите блиски, туку за кажување во лице – те сакам. Тоа што некој ве сака значи дека ве почитува и му значите. Дека сте незаменлив дел од нечиј живот. Добро е да се слушнат овие зборови одвреме-навреме. Не ги потиснувајте емоциите во себе и кажете им на луѓето како се чувствувате.rn

    11. Бидете свои и вложувајте максимално

    rnНајголем придонес на светот може да му дадете со тоа што ќе бидете свои. На светот му се потребни разлики и шаренила, а не луѓе излезени од ист калап. Бидете свои во однесувањето, зборувањето, движењето, облекувањето. Оставете белег со секој ваш потег. Борете се за своите ставови и држете се до своите принципи и до она во што верувате без разлика што ви кажуваат другите. Засадете нешто од што ќе никне прекрасен плод и допрете до срцата на другите. Не секој го дава најдоброто од себе, но вие правете го тоа и служете им како пример на другите. Вие сте она што сте и нема потреба да се преправате или да се срамите од себеси. Кога секој би ја тргнал својата маска и едноставно би бил свој и искрен, светот би бил подобро место за живеење.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 6 причини зошто да волонтирате

    6 причини зошто да волонтирате

    Можеби ќе ви изгледа чудно, но работата која ќе ја извршите без никаков надомест може да ви донесе големи придобивки. Не зборуваме за практична работа во компании или државни институции, туку за волонтирање во непрофитни организации каде што можете да придонесете кон остварување на некоја идеја во којашто верувате. Ако сè уште се прашувате зошто би го правеле тоа, еве шест причини кои ќе ве натераат сериозно да размислите.rnrn6 причини зошто да волонтиратеrn

    Придонес за општеството

    rnПрвиот и најсилен мотив за секој што се нафатил да ги подари своето слободно време и труд е желбата да се даде одреден придонес за општеството преку каузата што се остварува со волонтирањето. Ако, на пример, верувате во правата на животните, најдобро место за вас би било некое прифатилиште за бездомни животни или НВО која се бори за нивните права. Задоволството од вашиот придонес е навистина голема награда.rn

    Запознавање нови пријатели

    rnВолонтерските задачи ќе ги извршувате заедно со други волонтери, кои имаат слични идеи и сфаќања како вашите, па тоа е одлична можност да стекнете нови пријатели. Ќе сретнете луѓе со различно образование, различен социјален статус, од различни националности, и ќе бидете изненадени колку навидум различните луѓе може да си одговараат и да се дружат.rn

    Личен развој

    rn

    Преку самата работа што ќе ја извршувате ќе стекнете низа способности кои се неопходни и во идната кариера и во секојдневието воопшто. Ќе научите правилно и ефикасно да го распоредувате времето, како да работите во тим, ќе стекнете комуникациски вештини, а можеби ќе откриете и некој нов талент за кој не сте знаеле дека го поседувате. Сето тоа од вас ќе направи подобар човек кој понатаму полесно ќе се снаоѓа со животните предизвици.

    rn

    6 причини зошто да волонтирате

    rnrn

    Стекнување искуство

    rnПреку волонтирање во областа во којашто имате образование или која сè уште ја студирате, ќе стекнете бесценето практично искуство. Организациите кои се потпираат на волонтерска работа не ги притискаат волонтерите со високи цели, не ги изложуваат на непотребен стрес, а даваат огромна поддршка и знаење со цел да се исполнат целите на организацијата. Тие се одлично место за полека да се започне со кариерата.rn

    Расчистување на дилемите во врска со кариерата

    rnВолонтирањето е извонредна можност да се испробате во повеќе полиња во ситуација кога не знаете која кариера да ја изберете. Наместо да слушате сечии совети дали да одите на правен факултет или да бидете социјален работник, најдобро би било да поминете некое време во бесплатната правна служба на некоја НВО, а потоа да волонтирате во областа на социјалните работи. Потоа ќе можете на мира да ги средите впечатоците и да слушнете што има да ви каже срцето.rn

    Патување

    rnВолонтирањето дава можност да го пропатувате светот преку организациите кои ќе ви понудат бесплатна храна и сместување ако се решите да волонтирате кај нив. Сепак, треба да знаете дека при тоа патните трошоци и џепарлакот паѓаат на ваш грб. Засега, единствена можност да го дадете вашиот труд бесплатно во странство, а за тоа да немате никакви трошоци е Европскиот волонтерски сервис, кој ги покрива трошоците за пат, сместување, храна и малку џепарлак.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.