КАФЕ ПАУЗА

Tag: предности

  • Зошто треба да отидете на соло патување барем еднаш во животот?

    Зошто треба да отидете на соло патување барем еднаш во животот?

    Патувајте доволно далеку за да се запознаете себеси бидејќи истражувањето на надворешниот свет ќе ви помогне да откриете нови работи за себе. Освен тоа, соло патувањето ви дава можности да запознаете нови луѓе, да излезете од вашата удобна зона и да се вратите дома како подобра и позрела личност. Во продолжение прочитајте зошто вреди да отидете на соло патување барем еднаш во животот.rnrnЗошто треба да отидете на соло патување барем еднаш во животот? rn

    1. Соло патувањето ве учи да бидете независни

    rnСоло патувањето ве прави независни и значително ви ја зголемува самодовербата со оглед на тоа дека морате самите да носите одлуки и самостојно да ги решавате евентуалните проблеми.rn

    2. Запознавате нови луѓе

    rnСоло патувањето ве принудува да комуницирате со нови луѓе. Кога патувате сами неопходна е комуникацијата со странци. Некогаш тоа го правите бидејќи ви треба помош за нешто, а некогаш бидејќи сакате само да ги запознаете, да дознаете од каде доаѓаат и што сакаат. На тој начин имате можност да стекнете нови пријатели со кои можете да останете во контакт и по патувањето.rn

    3. Ги подобрувате вашите комуникациски вештини

    rnКога сами патувате морате да комуницирате со другите доколку сакате да ги искажете вашите потреби. На тој начин самите почнувате разговор со другите, а тоа води до подобрување на вашите комуникациски вештини.rn

    4. Учите како да живеете надвор од вашата удобна зона

    rnНапуштањето на удобната зона е клучот за личниот раст и развој. На почетокот можеби се чувствувате непријатно и се обидувате да се спротивставите, но магијата се случува токму кога ќе го победите стравот! Ова ќе ви помогне и полесно да донесете смели одлуки, полни со авантура и возбуда.rn

    5. Спонтаност и слобода

    rnСоло патувањето ви дава целосна слобода. Освен тоа, имате целосна контрола над сите одлуки што треба да ги преземете. Доволно е да се потпрете на сопственото искуство и на вештините за одлучување. Не заборавајте дека соло патувањето ви носи флексибилност и спонтаност.rn

    6. Нови перспективи

    rnЗапознавањето на разноразни луѓе и доаѓањето во контакт со разни култури и традиции ќе ви донесе нови перспективи во животот. Ќе научите да гледате поинаку на работите, а тоа ќе ви помогне подобро да се поврзете со луѓето.rnrnОткако прочитавте за придобивките на соло патувањето, можеби ќе сакате да прочитате и кои се најбезбедните земји за соло патување.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Супермоќи кои ги поседуваат сите оние кои се премногу чувствителни!

    Супермоќи кои ги поседуваат сите оние кои се премногу чувствителни!

    Иако на прв поглед чувствителноста ни се чини како слаба страна, сепак има и предности. Никогаш немојте да ги сметате чувствителните луѓе за слаби и немоќни бидејќи тие навистина имаат големо влијание врз другите и можат длабоко да продрат во нештата како никој друг. Во продолжение прочитајте зошто е тоа така.rnrnСупермоќи кои ги поседуваат сите оние кои се премногу чувствителни!rn

    1. Ги впиваат туѓите емоции

    rnЈа чувствуваат туѓата болка како нивна. Одат по улица и ја примаат енергијата на луѓето кои минуваат покрај нив, чувствувајќи ја нивната радост, тага, осаменост, гнев… Тие имаат моќ да ја впијат туѓата болка, да ја преобразат во љубов и добрина и да им ја вратат назад во прочистена форма.rn

    2. Имаат јасна претстава за туѓите чувства

    rnЧувствителните луѓе можат да ги препознаат чувства на очај, тага и копнеж дури и под превезот на насмевката и доброто расположение. Тие лесно продираат во туѓата душа и затоа се однесуваат со голема емпатија кон оние на кои вистински им е потребна.rn

    3. Имаат моќ да ги детектираат туѓите лаги

    rnТие можат да препознаат кога некој лаже. Можеби нема да можат да објаснат како им успева во тоа, но едноставно можат да препознаат кога нешто не е како што треба. Затоа можат навремено да избегнат одредени луѓе или ситуации пред да настапат сериозни проблеми.rn

    4. Нивните „сензори за енергија“ работат беспрекорно

    rnОние кои се особено чувствителни по природа имаат развиен сензор за туѓата енергија. Така, можат да влезат во соба и да почувствуваат дека тука се одвивала расправија само неколку минути пред да влезат. Кога запознаваат некого за прв пат, можат да претпостават за каква личност се работи. Тоа е бидејќи толку многу ја чувствуваат енергијата на местата, луѓето, предметите и природата што понекогаш остануваат вчудовидени доколку другите не успеат да ја препознаат.rnrnОткако ја прочитавте нашата листа со супермоќи на сите кои се чувствителни, можеби ќе сакате да прочитате и 6 природни засилувачи на енергија кои се одлични за чувствителните луѓе.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • 15 илустрации што ги покажуваат предностите на ниските луѓе

    15 илустрации што ги покажуваат предностите на ниските луѓе

    Светот е прекрасен дури и ако сте ниски, а понекогаш особено затоа што сте ниски. Илустраторката Бриса, која е висока 152 центиметри, преку илустрации ги прикажува предностите на ниските луѓе. Во продолжение погледнете кои се тие предности, па понекогаш можете да бидете вистински среќници затоа што сте ниски.rn

    1. Вашата глава е безбедна од ниски врати и греди

    rn15 илустрации што ги покажуваат предностите на ниските луѓе rn

    2. Ве собира во секоја када

    rn15 илустрации што ги покажуваат предностите на ниските луѓе rn

    3. Секогаш имате простор за вашите нозе

    rn15 илустрации што ги покажуваат предностите на ниските луѓе rn

    4. За вас не постои мал кревет

    rn15 илустрации што ги покажуваат предностите на ниските луѓе rn

    5. Барањето облека со преголеми димензии никогаш не е проблем

    rn15 илустрации што ги покажуваат предностите на ниските луѓе rn

    6. Имате совршена висина за бакнежи на челото

    rn15 илустрации што ги покажуваат предностите на ниските луѓе rn

    7. Никогаш не им го блокирате погледот на останатите луѓе ако стоите напред

    rn15 илустрации што ги покажуваат предностите на ниските луѓе rn

    8. Ги слушате отчукувањата на срцето на партнерот кога ќе го гушнете

    rn15 илустрации што ги покажуваат предностите на ниските луѓе rnrnЗа повеќе илустрации продолжете на следната страница…rnrn

  • Како хороскопските знаци своите најлоши особини ги претворат во своја предност?

    Како хороскопските знаци своите најлоши особини ги претворат во своја предност?

    Можеби не сте свесни за вашите негативни особини, но хороскопот може да ви помогне да размислите токму за нив.rnrnКако хороскопските знаци своите најлоши особини ги претвораат во своја предност?rnrnСекој човек има и доблести и недостатоци, никој не е совршен. Но, сите ние имаме можност да ги свртиме лошите особини во сопствена полза.rnrnЅвездите ви откриваат кои се вашите најнегативни карактеристики и како да извлечете корист од нив.rn

    Овен

    rnОвој хороскопски знак е нарцисоиден. Тој има силен нагон за преживување и така се штити себеси.rnrnИако делува себично и остава впечаток како да мисли само на себе, тој сепак на тој начин им помага да другите да останат свои.rn

    Бик

    rnОвој хороскопски знак е мрзлив и неуреден. Како оваа карактеристика му е од помош? Тој сфаќа дека нештата се само нешта и дека во големата слика на животот, тие не се толку важни.rnrnПоради нередот тој бега од себе и не размислува за неговите грижи.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците се ладни, затворени и некомуникативни. Како може тоа да биде добро за нив?rnrnЛуѓето кои не го тргаат својот оклоп, честопати се посигурни.rn

    Рак

    rnОвој хороскопски знак не знае да простува и има омраза кон непријателите. Дали тоа има добра страна?rnrnТој научил дека довербата мора да се стекне и затоа е многу внимателен при избирањето нови пријатели.rn

    Лав

    rnЛавот е голем егоцентрик. Неговото его не е секогаш добра работа, но му овозможува да биде силен кога тоа му е најпотребно.rnrnТокму смелоста и бестрашниот живот се особините што често му помагаат.rn

    Девица

    rnДевицата им суди на сите и за сè. Нејзините остри проценки ви помагаат да сфатите што не е добро за вас и да се потпрете на вашиот ум.rnrnМожеби некој ја смета за чудовиште, но вистината е многу едноставна: Таа не сака да се оптоварувате со глупости.rn

    Вага

    rnОвој хороскопски знак е најголемиот патолошки лажго. Може ли Вагата оваа своја особина да ја претвори во предност?rnrnТаа секогаш чувствува дека другите ѝ веруваат и тоа го подобрува нејзиното расположение. Секогаш се снаоѓа и во главно нема последици поради нејзиното однесување. Токму тоа и ја научило да лаже.rn

    Скорпија

    rnСкорпиите се садисти и манипулатори. А сепак, се чини дека тоа не е толку важно. Како е тоа можно?rnrnТокму тие вештини им помагаат да го добијат тоа што го сакаат, а зар тоа не е она кон што сите се стремиме?rnrnПонекогаш знаат да бидат многу сурови, но секогаш ги добиваат своите адути.rn

    Стрелец

    rnНевозможно е да се живее со овој хороскопски знак. Тој никогаш нема да се појави таму каде што нема интерес, без оглед кој го кани. Тој е најдобар пријател единствено со себеси.rn

    Јарец

    rnТој е насочен само кон себеси. И е подготвен на сè. На тој начин успева да влее „страв во коските“ и секогаш да го добие она што го сака. Таа ужива во тоа. Луѓето се плашат од неговиот пагански јазик и бегаат што е можно подалеку.rn

    Водолија

    rnНејзиното чувство за самоодржување е многу слично на чистото, ладно однесување и на себичноста. Како таа опстојува со оваа особина?rnrnСобира сè што има во куп, па изгледа како да има многу, а тоа е всушност само еден куп од себични нешта.rnrnДругите го забележуваат тоа, но не и таа. И токму во тоа е нејзината предност. Таа не ја забележува нејзината најголема маана и не е свесна за неа.rn

    Риби

    rnСе работи за пречувствителен хороскопски знак. Таа особина им оди на нерви на сите. Што прават Рибите за да го поправат своето однесување?rnrnТаа прекумерна чувствителност понекогаш е пасивно-агресивна и ги тера сите околу нив да полудат, па за да го запрат таквото нивно однесување другите се подготвени да им дадат сè.rnrnГосподарот на манипулација никогаш не страда поради тоа што ги изманипулирал другите.rnrnМожеби сакате да дознаете и на кој начин секој хороскопски знак го пребродува лошиот ден.

  • Мали гради – голема предност

    Мали гради – голема предност

    Кога би знаеле кои се предностите на малите гради, никогаш не би посакале да ги зголемите. До овој заклучок дошле виенските експерти по неколкуте објавени истражувања.rnrn(1) mali-gradi-golema-prednostrnrnМалите гради се 24% поосетливи во однос на големите гради. Тоа е затоа што малите гради имаат помалку масно ткиво и полесно можат да се стимулираат.rnrnВо одредени години, големите гради полесно се опуштаат, додека пак малите остануваат цврсти и подигнати, со што нивните сопственички изгледаат помладо од што навистина се. Проблемот со губење на цврстината кај малите гради, воопшто и не постои, па затоа жените можат слободно да се шетаат и без градник.rnrn(2) mali-gradi-golema-prednostrnrnКај малите гради, тежината е различно распоредена во телото, па затоа сопственичките немаат потреба од грижи во подоцнежните години од хронични болки во грбот. Држењето на телото исто така е постабилно, бидејќи малите гради не го навалуваат ‘рбетниот столб нанапред. Доколку постојат некои недостатоци кај малите гради, тоа е што тие тешко се воочуваат за разлика од големите.rnrnПрочитајте и како најлесно да ги затегнете опуштените гради.

  • 4 предности што ги имаат оптимистите

    4 предности што ги имаат оптимистите

    Повеќето луѓе се убедени дека во животот на оптимистите убавите нешта се случуваат сами од себе. Но ретко кој се запрашал колку труд вложуваат овие луѓе за да се фокусираат на позитивното. Оптимистите нашле начин да им обрнуваат внимание само на важните и вредните нешта во животот, а оптимизмот е нивниот животен стил. Погледнете кои се предностите на луѓето кои размислуваат позитивно.rnrn4 предности што ги имаат оптимиститеrn

    1. Поздрави се

    rnОптимистите знаат дека здравјето е неопходно за среќен и долг живот, па вложуваат многу време развивајќи одредени здрави навики. Кога ќе научите да размислувате позитивно, помалку ќе ги чувствувате лошите последици од стресот, што пак има одлично влијание врз вашето здравје.rn

    2. Ги исполнуваат нивните цели

    rnОптимистите имаат јасно поставени цели, а од себе имаат големи очекувања. Тие не минуваат време жалејќи се за проблемите, туку постојано бараат ефикасно решение. Од ова можете да заклучите дека тајната на успехот е во делувањето, а не во зборовите.rn

    3. Ја користат секоја прилика

    rnОвие луѓе знаат дека ризикот е синоним за нова можност, па никогаш не бегаат од него. Тие се амбициозни и ја користат секоја можност да се унапредат и да научат нешто ново. Тие постојано вложуваат време во нивниот успех и среќа.rn

    4. Задоволни се од животот

    rnЛуѓето кои можат да го видат позитивното во секоја ситуација, секогаш наоѓаат повод за среќа, а секој ден го живеат со љубов. Тие знаат дека животот е прекрасен и единствен, па наместо да жалат за она што го немаат, уживаат во она што веќе го стекнале.rnrnПрочитајте ги и овие неверојатни факти за оптимистите.

  • 7 причини зошто секој треба да има Бик во својот живот

    7 причини зошто секој треба да има Бик во својот живот

    Сега е период на владеење на силниот и смирен Бик. Родени помеѓу 20-ти април и 20-ти мај, луѓето со овој хороскопски знак се секогаш подготвени да им помогнат на саканите. Доколку вашиот најдобар пријател или некој од вашето семејство е Бик, имате многу среќа. Следниве 6 причини ќе ви докажат зошто.rnrn7 причини зошто секој треба да има Бик во својот животrn

    1. Никој нема да ви даде подобар совет од Бикот

    rnБиковите се толку независни, што ако некој не ги прифати нивните совети или не го направи она што го сакаат, едноставно ќе си заминат. Ова е навистина здрав начин да се соочите со реалноста, бидејќи кога некој не прифаќа нешто, нема потреба да губите време на тоа.rn

    2. Биковите се посветени пријатели

    rnОние кои ќе влезат во кругот на пријатели на Бикот, ќе уживаат во неговата посветеност. Овој пријател ќе ве поддржува во сè и ќе ве заштити од сите кои ви кажуваат поинаку. Понекогаш можеби ќе биде премногу заштитнички настроен, но тоа е само бидејќи ве сака.rn

    3. Биковите се вистински карпи

    rnОвие луѓе се зрели, стабилни и секогаш директни. Кај нив нема залудно драматизирање. Тие сакаат да го одржуваат редот и кај нив не постои нагло променување на расположението.rn

    4. Секогаш се овде кога ви требаат

    rnБез разлика дали ќе треба да ве спаси од незгодна ситуација или да ве однесе дома откако сте претерале со пиење, Бикот секогаш ќе биде овде за вас. Секогаш кога ќе ви затреба поддршка, Бикот прв ќе дотрча за да ви ја даде.rn

    5. Биковите секогаш знаат да се забавуваат, без разлика што прават

    rnБикот е земјен знак, па по природа е опуштен. Радоста пак ја наоѓа во едноставните нешта – добра храна, добра музика и добри луѓе. Сè додека им се задоволени овие потреби, Биковите секогаш ќе си поминат убаво.rn

    6. Биковите имаат одличен вкус за сè

    rnДоколку имате пријател Бик, секогаш ќе имате одличен водич кој ќе ги знае најдобрите ресторани и дискотеки. Штом станува збор за допир, вкус или звук, Биковите ги знаат совршените места.rn

    7. Вашата тајна ќе ја чуваат до гроб

    rnШтом му кажете некоја тајна на Бикот, можете да бидете сигурни дека никој друг нема да ја дознае. Биковите навистина знаат да ги чуваат тајните, па дури и ако некој се обидува да ги извлече од нив.rnrnПогледнете ги и нештата што треба да ги знаете за вашиот пријател Бик.

  • Кои се предностите од тренинг со партнерот?

    Кои се предностите од тренинг со партнерот?

    Иако со убавото време се зголемува и желбата за здрави навики, на многу луѓе сепак им фали мотивација. Кога помислувате на напорниот кардио тренинг, можеби посакувате да се вратат студените денови. Но што доколку има тренинг кој ќе биде и ефикасен, и забавен?rnrnКои се предностите од тренинг со партнерот?rnrnСтанува збор за тренирањето во пар, односно со вашиот партнер, што подразбира изведување ефикасни вежби во природа, теретана или од удобноста на вашиот дом. Овој начин на вежбање е навистина корисен бидејќи секогаш ќе се мотивирате еден со друг, ќе сакате да изгледате подобро како пар, но и ќе сакате да бидете здрави и енергични. Доколу сте почетници, можете да започнете со трчање во природа, а потоа додавајте и нови вежби. Со текот на времето ќе оформите ваша рутина за вежбање.rnrnОвој начин на вежбање ќе ги развие трпеливоста и толеранцијата во вашата врска, бидејќи ќе се поддржувате и ќе си помагате со партнерот. Доколку едниот од вас е физички поактивен, важно е да направите план за вежбање што ќе ви одговара и на двајцата. Без сомнение ќе ги постигнете добрите резултати, ќе бидете мотивирани и речиси и да нема да испуштите ден за вежбање.rnrnДоколку не знаете од каде да почнете, можете да ја погледнете оваа 30-минутна рутина за вежбање со партнер.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=-3V46Apa2eArnrnНо дали важи истото и за држењето диети? Дознајте зошто не треба да бидете на диета заедно со вашиот партнер.

  • Дали спонтаноста е подобра од организирањето?

    Дали спонтаноста е подобра од организирањето?

    Организираните луѓе се гордеат со тоа што секогаш знаат што и кога треба да направат нешто. Па, понекогаш се случува да им се потсмеваат на луѓето кои спонтано ги решаваат проблемите како што ќе се појават.rnrnДали спонтаноста е подобра од организирањето?rnrnБез разлика што вие мислите за ова, изгледа дека е многу подобро да бидете спонтани отколку организирани. Всушност, научниците од Универзитетот во Сент Луис сметаат дека планирањето на дневните активности го расипува расположението и не ви овозможува да уживате.rnrnЗа време на истражувањето, научниците утврдиле дека планирањето на слободното време има влијание врз емоциите. Луѓето кои прават листа со дневни активности на почетокот сметаат дека ова им помага да завршат сè. Но всушност сите планови ги остваруваат без ентузијазам и губат интерес за нивно исполнување.rn

    „Губите многу кога го планирате слободното време“, изјавила една од авторките на истражувањето, Селин Малкон.

    rnТаа тврди дека луѓето кои строго се држат до планираното, го претвораат и слободното време во работно, па потешко им е да ги исполнат сите цели.rnrnИако е во ред да бидете спонтани, погледнете како едноставната организација може да ви заштеди пари.

  • Зошто да одите на патување со вашата мајка барем еднаш годишно?

    Зошто да одите на патување со вашата мајка барем еднаш годишно?

    За многумина, патувањето со мајка им можеби не звучи забавно и повеќето би сакале да го понесат својот партнер или пријател. Но штом ќе научите повеќе за предностите од патувањето со мајка ви, ќе посакате уште веднаш да ја однесете некаде. Погледнете зошто треба да одите на патување со мајка ви барем еднаш годишно.rnrnЗошто да одите на патување со вашата мајка барем еднаш годишно?rn

    1. Вие веќе сте тим

    rnДодека сигурно ќе ви биде потребно време да се прилагодите на навиките на пријателот за време на патување, вие и мајка ви веќе се познавате најдобро на светот. Без разлика дали лежите на плажа, планинарите, посетувате музеи или сте во шопинг, секој има различна идеја за совршениот одмор. Но кога станува збор за родителите, најверојатно имате исти приоритети со нив бидејќи сепак, првите патувања ви биле со нив.rn

    2. Заедно ќе создадете навистина вредни сеќавања

    rnНиту еден сувенир нема да го замени замачканото селфи со мајка ви. Фотографиите можеби нема да ви изгледаат интересни во моментот, но подоцна ќе ви биде драго што ги имате. Кога патувате со мајка ви, одвојте време да создадете сеќавања што ќе ви бидат мили и многу години подоцна.rn

    3. Ќе имате можност да зборувате за вас

    rnДури и ако живеете блиску до мајка ви, веројатно ретко имате време за вистински разговор. Луѓето најчесто ги посетуваат родителите само за викенди, празници или семејни слави, настани каде што треба да ги „делите“ со повеќе луѓе. Па кога ќе заминете на патување само со мајка ви, ќе имате време да разговарате за сè што се случува во вашите животи. Можете да се смеете, да плачете, да се прегрнувате…rn

    4. Патувањето е одличен начин да ѝ се заблагодарите на мајка ви

    rnМајката ќе направи сè што е потребно за нејзиното дете да биде среќно. Кога ќе ја поканите на патување, тоа ќе биде одличен начин да ѝ се заблагодарите за тоа што го направила за вас. За неа патувањето со нејзиното дете значи многу повеќе отколку што мислите.rn

    5. Ќе се запознаете подобро и ќе ја напуштите удобната зона

    rnКоја е омилената храна на вашата мајка? Која книга ја чита моментално? Какви ѝ се плановите за во иднина? Доколку не можете да одговорите на овие прашања, можеби ви треба патување со мајка ви. Ќе имате можност да ги дознаете вашите тајни и подобро да се запознаете. Исто така можете да пробате и некоја забавна активност или некој екстремен спорт, па вашата врска ќе стане уште посилна.rn

    6. Ќе научите да бидете трпеливи

    rnИако врската помеѓу мајката и детето е навистина силна, сепак им припаѓате на различни генерации и вашите мислења и вкусови ќе се разликуваат. Можеби се будите во различно време, сакате друга храна и сакате да гледате различни работи пред спиење. Ограниченото време и непознатото опкружување ќе ве охрабрат да направите компромис и да најдете решение што ќе ви се допаѓа и на двајцата.rnrnПогледнете кои се знаците кои покажуваат дека вашата мајка ви е најдобра пријателка.