КАФЕ ПАУЗА

Tag: потсетник

  • Потсетување што ќе му даде сила на секој хороскопски знак до крајот на 2020 година

    Потсетување што ќе му даде сила на секој хороскопски знак до крајот на 2020 година

    Сигурно имавте многу планови за 2020 година, но оваа година се случија многу непредвидливи настани. Во продолжение прочитајте го овој потсетник што ќе ви даде сила до крајот на годината.rnrnПотсетување што ќе му даде сила на секој хороскопски знак до крајот на 2020 годинаrn

    Овен

    rnНе мора да простите некому за да постигнете мир. Понекогаш, подобро е да го оставите сето тоа зад себе.rn

    Бик

    rnНема да ги постигнете своите соништа без неколку неуспеси помеѓу нив. Не смеете да дозволите неуспехот да ве спречи да продолжите напред.rn

    Близнаци

    rnВашите најлоши моменти се снимки во времето. Тие се привремени и можете да ги преживеете.rn

    Рак

    rnНевозможно е да ги направите среќни сите околу вас и затоа треба да се фокусирате на мислењето што е најважно, а тоа е вашето лично мислење и да ги игнорирате останатите.rn

    Лав

    rnНеизвесноста е она што ве прави човек. Ги немате сите одговори, но ги барате. Учите и растете, а тоа е најважно.rn

    Девица

    rnУспехот е илузија. Секогаш ќе сакате повеќе. Секогаш ќе си поставувате нова цел што треба да ја постигнете. Затоа треба да цените колку далеку сте стигнале наместо да се фокусирате на тоа уште колку многу ви останува да одите.rn

    Вага

    rnНе мора да бегате од вашата тага и не мора да ја потиснувате. Дозволено ви е да ги изразите вашите чувства.rn

    Скорпија

    rnСамо затоа што се наоѓате во некаква ситуација во моментов, не значи дека треба да ја прифатите засекогаш. Можете да направите промена во секое време. Вие имате моќ да го промените текот на својата иднина.rn

    Стрелец

    rnНадминавте многу тешки моменти. Можете да го надминете и ова. Размислете и правете мали чекори.rn

    Јарец

    rnВашето трпеливост ќе се исплати. Продолжете да работите напорно. Продолжете да вложувате труд. Можеби сè уште не можете да ги видите резултатите, но тие се на пат.rn

    Водолија

    rnДозволено ви е да се откажете ако не се чувствувате исполнето. Во ред е да бидете разочарани од нешто што мислевте дека ќе ви донесе радост.rn

    Риби

    rnВие не сте истата личност од порано, сега сте посилни. Поминавте многу пречки и постигнавте многу.rnrnПрочитајте што ќе го развесели срцето на секој хороскопски знак во 2021 година.

  • Астрологијата открива една реченица што вашиот знак треба веднаш да ја чуе

    Астрологијата открива една реченица што вашиот знак треба веднаш да ја чуе

    Без разлика во каква ситуација се наоѓате, доколку премногу залутате со мислите добро е да слушнете нешто што ќе ве потсети на нештата што се навистина важни. Во продолжение погледнете кој е потсетникот што ви е потребен сега, според вашиот хороскопски знак.rnrnПотсетник што ви е потребен сега според вашиот хороскопски знакrn

    Овен

    rnНа некои луѓе нема да им се допаѓате, но тоа е сосема во ред.rn

    Бик

    rnВие сте сила со која другите треба да се справат.rn

    Близнаци

    rnНе можете да ја изедначувате насмевката со искреноста.rn

    Рак

    rnНекаде постои човек којшто еден ден ќе ве цени поради личноста којашто навистина сте.rn

    Лав

    rnХраброста ќе ве однесе само до одредена точка.rn

    Девица

    rnНема лоша страна на добрината.rn

    Вага

    rnВажно е да научите како да ги оставате работите во минатото.rn

    Скорпија

    rnНајсилните помеѓу нас, некогаш се најранливи.rn

    Стрелец

    rnПозитивниот став настојува да привлекува позитивна енергија.rn

    Јарец

    rnУспехот има толку многу дефиниции.rn

    Водолија

    rnВие сте способни за одново да се измислите.rn

    Риби

    rnКога сте искрени кон вашата душа, другите можат да го почувствуваат тоа.rnrnДознајте и која е вашата мантра за 2019-та година според хороскопскиот знак.

  • 20 мали потсетници за во миговите кога изгледа како среќата да ви е недостижна

    20 мали потсетници за во миговите кога изгледа како среќата да ви е недостижна

    Успешните луѓе се свесни дека секој ден, кога ќе станат наутро, треба да го започнат со позитивна мисла на ум којашто ќе ги води во текот на денот, што тој и да носи со себе. Одберете некоја инспиративна мисла или цитат од некој голем мудрец и закачете ја на ѕидот во близина на вашето работно биро. Тоа нека биде првото нешто коешто ќе ви падне во очи наутро и нека ви биде на видно поле, секојпат кога ќе ја наведнете главата од умор и фрустрација.rnrn20 мали потсетници за во миговите кога изгледа како среќата да ви е недостижна rnrnТаа позитивна мисла ќе биде со вас и во сите непроспиени ноќи и стресни денови пред важен испит или состанок, како и во миговите кога едноставно ви е потребно да се одморите и да се релаксирате. Некогаш навистина не е едноставно да се види позитивната страна на животот, особено кога премногу нешта се случуваат во исто време, но затоа оваа листа со 20 трикови, може да ви помогне да се разведрите и да ја возвратите изгубената енергија.rnrn1. Започнете дневник за благодарност. Во него запишувајте ја секоја голема или ситна работа за којашто сте благодарни во денот, дури и ако едноставно сте среќни што и денес сте живи.rnrn2. Приклучете се на некоја организација којашто поддржува кауза за којашто се грижите.rnrn3. Оставете го телефонот настрана и излезете надвор во природа. Неверојатно е колку е голема придобивката за мозокот од длабоко вдишаниот воздух.rnrn4. Слушајте нешто инспиративно. Музика, видео содржина, подкаст… Што било, коешто мотивира.rnrn5. Научете добро да се грижите за себеси. Оставете ги обврските за миг и појдете да си го освежите лицето со студена вода или да одморите во топла када со миризлива купка.rnrn6. Отстранете ги негативните луѓе од вашиот живот. Негативната енергија, само ќе ви донесе уште повеќе негативна енергија во животот.rnrn7. Смејте се секој ден, особено на самите себеси.rnrn8. Пронајдете ја позитивната страна во секоја ситуација. Секогаш ја има!rnrn9. Јавете се на некој којшто прави да се чувствувате добро. Вашата мајка, најдобра пријателка, сестра, кој било што знаете дека ќе ве разведри.rnrn10. Читајте добра книга.rnrn11. Секое утро започнете го така што ќе си кажете пред огледало нешто коешто го сакате кај себеси.rnrn12. Гушнете некој на којшто изгледа како многу да му е потребно тоа.rnrn13. Медитирајте.rnrn14. Избегнувајте да гледате или да читате вести, коишто знаете дека лошо ќе се одразат на вашето расположение.rnrn15. Изнаоѓајте нови начини за будење на вашата креативност.rnrn16. Сфатете дека го имате сето право на овој свет, да си допуштите време за одмор.rnrn17. Вие сте само човек.rnrn18. Вашето ментално здравје е поважно од сè друго во светот.rnrn19. Вие заслужувате да бидете среќни.rnrn20. Повторувајте си ја точка 19, сè додека не почнете навистина да верувате во тоа.rnrnПрочитајте и: Сè уште ја барате вашата среќа? Можеби Господ сака прво да научите нешто за себеси…

  • 10 потсетници за сите девојки што љубат со отворено срце

    10 потсетници за сите девојки што љубат со отворено срце

    Не е лесно да се живее со отворено срце. Тоа значи дека сте ранливи пред светот, дека си дозволувате да ги чувствувате сите емоции во целост, без воопшто да размислувате за повреди и скршени срца. Ова е единствениот начин да го живеете животот во целост, но сепак, треба да ги имате овие 10 нешта на ум за да го добиете тоа што навистина го заслужувате.rnrnrnrn1. Вие сте преполни со живот. Знаете дека љубовта едноставно не може да се чувствува половично – мора во целост.rnrn2. Ќе страдате кога некој ќе ве одбие. Но, потсетете се дека голем број прекрасни нешта постојано се одбивани од луѓе што не можат да си ги дозволат.rnrn3. Давањето е во вашата природа. Тоа ви е исто толку лесно како и дишењето. Еден ден ќе научите на потешкиот начин дека давате премногу на погрешни луѓе – ова мора да се случи за да сфатите кој ја заслужува вашата топлина.rnrn4. Вашето срце е секогаш отворено, но тоа не е знак за слабост. Тоа е постојан акт на храброст бидејќи вие никогаш не се плашите да бидете ранливи.rnrn5. Не му дозволувајте на светот да ја земе вашата добрина. Потребно е огромно количество храброст за да останете добри откако сте биле повредени, но вие лесно ќе успеете.rnrn6. Вие сте родени да љубите и да ги инспирирате другите да љубат. Ова е вашето најмоќно оружје. Вие создавате врски со оваа моќ, му носите радост на светот со оваа дарба.rnrn7. Вие најмногу страдате бидејќи никогаш не барате љубов за возврат. На овој начин учите и дека не е толку лудо да барате да бидете љубени на истиот начин како што го љубите светот.rnrn8. Вие сте борци. Во вашата природа е да се држите цврсто и да сакате да ги поправите дури и најмалите дупки. Но, мора да запомните дека иако вашата љубов е моќна и голема, таа не е доволно да пополни туѓи празнини. Тоа не е ваша работа.rnrn9. Пуштањето е неопходно. Вие се борите со ова, бидејќи не сакате да гледате како луѓето си одат. Вашето срце ве боли и на самата помисла дека би можеле да изгубите некого, но не заборавајте дека токму тој празен простор е отворена врата за нова, подобра личност што ќе влезе во вашиот живот.rnrn10. Вие љубите силно, чувствувате големо сочувство, претерано се грижите… И секогаш ќе ги правите овие нешта, па затоа и заслужувате да најдете некој ист како вас, кој ќе ви возврати на секоја емоција со иста мера – никогаш не заборавајте го тоа!rnrnПрочитајте и зошто љубовната врска со жена со чисто и отворено срце е најголем предизвик?

  • Има живот и после него: Мали потсетници дека се чувствувате одлично и по раскинувањето

    Има живот и после него: Мали потсетници дека се чувствувате одлично и по раскинувањето

    Без разлика на тоа колку тешко било раскинувањето и сте мислеле дека после него повеќе ништо нема да биде исто, вие набрзо ќе почнете да се чувствувате подобро! И ќе бидете подобро! Затоа ставете насмевка на лицето и прочитајте ги следниве мали потсетници кои ќе ви покажат дека животот е убав и без оној кој некогаш ви бил сè!rnrn1-ima-zhivot-i-posle-nego-mali-potsetnici-deka-se-chuvstvuvate-odlichno-i-po-raskinuvanjeto-www.kafepauza.mk_rnrn1. Се разбудивте, а тој не е првата работа на која што помисливте. Всушност, немате помислено на него веќе подолго време.rnrn2. Си го зготвивте вашиот омилен појадок, а притоа не моравте двапати да размислувате дали вашиот избор ќе задоволи уште некој освен вас.rnrn3. Ја сакате вашата работа.rnrn4. Имате неколку добри пријатели на кои секогаш можете да им се јавите и да ја испланирате вечерта.rnrn5. Кога треба да излезете за време на викендите, се погледнувате во огледало и повторно можете да се чувствувате добро во сопствената кожа.rnrn6. Сега вашите денови се исполнети со себични, преубави работи: Шопинг, читање книги или со долги телефонски разговори со вашата сестра.rnrn7. Ништо повеќе не ве попречува. Кога нешто ќе посакате, тоа и го остварувате.rnrn3-ima-zhivot-i-posle-nego-mali-potsetnici-deka-se-chuvstvuvate-odlichno-i-po-raskinuvanjeto-www.kafepauza.mk_rnrn8. Сега спиете на средината од својот кревет, замотани во ќебињата.rnrn9. Повеќе не чувствувате празнина во своите гради. Всушност, се чувствувате совршено добро.rnrn10. Уживате во излегувањата и во зајдисонцето.rnrn11. Не чувствувате потреба да бидете она што не сте.rnrn12. Купивте нова облека само за себе.rnrn13. Започнавте да го привлекувате вниманието на спротивниот пол и чувството воопшто не е лошо.rnrn14. Повеќе не тагувате за неговите слики.rnrn15. Се чувствувате посилно. rnrn16. Можете толку многу да направите сами. Способни сте и флексибилни.rnrn2-ima-zhivot-i-posle-nego-mali-potsetnici-deka-se-chuvstvuvate-odlichno-i-po-raskinuvanjeto-www.kafepauza.mk_rnrn17. Повеќе не чувствувате болка. Кога ќе се разбудите се чувствувате како нови.rnrn18. Повеќе не ве интересира што е со него и што прави. Искрено му посакувате среќа каде и да е.rnrn19. Започнавте да пронаоѓате утеха во својата самотија и чувството е одлично.rnrn20. Опкружени сте со нови прилики, пријателства и спомени кои полека ги создавате.rnrn21. Сигурни сте во себе.rnrn22. Станавте многу поблиски со вашето семејство.rnrn23. Се ослободивте од својата огорченост. Сега се чувствувате слободно.

  • 10 мали потсетници што најдобрите другарки треба постојано да си ги кажуваат

    10 мали потсетници што најдобрите другарки треба постојано да си ги кажуваат

    Да имате една личност, една жена која ви значи многу повеќе од пријателка е благослов. Онаа која ја сметате како член на семејството, која можете да ја повикате доцна во ноќта и да плачете или да се смеете со неа… Имате подарок кој ви е пратен за да имате некого кој секогаш ќе биде тука за вас. Ценете ја и заблагодарете ѝ се. А ние ве потсетуваме дека никогаш не треба да заборавите да ѝ ги кажете овие мали, значајни работи.rnrn1-10-mali-potsetnici-koi-najdobrite-drugarki-treba-sekogash-da-si-gi-kazhuvaat-www.kafepauza.mk_rn

    1. Ти си важна!

    rnСакај се себеси, немој да се изгубиш поради некој. Вистина е дека љубовта понекогаш знае да направи да замижеш пред некои работи, но тоа не значи дека треба да дозволиш љубовта да стане нож кој ќе те боцка сè повеќе и повеќе. Тоа не е љубов. Тоа е мрак, болка, мразење и многу други работи кои те прават несреќни. Никогаш немој да бидеш неправедна спрема себе, бидејќи ти си важна, за мене си важна.rn

    2. Твоите родители не те донеле на овој свет за ти да плачеш по некое момче!

    rnТие од тебе очекуваат повеќе, тие од тебе заслужуваат повеќе. Тие се грижеле и понатаму се грижат за тебе кога никој друг нема. Тие ќе бидат тука кога ќе останеш повредена и сама. Тие те избрале тебе за да бидеш нивно дете. Ти си избрана за да ги радуваш твоите родители. Тие се тука и ќе бидат тука, затоа сакај се и почитувај се себеси, бидејќи тоа твоите родители најмногу го посакуваат.rn

    3. Престани да се споредуваш и да се потценуваш!

    rnНе грижи се за тоа што некој ќе очекува од тебе. Оние кои те сакаат, ќе те остават да растеш, да созреваш, да се пронајдеш себеси. Оние кои те сакаат нема да дозволат да тагуваш, да паднеш, да дозволат некој да те повреди. Само затоа што твојот живот не оди онака како што некој друг би сакал, тоа никако не значи дека вредиш помалку. Ти си тука, сега и овде за да го живееш свој живот онака како што ти сакаш, да правиш онака како што мислиш дека е најдобро за тебе. Дури и да дојде до некоја грешка и погрешни одлуки, нема врска, ќе научиш и од нив, бидејќи тоа се твои грешки и ничии други.rnrn2-10-mali-potsetnici-koi-najdobrite-drugarki-treba-sekogash-da-si-gi-kazhuvaat-www.kafepauza.mk_rn

    4. Не дозволувај твоето минато да те определува!

    rnАко некој се обидел да те дефинира во твоето минато, потсети го дека минатото е минато. Не мора да го полеваш овенатото цвеќе и да се жалиш зошто тоа не расцветува. Тоа е овенато, но затоа пак на негово место ќе израсне ново. Сегашноста е твојот нов, млад цвет. Оној кој ќе го полеваш, тој и ќе зајакнува. Бидејќи тоа што ќе го направиш денес е подобро од она што си го направила вчера.rn

    5. Пријателке, знаеш кој ќе го повикаш кога ќе ти биде тешко!

    rnЈас те сакам таква каква што си. Ги знам сите твои недостатоци, сите твои предности, сите твои подеми и падови, и понатаму те сакам. Ти ја заслужуваш целата љубов на овој свет, а најмногу онаа која самата ќе ја избереш. И немој да заборавиш дека јас ќе бидам секогаш тука за тебе.rn

    6. Никој не би требало да те осудува, но мила, секој тоа го прави!

    rnЗапамети го ова и продолжи понатаму. Без разлика што и да правиш во твојот живот, секогаш ќе се најдат оние кои мислат дека имаат право да ти кажат нешто. А тогаш кога ќе станеш нешто, тие повторно ќе дојдат и ќе кажат дека тие исто се заслужни за твојот успех. Не дозволувај му никому да го прави тоа, бидејќи ти си заслужна за твоите успеси, само ти.rn

    7. Животот е многу поубав кога не мора да вложуваш напори за луѓето кои не го заслужуваат тоа!

    rnТажно е тоа дека можеме да сакаме некој толку многу за дури и да му дозволиме да нè повреди. Немој да си дозволиш да се увериш себеси дека тоа е во ред, не дозволувај некој да те има, некој на кој не си негов цел свет.rnrn3-10-mali-potsetnici-koi-najdobrite-drugarki-treba-sekogash-da-si-gi-kazhuvaat-www.kafepauza.mk_rn

    8. Ништо не е вредно за да се грижиш!

    rnТешко е да го слушнеш ова и да го направиш кога имаш големо срце. Но, не прави некоја работа во животот само затоа што некој друг ја побарал од тебе. Ако во себе слушнеш глас кој ти вели „не“, тогаш послушај го и замини. Бидејќи утрото може да зажалиш.rn

    9. Вистина е дека луѓето ќе нè повредат, но ти одреди кој е вреден за твоите солзи!

    rnНаправи го ова пред некој да дознае, нека се запрашуваат како си успеала. Ти знаеш дека можеш, можеш сè, можеш поради себе. Еден ден ќе се разбудиш и ќе си кажеш себеси дека никој не е вреден ниту пак нештата што те прават тажни, а потоа ќе продолжиш понатаму.rn

    10. И најважно од сè, ти си жена!

    rnЌе те почитуваат сите оние кои ќе видат на кој начин си одлучила да го живееш својот живот. Бидејќи тоа никој од мажите не може да го направи и запамети го ова. Избери како ќе го живееш својот живот и избери го оној кој ќе биде вреден да биде покрај тебе кога ќе сјаеш од среќа.

  • 35 потсетници од само 1 реченица кои сите студентки треба веднаш да ги прочитаат

    35 потсетници од само 1 реченица кои сите студентки треба веднаш да ги прочитаат

    Студентските денови можат истовремено да бидат неверојатни, но и застрашувачки. Тоа е период во кој секој човек се пронаоѓа себеси, учи кој е и што сака да биде, како и ги поставува темелите на својот личен и професионален живот. Ништо чудно што голем дел од студентите чувствуваат огромен притисок при созревањето. Со цел да ве потсетиме на важните нешта, ви ги издвојуваме следниве потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги преживеете овие луди години…rnrn35 потсетници од само 1 реченица кои сите студентки треба веднаш да ги прочитаатrnrn1. Грижите кои ве држат будни навечер, оние во кои замислувате дека сте без работа и без љубов на 25 години, се сосема нормални.rnrn2. Самиот талент нема да ви помогне да ги платите сметките, па затоа треба многу да се трудите.rnrn3. Не, никој не се грижи за вашиот просек откако ќе дипломирате.rnrn4. Исто така никој нема да се грижи ни на кој факултет сте студирале (освен можеби вашите колеги од истиот).rnrn5. Убаво е да се биде креативно и емотивно исполнет, но внимавајте да не ја запоставите важност на заработувањето.rnrn6. Вие сте неверојатно способна личност која може да постигне сè доколку излезете од вашата удобна зона.rnrn7. Вашите соништа нема магично да се остварат – вие ќе мора добро да се испотите за нив.rnrn8. Тој, момчето кое го гледате само за секс, кој и да е, наскоро ќе биде само точка во вашата далечна меморија.rnrn9. Исто така, секогаш користете заштита!rnrn10. Сигурно сте качиле некое кило поради алкохолот, а не поради начинот на исхрана.rnrn11. Ако сè уште не сте сигурни што навистина сакате да бидете, не ги трошете сите пари кои ги имате на различни факултети со цел да се пронајдете.rnrn12. Најдете го вашиот стил – сигурно нешто не е во ред доколку не сте ја смениле гардеробата од средно училиште.rnrn13. Ако некое момче прави да се чувствувате како константно да треба да работите за неговото внимание, продолжете понатаму.rnrn14. 100% од луѓето ги поминале своите 18 – 24 години во обид да откријат како да бидат возрасна личност, па имајте на ум дека не сте сами.rnrn15. Јавувајте им се на родителите почесто.rnrn16. И имајте повеќе разбирање за нив, вашето воспитување НЕ е лесна работа.rnrn17. Сосема е во ред да дипломирате пред да започнете сериозна врска или да се заљубите – сè тоа ќе си дојде во свое време, верувајте.rnrn18. Целта е да воспоставувате цврсти контакти и да го зголемувате вашето искуство.rnrn19. Да, плаќањето кирија е тешко, но не и невозможно.rnrn20. Најдете работа со половина работно време – таа нема да ви одзема многу време, а парите ќе ви бидат добредојдени.rnrn21. Не постои ништо посекси од жена која нема потреба од маж покрај себе за да успее.rnrn22. Убаво е да се потпирате на вашите пријатели за насока, но не заборавајте дека вие се знаете подобро од кој било друг.rnrn23. Секогаш ви е дозволено да си го промените ставот.rnrn24. Да се браните себеси и вашите верувања е тешко, но секогаш вреди!rnrn25. Барем 20% од студентките се жртви на сексуален напад – внимавајте и дури и ако само ви е непријатно покрај некое момче, веднаш одете си.rnrn26. Носењето премногу шминка прави да изгледате смешно, не возрасно.rnrn27. Тоа исто така е лошо и за вашата кожа, и со тек на време ќе направи да изгледате многу постаро.rnrn28. Сосема е во ред да ги исфрлите токсичните луѓе од вашиот живот (ако знаете кои се).rnrn29. Без разлика колку е тој добар за вас, никогаш не му дозволувајте да ве оттргне од вашите пријатели.rnrn30. Вие сте прекрасни и брилијантни – никогаш не заборавајте на тоа!rnrn31. Верувајте им на вашите инстинкти, вие забележувате многу повеќе нешта одошто мислите.rnrn32. Нема сè да излезе според вашите планови и тоа е сосема во ред.rnrn33. Не се помирувајте со вториот избор само затоа што ви изгледа побезбеден.rnrn34. Не постои правилен или погрешен начин на растење.rnrn35. И ова ќе помине.

  • Дали заборавате? Овие совети ќе ви помогнат околу тоа

    Дали заборавате? Овие совети ќе ви помогнат околу тоа

    Автор: Калин БабушкуrnrnВо време на стресно живеење и обврски кои секој ден сè повеќе натежнуваат околу нас, заборавањето на работите е можеби и нормална работа. Но работата е дека сè повеќе и повеќе луѓето околу нас се „вадат“ на тој момент и дозволуваат сè почесто да забораваат на работи кои треба да ги извршат.rnrnНа заборавањето влијаат многу фактори, но речиси сите се поврзани со вас и зависат само од вас. Тука, би сакал со вас да споделам неколку работи кои би ви помогнале да го намалите заборавањето, да го исполните она што сте го ветиле.rnrnWoman Forgets To Take Her MedicinernrnОдмор – Имајте време за одмор, затоа што само одморен мозок може да памети многу работи.rnrnПодобра организација – Пробајте да одвоите време за ваша подобра организација и приоретизирање на работите.rnrnПотсетници – Користете потсетници. Тие може да бидат од обично ливче, преку мобилен телефон, до потсетник во компјутер.rnrnОдложување на работите – Извршувајте ги работите навреме и што порано. Немојте да ги одложувате.rnrnСподелување – Замолете ги луѓето околу вас или тие директно инволвирани во работата, да ве потсетат.rnrnДА – Немојте веднаш да кажувате ДА. Размислете дали имате време за да ја извршите работата, и после кажете ДА.rnrnОдредено место – Имајте одредено место каде што ќе ги оставате работите што треба да ве потсетат (фрижидер, работна маса итн.) од каде што може лесно да се потсетите што треба да направите.rnrnПриоретизирање – Имајте начин на приоретизирање на работите. Тоа ќе ви помогне да не ги одложувате работите на кои треба да им дадете важност. Но немојте ова да ви овозможи тие работи што за вас не се толку важни, со тек на време воопшто да не бидат изреализирани и извршени.rnrnИзвинување – Имајте доблест да се извините на соодветната личност дека сте заборавиле да го направите тоа за што сте се договориле.rnrnСекако дека има многу други работи кои може да ви помогнат да го намалите моментот на заборавање за извршување на работите. Многу важна работа, околу заборавањето, е да сте свесни дека тоа го правите и да прифатите дека треба нешто да промените. Откако тоа ќе го прифатите, сте направиле голем чекор.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кругот на незадоволството во животот

    Кругот на незадоволството во животот

    Што и да правиме во животот, секогаш ќе бидеме незадоволни од некој аспект. Оваа слика е потсетник дека без разлика на која страна сме во кругот, секогаш се наоѓаме на погрешното место. Животот е таков, треба да го трчаме кругот и постојано да се грижиме.

    rnКругот на незадоволството во живототrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што треба да запомните во тешките мигови?

    Што треба да запомните во тешките мигови?

    Кога животот ни станува стресен, честопати ги забораваме нештата кои треба да ги запомниме, а ги паметиме нештата кои треба да ги заборавиме. Ова се 35 потсетници кои ќе ви помогнат да се мотивирате, во миговите кога тоа ви е најпотребно.rnrnШто треба да запомните во тешките мигови?rnrn1. Не знаете колку сте силни, сè до оној момент кога единствениот избор кој го имате е да бидете силни.rnrn2. Понекогаш добрите нешта се уништуваат, за да можат подобри нешта да ви зачукаат на врата.rnrn3. Не можете да промените нешто со коешто одбивате да се соочите.rnrn4. Никој не е совршен и ничиј живот не е едноставен. Никогаш не знаете низ што сè поминуваат луѓето околу вас. Секој си има свои проблеми. Затоа, не потценувајте се ниту себеси ниту некој друг. Секој се бори на свој уникатен начин.rnrn5. Плачењето не е знак дека сте слаби. Уште од вашето раѓање, плачењето претставува знак дека сте живи и носите потенцијал во себе.rnrn6. Без разлика колку грешки сте направиле или колку бавно правите некаков прогрес, вие сте сепак многу понапред во однос на оние кои не се ни обиделе да направат нешто.rnrn7. Животот не се состои во чекање бурата да помине, туку се состои во учење како да танцувате додека врне.rnrn8. Нерасположението значи непотребно трошење на вашата шанса да бидете неизмерно среќни. Живнете!rnrn9. Ако успеете да насмевнете една личност, можете да го промените светот. Можеби не целиот свет, но светот во кој живее таа личност. Почнете со поситни чекори и почнете од денес.rnrn10. Понекогаш во животот морате да се дистанцирате од нешто, за да можете бистро да ја видите реалноста.rnrn11. Никогаш не дозволувајте успехот да ве удри во глава. Никогаш не дозволувајте неуспехот да ве спушти премногу ниско.rnrn12. Понекогаш морате да се изборите во тешките денови, за да ги заработите најдобрите денови од вашиот живот.rnrn13. Животот се состои од 10% од она што се случува и 90% од начинот на кој вие реагирате на тоа што се случува.rnrn14. Можете да научите одлични лекции од вашите грешки, доколку не сте презафатени негирајќи дека сте ги направиле.rnrn15. Престанете да се грижите за тоа што другите луѓе мислат за вас. Тоа што тие го мислат не е воопшто важно. Важно е само како вие се чувствувате во врска со себеси.rnrn16. Кога ќе престанете да ги бркате лошите работи, ќе им дадете шанса на добрите нешта да ве уловат.rnrn17. Кога другите луѓе ве третираат лошо, продолжете да си бидете свои. Никогаш не дозволувајте горчината на некој друг, да ве промени како личност.rnrn18. Морате да прифатите дека некои работи никогаш нема да бидат ваши и да научите да ги цените оние кои се единствено ваши.rnrn19. Понекогаш наједноставниот начин да се справите со некој проблем, е да се чувствувате како да сте единствената личност на светот која е незадоволна, пати, се мачи да излезе од дупка и едвај излегува на крај. Но, тоа чувство е лажно. Доколку малку почекате, некој ќе ве пронајде и ќе ви помогне да се чувствувате подобро. На секој од нас ни е потребна помош понекогаш. Потребна ни е личност која ќе ни помогне да ја чуеме музиката во нашиот внатрешен свет. Некој кој ќе не потсети дека нема секогаш да биде вака и дека постојано ќе имаме некој кој мисли на нас.rnrn20. Не плашете се да излезете од вашата „комфорна зона“. Некои од најдобрите животни искуства и можности, се појавуваат само доколку сте спремни да изгубите.rnrn21. Понекогаш ненамерно дозволуваме малите проблеми да ескалираат и да започнат да доминираат во нашиот живот. Ако продавачот ви наплатил 30 денари повеќе, тоа може да ве изнервира, но не дозволувајте да ви го уништи денот. Во животот, постојано ќе постојат мали нешта кои ќе нè иритираат. Тајната се состои во тоа да се трудите да им го дадете најминијатурното внимание, кое што навистина го заслужуваат.rnrn22. Кога кревате раце од нешто, не мора да значи дека сте слабаци. Понекогаш може да значи дека сте доволно силни и доволно паметни за да завршите со тоа поглавје од вашиот живот.rnrn23. Запрашајте се себеси кои луѓе во вашиот живот ве расположуваат, а кои ве влечат надолу со нивниот негативизам. Не заборавајте дека опкружувајќи се себеси со позитивни луѓе полни со љубов, вие сте веќе на половина пат кон среќниот и успешен живот.rnrn24. Немојте да поминувате премногу време оптоварувајќи се со минатото и грижејќи се за иднината. Животот е она што се случува сега. Живејте го моментот.rnrn25. За да можете да бидете креативни, морате да престанете да се плашите дека ќе погрешите.rnrn26. Понекогаш, недобивањето на она по кое сте копнееле долго време, е најдоброто нешто кое можело да ви се случи.rnrn27. За да бидете одлични, не значи дека треба да бидете доминантни врз другите луѓе. Тоа значи дека треба да бидете способни да доминирате со вашиот сопствен потенцијал.rnrn28. Ако имате страст да правите нешто во животот, продолжете со тоа, без разлика што другите луѓе мислат. Таа е постапката за остварување на вашите најголеми соништа.rnrn29. Ако некоја личност сака да биде дел од вашиот живот, таа ќе вложи видлив напор за да го стори тоа. Не трудете се да резервирате во вашето срце, место за оние кои не се трудат да останат во него.rnrn30. Немојте да се каете за вашите интимни врски кои не завршиле добро бидејќи тие ќе ви помогнат да го пронајдете вистинскиот партнер за вас и повеќе да го цените поради она што е и поради она кое го прави за вас.rnrn31. Животот не им се насмевнува на оние кои се перфекционисти, туку на оние кои се борат да ги направат работите како што треба, а за да ги направите работите како што треба, потребно е да бидете несовршени во 99% од времето.rnrn32. Сосема е во ред да се чувствувате гневно понекогаш. Во ниеден случај не е во ред да бидете злобни со некого.rnrn33. Чувствувањето добро и чувствувањето лошо, се секогаш променливи категории.rnrn34. Не молете се кога врне, ако не се молите кога ве грее сонце.rnrn35. Парите се обновлив ресурс. Ако сте изгубиле некои пари, не очајувајте. Секогаш можете да направите повеќе. Но, доколку потрошите драгоцен временски период стресувајќи се околу секој денар или поради губење на некоја битна шанса, никогаш нема да можете да го вратите тоа време назад. Времето е многу поважно од парите. Времето е темелот на животот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.